Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Речиси 1/3 од жителите на Земјата (2,6 милијарди луѓе) немаат пристап до интернет и за да се обезбеди таква врска низ целиот свет, ќе бидат потребни речиси 3 трилиони долари, пресмета Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) за OOH. Извештајот „Акционен план за човечка поврзаност“ истакнува дека главните фактори се социјалните и економските услови на различните региони. Препорачано На пример, во 2024 година, огромен дел – 93% од населението ...
Германската деловна доверба неочекувано падна, истакнувајќи ја кршливоста на планот на канцеларот Фридрих Мерц за враќање на растот во најголемата економија во Европа. По четири месеци раст, индексот на очекувања од институтот Ифо во септември падна на 89,7 од ревидираните 91,4 во август. Аналитичарите анкетирани од „Блумберг“ предвидоа зголемување на 92. Падна и мерачот на моменталните услови. „Компаниите беа помалку задоволни од моменталното ...
Измамници се претставиле како MrBeast, Марк Робер, Адин Рос и други во WhatsApp група, измамувајќи голем донатор да префрли над 1 милион долари. Главен донатор на добротворната кампања „Тим Вотер“ на MrBeast, претприемачот Ерик Бергман, откри дека бил измамен за 1,25 милиони долари во сложена WhatsApp шема во која биле вклучени имитатори на познати личности. Измамата започнала кратко откако Бергман донираше 1 милион долари на „Тим Вотер“. Тој ...
Добивај вести на Viber Видеолотарија Касинос Австрија како спонзор, со силна возбуда се радува и се гордее со успехот на Милијана Мила Рељиќ. Со задоволство споделуваме дека најдобрата македонска таеквондистка, членка на клубот Тигар од Скопје и учесничка на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз во 2024 година, Милијана Мила Рељиќ, постигна огромен успех освојувајќи го третото место и бронзениот медал на Опен Г1-турнирот во Варшава. Нашата ...
Светската криза со какаото конечно покажува знаци на пресврт бидејќи подобрите жетви во Јужна Америка и намалената побарувачка создаваат услови залихите да се насочат кон последователен суфицит. Се предвидува дека производството ќе ја надмине потрошувачката за околу 186.000 тони во сезоната 2025-26, којашто инаку започнува следниот месец, според просечната проценка на 13 аналитичари и трговци што ги анкетираше „Блумберг“. Тоа би било повеќе од ...
На вчерашната седница Владата донесе Одлуката за формирање на Комитет за јавни инвестиции, со што се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции, извести Министерството за финансии. Комитетот се формира врз основа на Законот за буџети и ќе работи согласно Уредбата за управување со јавни инвестиции. Формирањето на овој комитет претставува значаен чекор за обезбедување поголема ефикасност, ...
На големо разочарување на еколошките организации, Европската комисија (ЕК) предложи да се одложи за уште една година, од крајот на 2025 година до крајот на 2026 година, стапувањето во сила на законот за ограничување на уништувањето на шумите, кој САД, Бразил и Индонезија не престануваат да го критикуваат, објави Франс-прес. Препорачано Комесарот за животна средина на ЕУ, Џесика Росвал, го оправда ова одложување пред медиумите со оперативни ...
По остриот пад на Биткоинот (BTC) во понеделникот, еден аналитичар посочи на технички индикатори што сугерираат дека криптовалутата би можело да падне под клучното ниво од 100.000 долари. Според анализата на TradingShot, првата криптовалута го тестира својот 20-неделен подвижен просек близу 112.500 долари, ниво кое историски служело како почетна точка за последната фаза од претходните биковски циклуси. Во анализата споделена на TradingView на 22 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја поддржат Аргентина, но не смета дека е потребен финансиски „бејлоут“. Изјавата дојде за време на средбата со аргентинскиот претседател Хавиер Милеј на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Истовремено, Светската банка најави забрзување на 4 милијарди долари јавни и приватни инвестиции од вкупниот пакет од 12 милијарди, со фокус на сектори како рударство, енергија и туризам. Трезорот ...
Добивај вести на Viber Спомените од детството честопати имаат мирис и вкус, а за многумина од нас, тоа се бабината торта. Тој неодолив мирис се шири низ куќата, нè враќа во безгрижни денови и го собира целото семејство околу масата. Бабината торта никогаш не била само десерт, таа е знак на внимание, традиција која се пренесува од генерација на генерација и секогаш има посебно место во нашите срца. Денес, кога обрнуваме многу внимание на поздрав ...
