Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради растечките стравувања од воен конфликт меѓу долгогодишните непријатели. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела предупреди дека „ќе се случат многу лоши работи“ ако не се постигне договор за решавање на долготрајниот спор околу нуклеарната програма на Иран. „Со задоволство потврдувам дека американско-иранските ...
Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), е убиен во воена операција, објавија локалните медиуми. Ел Менчо наводно е убиен за време на операција спроведена во зори во неделата во западно-централната држава Халиско. Прекарот „Менчо“ е деминутив или изведен од неговото име Немесио. JUST IN: CJNG cartel sets buses and buildings on fire in ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор и дека е одговорен за војната, во интервју за Би-би-си. Водителот потсети на претходните контрадикторни изјави на Трамп, вклучително и онаа во која тој го нарече Зеленски „диктатор“ кој ја започна војната, повторувајќи ги тврдењата на рускиот претседател Владимир Путин. „Јас не сум ...
Ендру Маунтбатен-Виндзор наплатувал масажи и создавал прекумерни патни трошоци на сметка на даночните обврзници додека ја извршувал функцијата британски трговски претставник, тврдат пензионирани државни службеници кои решиле да проговорат за тоа. Ендру како британски трговски претставник патувал низ светот меѓу 2001 и 2011 година, а неговата улога завршила поради поврзаноста со осудениот педофил Џефри Епстин, пишува Би-Би-Си. Поранешен ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата Текстот Без вода денеска дел од Кисела Вода е превземен од ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел; – во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош; – во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел; – во периодот од 12.00 до 16.00 ...
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР. Груби се товари за злоупотреба на службената ...
Студенти втор ден по ред протестираат на неколку универзитети во Иран, а протестите на места прераснаа во немири, јавуваат локалните новински агенции. Тензиите се случуваат во период кога земјата се соочува со зголемено американско воено присуство во регионот и обиди за договор со Вашингтон околу нуклеарната програма. Судири и повредени студенти Иранската државна телевизија објави снимки од лица за кои тврди дека се „претставувале како ...
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите. Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата. Лоша ...
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки. Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои ...
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз. Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро. Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот. Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво. Ниеден агент не е повреден. Во тек се истраги за идентитетот на ...
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида. Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин. Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање. „Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на ...
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара. Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја. На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата. Засега не е познато дали детето е повредено. View this post on Instagram A post shared by ...
Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите. Би-Би-Си потврди видеоматеријали од демонстранти кои маршираат на кампусот на Универзитетот за технологија Шариф во главниот град Техеран. Подоцна се забележани судири меѓу нив и приврзаници на владата. На Универзитетот Шахид Бехешти се одржа мирен протест, а слични собири ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички брод на островот. Тој напиша дека, во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратат брод „да се грижи за многуте болни луѓе за кои никој не се грижи“. Заедно со објавата, Трамп сподели слика од USNS Mercy, создадена со вештачка интелигенција, и напиша: „На пат е!!!“. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во рок од десет дена ќе донесе одлука дали ќе изврши воена акција врз Иран, но сè уште не е подготвен за напад, и покрај распоредувањето на моќната американска воздушна и поморска армада во Персискиот Залив, пишува Blick.ch. Иако многу експерти во Тел Авив тврдат дека режимот на ајатоласите, на власт од 1979 година, никогаш не бил послаб, Трамп останува воздржан. Претходно, во јуни 2025 ...
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се дека Будимпешта ќе блокира одлуки на ЕУ важни за Киев. Неговите изјави следуваат откако украинското Министерство за надворешни работи го отфрли притисокот од Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето со енергетските извори во ...
Брачниот пар Лејла и Хамид од Голд Кост, Австралија, прво станале жртви на кражба во нивниот дом, а потоа добиле и казна од околу 3.750 евра. Казната ја добиле затоа што крадецот кој им го украл автомобилот, Lexus SUV, не бил врзан со безбедносен појас. Како што пренесува 9 Now Australia’s Today, маскирана група крадци влегла ноќе во нивниот дом додека брачниот пар спиел. Хамид се разбудил од бучавата, успеал да ги истера крадците и да ...
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, ...
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ. „На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој ...
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола. Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа ...
Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и дете, кои веднаш се пренесени во болница, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Првите експлозии се слушнале околу 4 наутро, а нов бран следувал половина час подоцна. „Непријателот го напаѓа главниот град со балистичко оружје. Останете во засолништата додека не престане опасноста“, изјави Тимур Ткаченко, ...
Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов. Властите нападот го окарактеризираа како „терористички чин“. Според регионалното обвинителство, експлозиите се случиле додека полицијата реагирала на итен повик за упад во продавница во близина на центарот на градот. Првата експлозија се случила откако полициска екипа пристигнала на местото, а втората по доаѓањето на ...
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите, велат од СДСМ. „Ова е срамно и безобразно. Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот. Бараат минимална плата од 600 евра за да можат да ги прехранат своите семејства и да платат ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви. „Иако третата ...
Денеска православните верници го слават празникот Прочка. Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања. Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени. Во Скопје ќе ...
Американскиот професор по право, Алан Б. Морисон, изјави дека би бил „шокиран“ ако не следуваат нови тужби против Доналд Трамп поради најновите глобални царини што американскиот претседател ги воведе за увоз во САД. Морисон, професор на Правниот факултет на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, за Sky News изјави дека Трамп „се обидува да направи многу работи што според законот не може“. „Вчера рече дека ќе воведе давачка од 10 отсто, денес е 15 ...
Министерството за надворешни работи на Украина го осуди и отфрли, како што наведува, притисокот и ултиматумите од владите на Унгарија и Словачка поврзани со снабдувањето со енергија. Од Киев велат дека ваквите потези се провокативни и неодговорни, особено во момент кога Русија извршува масовни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Во соопштението се наведува дека заканите од Будимпешта и Братислава ја загрозуваат енергетската ...
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави. „Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат ...