Унгарскиот премиер Виктор Орбан предупреди дека Европа се соочува со една од најтешките економски кризи во својата историја и повика на итно укинување на санкциите за руските енергенси, пренесе Анадолу. „Европа oди кон една од најтешките економски кризи во својата историја… Единствениот излез е укинување на санкциите“, напиша Орбан на X, додавајќи: „Наместо да се поттикнува војна, сакај ја и спаси ја својата земја, Доналде“. Неговата изјава ...

Потврдена е автентичноста на снимките што прикажуваат големи експлозии во близина на иранска ракетна база на периферијата на градот Исфахан, пренесе Би-Би-Си. „Би-Би-Си Верфај“ анализирал три видеа кои вчера почнале да се шират на социјалните мрежи. Едно од нив прикажува огромен столб од чад и огнени фрагменти во воздухот во близина на ракетната база „Исфахан Југ“, при што се слуша глас на човек кој снима и реагира на силата на експлозијата. ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и неговата сопруга донираа реквизити за сензорна соба во градинката „8 Март“ во општина Кисела Вода, соопштија од Град Скопје. Оваа донација, според соопштеното, ќе ја олесни комуникацијата, концентрацијата и емоционалната регулација на децата, создавајќи прифатлива и смирувачка средина за нивниот развој. „Вложувањата во сензорни простории придонесуваат за развојот на когнитивните и ...

Русија очекува конфликтот на Блискиот Исток да се реши што е можно поскоро, а Москва е подготвена да ги преземе сите мерки за нормализирање на ситуацијата, изјави претседателот Владимир Путин за време на средбата со египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абдел Ата во Кремљ. Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Москва е подготвена да направи сè што е потребно за да ја врати ситуацијата на Блискиот Исток во нормала. „Сите се ...

Изјавите на шефот на европската дипломатија, Каја Калас, за наводни руски напади врз други земји предизвикаа остра реакција од претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, кој ги оцени нејзините тврдења како показател за незнаење и недостаток на образование. Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, остро реагираше на изјавите на шефот на европската дипломатија, Каја Калас, која повторно изјави дека Русија наводно нападнала ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на отворањето на Втората меѓународна научна агробизнис конференција „Агромак 2026“, при што ја истакна важноста од поврзувањето на науката, институциите и бизнис-заедницата во насока на одржлив развој на туризмот и руралните средини. Во своето обраќање, министерот нагласи дека Министерството активно работи на унапредување и диверзификација на туристичката понуда, со посебен ...

Денес во Министерството за економија се одржа работен состанок на Групациите од мелничко пекарската индустрија на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски. На средбата меѓу заклучоците беше потенцирано дека состојбата со цените на лебот и ...

Полскиот премиер Доналд Туск остро реагираше на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за НАТО, Русија и војната во Украина, велејќи дека таквата политика оди директно во рацете на Кремљ. „Заканата од колапс на НАТО, ублажувањето на санкциите против Русија, големата енергетска криза во Европа, суспензијата на помошта за Украина и блокирањето на кредитите за Киев од страна на Орбан – сето ова изгледа како влажен сон на ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на Конференцијата за отпочнување на процесот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот го означи почетокот на новиот циклус на ко-креација на националниот акциски план во рамки на глобалната иницијатива Партнерство за отворена власт, со цел зајакнување на транспарентноста, отчетноста и учеството на јавноста во процесите ...

Општина Гази Баба додели 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија, објави градоначалникот Бобан Стефковски. „Денес не потпишавме само договори – денес вложивме во соништа, во идни шампиони и во иднината на Македонија. Општина Гази Баба со гордост доделува 12 милиони денари директна финансиска поддршка за спортските клубови, спортисти и здруженија. Зад секој млад талент стојат часови напорна ...

Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите, вели јавниот обвинител, Ненад Савески. Тој истакна дека јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекувал дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон ...

Министерството за одбрана денеска го објави новиот јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија. Општите услови (да се македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност), посебните услови (да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници), како и сите останати детали се ...

Добро рекол нашиот народ: кој лаже – тој краде. Зарем немате впечаток дека кога го кажувал ова, пред себе го имал ликот и делото на Христијан Мицкоски? Лажеше дека ќе го врати името, додека клечеше и молеше да се врати на власт. Лажеше дека со Европската Унија договорил нова преговарачка рамка. Лажеше дека со Брисел договорил уставни измени со одложено дејство. Лажеше дека веќе идната година ќе станеме членка на Унијата, само без право на ...

Маџид Мусави, командант на Воздухопловните сили на Револуционерната гарда, остро одговори на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Иран ќе биде „вратен во камено доба“, нагласувајќи дека Америка ги испраќа своите војници во смрт, а не ја загрозува цивилизацијата на Иран, која трае повеќе од 6.000 години. Мусави, во порака објавена во иранските медиуми, ја критикуваше реториката на Трамп како „холивудска илузија“ што има ...

Паровите што се разведуваат во Бразил ќе можат да го делат старателството над своите домашни миленици според новиот закон усвоен од Конгресот. Пратениците гласаа вчера за да ја одобрат промената во законот како одраз на важноста што луѓето им ја придаваат на своите животни, објавува BBC. Според новите правила, ако парот не може да се согласи за домашното милениче за време на разводот, „судијата ќе наложи заедничко старателство и правична ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека Русија се однесува кон НАТО како кон сојуз чии активности се непријателски, нагласувајќи дека Алијансата ја смета Русија за непријател и презема соодветни мерки. „Кога станува збор за Северноатлантскиот сојуз, тоа е сојуз кој е непријателски настроен кон нас, сојуз кој нè смета за непријател и презема соодветни непријателски чекори. Така се однесуваме кон тој сојуз“, рече Песков на брифинг за ...

