Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Соединетите Американски Држави ги поддржуваат намерите на Ирак и Сирија за рестартирање на цевководот за сурова нафта меѓу двете земји. Ова би можело да ја намали способноста на Иран да ги блокира испораките на нафта низ Ормутскиот теснец, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на неименуван функционер на американскиот Стејт департмент. Изворот рече дека САД очекуваат американските компании да учествуваат во изградбата на нафтоводот ...
OpenAI ги оспори обвинувањата изнесени од Apple во тужбата за трговска тајна, сугерирајќи дека тие се неосновани. „Иако ги сфаќаме сериозно овие обвинувања, не сме свесни за никакви докази што ја поддржуваат основаноста на оваа тужба“, се вели во соопштението на OpenAI, кое првпат го сподели новинарот на Bloomberg, Ед Ладлоу, на платформата X. „Веруваме во фер конкуренција и слободата на луѓето да работат каде што сакаат и сме фокусирани на ...
Дејвид Бекам тешко го поднесе поразот на Англија од Аргентина (2:1) во полуфиналето на Светското првенство, одиграно во среда во Атланта. Легендарниот фудбалер го гледаше натпреварот со своето семејство, а по последниот свиреж, неговиот син Круз го утеши. Дејвид Бекам не можеше да го скрие разочарувањето откако Аргентина ја елиминираше Англија од Светското првенство во Атланта во среда навечер. Поранешниот капитен на „Трите лава“ го следеше ...
Многу туристи кои планираат одмор на Ибица тврдат дека има едно нешто за кое ќе размислат двапати пред да патуваат на овој популарен шпански остров – цената на обичните шишиња вода. Откако еден локален туристички водич покажа на TikTok колку чини водата во некои од најпознатите клубови на Ибица, неговото видео предизвика многу реакции. Авторот на содржината објавена на TikTok под името Create Ibiza ги споредил цените во неколку популарни ...
Република Северна Македонија претставува значаен фактор на стабилност во Југоисточна Европа, рече началникот на Вооружените сили на Германија, генерал Карстен Бројер, кој е во официјална посета на Армијата. По приемот со високи воени почести, во Генералштабот тој оствари средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на средбата со генералот Лафчиски беше реафирмирана долгогодишната ...
Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување. „Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и нејзината партнерка Ленче Ристоска кон ВМРО-ДПМНЕ го доби крајниот ...
Од ВЛЕН прашуваат каде завршиле деветте милиони евра од ЕУ, додека Зајас на Али Ахмети остана без канализација? „Скандал и срам. Само вака може да се опише тоа што се случило со парите на европските даночни обврзници во проектот за канализација во Зајас, родното место на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Народот вели дека сонцето не може да се скрие со сито. Но, некој очигледно мислел дека овој скандал може засекогаш да го покрие со неколку ...
Дали знаевте дека вашата омилена храна може да открие неверојатни детали за вашиот карактер, начинот на кој донесувате одлуки и како се однесувате во љубовта? Кога станува збор за чоколадо , изборот никогаш не е случаен. Без разлика дали копнеете по кремасто млеко, елегантно црно или сакате крцкави јаткасти плодови, тој избор крие подлабока психолошка позадина. Овој брз и забавен тест за личност ги открива вашите најскриени особини врз основа ...
Аргентина уште еднаш покажа зошто е една од најголемите фудбалски сили во светот. „Гаучосите“ ја елиминираа Англија и се пласираа во финалето на Светското првенство по одличен пресврт, а моментот кога Лаутаро Мартинез со глава ја затресе мрежата на „Трите лава“ предизвика целосен хаос во Аргентина. Пабло Жиралт, коментатор за телевизијата Телефе, кој го емитуваше натпреварот во живо, имаше особено емотивна реакција. Неговата прослава по ...
Дали СДС и Герасимовски се вмешани во потенцијална финансиска афера од милионски размери? Паркинзи на Општина Центар, под раководство на кадри од СДС, во 2024 отпишале вкупно 2 милиони и 221 илјада денари, долгови од физички лица, како и 912 илјади денари долгови од компании. Па наместо овие, вкупно преку 3 милиони денари, односно над 50.000 евра, пари на Центарци, да завршат во општинската каса, тие којзнае во чии џебови биле натуткани, вели ...
Веројатно најпознатата теорија на заговор во светот е – „Америла ги лажирала слетувањата на Месечината“. Еден од „аргументите“ на поддржувачите на оваа теорија, која ја повторуваат со децении, е дека „не можат да се видат ѕвезди“ на фотографиите на астронаутите Нил Армстронг и Баз Олдрин. Сите елементи на вистински трилер Сега, во истата пригода, се огласи познатиот американски астрофизичар, писател и популаризатор на науката, Нил де Грас ...
Аргентина ќе се бори за својата четврта титула на Светското првенство, а втора по ред, откако „гаучосите“ обезбедија пласман во финалето на Светското првенство во 2026 година со победата од 2-1 над Англија во полуфиналето. Лионел Меси повторно беше херој на својот тим, бидејќи забележа две асистенции и ја предводеше Аргентина до голем триумф. Капитенот на „Гаучосите“ не можеше да го избегне прашањето за споредба со Диего Марадона, една од ...
Санацијата на свлечиштето на патот за „Tефериџ” во Кисела Вода го презема Министерството и очекувам следната недела да распишеме тендер за санација и стабилизација, изјави вицепреимерот и министер за транспорт, Александар Николоски. „Toa e еден голем, исклучително сериозен проблем, имајќи предвид дека се работи за сериозно свлечиште. Гледате дека со автопатите, особено на Охрид – Кичево, стекнавме едно такво искуство. Проблематиката е далеку ...
Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик, истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи, додава тој, овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. „Иако како никогаш досега имаше простор ...
Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Според неа, зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и ...
Повеќето луѓе одат на лекар поради болка, замор или проблеми со варењето. Но, лекарите предупредуваат дека постои еден симптом што треба да ги направи особено претпазливи. Ако губите тежина без да ја промените исхраната или да го зголемите нивото на активност, тоа може да биде сериозен предупредувачки знак што не треба да го игнорирате. Иако причината е често безопасна или може да се реши, ненамерното губење на тежината може да укаже и на ...
Принцот Хари неодамна се сретна со својот татко, кралот Чарлс III, во Хајгроув Хаус, но тоа не доведе до зближување со принцот Вилијам, со кого сè уште нема никаков контакт. Извори цитирани од „Пипл“ велат дека односот меѓу двајцата браќа останува сериозно нарушен и дека нема напредок, особено од страна на Вилијам. Еден испитаник го опиша нивниот однос како „толку раскинат“, додека друг рече дека се очекувало конфликтот барем делумно да се ...
Кривичниот суд денеска соопшти дека обвинителот се откажал од обвинението против Драган Павловиќ – Латас за случајот „Тотал“, во кој тој беше обвинет за даночно затајување. Од Судот наведуваат дека за Латас настанала апсолутна застареност на кривичното гонење. „Ја информираме јавноста дека на 27 мај 2026 – та година, е донесена пресуда со која се одбива обвинението, откако надлежниот Јавен обвинител се откажа од обвинителниот акт во целост“, ...
Еднаква грижа водиме за развој на сите општини низ државата. Само во Кисела Вода инвестираме преку 386 милиони денари за патишта и урбан развој, што е огромна поддршка за општината, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Кисела Вода. Тој заедно со градоначалничката Бети Стаменковска извршија увид во реконструираната улица ”Лазар Димитров” проект што се реализира ...
На пистата во касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром, се одржа постројување на доброволните пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во Македонија. Со постројувањето беше утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да учествуваат во гаснењето на летните пожари на отворен простор како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пред доброволните ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека оваа сезона Дирекцијата е подготвена како никогаш досега за справување со пожарите. „Што се однесува до нашата подготвеност за справување со пожари, оваа сезона сме подготвени како никогаш досега. Поради опасноста од пожарите Владата оваа година благовремено прогласи кризна состојба уште од 1 јули со што на располагање ги имаме сите механизми на кризната состојба ...
По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението, реагираат од СДСМ. Ова, како што додаваат од партијата, е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. „Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или ...
Актерката Анџелина Џоли неодамна прослави посебен јубилеј и е подготвена да започне ново поглавје. