Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални Биографски приказни, продолженија на големи франшизи и оригинални блокбастери ја одбележаа првата половина на 2026 година. Некои филмови ги надминаа очекувањата на публиката, а дел од нив постигнаа светски рекорди. Прв на листата е биографскиот филм „Мајкл“, посветен на животот и кариерата на Мајкл Џексон. Филмот ја надмина границата од една милијарда долари заработка ширум ...
Кога повеќето луѓе размислуваат за британските аристократи, наметнуваат слики од пиење чај во формални салони, беспрекорно потсечени живи огради и строг етикеција. Но, лорд Александар Тин, Шестиот маркиз од Бат, одлучи целосно да го сруши тој стереотип, носејќи ги африканските диви мачки директно на својот имот во Вилтшир. Така се роди Лонглит, првиот сафари-парк во светот надвор од Африка, и приказната за човекот кој реши да живее со ...
Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21 часот, во црквата „Света ...
Во ера кога модерната архитектура често се бори за доминација над природниот пејзаж, иранскиот архитект Адел Мехрад нуди радикално поинаков одговор. Неговиот најнов концептуален проект — Вила „Мијан“, сместен во Техеран, претставува длабоко филозофско и просторно истражување засновано врз принципот на „Формална инверзија“. Архитектурата како медијатор, а не освојувач Името на вилата, „Мијан“ (што преведено значи „Помеѓу“ или „Средина“), ја ...
Со свечена и достоинствена програма, Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја одбележа 100-годишнината од упокојувањето на Крсте Мисирков – еден од најзначајните македонски интелектуалци, филолози, публицисти и визионери, чие животно дело претставува траен темел во развојот на македонската национална мисла, литературна традиција и јазична самобитност. Одбележувањето на овој значаен јубилеј претставуваше не само чин на оддавање ...
КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ When the day had no name Теона Стругар Митевска / Македонија / 2017 / 93 мин Филмот претставува приказна за група тинејџери од исто маало, млади луѓе кои растат во средина оптоварена со предрасуди, стравови и длабоко вкоренети етнички поделби. Тие секојдневно се соочуваат со тензиите што постојат меѓу нив и нивните соседи Албанци, живеејќи во атмосфера во која недовербата и стереотипите често се пренесуваат од една ...
По неколку месеци исчекување и шпекулации, „Марвел“ објави епски трејлер кој им дава на фановите прв поглед во следното поглавје од неговиот филмски универзум. Четвртиот дел на „Одмаздници“, насловен „Судниот ден“, веќе најави голем успех на киноблагајните откако во рок од 12 часа биле продадени карти за рекордни 10,5 милиони долари во претпродажба. Во филмот играат Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Крис Хемсворт, Педро Паскал, Пол Рад, Ентони ...
Продолжението на бестселерот „Агати“ од Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон ги враќа Алиса и Ирис во нов случај во Касл Коув „Матица македонска“ го објави романот „Ноќта за која зборуваа сите“ од Кејтлин Глазгов и Лиз Лосон – динамична младинска мистерија, продолжение на бестселерот „Агати“ и ново издание во летната понуда, вклучено во акцијата „Со книга на плажа“. Романот ги враќа читателите во Касл Коув, град во кој старите тајни никогаш не ...
Охридско лето вечерва на репертоарот ја нуди балетската претстава „Кармен свита и Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел во изведба на Опера и театар „Мадленијанум“ од Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21.30 часот. Балетот „Кармен свита“ претставува адаптација на познатата опера на Бизе, „Кармен“, раскажувајќи ја страсната приказна за неограничената и предизвикувачка Кармен, симбол на слободата и ...
Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина вечерва од 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе одржи концерт во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“. Овој состав го сочинуваат Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар Жилина (ШКО Жилина) е основан во 2024 година во рамките на ...
Споделете со пријателите! Дискусијата на Конгресот за фармацевтска автоматизација и дигитализација (AUTOMA+) 2026 препознава дека вештачката интелигенција е важен дел од клиничките иновации, позиционирајќи ја како практична алатка за подобрување на брзината, точноста на одлуките и транспарентноста во развојот на лекови. Вниманието на индустријата сè повеќе се насочува кон екосистемите за податоци управувани од вештачка интелигенција, ...
Легендарната актерка и пејачка Оливера Катарина, која пленеше со својата убавина, почина на 87-годишна возраст, според српските медиуми. Оливера Катарина беше една од најпопуларните актерки и пејачки во Југославија на почетокот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век. Родена како Оливера Петровиќ во Белград во 1940 година, по дипломирањето на Правниот факултет, студирала на театарската академија во класа со Петар Краљ, Милена ...
На меѓународна изложба на современа уметничка карикатура и стрип во Лонџи Џику, во галеријата „Форест Кубе“ во Пекинг, од 1 јануари до 30 јуни 2026 година беа изложени 200 дела на уметници од 20 земји и региони од четири континенти. На конкурсот за изложбата беа примени 936 учесници од Кина, Франција, Полска, Италија, Германија, Русија, Бразил, Индија, Македонија. Од Македонија беше селектиран стрип-авторот и карикатурист Златко Крстевски. ...
Концертот на британската пејачка Џос Стоун, кој требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, е откажан поради силното невреме што попладнево го зафати Скопје, соопшти организаторот „Авалон“. Од организаторот информираат дека по извршената проценка било утврдено дека нема услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила безбедно одржување на концертот. Дополнително, како причина е ...
Синоќешнот концерт на квартет “Пелагонија“ кој се одржа на малото плато зад Офицерскиот дом -КИЦ Битола на летната сцена ја воодушевува публиката и исполни музика која може само да се посака, во рамките на Бит фест 2026. На музичката вечер и претходеше „Културен Хорологион“ со проф. д-р Марјан Танушевски кој пред аудиториумот потсети на втемелувањето на битолскиот Офицерски дом кое датира од 1909 година, велелепен објект проектиран под ...
Вечерва во магичниот амбиент на Хераклеја во Битола филк пејачот Миле Кузмановски беше домаќин на концертот „Ехо од Хераклеа“, музички настан исполнетт со емоции, спомени и врвна изведба, пред голем број на негови обожаватели, битолчани и гости во Битола. Публиката во античкиот театар Хераклеја имаше ретка прилика да ужива во најголемите хитови на Кузмановски во поинакво, симфониско издание, ппридружуван од Камерен оркестар на Битола, со ...
Македонија на ова престижно светско натпреварување во Истанбул, Турција, беше претставена со внимателно избрана програма составена од женската ороводна песна „Седело Ѓуре“, прочуеното машко оро „Копачка“ и сценската адаптација „Русински мегдан“. Наградата е уште позначајна со оглед на тоа дека е добиена во исклучително силна меѓународна конкуренција на вкупно 41 фолклорна група, од кои 21 ансамбл се натпреваруваа во категоријата автентичен ...
Прикажаното видео на социјалните мрежи е краток исечок (реел/видео) од интервју со Грејс Кели во кое таа, прашана за животот во палатата во Монако, во еден момент кротко и со насмевка признава дека не знае точно колку соби има палатата, што одразува колку огромен и непознат за неа бил тој нов кралски свет во кој штотуку закорачила. Грејс Кели засекогаш остана запишана во историјата како двојна икона – најпрво како префинета ѕвезда и ...
Деветтото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи од 22 до 26 јули, во Охрид, а публиката ќе може да проследи европски филмови на четири различни локации (плажите Славија и Сараиште, бродот „Армада“ и Младинскиот центар Охрид). Фестивалот и годинава ќе понуди официјална селекција на долгометражни, краткометражни и на студентски филмови од повеќе европски земји, како и специјална селекција, детска програма и едукативни содржини. ...
На пациент стар 57 години му беше извршена радикална простатектомија со помош на роботски асистиран систем, вклучувајќи и лапароскопска лимфаденектомија. Оваа комплексна операција го третира карциномот на простатата, а интервенцијата беше реализирана со изострена прецизност и максимална контрола при секој чекор. Операцијата ја водеше проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија, со поддршка од д-р Александар Мицковски и д-р Владимир ...
Шеесет години музичка креативност, безвременски стихови и наследството на еден од најважните регионални рок автори се обединети во книгата поезија „Za koji život treba da se rodim“ на Дадо Топиќ. Книгата носи збирка од 60 песни за 60 години кариера – избор на авторски текстови кои го одбележаа музичкото патување на Дадо Топиќ и оставија неизбришлив белег врз генерации љубители на рок музиката. Текстот за творечкото патување на авторот го ...
Агенцијата за филм ги известува сите заинтересирани апликанти дека вториот рок за поднесување пријави по Конкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2026 година се продолжува до 4 август 2026 година (вторник) до 15:00 часот. Продолжувањето на рокот е поради тоа што 3 август е неработен ден. Сите информации, документацијата и формуларите за пријавување се достапни ...
„Waters Dance“ е авторски џез проект на македонскиот саксофонист и кларинетист Христијан Ристески, кој моментално е на мастер студии на Џез институтот во Грац, Австрија. Албумот претставува лична музичка приказна во која се преплетуваат современиот џез, различните културни влијанија и искуствата што го обликуваат неговиот уметнички пат. Добитник на наградата за најдобар млад џез-музичар во Македонија за 2025 година на Jazz Factory Festival ...
Промоцијата на книгата „Собрани остатоци од светот“ од Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе се одржи денес на 21.7.2026 г. со почеток во 20ч. во Народниот театар во Гевгелија во рамки на „Гевгелиско културно лето 2026“. Разговорот со Пепи Стамков за книгата ќе го води Драгана Евтимова, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија ...
Македонската уметност на светскиот врв: „Magna Mater“ на Синиша Кашавелски изложено во Sotheby’s во Њујорк Делото „Magna Mater“ на македонскиот уметник Синиша Кашавелски е изложено во Sotheby’s New York како дел од 17th/18th International ARC Salon Exhibition, една од најзначајните светски сцени за современа репрезентативна и реалистичка уметност. На Медисон Авенија, пред очите на светската јавност, стои дело на македонски автор избрано меѓу ...
Kога архитектурата не се гради само нагоре, туку создава нова природа во вертикала Во време кога современите градови сè повеќе се соочуваат со прашањето како природата повторно да стане дел од урбаното живеење, некои архитектонски проекти не се обидуваат само да додадат зеленило на постојните структури, туку целосно да го променат начинот на кој ја доживуваме зградата. Таков пример е One River North, 16-катна станбена кула во Денвер, ...
Само неколку недели по регионалната премиера, најновиот роман на една од најчитаните и најбараните авторки на овие простори, Јелена Бачиќ Алимпиќ, доаѓа и пред македонската публика. „Синот на кројачот“ веќе се печати на македонски јазик и наскоро ќе пристигне во книжарниците на „Матица македонска“. Станува збор за долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, романот што освои десетици илјади читатели. Новата книга беше објавена во ...
На 24.07.2026г. (петок) со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“. Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички директор. ...
Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам Косовскиот град Пеќ од 12 до 18 јули пулсираше со креативноста на 17. Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анибар“ и на едно место ги собира филмските автори, уметниците, младите креативци и љубителите на анимација од Западен Балкан, но и други земји од Европа и светот. Во текот на седумте фестивалски денови, посетителите проследија ...
„Илијада“ и “Одисеја“ се класика што секоја генерација повторно ја открива, а со блокбастерот „Одисеја“ на Кристофер Нолан кој ги полни кината ширум светот и предизвикува реакции, контраверзи и бес во академските и политичките средини, повторно го актуелизира епот што го обликува светот со векови, за патувањата, мудроста и човековата истрајност. Прашањата што ги поставува за идентитетот, домот, моралот , се подеднакво важни и во современиот ...