Романот „Само уште еден скок“ од Енис Хилми ќе биде промовиран вечерва во 19.30 часот во „Харбор клаб“ во Охрид. Промотори ќе бидат Ана Јовковска и Весна Мојсова-Чепишевска, а изданието е на „Светулка“ од Скопје. Луѓето мислат дека тие ги избираат кучињата. Но понекогаш… кучето е тоа што го избира човекот. Што би ви раскажало едно куче кога би можело да го раскаже целиот свој живот? Што ако ви раскаже за светот што одамна сме заборавиле да го ...

„Велешката чалгија“ синоќа настапи на познатиот плоштад Којник во високиот стар дел на Велес, во рамките на „Велешко лето 2026“. Тие изведоа познати велешки и македонски староградски песни меѓу кои и познатата „На Којник дуќан да имам“ а со нив заедно пееше публиката. Од пред повеќе од година „Велешката чалгија“ повторно има инструмент канун на кој свири Муамер Елезовски кој се врати од Германија и сега повторно настапува со нив. Како што ...

Во конкуренцијата за престижниот Златен лав на 83. издание на Венецискиот филмски фестивал новите филмови Мартин Мекдона, Флоријан Зелер, Дени Бојл, Вернер Херцог, Нани Морети, Хироказу Коре-еда, Ли Чанг-донг и Ленс Опенхајм. Уметничкиот директор Алберто Барбера истакна дека годинашната селекција ја потврдува улогата на филмот како средство за разбирање на современиот свет, при што во фокусот се политичките превирања, семејните односи, ...

Многу луѓе се навикнати да кажуваат „да“ дури и кога всушност сакаат да кажат „не“. Психолозите нагласуваат дека поставувањето граници не е себичност, туку важен дел од здравите односи и грижата за сопственото ментално здравје. Зошто ни е толку тешко да кажеме „не“? Кај многу луѓе постои страв дека со одбивањето ќе изгледаат непријатни, себични или дека ќе ги повредат другите. Но, кога постојано ги ставаме туѓите потреби пред своите, со текот ...

За Гоце Делчев се напишани многу историски книги, студии и биографии во кои се претставени неговото дело, идеалите и револуционерниот пат. Но, без амбиција да создаде уште едно историско четиво, Зоран Спасов Ѕоф во својот најнов роман „Гоце Делчев: Љубов и смрт“ се обидува да го открие човекот зад револуционерот. Три месеци по големата промоција, одржана на отворањето на Саемот на книгата на 23 април 2026 година, разговаравме со Ѕоф за тоа ...

„Титаник“ е еден од најуспешните филмови на сите времиња, но има приказна зад сцената, којашто е неодговорена мистерија и речиси 30 години подоцна. При снимањето во 1996 година, имено, повеќе од 60 членови на филмската екипа завршија в болница откако внеле храна контаминирана со ПЦП – моќна халуциногена дрога. Били Зејн, кој го играше Кал Хокли во филмот, првпат јавно проговори за еден од најбизарните инциденти во Холивуд. Во гостувањето во ...

Пишува: Тони Гламчевски -ЕДЕН ФИЛМ МОЖЕ ДА ЗАЧУВА ЦЕЛ НАРОД… -Интернационалниот етнографски филмски фестивал од пред пет години зазема важно место на фестивалот “Илинденски денови“ во Битола. Тој е своевиден медиум каде што културното наследство продолжува да живее, а различните светови се среќаваат на едно платно. -Од 18 до 26 јули, во рамките на „Илинденски денови“, беа претставени филмови што патуваат низ времето, луѓето и традициите. ...

На 26 јули, на денот кога се одбележува годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, во Музејот на град Скопје ќе бидат отворени изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“ и ќе биде промовирано дополнетото двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“ / Laments from the 1963 Skopje Earthquake (From the Archival Materials of Vasil Hadzimanov), од Ана Мартиноска и ...

Дури три филма ќе има Македонија годинава во натпреварувачката програма на 32. Сараевски филмски фестивал за долгометражен игран филм што ќе се одржи од 14 до 21 август. Фестивалот денес ја објави програмата, а Македонија одамна немала ваков пласман во главните програми на овој престижен фестивал. Во конкуренција за наградите „Срце на Сараево“, ќе се натпревуруваат „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума, „17“ на Косара Митиќ, како и ...

Легендарната група „Крафтверк“, која го форматираше музичкото искуство кај голем број љубители на музиката и која имаше огромно влијание во развојот на музичката мисла, на 25 јули, во 21 часот, ќе настапи на Стадион на АРМ во организација на „Авалон продукција“. Групата „Крафтверк“ (Kraftwerk) за првпат ќе настапи со концерт под отворено небо, а нејзиното гостување на фестивалот „Скопје колинг“ е во рамките на турнејата „Multimedia 2026“. ...

На брегот на Балтичкото Море, на германскиот остров Риген, стои една од најнеобичните и најконтроверзните архитектонски структури во Европа. Долга речиси 4,7 километри, изградена со амбиција да смести 20.000 луѓе истовремено, оваа огромна бетонска форма изгледа како град поставен покрај морето. Но, зад нејзините бескрајни ходници, повторливи фасади и соби свртени кон водата се крие една мрачна историска приказна. Ова е Прoра, проектот кој ...

Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ...

Лос Анџелес -Проектирани лидери во номинациите (филмови): „Одисеја“ (14); „Дина: Трет дел“ (12); „Деби“ (9); „Див коњ Девет“ (8) Проектирани лидери во номинациите (студија): Ворнер Брос. (16); Универзал Пикчерс (14); А24 (11); Нетфликс (10). „Варајати“ го објави списокот со предвидувања за можните номинации и добитници на Оскар 2027, со напомена дека списокот е далеку од целосен и ќе се менува десетици пати пред да заврши сезоната. ...

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе има светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август. „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во Официјалната селекција за награди на фестивалот, кој е најреномиран во Југоисточна Европа. Манчевски со свои средства го финансираше овој филм во знак на почит кон жртвите и хероите од Кочани. За деца, за внуци“, изјави тој. Манчевски и минимална документарна екипа го ...

Самостојната изложба „Rockstars“ на македонскиот сликар Методија Јованов ќе биде отворена в петок, на 24 јули, во 20:30 часот, во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје. Изложбата, организирана од Центарот за современи уметности Скопје, ја истражува привлечноста на сликите што ја обликуваат современата имагинација. Насловот „Rockstars“ не се однесува исклучиво на музичарите, туку и на пошироката култура на славата, ...

Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ќе заврши во нивниот дом. Едно опасно магионичарско дуо сака да го искористи животното за сопствена слава, но сестрите тргнуваат во авантура за да го спасат и да го вратат Пол во зоолошката градина. Филмот ја следи приказната за четири сосема различни сестри, кои мора да ги здружат силите кога киднапираниот пингвин Пол ...

Филмот ја следи приказната на поранешниот специјалец Рој Палвер, кој е заглавен во временски јазол и постојано го доживува истиот ден – денот кога брутално го убиваат. Секојпат кога ќе загине, денот почнува одново, а Рој постепено ги учи чекорите на своите непријатели и начинот на кој може да го преживее денот. Во обид да ја открие вистината зад оваа мистериозна ситуација, тој се соочува со тајна воена програма, безмилосни атентатори и својот ...

Инспириран од вистински настани, „Брич“ е драматичен трилер сместен во ходниците на ФБИ – чуварот на најчувствителните тајни во САД. Mладиот Ерик О’Нил е унапреден од неговата работа за надзор на ниско ниво во седиштето на Федералното истражно биро. Неговиот сон да стане полноправен агент почнува да станува реалност. Уште поимпресивно е што О’Нил е избран да работи за познатиот оперативец Роберт Хансен во рамките на „обезбедување информации“, ...

Пишува: Звонко Димоски, од „Верона Шекспир фринџ фестивал“ Најновата премиера на Битолскиот народен театар, радикално деконструираниот „Кориолан“ во режија на Џон Блондел, со силен творечки залет зачекори на сцената на Шекспировиот фестивал во Верона. „Кориолан“ е сурова политичка драма на Шекспир, центрирана околу легендарниот римски генерал Кај Марциј, сместена во период на глад и граѓански немири во Рим. Дејството го прикажува неговиот ...

ДЕДО И ВНУК Grandfather and Grandson Илија Пиперковски / Македонија/Романија / 2019 / 85 мин Приказната на филмот почнува по смртта на еден млад пациент, по што младиот доктор Никола се обидува да направи ред во животот и оди на посета кај својот дедо, кај кого последен пат бил пред 10 години. ДЕДО И ВНУК е филм за конфликт на генерации, со контраст на моралните вредности и можности за добивање втора шанса во животот. Љубовта не е нешто кое ...

„Македоника литера“ неодамна го објави романот „На чет со Чет џи пи ти“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Најновата книга на Марина Димитриева – Ѓорѓиевска „На чет со Чет џи пи ти“ е роман кој зафаќа многу современ тематски аспект – вештачката интелигенција. Авторката ја повикува и ја користи вештачката интелигенција за градењето на приказната во романот. Всушност, во романот течат две паралелни приказни – таа на главниот наратор, женски лик, ...

Камерниот оркестар на Националната опера и балет вечерва ќе има концерт на програмата на 66.„Охридско лето“. Македонските уметници ќе настапат во црквата „Света Софија“ во 21 часот, под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска. Камерниот оркестар на Националната опера и балет е формиран во 2010 година и е составен од истакнати музичари и солисти на Оркестарот на НОБ, под уметничко водство на маестро Саша Николовски-Ѓумар, подоцна под ...

Расправата за статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион е префрлена за утре, 23 јули, покажува најновиот официјален индикативен распоред на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО. Точката за Охридскиот Регион, заведена како 48 COM 7B.62, е ставена во попладневната сесија на Комитетот, која во Бусан е предвидена од 15 до 18 часот. Тоа одговара на периодот од 8 до 11 часот по средноевропско време. Од УНЕСКО ...

Новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан забележа спектакуларен почеток на светскиот бокс-офис, заработувајќи околу 226 милиони евра во првиот викенд од прикажувањето. Од нив, околу 119 милиони евра доаѓаат од меѓународните пазари, а околу 107 милиони евра од Северна Америка. Со тоа, „Одисеја“ го оствари најголемото глобално отворање во кариерата на Нолан, надминувајќи ги „Темниот витез: враќањето“ (The Dark Knight Rises), кој ...

Невреме проследено со силен и обилен дожд во Битола го одложи концертот на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција коj требаше да настапи на „Локум фест“ во рамки на фестивалот „БитФест“. Од прес-центарот на Битолското културно лето информираа дека концертот е презакажан за 6 август и ќе се одржи во Хераклеја. „10-те Бузуки на Домна“ е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа музика со доминантна ...

Веќе седумнаесет години Патувачкото кино на „МакеДокс“ ги поврзува луѓето преку документарните приказни и ги собира на плоштадите, во училишните дворови и на останатите јавни простори кои се претвораат во кино за една вечер. Покрај филмските проекции, секоја кино-вечер нуди можност за средба, разговор и заедничко споделување на приказни кои инспирираат, отвораат прашања и поттикнуваат дијалог. Патувачкото кино не се само проекциите, туку и ...

Композиторот Лудвиг Герансон повторно соработуваше со Кристофер Нолан за музиката за новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey), а оваа соработка е нивна трета, по „Тенет“ (Tenet) и „Опенхајмер“ (Oppenheimer). Пред неколку месеци, во работата на Герансон на „Војна на ѕвездите: Мандалоријанецот и Грогу“ (Star Wars: The Mandalorian and Grogu), тој главно употребува синтисајзери и оркестрации базирани на гитара, што беше соодветно за тој проект. ...

„Звуците на градот“ е наслов на концертот што ќе се одржи на 24 јули (петок) во 19:00 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ова е уште една убава вечер на староградска музика која ја организира НУЦК „Марко Цепенков“ и која повеќе години предизвикува интерес кај граѓаните. Во рамките на концертот ќе се претстават повеќе групи што ја негуваат староградската музика. Така, своите достигнувања преку песната ќе ги пренесат ...

Стоечки овации, долготрајни аплаузи и воодушевена публика. Меѓународната изведба на „Кориолан“ на Битолскиот театар, во режија на Џон Блондел, на „Шекспир Фринџ фестивал“ во Верона, беше пречекана со исклучителен интерес, а енергијата во салата за време на претставата и по нејзиното завршување, покажа дека театарот навистина нема граници и дека силната приказна допира до секого, без оглед на јазикот и на земјата од која доаѓа. Во Верона е во ...

Актерката Сара Климоска е избрана за член на жирито на натпреварувачката програма – игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, што ќе се одржи од 14 до 21 август. Климоска, заедно со британската актерка Емили Вотсон, хрватскиот режисер Игор Бежиновиќ, директорот на Европската филмска академија Матејс Воутер Кнол и грчката режисерка Атина Рејчел Цангари ќе одлучува за добитниците на наградите „Срцето на Сараево“. Со жирито ќе претседава ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.9
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
36%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.08
42%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.45
32%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
28%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.57
56%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
28%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.18
22%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.04
26%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.49
56%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Алуминиум

3.34

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.36

Цинк

0.00

Сребро

2102.98

Иридиум

252383.36

Паладиум

43853.62

Калај

56.16

Платина

56328.11

Злато

141498.65