Со Марта Димитриевиќ разговараше Хусамедин Гина 13 годишната Марта Димитриевиќ е активен член на коњички клуб „Илинден“. Нејзиното прво запознавање со коњот започнува уште на нејзина 5 годишна возраст во ранчот во селото Галичник, во Општина Маврово и Ростуше, каде што го поминува летниот одмор. Од тој ден, започнува нејзината љубов кон коњите, поточно кон животните. Во 2023 во дисциплината прескокнување пречки освојува вкупно 12 медали, од кои ...

Марта Димитриевиќ, чудо од дете, осмооделенка, одлична ученичка во ООУ „Мирче Ацев“ – Скопје, со својот коњ Калатус, откако по ред ги сруши сите рекорди и ги освои сите медали во Македонија, пред неколку недели во Ковилово (Белград), го освои прво место во дисциплината прескокнување пречки од 100 сантиметри, победувајќи ги сите 18 натпреварувачи од Србија, Хрватска и Македонија и тоа со предност од 13 секунди пред второпласираниот. Во 2023 Марта ...