Редно е македонската јавност да слушне објаснувања, а веројатно и извинувања, од актерите на една многу грда приказна од нашата понова политичка историја, за која до скоро се шепотеше со половина уста, но сега веќе се зборува отворено и јавно. Во едно цивилизирано и демократско општество, какво што Македонија сака да биде, ваквите скандали мора да завршуваат со преземање морална, политичка, а кога е тоа неопходно и – законска одговорност. ...

Здружението ИКУАЛИТИ на 22 ноември успешно го спроведе и Четвртиот менторски форум за млади лидери од Општина Куманово, од вкупно пет менторски форуми, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”. (Скопје, 25.11.2024) Млади лидери учествуваа во рамки на 4-от менторски младински форум во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, организиран од Здружението Икуалити. На форумот земааа учество 7 лица на возраст од 16 до 24 години, ...

Според истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ), во првата половина на 2024 година биле идентификувани 3.380 коментари со сексистички говор против жените во политиката, што е изразено особено во периодот пред изборите. Проблемот се влошува поради недостаток на соодветната регулација на гореспоменатите социјални платформи, кои честопати не успеваат ефективно да ги адресираат тековните прекршувања што се случуваат врз жените во ...

Страшо АНГЕЛОВСКИ На прв поглед насловот на текстов изгледа шеговито и неповрзано. За жал, станува збор за премногу сериозен момент во кој, како во режирана едночинка, живееме, а, во едночинката, главни јунаци се Рада (Радмила Шеќеринска), Биби (Бенјамин Нетанјаху), Џо (сенилниот Џозеф Бајден, претседател на САД во заминување), НАТО (првично замислена како воена организација за окупација на Германија) и, “Орешник“, “лешник“, на македонски јазик ...

„Нема претерување во тврдењето дека ако во милениумот во кој зачекоруваме, нашава цивилизација биде уништена, тоа, најверојатно, нема да биде резултат на ненадејна епидемија или драматичен недостиг на храна, како што бил случај во претходни времиња, туку на погрешно водена надворешна политика. Имено, опстанокот на човештвото, во голема мерка, ќе зависи од поведението на државите . Ќе зависи, меѓу другото, од тоа како тие ќе ги решаваат ...

Пишува: Весна ЌИРАЏИЕВА Актуелните политички елити, кои претендираат или практикуваат власт, имаат доверба од четири години и во овој кус временски распон мора практично да работат, бидејќи го немаат луксузот на филозофите, професорите и демагозите за да експериментираат со теории за поделба на моќта на половите и нивното влијание врз Македонија за 500-1.000 години од денес. Актуелни политички елити, кои претендираат или практикуваат власт, ...

Високото образование во нашата држава, кое е на многу ниско ниво на познатата Шангајска листа се соочува со опасни предизвици. Надвор од образовните кабинети, оние кои се во удобните министерски фотелји и нивните тимови со огромна леснотија пуштаат во оптек интересни информации и планови. Како на пример, информација дека има листа на факултети кои ќе се затворат и тоа од највисокото тело – Националното координативно тело за реформи на високото ...

Победата на Доналд Трамп отвора простор за расправа на неколку подрачја: економско, политичко и културолошко. Откако поминаа неколку денови од американските избори, па слегнаа впечатоците, се врежа мислењето што постојано се повторува, дека за победата на контроверзниот републикански кандидат била клучна економијата. Слоганот „It’s economy, stupid“ е уште од 1992 година, а со него сега на едноставен начин се објаснува што, всушност, се случило и ...

Ова нешто што се случи со Македонија во последните седум години никој не знае како да го нарече. Деспотизам? Мек државен удар? Хибриден режим? Политички абсурд? Се обидувам да најдам зборови за седумгодишното владеење на Заев и неговите „држалотворни“. И, само еден збор има моќ да го опише овој срамен период на нашата историја. Предавство. Предавство на нашата нација. Сега кога гледаме како изгледа крајот на социјалдемократите и пустошот што го ...

„Градот убав пак ќе никне…“ И, никна, се разграни, се расцвета… Само до кога? До 2014 година. Годината кога му се смени личниот опис на Скопје, кога дојдоа „диви, избркаа питоми“. Чинам окупаторите во Втората светска војна не го повредија толку, не го изобличија, не го смачкаа Скопје како што тоа со еден „блиц криг“ преку ноќ го направи Груевски со неговата тајфа. А, скопјани заспани! Пишува: Ана ПАНОВСКА Кутро мое Скопје. Денес нема кој да го ...

Законот на негативна енергија предизвикува многу од луѓето да живеат со симптом на недостиг и да бидат незадоволни од тоа што го имаат. Чувствуваат дека не им е доволна љубовта што ја добиваат, дека немаат доволно пари, дека не се доволно убави, паметни, исполнети итн. Таквата перцепција ги прави незадоволни од самите себе, предизвикувајќи им да живеат со законот на отпорот, со ниско ниво на самодоверба и со негативна ориентација кон нештата. ...

Трите статус кво клана СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со народот правеа пичвајз. Ама, нели е во право и кога греши, како што глаголеше првиот политички премиер, народот почна од кримоси да прави власт. Таа и таква власт се вдаваа како рој скакулци и ја таманеа Македонија. Планот и одлуката за концентрација на политичка и економска моќ беше донесена во средината на 1990-те на „тајната вечера“ во владината вила во Охрид. Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ ...

Национализмот, на пример, е фалсификат – колективизам (дури е и антитеза на претпоставениот вид на колективизам), бидејќи, енкапсулирајќи го колективот преку пропишување на етничноста / националноста, автоматски му го одзема фокусот од системот за вмрежување на колективот, сосе смислата на националната причина за колективизирање – социјалната. Емилија ЦЕЛАКОСКА На една приредба, гледам, децата се редат во форми на цифри. Се сеќавам дека во ...

Поранешниот министер за надворешни работи и порано зборуваше за ужасниот исход на разговорите на Груевски со Клинтон и Бајден и предлогот „Република Горна Македонија“. Еве повеќе детали за нив. Пишува Љупчо Поповски Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, минатата недела посредно навести дека Македонија пропуштила голема можност да направи добар договор за името во 2011 година. При гостувањето на Милошоски во поткастот на ...

Истражувањата покажуваат дека децата што посетуваат градинка постигнуваат подобри резултати во основното и средното образование. Градинката им помага на децата да развијат дисциплина, фокус и рутина, што е основа за академски успех. Децата учат како да споделуваат, соработуваат, комуницираат и решаваат конфликти што е особено важно за градење самодоверба и емпатија. Раното групно образование ги подготвува децата за работа во тимови и следење ...

Кога на почетокот од август Русите ме информираа дека во Скопје доаѓа заменик-министерот за надворешни работи, Виталиј Чуркин, со, како што најавија, носи порака, не знаев дека ја носи одлуката за признавање на Македонија од страна на Русија, која, на инсистирање на бугарскиот претседател Жељу Желев, ја донел Јелцин при посетата на Софија. Тоа беше важен момент во историјата на новата македонска држава. Пишува: Денко МАЛЕСКИ (Белешки од ...

Во Данска се разбрануваа духовите кога од сите државни институции беше побарано да ги избројат јарболите (flagstænger, на дански) пред неколку години. На социјалните мрежи случајот дури доби и име: „Flagstangs-gate“, со алузија на прочуената афера Вотергејт. За многумина било чудно дека од државните органи, од оружените сили и од универзитетите во земјата одеднаш било побарано да го пријават бројот на државните јарболи? Набрзо потоа, сепак, беше ...

Рена никогаш не знаела штрајк во Грција а таа да не го поддржува, никогаш не пропуштила митинг што нашата партија го поддржа. Но, во средата, на митингот по повод реткиот национален генерален штрајк, Рена не беше таму. Загрижен, ѝ се јавив. Не, ништо не се случило. „Едноставно не можам да си дозволам да изгубам еднодневна плата, не оваа недела“, рече таа, извинувајќи се. Откако го изгуби својот стан минатата година од фонд за мршојадци – ...

Изминатиов вторник се навршија 1.000 денови од руската инвазија врз Украина. Меѓународно-правно нелегитимниот напад од страна на Русија, ја предизвика солидарноста на членките на НАТО, но и некој други држави, отворено да застанат на страната на Украина. На површината излегоа сите можни предизвици со кои се соочува човештвото, но и длабоката поделба помеѓу глобалниот Север и глобалниот Југ. Поделба која најјасно се гледа во завршниот документ на ...

Често зборуваме дека имаме добри стратешки и плански документи, како и добри закони, кои имаат слаба имплементација. Констатацијата за слабата имплементација е точна, но сепак, не може да се каже дека сите стратешки документи се многу добри. Ова е случај и со Стратегијата за регионален развој на државата за периодот 2021 – 2031 година, која има бројни недостатоци. Најпрвин да напоменам дека оваа Стратегија е усвоена на само неколку месеци пред ...

Ретко каде еуфоријата по победата на Доналд Трамп во трката за 47. претседател на Соединетите Држави, надвор од САД, беше толку голема како во Белград и во Бања Лука. Во Белград осамнаа билборди со слика на Трамп и текст: „Честитамо Трампе Србине!“, а медиумите во Србија, меѓу другите, ги објавија и следните наслови: „Вучиќ, првиот европски лидер што му ја честита победата на Трамп: Заедно се соочуваме со сериозни предизвици што се пред нас“ и ...

Конечно поместување на нештата од мртва точка каде што беше заглавен договорот со Бехтел и Енка. Истиот беше потпишан, пари се исплаќаа, но освен помпезни најави, апсолутно ништо не се мрдна цели година и пол, поради неажурност на претходната Влада. Во изминатите четири месеци со многу залагање и макотрпна работа нештата се помрднаа и работите започнуваат со турбо темпо. Главната мака, експропријација на оваа траса е готова, а за сите останати ...

Добро е. Чинам дека на ниво на фактографија некако се разбравме со земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и со неговиот доминантен сопственик Цветан Панделевски, со кого се познавам најмалку 30 години. Плусинфо го објави демантот на „Пелагонија“, ја повлече спорната објава и ги прецизираше информациите поврзани со предлогот на „Бетон“ од Штип да се поведе стечајна постапка за комбинатот. Кого го интересираат деталите за оваа наша преписка, тука се ...

Исклучителниот филм „Зона од посебен интерес“ (The Zone of Interest) минатата година заслужено се накити со сите најпрестижни филмски признанија. Моќното уметничко дело на режисерот Џонатан Глејзер, бегло инспирирано од истоимениот роман на Мартин Ејмис, со неверојатна филмска акрибија го слика секојдневниот живот на семејството на Рудолф Хес, командантот на концентрациониот логор Аушвиц од мај 1940 до ноември 1943, и повторно од мај 1944 до ...

Ламбе Арнаудов Сé е полесно кога пријателите се тука. Пријателството е дар Господов и претставува флуиден и двонасочен однос со строго изразена лојалност и почитување од двете страни и јасно засекогаш потврдена верност. Пријателството, ги достигнува највисоките дострели, тогаш кога е воспоставено помеѓу, од една страна политичарите, водачите, народните трибуни и лидери, со еден збор власта, а од другата страна, народот. Од тука, секоја политичка ...

Никола Жежов Македонија, есен, 2024-то Лето Господово. Студени и дождливи ноемвриски денови во главниот град на Македонија. Темни облаци се надвиснати над Скопје. Граѓаните на метрополата го живеат своето секојдневие исполнето со редовните работни обврски. Дождливото есенско време влијае врз расположението на луѓето и во долгите ноќи, во паузата помеѓу омилените телевизиски емисии, можеби понекој и ќе се сети на некои настани од поблиската или ...

Ристо Никовски Веќе може да се оцени дека Владата ја враќа надежта. Отворени се многу фронтови и постигнати првични резултати, ама и очекувањата се огромни. Државата беше во голем хаос. Ништо не функционираше и насекаде имаше масовни злоупотреби и криминал. Катастрофа од општ карактер. Предизвици, меѓутоа, има премногу и приоритетите мора да се селектираат на многу внимателен начин. Борбата против криминалот и корупцијата е секако еден од ...

Петар Поп-Арсов Реизборот на Доналд Трамп за нов американски претседател очекувано наиде на бројни реакции ширум светот. Тоа се реакции со исклучително широк спектар кои одат од силно спротивставување и негодување, па се до фанатична поддршка, зачинета со надреален ентузијазам. Тоа беше сосема очекувано сценарио имајќи ја на ум сѐ поголемата поделеност која што е присутна во светот по многу основи, независно од политичките граници со кои ...

За службеноста на албанскиот (и турскиот) јазик низ нејугословенска призма Употребата на јазиците не е новост во историскиот развој на нашата уставност и тоа не е партиско прашање. За почеток, да се согласиме со констатацијата на Мицкоски од Приштина дека (парафразирано) „политичари без понуда отвораат етнички теми“. Со неа потврди дека ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за „јазична федерализација“ паралелно со „бугарски диктат“ – за југословенско Скопје да ...

Лидија Топузовска Најважно е прво да се расчисти сиот расфрлен отпад по автопатите и градовите, особено во туристичките места и главниот град на државата, бидејќи кога се канат гостите дома најпрво се чисти. Повод за овој текст е иницијативата на Владата да се интегрираат културата и туризмот во едно министерство, што сметам дека е одлична иницијатива која се надевам ќе овозможи подобра интеграција и координираност во двата сектори, кои се многу ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
68%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
82%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.52
81%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
81%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.82
78%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52