Пензионерите во Франција над 65 години добиваат просечно 1.626 евра месечно, што е околу два проценти повеќе од нивните колеги во работоспособна возраст, благодарение на дарежливиот пензиски систем. За споредба, пензионерите во САД заработуваат околу 16 проценти помалку од оние кои работат, при што речиси една петтина „се борат“ со трошоците за живот, додека само 5 проценти веруваат дека „го живеат сонот“. Ова резултира со ситуација каде што ...

Економските власти во земјава ќе чекаат пазарот сам да ги регулира цените. Ова е пазарна економија, а владата ќе реагира само ако забележи непазарни потези од трговците, вели денеска заменик министерот за економија Марјан Ристески. Според него, цените се стабилизирани, индустриското производство и бруто домашниот производ растат, странските инвестиции се се повеќе , а животниот стандард на граѓаните се подобрува. Наспроти ова, граѓаните и ...

Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во ...

Во јули, уделот на плаќањата за руски стоки и услуги во валутите на „непријателските“ земји изнесувал само 13,1 отсто и бил најнизок откако централната банка објавува податоци. Уделот на плаќањата во рубли се зголемил од 52,9 отсто на 55,1 отсто во претходниот месец. Највисок бил во април кога изнесувал 52,9 отсто. Уделот на плаќањата во валутите на „пријателските“ земји се намалил од 32,2 на 30,2 отсто. Африканските купувачи платиле за речиси ...

Банката на Италија повика на законска транспарентност околу издавањето на идентични стабилкоини преку граници, предупредувајќи дека моделот на мулти-издавање носи правни, ликвидносни и ризици за финансиска стабилност. Според заменик-гувернерката Киара Скоти, корисниците ги сметаат токените за заменливи, што може да доведе до несогласување меѓу обврските и резервите. Европската централна банка веќе предупреди на ризици, додека Европската ...

Започнува собирањето и откупот на желади и букови ореви во Хрватските шуми, а веќе се објавени и откупните цени што им се гарантирани на собирачите. Шумската управа, подружница Копривница, потврди во петокот дека собирањето семенски материјал започнува на 1 октомври, а пред собирањето, секое лице мора да има дозвола за собирање од Шумската управа. Препорачано „Во копривничката подружница на Шумската управа ќе собираме плодови од горун, ...

Скопјани повторно во неизвесност дали ќе имаат редовен превоз. Се жалат дека автобусите доцнат, а тие со часови чекаат на постојките. Од синдикатот велат дека претпријатието добило 20-ина тони нафта, доволно колку за два дена, па оценуваат дека состојбата е загрижувачка. Автобусите засега сообраќаат редовно, но неизвесно е до кога. Градот го впери прстот кон компанијата снабдувач, која како што велат, и покрај активниот договор ја прекинала ...

Зголемувањето на даноците за луксузни стоки и дивиденди, како и за богатите, се чини дека е прифатливо решение за фискалните проблеми за рускиот претседател Владимир Путин, според дискусијата со партиските лидери во Русија објавена на веб-страницата на Кремљ. „Некои други земји, вклучувајќи ги САД – би сакал да го деполитизирам ова прашање – за време на Виетнамската војна и за време на Корејската војна, го направија истото, ги зголемија даноците ...

Британската онлајн трејдинг платформа IG Group ја купи австралиската крипто-берза Independent Reserve за 178 милиони австралиски долари (117 милиони USD). Со оваа аквизиција IG го шири своето присуство на пазарот во Азија-Пацифик и ги зајакнува дигиталните услуги. Компанијата очекува зделката позитивно да влијае врз добивката по акција уште во првата финансиска година по затворањето. Овој потег претставува дел од стратегијата на IG за ...

Велика Британија ќе биде втората најбрзорастечка економија во Г7 годинава, веднаш зад САД, иако и понатаму се бори со контролата на инфлацијата, наведува денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Париската институција ја зголеми прогнозата за раст на Британија за 0,1 процентен поен, на 1,4 отсто во 2025 година. Се очекува забавување на 1 отсто следната година, бидејќи построгата фискална политика и американските трговски ...

Само половина милион евра успеал да наплати ЕСМ од државните и јавни институции кои должат за струја и парно. Вкупната сума пак која тие треба да ја вратат во касата на електрани е над 16 милиони евра. Според, заклучокот на Владата донесен на крајот од јули инситуциите беа задолени во рок од три месеци да ги платат овие пари. Од ЕСМ за Телма соопштија дека сите институции се известени и дека има можност да им се даде шанса на сите оние кои ...

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески оствари работна средба со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставници на бизнис-секторот во Кавадарци. Ристески пред присутните ги презентираше главните мерки на министерството за економија и труд за поддршка на стопанството и претпријатијата, како и мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година. ...

До крајот на годината треба да се распише јавен оглас за Мерка 7 од новата ИПАРД 3 програма, со која може да се добие грант од 10.000 евра до 600.000 евра за инвестиции во рурален развој. Но, за да се добијат тие пари, од вкупната инвестиција 40 отсто треба да се обезбедат од сопствени извори. Новина за ИПАРД 3 е можноста за авансна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Тоа, низ пример, значи дека ако ...

Гувернерот Трајко Слевски во објава на Фејсбук им појаснува на граѓаните дека регулацијата и контролата на финансиските друштва што издаваат т.н. „брзи кредити“ не е во надлежност на Народната банка (НБ), туку на Министерството за финансии. -Често поставувано прашање (на погрешна адреса): регулацијата и контролата на финансиските друштва, познати кај граѓаните најмногу по одобрувањето т.н. „брзи кредити“, не се во надлежност на Народната банка, ...

Поголемиот дел од вработените во Еврозоната не би се согласиле да им се намали платата во замена за погодноста за работа од дома, според анкета објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ)- пренесе Б92. Според извештаите, дури 70 проценти од работниците би одбиле какво било намалување на платите во замена за можноста да работат два до три дена во неделата од дома. Препорачано Приближно 13 проценти од вработените би прифатиле намалување на ...

Косовскиот завод за ревизија евидентираше сериозни недостатоци во управувањето со шумите, вклучувајќи нелегална сеча, узурпација и штети во заштитените зони – паричните штети за периодот 2020-2023 година достигнуваат вредност од 5,3 милиони евра. Ревизорскиот завод процени дека одговорните институции не обезбедиле соодветна контрола, инвентаризација и заштита на шумските ресурси. Повеќе од 5,3 милиони евра се проценува дека е монетарната ...

Националната агенција за приходи ќе информира преку телефон и е-пошта речиси 7.000 улични продавачи кои не ги пријавиле правилно своите приходи за 2024 година. Значителен број од овие продавачи воопшто не поднеле годишна даночна пријава до агенцијата за приходи, а други не ги навеле своите приходи во целост. Препорачано Уличните продавачи се поединци, вклучително и самостојни претприемачи (ET), кои продаваат стоки не на постојана адреса, туку ...

Според соопштението на НБРСМ, на крајот на вториот квартал од 2025 година, бруто надворешниот долг изнесува 12.159 милиони евра и забележа квартално зголемување од 117 милиони евра. Бруто надворешните побарувања се зголемија за 73 милиони евра и изнесуваат 7.564 милиони евра. Поголемото кварталното зголемување на обврските во однос на побарувањата доведе до зголемување на нето надворешниот долг за 44 милиони евра, така што на крајот на јуни 2025 ...

Вишокот јавна администрација да излезе на пазарот на трудот за да се надополни недостигот од работници во приватниот сектор. Бизнисот смета дека доколку се реализира оваа идеја, сите ќе имаат корист. Од една страна, компаниите што имаат недостиг на кадар нема да мора да увезуваат работна сила, а, од друга страна, вишокот административци нема да биде веќе на товар на буџетот, ќе влезе во процесот на производство и ќе создава дополнителна ...

Компанијата Мета предводена од Марк Закерберг привлече внимание нудејќи астрономски договор на 24-годишниот експерт за вештачка интелигенција (ВИ) Мет Дајтки. Овој потег не само што илустрира агресивна трка за врвни таленти, туку и покренува сериозни прашања за растечката економска нееднаквост во иднина доминирана од ВИ. Препорачано Мет Дајтки, кој се откажа од докторските студии на Универзитетот во Вашингтон, првично ја отфрли понудата на Мет ...