Инфлацијата, геополитичките тензии и трговските нарушувања ги обликуваат стратегиите на компаниите, додека важноста на вештачката интелигенција(AI) во бизнисот расте, според „Chamber Pulse 2025“ – економски извештај на Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светската федерација на стопански комори (WCF). Овој документ беше презентиран на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори во Мелбурн и е базиран на истражување во кое учествуваа 230 ...
Инфлацијата се очекува да изнесува 3,5%, повисоко од претходната проценка од 3,1%, при што зголемените цени на храната се наведуваат како главен фактор. Прогнозата за економски раст на Обединетото Кралство е благо зголемена на 1,4% годинава, но се очекува забавување на растот следната година на 1%, предизвикано од потенцијални зголемувања на даноците, намалување на државните расходи и зголемени трошоци за трговија. Министерката за финансии ...
Алекс Стамос, поранешен шеф на безбедноста во Фејсбук, нуди осум клучни совети за родителите да ги заштитат своите деца во дигиталниот свет. Неговата филозофија е едноставна: „Верувај, но проверувај“. По години работа во водечки ИТ компании, Стамос ја видел „страшната страна“ на интернетот одблизу. Еве ги неговите најдобри препораки, базирани на искуство. Препорачано Според Стамос, не постои универзално правило за идеалното време за добивање на ...
Добивај вести на Viber Интервју со Роберт Тодоровски, Извршен Директор на СуперМарт Македонија, компанија која 2 години поставува нови стандарди на пазарот на онлајн трговија. 1. Роберт, веќе втора година сте на чело на СуперМарт и за кратко време успешно го позициониравте брендот како еден од набрзо растечките во делот на е-трговијата. Како изгледа ова патување досега? Навистина возбудливо. Работиме на пазар кој е мал, но истовремено динамичен ...
Кога бензинот поскапува, тоа не е само проблем за возачите што се фаќаат за глава на бензинска, туку бран кој се разлева по целиот пазар. Транспортот на стока станува поскап, а тоа директно се преточува во цените на храната, облеката, па дури и најобичниот леб. Можеби луѓето тоа го гледаат како банална сметка од неколку денари повеќе, ама на крајот на месецот се собира една нова реалност – сè чини повеќе. „Горивата се крвотокот на економијата. ...
Добивај вести на Viber Централниот регистар потпиша договор вреден над милион денари за привремено вработување на лица. Како најнизок понудувач се јавила „Артпцик“, агенцијата која ја во времето на владата на поранешниот премиер Зоран Заев носеше хонорарци за потребите на Владата, а за што подоцна антикорупционерите побараа кривично да се гонат поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зеќири. Но, за разлика од ...
Добивај вести на Viber Најголем интерес за кирии во нашата земја има за деловни простории, и тие опфаќаат дури 40 проценти од вкупниот број на договори за изнајмување, покажуваат податоците на Агенцијата за катастар на недвижнини. Согласно нивниот последен Регистар на цени и закупнини, во вториот квартал се евидентирани 2.347 договори за закуп, при што најголем дел се за деловни простории или 937 договори. За изнајмување станови биле потпишани ...
Северноатлантската алијанса (НАТО) вети „цврст“ одговор на руските упади во нејзиниот воздушен простор и изјави дека ќе ги искористи сите опции, вклучително и воени, за да се одбрани. Веднаш по ваквото соопштение на НАТО и државниот секретар на САД, Марко Рубио, ја потврди американската посветеност кон НАТО. „Ќе работиме со нашите сојузници за да ја браниме секоја педа од територијата на НАТО,“ изјави Рубио во вторникот за Си-би-ес Њуз пред ...
Добивај вести на Viber Ова е таканаречениот е-повик од следната генерација (NG eCall), а неговата имплементација ќе ја заврши ерата на претходниот систем eCall, кој автоматски повикуваше помош во случај на сериозна сообраќајна несреќа. Од 1 јануари 2026 година, во Европа ќе можат да се регистрираат само нови модели на автомобили опремени со посебен систем. Новиот стандард користи модерна технологија за мобилна комуникација, па наместо ...
Добивај вести на Viber Кинеската компанија за контејнерски превоз „Си Леџенд“ ќе ја отвори првата директна рута до Европа преку Арктикот оваа недела, со што речиси ќе се преполови времето на експресна испорака, објави „Глобал тајмс“. Контејнерскиот брод „Истанбул Бриџ“ го заврши товарењето на товар во пристаништето Нингбо Џоушан во понеделник и треба да исплови преку Арктичката морска рута до Феликстоу, најголемото контејнерско пристаниште во ...
