Вечерва со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре“. Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со ...

Регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ годинава се одржува по петти пат, продолжувајќи да создава простор за препознавање и афирмирање на книжевност која ги преиспитува доминантните книжевни, општествени и политички норми и отвора можности за поинакви начини на мислење, чувствување и замислување на светот. Во процесот на номинирање за изданието за 2026 година учествуваа 75 луѓе од пошироката книжевна и културна заедница, автор(к)и, ...

По настапите како специјален гостин и поддршка на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, еден од најдобрите австралиски стендап комичари, Амос Гил, летво доаѓа во Македонија со своето најново и наградувано соло шоу The Pale, Stale, Straight White Male. Публиката ќе има можност да го погледне неговото наградувано шоу во Охрид, каде на 21 јули ќе го отвори 8. Интернационален фестивал на комедијата Summer Comedy Marathon, настан кој „Друга ...

Во Пустец, Мала Преспа, синоќа заврши 21. издание на фестивалот „Македонски културно лето 2026“. На програмата на оваа значајна културна манифестација, во изминатите пет дена се најдоа познатите “Љубојна”, “ансамблот Тиквеш”, претставите за деца / мјузикл “Штурците и Мравките”, и “Шеќерната Приказна”, се одржа и ревија на народни носија “Од Љубаништа до Дебор“, Промоција на книгата “Охридски фолклористи”, Краткометражен филм “Приказна за една ...

Мексиканската сликарка Фрида Кало, родена на 6 јули 1907 година во Мексико Сити, и неколку децении по нејзината смрт останува една од највлијателните уметнички фигури на 20 век. Позната по своите силни и симболични автопортрети, Кало денес се смета за културна икона која ги надминува границите на уметноста. Нејзиниот живот бил обележан со тешки здравствени предизвици и лични трагедии, почнувајќи од детска парализа, па сè до тешка автобуска ...

М Вардан Тозија / Македонија, Хрватска, Косово, Франција, Луксембург / 2022 / 96 мин Во зафрлена шума малиот Марко живее под будното око на таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средба со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во ...

Оваа година наградата „Актерот на Европа“, му припадна на познатиот словенечки филмски и театарски актер и режисер, Нико Горшиќ, додека, пак, наградата„Клучевите на Преспа 2026“ му е доделена на Славе Катин за неговите постигнувања во публицистиката, науката, новинарството за неговиот повеќедецениски придонес во афирмацијата на Македонија во светот и неговата трајна поврзаност со Преспа, како и за афирмацијата на македонското иселеништво ...

20-тото јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. Свеченото отворање е на16. јули ...

Современата уметност сè почесто го напушта традиционалното разбирање на делото како затворена и конечна целина. Наместо тоа, таа го поставува процесот на создавање како трајна можност за преиспитување на формата, нејзината материјалност и нејзината семантичка отвореност. Токму во таа насока се движи најновиот изложбен циклус „Трансформации на структурата од картон кон форма“ на Давид Атанасоски – автор кој последниве години гради препознатлив ...

Жолтите, палави и смешни миниони со години се едни од најпрепознатливите анимирани ликови во светот. Но, и покрај нивната огромна популарност, многумина одамна забележаа една необична работа – во целиот филмски универзум нема ниту една женска минионка, пишува „Јунилад“. Од Кевин, Стјуарт и Боб, па сè до стотиците миниони што се појавуваат во филмовите, сите именувани ликови се машки. Тоа со години ги поттикнуваше фановите да се прашуваат ...

Драч ги пречека младите оперски уметници од 11 земји од светот: Албанија, Македонија, Косово, Италија, Франција, Грција, Молдавија, Ерменија, Азербејџан, Украина и Иран. На второто издание на „Драч оперска уметност на пеење“. Меѓународното жири го прогласи победникот на баритонот од Азербејџан, Махир Тагизаде. Организаторот, познатиот баритон Гезим Мишкета, има за цел да го претвори овој мастерклас во меѓународен оперски фестивал. Победници ...

Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...

На 14 јули започнува 56. издание на Интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ едно од најзначајните и најдолговечни случувања посветени на фолклорот, етнологијата и нематеријалното културно наследство во овиј дел од светот. Во осумнаесет денови, Битола повторно ќе стане точка на поврзување. Град во кој ќе се сретнат врвни ансамбли од различни делови на светот, етнолози, етнокореолози, истражувачи, музиколози, филмски автори и љубители на ...

Британскиот бенд Duran Duran одржа концерт во Спортскиот центар Борис Трајковски како дел од нивната актуелна европска летна турнеа.Настанот беше оценет како еден од поголемите музички настани во Македонија, привлекувајќи публика од различни генерации и од повеќе соседни држави. Миа Милошеска од Авалон продукција вели дека ова е еден од најголемите концерти во последните години бидејќи бендот патува со комплетна своја продукција. Логистичкиот ...

Во книжарницата Литература.мк во трговскиот центар Дајмонд се одржа четвртата средба на offline book клубот на издавачката куќа Арс Ламина, на која повторно се собраа љубителите на литературата и заедничкото читање. Клубот, кој од месец во месец привлекува сè поголем број членови, прераснува во редовна заедница на читатели кои ги поврзува љубовта кон книгите, но и пријателските односи што се развиваат надвор од самите дискусии. Иако на ...

Комеморацијата за режисерот и драматург Сашо Миленковски ќе се одржи на 15 септември во 12 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје, објави Драмски на социјалните медиуми. Миленковски почина на 29 јуни на 63 години, а погребот беше на 1 јули во неговиот роден град Битола. Роден е во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика, современ ...

„Признанието беше доделено на фестивалот што се одржа од 27 јуни до 3 јули, а за наградите одлучуваше петчлено жири составено од режисерите Магдалена Лазаркјевич и Ксавери Жулавски, актерите Анджеј Хира и Каролина Грушка и продуцентот Војчех Гостомчик“, соопшти продукцијата „Црна мачка“ Во образложението, жирито ја истакнало „длабоко трогателната изведба“ на Костиќ, оценувајќи дека таа со „извонредна чувствителност и храброст“ го води ликот ...

Биеналето во понеделник објави дека Џорџ Клуни ќе го добие Златниот лав за животно дело на Венецискиот филмски фестивал на овогодинешниот настан, кој се одржува од 2 до 12 септември, објави Анса. „Имав толку многу извонредни моменти во Венеција“, рече 65-годишниот американски актер, режисер и продуцент. „Овој фестивал е без сомнение мојот омилен и добивањето на Златниот лав е огромна чест. Веројатно значи дека сум стар, но ќе го прифатам“, ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, вечерва (7 јули) во 18:30 часот, ќе се одржи настан посветен на еден од великаните на македонската книжевност – тематско предавање со наслов „Столб на вселената или поттикнувач на сите движења – жената во делото на Петре М. Андреевски“ на Гордана Јовиќ-Стојковска. КИЦ во Софија почнува со нов циклус на настани посветени на одбележувањето на значајни јубилеи и годишнини на истакнати ...

Петнаесет години по објавувањето на албумот „Penelope X“, што го издаде Filter Label во 2011година, нашиот композитор Никола Коабашија, кој живее и работи во Велика Британија, го објави новиот проект „ Три амбиентални парчиња за камерен ансамбал“, работен со колективот Тегет.Во него членуваат истакнати музичари кои повеќе децении успешно творат во џез, рок и авангардната музика: Благојче Томевски -Трале (бас кларинет), Нинослав Спировски- ...

Здружението Икуалити ја реализираше арт работилницата „Вдиши уметност“ во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, на која учествуваа 10 учесници. Работилницата, водена од уметницата Сандра Беговиќ, им овозможи на учесниците преку различни ликовни техники да создаваат дела инспирирани од природните убавини и културното наследство на Преспанскиот регион. Целта беше да се поттикне креативното изразување, слободното творење и поврзувањето со ...

Актерството е професија на вечно учење. Не постои актер кој еднаш за секогаш завршил некакво училиште бидејќи животот и проектите во кои влегува и излегува се училиштето со кое секогаш се соочува. Со секој нов проект актерот почнува од почеток. За среќа имаме актер кој ги поминал сите вообичаени фази кои ги минуваат сите фази во светот. Тони Наумовски работел во театар, телевизија, на филм во Њујорк и во такви сериозни околности да стасаш до ...

Во фоајето на Македонската опера и балет се одржа Виетнам ден во Скопје во рамки на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Амбасадата на Виетнам во Бугариjа, истовремено акредитирана во Северна Македониа, во партнерство со Виетнамската асоциациа за култура и туризам во Европа (VNCT), Виетнамскиот културен центар во Франциjа и фестивалот Скопско лето, гордо го претстави Денот на Виетнам во Скопjе 2026. Музичкиот дел од настанот беше ...

Џез групата Next to Silence ќе одржи самостојен концерт на 9 јули во Сули ан (20:30 часот). Концертот се одржува во рамки на фестивалот Скопско лето и на него ќе се изведе музика што составот неодамна ја сними. Иако музиката се‘ уште не е издадена на албум, сепак ова ќе биде ретка прилика таа да се слушне и публиката да се запознае со карактерот на новите композиции на Next to Silence. Next to Silence е македонски џез состав кој функционира ...

Пијанистката и професорка Даница Стојанова одржа пијано рецитал во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Истанбул. Стојанова вели дека концертот бил богато музичко патување низ различни епохи. Пред бројната публика, таа изведе дела од Томислав Зографски, Николај Медтнер, Јана Андреевска, Благој Цанев и Енрике Гранадос. Од Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул велат дека Стојанова одржала концерт за восхит. „Искрено ѝ ...

Друштвото на писателите на Македонија во чест и спомен на поетесата Даница Ручигај го распиша конкурсот за најдобра необјавена поетска книга „Даница Ручигај“ за 2026 година. Конкурсот ќе биде отворен до 16 август 2025 (недела).Наградата „Даница Ручигај“ се доделува за необјавена поетска книга напишана на македонски јазик или на некој од јазиците на националностите во РСМ, со доставен превод на македонски јазик и уредно пријавена на конкурсот ...

Постојат места што стануваат славни поради својата природна убавина, а постојат и места што ја стекнуваат својата легендарна репутација благодарение на луѓето кои ги избрале за свое прибежиште. Таков е и Мистик, мал карипски остров кој денес важи за едно од најексклузивните места за одмор во светот. Но, неговата приказна е нераскинливо поврзана со една жена – принцезата Маргарет, помладата сестра на кралицата Елизабета II. Подарок што го ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје со особена благодарност ја прими донацијата на книги од академик Влада Урошевиќ, еден од најистакнатите современи македонски книжевници, поети, есеисти, преведувачи и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Оваа значајна донација претставува драгоцено збогатување на библиотечниот фонд и ќе им овозможи на читателите непосреден пристап до дела од автор чие творештво ...

Уметноста нема една боја. Таа свети во сите бои. Токму со таа порака, во Three Garden Bar ќе се одржи настан во чест на Војкан Јовановиќ – истакнат оперски бас и долгогодишен солист на Македонската опера, чиј глас и уметничка посветеност оставија значаен белег во македонската музичка култура. Настанот е замислен како спомен што продолжува да инспирира. Како светлина за еден живот посветен на културата, но и како потсетник дека уметноста ...

Првото издание на Кичево Филм Фестивал со награда за трајни вредности ќе ја награди српската актерска дива Тања Бошковиќ и македонскиот актер Јовица Михајловски. Уметница чија кариера повеќе од пет децении остава длабока трага во кинематографијата и театарот на поранешна Југославија и регионот. Со повеќе од 40 филмски улоги, бројни телевизиски серии и стотици театарски изведби, Тања Бошковиќ е препознатлива по својот исклучителен актерски ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32