28/04/2025 10:35 - Плус Инфо

Русите се ѓаволски народ, неморални, агресивни, безобѕирни, груби и воопшто – злобни луѓе. Тие се криви за најголемите маки на светот денес. Не се тие како нас … Во општи црти, ова е содржината на секојдневните вести за Русите. Ама понекогаш, низ мрежа од предрасуди, ќе се провлече нешто, некое навестување, некој знак толку јасен, реален и вистинит, што пред неговата сила ќе се отвори и железната врата, за зад неа да ѕирнеме барем за момент, и ...

Во последниве години, македонската политика беше измачувана од низа скандали и контроверзи кои го разоткрија темниот дел од политичкиот пејзаж на земјата. Од корупција и непотизам до уцени и насилство, политичкиот систем на Македонија се соочи со бројни предизвици кои ја загрозуваат неговата демократска вредност. Уцените и корупцијата одамна се дел од политичкиот пејзаж во Македонија, при што политичарите понекогаш се наоѓаат заплеткани во ...

Во време кога повеќето села низ Македонија тивко умираат, кога културното ткиво се кине, секој искрен обид за враќање на животот треба да се слави како национален празник. Но, за жал, во општина Берово сведочиме на спротивното: на рамнодушност, на студенило и на малодушност што срами. Владимирово, мало село со големи луѓе, покажа што значи љубов кон корените. Таму, на иницијатива на Културниот центар „Горан Алачки“, „ЗВИС“ – здружение за ...

Јованка КЕПЕСКА Во последно време се потенцира приодот од аспект на идеолошкиот супстрат на партиите било при нивното профилирање како партии, било со заложбите определена суштина да се оствари преку разрешување на општествените прашања. Нешто што и во едниот случај ниту во другиот, во нашето општество не е препознатливо. И историски гледано, парламентарниот систем во основа функционирал преку партии на власт и како нејзин противстав, во форма ...

Ја видоа “кошничките“ денешната саботна пазарна кошничка? Пиперките 150 денари, доматите 130, компирите 80… За тричлено семејство со функционерски плати надградени и проширени со 78%, таман е. Шо да прајме ние другите кои не сме според стандардите на Мицко и “кошничките“, кои сме со 4 или повеќе членови во семејството и плус со плата од 500 евра? Да си тргаме кусо-долго кои 3 члена денеска ќе јадат, а кои ќе лижат сладолед преку стакло? А за на ...

„Денешниот свет е во голема мера глув свет. Верувам дека и меѓу нас, свештениците, има многу глуви.Зборувам за тоа како ние учествуваме во животот на луѓето. Зборувам за блискоста. Малку да зборуваме, многу да слушаме, да го кажуваме само најнужното и сето време да гледаме во очите на другиот. Оваа блискост на свештеникот создава однос на духовна нежност, која Бог ја пројавува во односот кон нас.” Со истата блискост и насмевка, во голем кадар, ...

Некој ќе рече: па песната и играта – поточно орото, кое и да е – ни се во крвта, во традицијата, во генот… Ама белки не и овие песни од полуписмени текстописци и овие „ора“ од играорци со две леви нозе? И не вакви налудничави, политикантски, криминални, неморални…? И каде на чело, како ороводци, се фаќа секаков пробисвет и врти шамивче? Едно од последниве такви ора повторно го водат докторине. Нивното е по правило „превртено“, контра оро, ...

Драмата во „Вреди“ не дојде одненадеж, како што можеби изгледаше пред четири-пет недели, туку таа тлееше подолго време внатре во коалицијата, но не беше јавно изнесена. Таа драма, или караница, министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, само јавно ја изнесе. И го навлече гневот на неговите тројца коалициски партнери. Дури многу добрите познавачи на состојбите во албанскиот политички блок меѓу ...

Во изминативе 30-ина години едно од главните ветувања и надежи за македонското население беше дека сега, кај и да е, ќе почне да го користи гасот како енергенс за затоплување и за готвење, зашто бил многу поеколошки од другите горива, не чадел и е многу поевтин од струјата. И така, со децении – гасот, па гасот! А на гасот никако да му се чуе гласот. Препорачано Уште на почетокот на 2022 година, директорот на тогашното јавно претпријатие ...

1. Дали ни останува само да се смееме? Веројатно така може полесно да се свари веста дека претседателката на Антикорупциската комисија е под истрага за – корупција. Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска е осомничена дека му давала податоци за истрагата на лице што е обвинето баш за корупција. Му праќала пораки на вибер и вотсап. Претседателката што беше избрана за членка на ДКСК со највисоки ...

Мицкоски и Тошкоски ја „даваат главата“ на министерот без ресор Шабан Салиу за да ја спасат својата. Салиу обвинува дека неговото аспење е селективно и дека тоа е удар врз Ромите кои се најлојален народ и дека во притвор остана како што вели: „само Циганот Шабан“. Но, не кажува кој го прави тој „удар врз ромскиот народ“? И зошто не ја напушта коалицијата? Само пред неколку дена на 8 Април – Денот на Ромите, токму Салиу во присуство на Мицкоски ...

Почина последниот латиноамерикански писател, Марио Варгас Љоса, кај нас нè многу преведуван. Но, романот од насловот е преведен на македонски јазик. Станува збор за една епоха во која доминира корупцијата, неизвесност и нееднакост. Нешто ми е ова познато. Тој период на половината на минатиот век како да не исчезна. Длабоки се корените, а плитки ралата што го корнат пирејот. Нема да пишувам за трагедијата во Кочани која сè уште не е завршена. ...

Изминативе десетина дена ги одбележува засилена, јавна, активност на американската и руската дипломатија поврзана со иранската нуклерана програма. Активностите зад сцена исклучително е тешко да се следат. Во секој случај, последната посредна средба помеѓу американската и иранската делегација, во Рим, според зборовите на иранскиот министер за надворешни работи донела напредок. Експертски групи работат на детали околу договорот. Нова средба се ...

Нацистички знамиња со кукест крст, во форма на долги црвени бандероли, беа обесени деновиве над тунел на една од главните сообраќајници во Стокхолм. Шведската полиција ги симна знамињата набрзо откако медиумите објавија фотографии за истакнувањето на симболите на фашистичката иконографија. Во медиумите беше забележано дека настанот се совпаднал со роденденот на Адолф Хитлер, 20 април. Вакви и слични настани воопшто не претставуваат изолирани ...

,,Романија ќе биде за слава и сила на Франција. Таа тука ќе ја пронајде својата душа…” Aктуелни судски процеси во Франција и Романија против претставниците на суверинистичкото крило на Мари Ле Пен и Калин Ѓеорѓеску потсеќат на овие зборови од стара петиција потпишана од влашки интелектуалци и испратена до Наполеон III. Крилото на суверенистите предводено од Претседателот Трамп, а во Европа претставено со Орбан, Ле Пен, Салвини, Калин Ѓеорѓеску, ...

[Кочанските убиства, не само од страна на несовесниот и алчен сопственик-митаџија, туку и од страна на распаднатиот и скапаниот државен и административен коруптивен систем, го попречија и одложија објавувањето на овој настан кој беше планиран за ден пред трагедијата. Замислен и проектиран како втор дел од постот 16: „Бучната музичка алтернатива“, тој мораше да почека, бидејќи во општеството се појавија поитни и поважни работи за кои The.Out.s ...

Има нешто што ме мачи повеќе време и никако не можам да останам рамнодушен. Се работи за вкоренетиот простотилак на нашиот народ. Каде сме неписмени, уште сме прости, лоши и злобни и сето тоа без срам или размислување за последиците – го исфрламе од себе во јавниот простор без последици… Толстој рекол: “Злобата на човекот доаѓа од неговата немоќ.” Не можам да сфатам како може некој со таква леснотија да нарекува со погрдни зборови актуелни и ...

По „најглупавата“ војна на царини, колонијалните закани кон Зеленски и Украина, предупредувањата за анексија на Панама и Грендланд или за припојување на Канада, дрските напади кон Европа и ЕУ, наводно створени за да ја зезаат Америка, „масковото“ кратење на федералната администрација, укинувањето на УСАИД и „Војс оф Америка“, како и редица други неумесни и агресивни настапи на Трамп и друштвото во неполни 100 дена, конечно дојде редот и за ...

Македонија располага со големи природни ресурси, особено минерални суровини како бакар, кои може и треба да ги искористи за доброто на своето општество. Нашите научници, геолози, инженери и други експерти се обучени да ги истражуваат, ископуваат и преработуваат овие суровини. Но, во последните неколку години се појавија групи на самопрогласени екологисти кои со своите активности го попречуваат економскиот развој на државата, манипулирајќи со ...

Колку повеќе Владата доцни со исплата на своите обврски (поврат на ДДВ, труднички боледувања итн.), толку повеќе „ЕУ се распаѓа“ во провладините медиуми. Препорачано Успехот на „унгарските кредити“ очекувано спласна: пензиите само се порамнија со растот на животните трошоци, а општинските клупи, паркови и улички (нормално) не може да генерираат економски раст низ зголемена јавна или приватна потрошувачка. Во такви околности ниту статистиката не ...