Добивај вести на Viber Италија се соочува со масовно пензионирање во следната деценија, бидејќи повеќе од шест милиони работници ќе го напуштат пазарот на трудот, предупреди денес претседателот на Националниот институт за анализа на јавни политики (INAPP), Натале Форлани. - За само 10 години, околу 6,1 милиони Италијанци ќе го напуштат пазарот на трудот - изјави Форлани пред парламентарната комисија за демографска транзиција, пренесува Анса. ...
Во јуни 2015 година вредните раце на текстилните работнички во земјава сошиле 1.961 кошула, во истиот месец годинава биле сошиени близу трипати помалку кошули, само 714. И бројот на работничките се намалил, според податоците со кои располагаат текстилците, за десет години покрај машините има за 50 отсто помалку работници. Состојбата ескалира последната година, кога клуч на врата ставија десетина конфекции, главно во Источна Македонија. Според ...
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Превозниците укажуваат на импликациите од најавените нови правила за патување во Европската унија и повторно апелираат да им се овозможат повеќе денови за престој во шенген-зоната, а престојот да се пресметува во часови, а не во денови. На денешната средба на превозниците, организирана од Макам-транс, беше соопштено дека недостигаат 15 -16 000 возачи и оти им се потребни бенефици, со поголемо даночно олеснување ...
Американската технолошка компанија Amazon денес објави дека планира да ги затвори сите свои супермаркети „Фреш“ во Велика Британија како дел од најновото прилагодување на својата стратегија за продажба на намирници. Станува збор за околу 19 продавници во Велика Британија, чие постоење ќе се одлучи „по фундаментална проценка на деловните операции и можностите за раст во онлајн доставата“, објави „ Си-ен-би-си“. Се очекува пет локации на „Фреш“ да ...
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Максимално сме отворени и излегуваме во пресрет и даваме поддршка затоа што сте основен двигател на бизнисот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната средба со превозниците во Скопје. Николоски оцени дека е многу позитивен индикаторот за раст на секторот Транспорт и логистика во вториот квартал од 6,1 процент споредено со истиот период од минатата година. Тоа, посочи, е ...
Кинеската компанија за контејнерски превоз „Си Леџенд“ ќе ја отвори првата директна рута до Европа преку Арктикот оваа недела и речиси ќе го преполови времето за експресна испорака, објави „Глобал тајмс“. Контејнерскиот брод „Истанбул Бриџ“ го заврши товарењето на товар во пристаништето „Нингбо Џоушан“ во понеделникот и треба да се упати кон Феликстоу, најголемото контејнерско пристаниште во Велика Британија, на 24 септември, преку арктичката ...
Европската Унија и Индонезија денес во Џакарта ги заокружија преговорите за Сеопфатниот договор за економско партнерство (ЦЕПА) и за Договорот за заштита на инвестициите (ИПА). Овие договори претставуваат важна пресвртница во имплементацијата на стратегијата на ЕУ за диверзификација и партнерства, со цел да се зајакнат меѓународните трговски и инвестициски врски и да се создадат нови можности за пласман и посигурни синџири за набавка на енергија ...
Кина им забрани на своите топ компании да купуваат чипови од Nvidia, технолошката војна ескалира Кина драматично ја ескалираше глобалната технолошка војна, забранувајќи им на своите водечки технолошки компании, вклучително и ByteDance (сопственикот на TikTok) и Alibaba, да купуваат чипови за вештачка интелигенција (АИ) од американскиот гигант Nvidia. Потегот, кој ги таргетира токму чиповите што Nvidia специјално ги дизајнираше за да ги заобиколи ...
Германскиот индустриски гигант „Сименс“, во вторникот, објави дека соработува со група европски производители на машини за обука на модели на вештачка интелигенција за употреба во индустријата Сименс ќе соработува со производители како што се Chiron, Trumpf, Grob, Renishaw, Heller и Лабораторијата за машински алатки на Универзитетот RWTH во Ахен. Соработката ќе обезбеди систематска размена на инженерски, производствени и машински податоци што ќе ...
Приведени осомничени во пет држави Европските власти открија и разбија долготрајна шема за измама со криптовалути, во која над сто луѓе претрпеле загуби од најмалку 100 милиони евра, соопшти денеска Европравда, Агенцијата на Европската Унија за соработка во областа на правосудството. Минатата недела полицијата спроведе претреси во Шпанија, Португалија, Италија, Романија и Бугарија. Во акцијата биле приведени пет лица осомничени за вмешаност во ...