После 20 години направивме законски измени и за прв пат овозможиме полагање на стручни испити за капетан на брод и бродски екипаж, што е чекор понапред во професионализација на внатрешната пловидба и подигнување на нивото на безбедност во пловниот сообраќај, истакна денеска од Охрид, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. „Уште кога бев избран за министер за транспорт, се соочив со овој проблем и заеднички со ...

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека информацијата дека земјоделците со факултетска диплома ќе имаат приоритет за субвенции е лажна. „Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година. Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција соопшти дека СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Димитријевиќ посочи дека кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Денеска поднесуваме нова кривична пријава, против ...

Куќа од 13. век во Диоклецијановата палата во Сплит, Хрватска, се продава за речиси 2 милиони евра, објави Индекс.хр. Хрватскиот портал пренесува дека станува збор за ексклузивен имот во Диоклецијановата палата. Во самиот центар на Сплит, во ѕидините на Диоклецијановата палата, се продава куќа од 13. век. Имотот е темелно реновиран, зачувувајќи ги оригиналните архитектонски елементи и има воспоставено туристичко изнајмување. Се простира на ...

Бурата „Ерминио“ погоди неколку делови од Грција, предизвикувајќи поплави и соборени дрвја, додека 50-годишен маж загина во градот Неа Макри. Според претседателот на синдикатот на пожарникари, Костас Цигас, противпожарната служба примила околу 400 повици само во регионот Атика, главно поради испумпување вода од поплавени згради и отстранување паднати дрвја, објави ЕРТ. Еден маж загина кога бил однесен од порој додека се обидувал да излезе од ...

Амбасадата на САД во Тирана предупреди дека групите поврзани со Иран би можеле да нападнат субјекти поврзани со САД во Албанија. „Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие исто така може да таргетираат вообичаени локации, како што се туристички места, трговски центри, хотели, клубови и ресторани. Ги поттикнуваме граѓаните на САД да бидат ...

Општина Илинден започна со реализација на еден од клучните инфраструктурни приоритети, целосна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци. Станува збор за значаен и стратешки проект кој директно ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на живот на граѓаните. Увид на почетокот на градежните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ...

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител. Таа вели дека повеќе не гледа простор за работа ниту перспектива како би можела да делува во согласност со нејзините принципи. „Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на ...

Во пресрет на Светскиот ден на здравјето, Општина Центар на 6 април (понеделник) организира бесплатни здравствени консултации за граѓаните, кои ќе се одржат во Општинскиот младински центар „Матично“, во период од 09:00 до 15:00 часот. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните да ја искористат можноста за бесплатни здравствени проверки и советувања со лекари. „Ги поканувам граѓаните да дојдат во Општинскиот ...

Цената на нафтата од типот „Брент“ продолжува да достигнува нов максимум за време на денешната трговија, а фјучерсите моментално се движат кон 107 долари за барел, што е раст од повеќе од 5 проценти, два часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши својот говор за војната што САД и Израел ја водат против Иран и најави посилни напади во следните две до три недели. Фјучерсите паднаа вчера поради надежта дека војната би можела ...

Министерството за здравство на Иран соопшти дека Институтот Пастер во Техеран, истражувачка институција основана во 1920 година, бил сериозно оштетен во напад. Портпаролот на министерството, Хосеин Керманпур, во објава на X изјави дека цел на нападот бил институтот, кој го опиша како „вековен столб на глобалното здравје“. The aggression against Pasteur Institute of Iran—a century-old pillar of global health & member of International ...

Австралиската актерка Ребел Вилсон сподели искрени мисли со обожавателите за својот изглед и борбата со тежината, признавајќи дека повремено користи лекови за слабеење за да ја одржи својата тежина. Таа го започна своето патување кон поздрав живот во 2020 година и редовно ги известува своите следбеници на социјалните медиуми за својот напредок. Патување кон здравјето инспирирано од желбата за мајчинство Вилсон претходно изјави дека е свесна ...

Постои растечка реакција на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за војната со Иран, а политичарите во САД остануваат длабоко поделени, објавува Би-би-си. Заканите на Трамп да „го врати Иран во камено доба, каде што припаѓа“ предизвикаа остри критики од некои демократи. „Тој зборува за земја од 90 милиони луѓе. Одвратно, застрашувачко, злобно“, рече претставничката Јасамин Ансари од Аризона. Министерот за одбрана на САД, Пит ...

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок, извести МВР. „Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1016
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
7.72
28%
1017
weather icon

Загреб

23ᴼ / 21ᴼ
3.6
33%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 17ᴼ
3.6
38%
1015
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
9.26
37%
1013
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
2.57
42%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
32%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
33%
1017
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
49%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
34%
1009
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
9.77
35%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
77%
1014
Currency

61.64

Currency

52.5688

Currency

71.0401

Currency

37.5703

Currency

38.4418

Currency

67.0149

Currency

7.69168

Currency

0.69864

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Паладиум

47711.71

Злато

151522.95

Платина

64687.30

Рутениум

53788.20

Родиум

323115.00

Цинк

0.00

Бакар

12.11

Сребро

2433.77

Иридиум

253540.09

Калај

50.49

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.60