На крајот на вториот квартал од 2025 година, Народната банка објави статистички податоци кои укажуваат на раст на нето надворешниот долг и на понатамошно влошување на меѓународната инвестициска позиција на државата. Според извештајот, нето надворешниот долг на 30 јуни 2025 година изнесува 4,595 милиони евра, што претставува 28,2% од проектираниот БДП. Ова е пораст од 44 милиони евра или 1% во однос на претходниот квартал. Структурно гледано, ...

Американската компанија на Ворен Бафет, Berkshire Hathaway, го продаде целиот свој инвестициски удел во кинескиот производител на автомобили BYD. Со ова завршува 17-годишна инвестиција чија вредност се зголеми за повеќе од 20 пати во тој период, објави CNN. Препорачано Во поднесениот извештај од енергетскиот огранок на Беркшир, инвестицијата во BYD на крајот на март е наведена како нула, во споредба со 415 милиони долари на крајот на 2024 ...

Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што говори дека оваа индустрија се развива и уште има простор за раст. Во таа насока преземаме многу мерки, начин на распределба на ЦЕМТ дозволи до начин на пристап до Министерството. Ги претстави плановите за развој, како што ...

Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и даваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје. Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е двојно повеќе од растот на БДП, што ...

Во Македонија со децении веќе не се одгледува памук, а последен пат кога ова индустриско растение било запишано во државните регистри е во 1997 година, кога биле засеани само 6 хектари. Од таа површина се ожнеале 8 тони суров памук. Текстилците коментираат дека од ова количество можеле да се изработат неколку десетици чаршафи. Се памети дека берба на белите пувки некогаш се одвивала и на 30 илјади хектари и тоа особено во југоисточниот дел на ...

Глобалната економија сè уште е во очекување на значителен удар од трговските мерки на Доналд Трамп, иако во последните месеци покажува поголема отпорност од очекуваното, соопшти ОЕЦД. Во новите прогнози објавени во вторник, организацијата со седиште во Париз ја зголеми својата прогноза за светскиот раст во 2025 година, како и за повеќето национални економии, наведувајќи го ефектот од предвремено увезување на стоки во очекување на повисоки ...

Приватниот сектор во еврозоната се прошири со најбрзо темпо во последниве 16 месеци, откако подобрите резултати во германските услуги ја надоместија слабоста во Франција. Комбинираниот индекс на менаџери за набавки PMI, кој го составува финансиската куќа „Ес-енд-Пи глобал“ (S&P Global), се искачи на 51.2 во септември од 51 колку што беше во август, а тоа е над прагот од 50 поени, што означува разлика меѓу раст и пад. Аналитичарите ...

Еден клиент од Италија плати скапо за навидум безопасна купување на популарната платформа Тему. Купување од неколку евра заврши со цена од повеќе од 600 евра. Препорачано За нарачка што вклучуваше маица со мотив на Дизни и шноли за коса, тој доби казна од 618 евра на царината во Рим, иако плати само неколку евра за стоката- објави Каматица. Спорниот пакет беше запрен на царината во мај, а по прегледот, стоката беше испратена до адвокатите на ...

ЕТП ќе претставува клучна алка во поврзувањето на сите релевантни чинители: државните институции, јавните претпријатија, приватниот сектор, синдикатите, регулаторните тела и меѓународните партнери. „Со формирањето на оваа единица воспоставуваме јасен систем за поддршка на целиот процес, координација, следење и дијалог со сите засегнати страни. Целта е да обезбедиме забрзана и поорганизирана транзиција, со конкретни резултати и со целосна ...

Марк Закерберг изјави дека до 2030 година, мобилните телефони ќе бидат заменети со подискретна и софистицирана технологија: паметни очила. Замислете очила кои не само што можат да прикажуваат информации во реално време, туку нудат и интегриран личен асистент директно достапен во вашето видно поле. Гаџет кој би можел да го трансформира начинот на кој комуницираме со дигиталниот свет! Тоа е пофлуиден, поприроден и интуитивен начин на доживување на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.57
88%
1018
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
66%
1018
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
92%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
85%
1019
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.92
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
91%
1018
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
89%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929