
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Оваа година, по сите тешкотии што животот ми ги донесе, конечно имам можност да се погледнам во огледало и да го кажам следното: „Ова беше добра година!“. Но, и покрај тоа што јас лично сум во подобра животна позиција отколку многумина, не можам да останам бесчувствителна на она што го гледам околу мене, бидејќи мојата професија ме врзува за луѓето и нивните судбини. И јас сум дел од општеството. Како што доаѓа новата година, многу луѓе во ...
Веднаш сакам да објаснам дека насловот „Злосторство и казна?!“ не коинцидира со најчитаниот филозофски роман, односно психолошката драма на најголемиот писател на сите времиња, Фјодор Михајлович Достоевски. Но, има врска со содржината што ја продуцираат некои медиумски, не сакам да кажам безумски личности, што се декларираат како врвни новинари, аналитичари и дипломати (на рати), создавајќи некакви услови за влијание врз политиката што ја води ...
Бројни се пријавите за булинг-насилства во училиштата. Дека се загрижувачки состојбите во училиштата во обемот на насилствата, говори податокот дека само од почетокот на оваа учебна година, односно во три месеци, имало 15 пријави за булинг. Истото го потврдуваат и бројни истражувања, меѓу кои и тоа на Народниот правобранител. Во 2023 година стигнале 17 преставки за булинг, од кои со исклучок на една, сите биле за основното образование. Најчесто ...
Добивај вести на Viber Ново-стариот американски претседател, Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин, разменија пораки. И едниот и другиот сакаат да се сретнат. Трамп се јави од фестивалот на конзервативците Turning Point's America Fest во Аризона. Но, аплаузите ги доби не за очекувана средба со Путин, туку за најавата дека на државно ниво ќе одобри официјална политика , според која во земјата ќе се признаваат само два пола, машки и ...
Македонија е свет без меморија. Како некое време Македонија да нема историја. Почнавме да забораваме што се случило кога, што дошло порано а што подоцна, а чувството дека навистина и не е важно се повеќе почнува да доминира и не’ обзема. Како што уникатноста исчезнува од текот на настаните, така исчезнува и континуитетот; сè се спојува во единствената сива слика на еден ист циклус и велиме: ништо не се случува. Мртвото чувство на временската ...
Претседател на владата, Христијан Мицкоски, во кадровската сфера не прави ништо друго, туку само им обезбедува континуитет и продолжен живот на политиките на неговиот лут политички противник Зоран Заев. Најголем доказ дека е тоа така се определени кадровски решенија со кои рехабилитира одделни политички камелеони, чија превртливост е инспирирана и насочена единствено кон зачувување на криминално-коруптивно стекнатиот капитал и политиките на ...
И пред и по Европскиот совет: Иста мета – исто растојание. Односно recoupling-от со Албанија и преговорите за членство во ЕУ се на дофат – кога ќе решиме дека ги сакаме. Пораките од Кос и Коста пред Самитот на Европскиот совет и Западниот Балкан, како и Декларацијата по Самитот се конзистентни и координирано едногласни: – исполнувањето на обврските зависи од земјите-кандидати, – поддршката за економски раст и приближувањето на кандидатите до ...
Левичарскиот Социјалдемократски сојуз, предводен од Фростадотир, освои најголем број гласови на предвремените избори на 30 ноември, а во нејзината коалициска влада ќе бидат вклучени и центристичката Народна партија и левичарската, проевропска реформска партија, RUV јавува телевизијата. Првпат на Исланд се случува лидерите на сите владејачки партии да бидат жени, а првпат земјата истовремено има и претседателка, независната Хала Томасдотир, ...
Претседателот Глигоров, девет години самостојно, за жал погрешно ја водеше меѓународната политика на Македонија! А тоа беше причината што одбив да го наследам министерот за надворешни работи, Малески, по неговата оставка во1992 година! Ми беше понудено три месеци да бидам заменик-министер (додека Малески се подготвува за Њујорк!) за да ги средам трите основни функции на дипломатијата: аналитика, преговарање и разузнавање. Тоа мазно го одбив… ...
Илон Маск е, повеќе или помалку, одметната држава. Неговите намери се себични и подли, а неговите ресурси на ниво на национална држава му дозволуваат неказнето да го прекршува законот. Да се стави во контекст, ако доларите беа метри, парите на Маск ќе беа доволни за да го однесат на Марс и назад, додека обичен милионер може да направи само патување од Париз до Амстердам и назад. Чистиот неморал на која било личност што поседува толку многу ...
Празникот Нова година никој не го чувствува. Порано, кога живеевме човечки живот, овој период беше свечен, достоинствен, се купуваше по нешто за освежување на гардеробата, по некој нов часовник, се подаруваше, се излегуваше во градот да се доживее атмосферата, се релаксиравме пред телевизорот на кој одеше весела програма, со домашните некако повеќе се почитувавме и се сакавме. Ноќта, ако не одевме во кафеана, или на некое подалечно туристичко ...
Почитувани читатели, во денешната колумна сакам да ги споделам со вас моите погледи за градење на свеста кај граѓаните во поглед на националната припадност. Патем, најважната националност е човечноста, да си човек по национално убедување. Националноста како определба, во светот датира во поново време и не повеќе од 3 до 4 века наназад. Но во денешно време националноста е стожер на посебноста на луѓето, нивниот идентитет, автентичноста преку ...
Објавувањето на досега непознати информации во врска со неуспешниот обид за враќање во земјава на Никола Груевски, при што откривме детали за начинот на кој била документирана и разоткриена „тајната“ средба во претседателката вила на Водно, резултираше со генерален молк од прозваните актери. Всушност, сторијата предизвика големо внимание и интерес, но не и јавна реакција, т.е. ниту потврда ниту демант од ниеден од учесниците на фамозната средба, ...
Нерасположението на премиерот Кљусев со мојата работа, поддржано од еден број членови на владата, излезе на виделина на 17.6.1992. Тој ден, имено, премиерот направи нешто што веројатно е без преседан во парламентарната демократија: упати писмо до членовите на својата влада и, за нивно запознавање, до претседателот на републиката Глигоров и до претседателот на парламентот Андов. Во тоа писмо се изразува незадоволство со работата на Министерството ...
Пишува: Валентина ВУРМО Секогаш кога премиерот Христијан Мицкоски ќе се појави во јавноста и ќе најави дека наскоро, за неколку дена, или од понеделник ќе има голема „робусна акција“ и дека зад решетки ќе завршат сите оние што во минатото се огрешиле со законот, пред очи ми излегува една сцена од македонските народни приказни. Поточно, кога еден од царските поданици излегува сред село, со закачен барабан на вратот, и тропајќи, колку што му држат ...
Како новинар и уредник со четиридецениско искуство во оваа професија, чувствувам обврска јавно да го отфрлам најновото соопштение на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), во кое се изразува „загриженост и осуда за начинот на кој повеќе медиуми известуваат за судската постапка поврзана со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски“. Тоа што во моментов сум член на Управниот одбор на СЕММ, како ...
Мигрантски муабети, Хасан Блибел Секој нов круг на проширување на ЕУ, историски гледано, се разликува од претходниот според барањата и критериумите што во многу нешта стануваат сè понепредвидливи и дифузни. Во надворешната политика, како и во многу други нешта, ЕУ не зборува со еден глас. Особено кога станува збор за посакуваниот развој што ќе води кон стабилна зона во непосредното соседство на ЕУ, сочинета од земји ориентирани кон Западот и ...
Процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија одамна го загуби својот првичен сјај. Од моментот на потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во 2001 година до денес, оптимизмот што некогаш доминираше е заменет со фрустрација и сомнеж во искреноста на европската перспектива. Главното прашање што се поставува денес е дали компромисите што ги направивме се вредни за постигнатото и дали условувањата што ни се ...
Во историјата на дипломатијата „Источното прашање“ завзема едно од централите места. Разбирливо, зошто неговиот расплет, полека но сигурно, придонесе за започнување на Првата светска војна. Под „Источно прашање“ се подразбира „дипломатски проблем, кој опстојува од средината на XIX век, се’ до раниот XX век. Овој проблем е предизвикан од дезинтеграцијата на Отоманската империја, а во неговиот центар е натпреварот за контрола на поранешните ...
Унгарската политика понекогаш може да изгледа како сапуница која е заглавена со истите ликови и трае предолго. Имате повремени скандали – како што е истакнат владин европратеник кој избега од оргија во Брисел преку олук – но освен тоа, се чини дека ништо никогаш не се менува. Овде можете да започнете основно образование, да завршите средно образование и да започнете универзитет, а Виктор Орбан сѐуште ќе биде премиер. Но, тоа сценарио изгледа ќе ...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 21.01.1998 година) Перипетиите со Педагошкиот факултет живо ме потсетија на една практика од времето на едноумието, за која инаку сведочам и во мојата автобиографска сотија СТРУЧЕН ТРУД (што неколку книжарници во Скопје и наоколу безнадежно се обидуваат да ја продаваат во испостената земја Македонија): кога главешините на единствената партија ќе сакаа да се отарасат од некој непожелен либерал, анархо-либерал и ...
Денко Малески Како еден од учесниците во креирањето и спороведувањето на македонската надворешна политика, немам ништо против, премиерот, како што го стори тоа некни на самитот ЕУ-Балкан, да се повикува на достигнувањата на државата и жртвите што сме ги поднеле за да се доближиме до ЕУ во изминативе децении независна држава. Поинаку кажано, да се повикува на сето она што други партии и личности го понеле на сопствени плеќи во прилог на ...
Кој е заедничкиот именител на случувањата во Сирија поврзани со падот на режимот на Асад и новите имиња од Македонија што се најдоа на фамозната црна листа, навидум два сосема различни и неповрзани настани што се случија на илјадници километри оддалечени еден од друг? Одговорот на ова прашање се состои од само три, добро познати букви: САД. Соединетите Американски Држави стојат во сенка зад настаните што го брануваа и сè уште го брануваат ...
Пред неколку дена како стар аеродромец кој еве скоро пет децении живее во Аеродром отидов да го видам Зимоленд, уствари Зимзоленд или Земоленд или како и да е, не е важно. Одејќи натаму и погодувајќи го името – те земоленд, зимзоленд или зимоленд се сетив на чехословачкиот цртан филм за момчето Бохоушек, всушност Бохоуш, поточно Бохумил (со меко х и л ) кого сѐ го радувало и затоа го викале Радован (Радувањата на Радован) и едноставно секогаш ...
Просто е неразбирливо за нормален човечки ум зошто ние (поточно политичките и интелектуалните „елити“) – сите со полна уста демократија и европски визии – секогаш имаме алиби за недемократското (и неевропско) однесување, непринципиелното постапување, за кршењето на законите и непридржувањето до моралните и вредносните норми и стандарди…, и за сето тоа по правило наоѓаме изговори во семоќната политика. Таа и таква (злоупотребена) политика, за жал ...
Мега аферата со државната лотарија секој ден ни носи нови возбудувања. Како турска серија е. Сеуште е почеток, а толку многу забава за широки народни маси се случи. Последна ваква забава беше случајот „Рекет“, по кој се распадна она диво месо во државава наречено СЈО. Досега знаеме дека МВР поднесе кривична пријава против осум лица. Некои од нив се осомничени за злоупотреба во службата, некои за примање поткуп, а двајца за злоупотреба на ...
Друг руски танкер „Волгонефт 109“, кој бил закотвен во пристаништето Кавказ, испратил сигнал за помош поради оштетување. Иако бродот изгледа загрозен, портпаролот на „Росморечфлот“, федералната поморска агенција, објави дека не е загрозена водонепропустливоста на трупот на бродот и дека нема излевање нафта во морето, па судбината на танкерот сѐ уште не е позната. Танкерот превезувал мазут, кога била забележана штетата. Во него имало 14 членови ...
Интервјуата за работа во банкарскиот сектор се меѓу најинтензивните и најдетално структурирани процеси за селекција на кадри. Банката, како финансиска институција, бара висок степен на професионализам, познавање на индустријата и вештини за комуникација со клиенти. Во продолжение споделуваме неколку важни чекори кои ќе ви помогнат да дојдете добро подготвени на интервју за работа во банка: 1. Истражување на банката Првиот чекор кон успешна ...
Почитувани читатели, во денешната колумна, редовно посветена на Еуростандард банка со умисла однесена во стечај, денес веќе минато, ќе се осврнам на еден сеприсутен феномен од нашето општествено живеење, а тоа е проклетството на злобата. За жал, сурова вистина која никнува и таму каде што не ја сееш. Изминаа блиску 4,5 години од носењето на Еуростандард банка во стечај. Целокупната стечајна постaпка се води далеку од очите на јавноста. ...
Во 1987 година, историчарот Пол Кенеди го објави својот влијателен бестселер „Подемот и падот на големите сили“. Книгата се го опфаќаше темпото на империјалната превласт, а нејзиниот крај беше посветен на СССР и на Соединетите Американски Држави, двете тогашни големи сили. Помалку од пет години подоцна, СССР се распадна, давајќи им на САД можност да бидат единствена доминантна сила во светот. По неодамнешните случувања, меѓутоа, можеби е време ...