Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Иако во последните години бројот на жаришта кај домашните свињи е намален, африканската свинска чума (АСЧ) и натаму претставува една од најголемите закани за македонското свињарство. Болеста, за која нема лек ниту вакцина, предизвика огромни економски штети, нарушување на домашното производство и сериозни последици врз ловството. Во изјава за „Локално“, професорот Владо Вуковиќ од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ предупредува ...
Пред триесетина години, речиси секое семејство во регионот имаше некого кој заминал „на печалба“. Германија, Австрија, Швајцарија и Италија беа главните дестинации за работниците од земјите на поранешна Југославија, кои бараа повисоки примања, поголема сигурност и подобар животен стандард. За Македонија такви земји беа и САД и Австралија. Денес, државите од поранешна Југославија, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со парадокс: повеќе ...
Продавачите на пченки и крофни се суштински дел од летната сцена на плажите низ Грција. Додека туристите уживаат во морето, многумина без размислување трошат неколку евра за освежување или грицки, а често се поставува прашањето – колку всушност заработуваат оние што ги продаваат? Цената на варената пченка во популарните грчки летни одморалишта оваа сезона генерално се движи од две до четири евра по кочан, додека на некои плажи се продава за ...
Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа ...
Казната на „Гугл“ од 4,6 милијарди евра ќе заврши во буџетот на Европската Унија и ќе им помогне на државите членки да покријат дел од потребите за 2026 година, потврди официјален претставник на Европската комисија за „Политико“. Станува збор за казна што Европската комисија му ја изрече на „Гугл“ во 2018 година поради прекршување на правилата за пазарна конкуренција поврзани со Android. Судот на ЕУ на почетокот на јули ја одби жалбата на ...
Добивај вести на Viber Српската влада вчера донесе одлука за привремено намалување на износот на акцизата за нафтените деривати, што подразбира дополнително намалување на акцизата за вкупно 20 проценти. Одлуката е една од мерките насочени кон зачувување на стабилноста на снабдувањето и заштита на домашниот пазар од негативните последици од нарушувањата во меѓународните текови, објави владата на Србија. Добивај вести на Viber Српската ...
Владата предлага измени на Законот за супервизија на осигурување со кои се врши усогласување на законските одредби со Законот за трговските друштва и Законот за работните односи, во делот што се однесува на статусот на членовите на органите на управување во осигурителните друштва. Со предложеното законско решение се менува членот 23 од Законот, така што досегашниот услов членовите на органот на управување да бидат „во постојан работен однос“ ...
Повеќето луѓе мислат дека за мирна пензија е доволно да примаат државна пензија. Но реалноста е поинаква. Животниот век се продолжува, трошоците растат, а инфлацијата секоја година ја намалува вредноста на парите. Затоа финансиските советници сè почесто препорачуваат секој човек да создава сопствена финансиска резерва уште додека работи. Прашањето е едноставно: Колку пари навистина ви се потребни? Колку трошите месечно? Одговорот не зависи од ...
Да претпоставиме дека денес добивате 1 милион денари. Тоа се околу 16.300 евра. Прашањето што многумина би си го поставиле е едноставно: Каде е најпаметно да ги вложите? Дали да ги оставите во банка, да купите стан, да инвестирате во акции, во злато или можеби нешто сосема друго? Не постои едно решение што е најдобро за сите, но секоја опција има свои предности и ризици. Банкарски депозит Ова е најбезбедната варијанта. Доколку средствата ги ...
Рекордните температури и продолжените суши во италијанскиот регион Емилија-Ромања го загрозуваат производството на млеко, ги зголемуваат трошоците за земјоделците и ја доведуваат во прашање иднината на индустријата вредна дури 4,5 милијарди евра. Во последниве години, производителите сè повеќе се борат со екстремни временски услови. Додека во минатото шталите се ладеа само во текот на ноќта, денес вентилацијата мора да работи континуирано – ...
Акциите паднаа, испраќајќи ги технолошките показатели на најлошиот ден од откривањето на американските тарифи во април минатата година, бидејќи инвеститорите се откажаа од технолошките акции, продлабочувајќи ја распродажбата кај производителите на чипови по нивниот жесток раст оваа година. Јапонскиот индекс Nikkei 225 падна за дури 6,2 проценти, а тајванскиот индекс Taiex се лизна за 6,5 проценти, оставајќи ги двата референтни индекси на ...
Европската централна банка мора внимателно да ја води монетарната политика за да ја задржи инфлацијата под контрола, без дополнително да го забави економскиот раст, оцени гувернерот на Банката на Италија и член на Управниот совет на ЕЦБ, Фабио Панета. Тој предупреди и дека финансиските пазари можеби ги потценуваат ризиците што произлегуваат од високите цени на енергијата и геополитичките тензии. Панета изјави дека Европската централна банка ...
Германската влада нема да го спречува спојувањето или преземањето на Комерцбанк од страна на италијанската УниКредит, но не го поддржува начинот на кој се одвива процесот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц. „Не го спречуваме ова спојување или преземање, ниту некогаш сме се обиделе да го направиме тоа. Само велевме дека начинот на кој Комерцбанк стана цел на преземање ја нема нашата поддршка“, рече Мерц. УниКредит минатата недела ...
Акциите паднаа во четвртокот, бидејќи распродажбата на технолошките акции засени низа солидни извештаи за заработка. S&P 500 последен пат беше во пад од 0,8%, додека Nasdaq Composite изгуби 1,7%, бидејќи главните технолошки индекси се бореа со слабоста на полупроводниците. Индустрискиот просек Dow Jones изгуби 249 поени, или 0,5%. Акциите за чипови паднаа откако Taiwan Semiconductor објави зголемување на својата прогноза за трошење, што ...
Добивај вести на Viber Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година. Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа ...
На тезгите има сè. Црвен домат, кромид во мрежа, пиперки, компири, краставици. Само што, кога ќе се погледне декларацијата, приказната станува малку чудна. Кромидот стигнал од Перу. Доматот од Буркина Фасо. Лукот од Кина. А земјава, барем на хартија, има ниви, сонце, вода, земјоделци и традиција. Прашањето е едноставно, ама одговорот не е баш пријатен: како стигнавме до тоа основна храна да патува илјадници километри до македонската трпеза? ...
Македонскиот стартап HeyReach испиша една од највпечатливите претприемачки приказни што во последните години доаѓаат од домашната ИТ сцена. Компанијата, основана од македонски претприемачи, успеала да ја претвори сериозната криза со LinkedIn во нов импулс за раст и денес остварува повеќе од 16 милиони долари годишен повторлив приход (ARR), што ја вбројува меѓу најбрзорастечките SaaS-компании од регионот. Во интервју за IT.mk, основачот и ...
Добивај вести на Viber Самиот АД ТЕ-ТО е купувач на акциите на „Топлификација во стечај“ за повеќе од 9 милиони евра во скопската гасна централа, која е еден од најголемите произведувачи на електрична и топлинска енергија во земјата, објавено е во ревидираниот годишен извештај доставен до Македонска берза. Во септември минатата година на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции, „Топлификација“ АД Скопје-во ...
Добивај вести на Viber Многумина ќе платат пет евра за врела пченка без размислување, но ретко кој прашува колку всушност чини таа пченка. Според проценките на производителите и купувачите, во текот на сезоната пченка може да се добие за само неколку центи по кочан кога се купува во големи количини. На плажа , истиот производ се продава и до сто пати поскапо. Повеќето странски гости не сметаат дека пет евра за пченка се голем трошок. Токму ...
Добивај вести на Viber Европската комисија треба да презентира извештај за конкурентноста на банкарскиот сектор, кој ќе послужи како основа за законските предлози планирани за 2027 година. Брисел размислува за укинување на дел од правилата познати како „Столб 2“, кои им овозможуваат на националните регулатори да бараат од банките да држат дополнителни капитални резерви над основниот коефициент на левериџ од три проценти. Покрај тоа, ...
Добивај вести на Viber Најновата анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП во периодот 2026–2028 година, спроведена во јуни, покажува дека економските аналитичари очекуваат побавно намалување на просечната инфлација на среден рок и минимални промени во очекувањата за економскиот раст. Голем фактор за овие прогнози останува неизвесноста поврзана со воениот конфликт на Блискиот Исток, особено неговото ...
Добивај вести на Viber Очекуваното времетраење на работниот век во Европската Унија достигна 37,5 години минатата година, што претставува зголемување од 0,3 години во споредба со 2024 година и дури 2,3 години повеќе отколку во 2016 година . Актуелните трендови се прикажани според податоците објавени од европската статистичка служба Евростат. Каде е очекуваниот работен век најдолг, а каде најкраток? Најдолг очекуван работен век е забележан ...
Добивај вести на Viber Откако Нова Љубљанска банка (НЛБ) ја објави својата намера да го намали прагот за успех на својата доброволна јавна понуда за преземање на Адико банка од приближно 75 на 50 проценти од акциите и да го продолжи периодот за прифаќање на понудата, со цел да ги охрабри акционерите да ја поддржат нивната јавна понуда, пристигна одговор од друга заинтересирана страна. Според EQS News , од вчера напладне, јавната понуда на ...
Промените на глобалната клима предизвикани од човекот имаат „директно и добро разбрано влијание“ врз екстремната топлина и врнежите од дожд, според новиот извештај на Националните академии на САД. Проценката доаѓа во време кога временските непогоди доминираат во насловите и додека јавниот и приватниот сектор вложуваат ресурси во обид да разберат што следи. Добро утро, ви пишува Владимир Николоски од дигиталната редакција на „Блумберг ...
Бројот на активно население во Македонија лани изнесувал 796.399 лица, што е помалку за 158.525 лица во однос на 2015 година кога оваа бројка изнесувала 954.924 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во периодот 2020-2025 година, стапките на активност, вработеност и невработеност бележат промени од година во година, во насока на пораст и или намалување. „Во последната година од овој период, стапката на активното ...
Добивај вести на Viber По враќањето на функцијата, водечкиот американски трговец ја искористи најпрофитабилната деловна можност во својот живот. Сега Доналд Трамп продава нешто друго - митот дека не знае како заработил толку многу пари. Доналд Трамп, кој пред неколку децении се опишуваше себеси како „малку П.Т. Барнум“, конечно ја пронајде својата најисплатлива работа - да биде претседател. Според анализата на „Форбс“ , тој остварил приходи ...
Скопје, 16 јули 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика даде „виза“ на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Предложениот закон го образложи пратеникот Бране Петрушевски и пред членовите на комисијата потсети дека со законот се уредуваат целите и начинот на спроведување на енергетската политика во Република Македонија. - Поимот енергетска ...
На состанокот на социо-еконосмкиот совет кој денес се одржа во Владата не се разговарало ниту за зголемување на минималната плата, ниту за потрошувачката кошничка и намалување на цените на мало. Министерот за економија, Бесар Дурмиши рече дека не станало збор за потрошувачката кошничка, но додаде дека според податоците кои ги имаат дека инфлацијата овој месец се намалила за 0,5 отсто во однос на претхдниот месец и дека има намалување на ...
На социо-економскиот совет не разговарале за зголемување на минималната плата, но како што реше министерот заекономија Бесар Дурмиши тоа е една од точките за работа на социо-економскиот совет и дека таа точка најверојатно до крајот на годината ќе се најде на дневен ред. Иван Пешевски, претседател на на Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање, по седницата на Советот изјави дека со минималната плата работниците нe може да си ...
Кога во Европа се отвора темата за долговите, јавното внимание најчесто се насочува кон владите и јавниот сектор. Сепак, компаниите исто така земаат значајни заеми за своето работење, а најновите податоци покажуваат дека земјите каде што бизнис секторот е најмногу оптоварен со долгови не се секогаш оние кои се очекуваат. Најновите показатели на Евростат откриваат големи разлики во нивото на корпоративен долг меѓу државите членки на Европската ...