Мито и корупција – зборови што звучат како нешто што припаѓа на некој далечен, расипан свет. Но, што ако тие веќе тивко се вгнездиле во нашето секојдневие? Што ако се кријат зад насмевки, ситни гестови и невини подароци? Што ако сме станале толку навикнати на нив, што веќе не ги препознаваме како опасност? Мито и Корупција: Кога Благодарноста Станува Отров! Митото не започнува со куфери или тајни средби во темни ходници. Почнува со една ...

„Благословени да се миротворците, зашто тие ќе бидат наречени синови на Бог“(Исус) Западот и ЕУ, какви што ги познаваме веќе не постојат, ќе изјави Урсула фон дер Лајен. Што му се случи на Западот? Од точниот одговор на ова прашање може да зависи и судбината на нашата држава.Зашто променетата светска геоплолитика ќе има влијание врз Западниот Балкан, чии војни во деведесеттите беа насловени како “недовршени војни“. Имено, насилно прекинати со ...

Пред неколку дена објавив напис со истиов наслов кој се однесуваше за употребата на јаглен во светот. Во денешниов напис е направен осврт на користењето на јагленот во Република Македонија (РМ), а тоа се врши главно во Рударско-енергетскиот комбинат (РЕК) Битола. Тој се состои од рудници на јаглен (лигнит) и термоелектрани (Блок 1, 2 и 3) во кои се произведува електрична енергија. Од вебсајтот на ЕСМ www.esm.com.mk/ може да се прочита дека „… ...

Пред да се обидам да дадам свое мислење и анализа на овој интересен и невообичаен 266-от понтефикс максимус сакам да кажам дека во ниту еден момент интенцијата на овој текст не е да покаже непочит, ниту да е бесчувствителен кон тагата на нашите браќа од Римокатоличката црква, туку е ете само уште еден скромен придонес во неизбежноста на анализирањето на наследството, пред сѐ за католиците но и за целиот свет, од годините на управување со ...

Се сеќава ли некој уште на Рајнхард Прибе, високиот германски службеник кој, пред години, изготви анализа на нашиот СИСТЕМ (правен и политички)? Кога го прашал тогашниот американски амбасадор Џес Бејли да му ја опише ситуацијата во Македонија со еден збор, тој одговорил: отсуство на ОТЧЕТНОСТ. Каде и да одев, со кого и да зборував, секогаш е виновен другиот, рекол Прибе. Одговорност( responsibility)? Прашувам. Не одговорност туку отчетност ...

Вашингтон ќе инвестира во фрагментација на ЕУ за да ја дерегулира, да ги искористи нејзините ресурси и да ја направи помалку политички обединета. Од тој аспект за САД значењето на НАТО е завршено. Деновиве американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати една директна порака до Европа изјавувајќи дека Америка не сака континент вазал. Тој воедно додаде: „Не мислам дека ако Европа е понезависна тоа е лошо за Соединетите Држави – тоа е добро за ...

„Тоа е државата. Една голема дивоградба без лиценца. И најстрашно е што тоа никому не му пречи. А и да ни пречи, кому да се жалиш, кога не им пречи ни на тие на кои им плаќаме да им пречи“. Ова е поднаслов од мојата колумна објавена пред три години, на 15 април 2022. Повод беше убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотека во Скопје. Истрагата за убиството откри дека клубот работел без лиценца. Тогаш имавме една жртва пред дискотека ...

Во неколку наврати на овие страници сум го цитирал прочуениот српски новинар, и што уште не, од девдесеттите и двеилјадитите години Александар Тијаниќ со фрагменти од неговата книга исповед за неговиот професионален живот – „Ја и нико мој„. Неговата генерална размисла (напишана за Србија), сведена денес на македонските прилики, а промислена и парафразирана од моја страна, отприлика изгледа вака: Лордовите на мафијата, носители на државни функции ...

Кирил МИНОСКИ, елс министер за финансии „Корупцијата како метод на владеење – распадот на Римското царство “ Една од клучните причини за пропаѓањето на империите и државите е ендемската корупција, која навлегува во сите пори на општеството и го разорува одвнатре. Така и падот на Римското Царство не се случи преку ноќ. Најпрвин, Републиката се трансформираше во Диктатура, каде апсолутизмот го посеа семето на внатрешните болести: • корупција, • ...

Истото што им се случи во 1990-тите им се случува повторно на земјите од поранешна Југославија – паѓаат во замка многу слична на онаа што им ја наметна режимот на Милошевиќ. Реченицата за враќањето во деведесеттите на Балканот често се повторува и се претвора во фраза, бидејќи не и се припишува вистинското сериозно значење. Имено, честопати воопшто не се разбира што загубија државите формирани на територијата на поранешна Југославија во ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
78%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
1.54
78%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
1.03
56%
1021
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.23
70%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.14
92%
1020
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
84%
1020
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1019
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
72%
1020
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
67%
1020
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205