Пионерите на електронската музика „Крафтверк“ вечерва во 21 часот ќе настапат на стадионот на АРМ. Организатор на концертот е „Авалон продукција“, кој го најавува настапот како прв настап на отворено на легендите на електронската музика. – Без „Крафтверк“ во музиката многу работи немаше да бидат тоа што се: од електро до хип хоп, од техно поп до синт поп. Тие го вклучија Скопје во својата нова „Multimedia 2026“ турнеја со голем концерт на ...
Студениот електронски пулс на „Radioactivity“ одекна во вчеравечер, на 25 јули, на Стадионот на АРМ во Скопје, каде што германските пионери Крафтверк одржаа голем концерт на отворено во рамките на „Skopje Calling“ и турнејата „Multimedia 2026“. Песната стара повеќе од половина век не звучеше како носталгичен хит, туку како предупредување составено од механички гласови, имиња поврзани со нуклеарни трагедии и ритам што потсетува на Гајгеров ...
Практично ја измислија електронската музика, но тоа останува свежо и ефектно и по толку многу време. „Крафтверк“ испорачаа уште еден концерт вреден за паметење, овојпат на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк, каде што нивната музичко-сценска впечатливост уште повеќе дојде до израз. Концертот беше час по историја на електронската музика и штета е што во публиката немаше повеќе млади за да го видат и слушнат еден од највлијателните и ...

