Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Амбасадата на Јапонија, Музејот на современата уметност – Скопје и Јапонската фондација ве покануваат да откриете поинаква страна oд Јапонија преку оваа патувачка изложба „Изградена средина: Алтернативен водич за Јапонија“ Изложбата претставува 80 примери на објекти, инфраструктурни проекти, пејзажи и други дела од сите префектури на Јапонија, прикажани преку фотографии, текстови и видеоматеријали. Таа открива поретко разгледуван аспект на ...
Галичник филм фестивал подготвува специјална детска програма наменета за деца од 3 до 10 години, која ќе се одржи на 2 август во Старата продавница во Галичник. Проекциите ќе започнат во 12:00 часот, а најмладите посетители ќе имаат можност да уживаат во филмови, смеа и незаборавни моменти во срцето на Галичник. Седум кратки филмови за деца Во рамки на детската програма ќе бидат прикажани седум филмски остварувања од повеќе земји. На ...
Интернационалната индиска телевизија DD India подготви кратка репортажа за Националниот археолошки музеј, претставувајќи го богатото културно и археолошко наследство што го чуваме и презентираме пред домашната и светската јавност. Репортажата беше реализирана по повод државната посета на претседателката на Република Индија, Дроупади Мурму, на Република Македонија – прва официјална посета на индиски претседател на нашата земја. Во неа, музејот ...
Пионерите на електронската музика „Крафтверк“ вечерва во 21 часот ќе настапат на стадионот на АРМ. Организатор на концертот е „Авалон продукција“, кој го најавува настапот како прв настап на отворено на легендите на електронската музика. – Без „Крафтверк“ во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп. Тие го вклучија Скопје во својата нова „Multimedia 2026“ турнеја со голем концерт на ...
Дуото „Силви Бенд“ вчера (24 јули) одржа концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со кој одбележаа 35 години кариера. Силвана Мучиќ-Плевнеш се расплака додека ја пееше песната „Некогаш и негде“ од Владо Јаневски, која таа и нејзиниот сопруг Влатко Плевнеш му ја посветија на починатиот колега. „Оваа песна не е дел од нашиот репертоар, но ја подготвивме за вечерта, откако пред неполн месец откако го загубивме нашиот Владо ...
Пишува: Звонко Димоски, Верона Шекспир фринџ фестивал На третиот ден од Шекспировиот фринџ фестивал во Верона, малтешкиот театарски иноватор, WhatsTheirNames Theatre, демонстрираше вистински мастерклас по минималистичко и влијателно раскажување со својата претстава „Перикле среде морето“, или „Перикле од Средното море“ (Perikles f’Nofs Baħar). Под режисерската палка на Филип Леоне-Ганадо, оваа современа, мултијазична реинтерпретација на ...
Во Ликовниот салон во Велес е отворена изложбата „Фрагменти од несвесното – синергија на звук и слика“, на која со своите дела се претставуваат уметниците Никола Пијанманов, Стефан Младеновски, Тони Попов и вајарот Андреј Митевски. Изложбата беше збогатена со музички импровизации на Славчо Коцев од Велес и Бојан Петков-Шамба од Скопје, инспирирани од изложените дела. Како што информира историчарот на уметност и куратор на изложбата Јасмина ...
Млади уметници музичари полиглоти синоќа во Битола со целовечерен концерт го завршија музичкиот камп „Етно Македонија“ на кој годинава имаше учесници од девет европски држави. На „БитФест“ и „Илинденски денови“ создадовме аранжмани за песни на многу јазици, со различни ритмови и со уште повеќе приказни, истакна Верица Ајтовска, координаторка на проектот „Етно Македонија“. – Пред девет дена не знаевме кој каква песна ќе донесе, не знаевме како ...
Август носи исклучително богата и разновидна филмска понуда во кината и на стриминг-платформите. Од новиот пост-апокалиптичен проект на неуморниот Ридли Скот и враќањето на култните хорор-режисери, па сè до остварувања за кои се веруваше дека никогаш нема да ја здогледаат светлината на денот, еве ги 10-те филмски наслови што ќе го одбележат следниот месец, пишува “Би-би-си“. 1. Само една ноќ – One Night Only Романтична комедија сместена во ...
Најдобрите филмови во 2026 досега носат неочекуван победник, неколку големи авторски изненадувања и едно разочарување за обожавателите на Кристофер Нолан. Euronews објави ранг-листа од 20 филмови што од јануари биле прикажани во европските кина или објавени на стриминг-платформите. Иако „The Odyssey“ беше еден од најочекуваните филмови на годината, продукцијата на Нолан заврши на 12. место. На врвот е „Hen“, необична црна комедија и ...
Меѓународното КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ (МКД) – Битола и Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола го организираа настан „Меѓународното космичко право на македонски јазик: Од превод до дисеминација“, посветен на достапноста, развојот и ширењето на знаењето за меѓународното космичко право на македонски јазик, како и неговото приближување до академската, правната, образовната и пошироката јавност. На свеченоста ...
На 27. јули 2026 година, во 20:00 часот Гостиварскиот театар премиерно ќе ја изведе претставата „Хауситери“, работена според драмскиот текст на македонскиот автор Горјан Милошевски, во режија на Игор Ивковиќ. Во претставата играат Ирена Илиевска, Дарко Вељиќ (к.г.) и Ариан Ејупи, додека сценографијата и костимографијата се на Ирена Боневска-Чаловска. „Хауситери“ е современа драма со елементи на комедија, која преку животот на една млада ...
Студиото „Парамаунт“ го објави првиот трејлер за филмот „Ебенезер“, во кој Џони Деп ја толкува главната улога – познатиот празничен скржавец Ебенезер Скруџ. Ова е неговата прва голема холивудска улога по судскиот процес со поранешната сопруга Амбер Херд во 2022 година, пишува „Вараети“. Филмот го режира Ти Вест, а е опишан како мрачна и поинаква верзија на класичната приказна „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс. Во трејлерот Деп се појавува како ...
Македонската кинематографија годинава ќе биде претставена на 31. Сараево Филм Фестивал со три филма во официјалните натпреварувачки програми, четири меѓународни копродукции со македонско учество и претставници во престижните индустриски програми на фестивалот, соопшти Агенцијата за филм. Во Натпреварувачката програма за долгометражен игран филм ќе бидат прикажани „17“ во режија на Косара Митиќ и „Скејтбординг не е за девојчиња“ во режија на ...
Шведските сопственици на репликата на викиншкиот брод „Глад ав Гилберга“ (Glad av Gillberga), кој се појавува во филмот „Одисеја“ (The Odyssey), тврдат дека студиото „Јуниверзал“ не ги покрило трошоците за неговата поправка, иако, според нив, претходно било договорено тоа да го направи, пишува „Гардијан“. Бродот, кој е реплика на викиншки воен брод од околу 1040 година, пронајден во данскиот фјорд Роскилде, поминал шест месеци во ...
Во Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, со поддршка на Министерството за култура и туризам, во периодот од 24 јули до 5 август 2026 година ќе биде поставена постхумната изложба циклус ,,Езерски брегови“, посветена на творечкиот опус на академскиот сликар Таки М. Павловски. Изложбата е дел од монографската едиција „55 години творештво (1966–2021)“ и претставува достоинствено оддавање почит на еден од ...
Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ , Прилеп, изложбата ќе биде поставена до 7 август 2026. -Идејата за реализација на мојот проект сé надоврзува на претходните изложби во кои основен материјал е дрвенеста вегетација. Се работи за трновити растенија кои и по бербата како сува материја ја задржуваат цврстата структура. Користењето и моделирањето со овој локален материјал има за цел да ја бара естетиката на хармонизирање на соживотот ...
На 29 јули, со почеток во 21:00 часот, Влатко и Златко Миладиноски, заедно со оркестарот, ќе одржат голем концерт во магичниот амбиент на Античкиот театар „Хераклеа“ во Битола. Публиката ја очекува вечер посветена на македонската песна, исполнета со многу музика, емоции и внимателно подготвена сценска продукција. Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 музичари, кои ќе му дадат посебна ...
Георги Господинов, истакнат бугарски романописец, добитник на престижната Букерова награда, често ја истражува Хомеровата „Одисеја“ како основна метафора за враќањето дома, сеќавањето и потрагата по таткото. Неговиот последен најличен роман, „Градинарот и смртта“, ги поврзува смртната почва и митот преку размислување за Одисеј кој плаче за својот остарен татко. „Книгата што ја препрочитав е „Одисеја“ на Хомер. Веројатно ја споменавме или ...
-Пред концертот на Влатко Миладоновски во Хераклеја Битола разговаравме за подготовките, очекувањата, за македонската музика, за Хераклеја… за која тој вели дека е нашиот роден град во буквална смисла на зборот. На 29 јули Ве очекува голем концерт во Античкиот театар Хераклеја. Колку Ви значи што токму во овој магичен простор ќе ја споделите Вашата музика со публиката? -Пред се Битола, кој што е нашиот роден град во буквална смисла на зборот ...
Квартетот тромбони Макбрас оваа година ќе ја претставува Република Македонија на 55. издание на International Trombone Festival (ITF), кое ќе се одржи во Рига, Латвија. International Trombone Festival претставува најголемиот, најреномираниот и најпочитуваниот светски фестивал посветен на тромбонот, на кој секоја година настапуваат врвни солисти, ансамбли, професори и уметници од сите континенти. Фестивалот се одржува од 1971 година, секоја ...
Дали да се одбере стан или куќа? Таа дилема со години ги следи луѓето во различни животни фази и често го одразува начинот на размислување, темпото на живеење и личните вредности. Иако на прв поглед станува збор за практичен избор, во суштина се работи за избор на стил на живот. Живеењето во стан најчесто се поврзува со урбана динамика и функционалност. Становите обично се сместени во срцето на градот или во добро поврзани населби, што значи ...
Во Салон 19’19 при Културно-информативниот центар во Скопје, од вечерва до недела ќе се одржат три камерни концерти со домашни и странски уметници. Вечерва ќе настапи Алтус НЗ Ансамбл со концертот „Континуитет“, под диригентство на Ана Спасовска, со дела од македонски и светски композитори. Утре италијанската пијанистка Мариа Летиција Микиелон ќе одржи рецитал „Бетовен за пијано“, посветен на доцниот творечки период на славниот композитор. ...
Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје деновиве ја објави новата книга на писателот Христо Петрески, насловена „Скопски провиденија и привиденија“, која содржи 40 кратки раскази во стихови, определени од авторот како „археологија на гласови“. Во предговорот „Градот што памети“, Петрески наведува дека книгата претставува обид да се открие „второто лице“ на Скопје, она што останува скриено зад неговите улици, плоштади, мостови и секојдневниот ...
Директорот на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера, ја претстави програмата на 83. издание на најстариот филмски фестивал во светот, кој ќе се одржи од 2 до 12 септември. Годинашната селекција повторно ги обединува најзначајните авторски имиња на современата кинематографија, меѓу кои Кејси Афлек, Вернер Херцог, Хироказу Корееда, Ли Чанг-донг, Нани Морети, Стефан Бризе и многу други. Македонската дистрибутерска куќа МЦФ МКД соопшти ...
Охрид, 24. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Изложба на скулптури насловена „Торза“ од Андреј Митевски вечерва ќе биде отворена во Охрид. Свеченото отворање е во 20:00 часот во Култ Културен Центар. Инаку дело на вајарот Митевски, скулптурата „Перо“ изработена од македонски мермер , стана дел од колекцијата на папата Лав XIV, како државен подарок по повод денот на Св. Кирил и Методиј. Андреј Митевски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во ...
„Одисеја“ на Кристофер Нолан предизвика критики во Грција во неделите пред објавувањето на филмот, особено поради изборот на црната актерка Лупита Њонго за улогата на Елена од Троја, во услови на поширока дебата за тоа како треба да се прераскаже еден од најтрајните митови во светот. Но, откако гледачите го видоа филмот за време на премиерниот викенд во Грција, каде што епот на Хомер останува длабоко вкоренет во културниот идентитет, ...
Од 30.000 до 90.000 денари (500 до 1.500 евра) чини изнајмувањето на Античкиот театар во Охрид за користење за културни и други активности, а околу 60.000 денари (1.000 евра) е изнајмувањето на Хераклеја во Битола. Во наредниот период, на Античкиот театар ќе настапат македонски музичари како бендот „Дупер“, пијанистот Симон Трпчески и етно пејачката Елена Андоновска, но и фолк и поп пејачи од Србија и Хрватска, како Саша Ковачевиќ, Жељко ...
Лос Анџелес – „Одисеја“ на Кристофер Нолан се појави во кината на 17 јули и веднаш стана филм на летото, со огромни бројки на кино благајните и поттикнувајќи многу дискусии. А сега, адаптацијата на епската поема на Хомер ги инспирира обожавателите да погледнат уште еден еп: „Троја“, слободната адаптација на „Илијада“ од режисерот Волфганг Петерсен од 2004 година, во која се раскажува за Тројанската војна. И покрај тоа што е објавена пред ...
На 38. Поетска ноќ во Велестово што ќе одржи од 21 до 23 август во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји – Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат ...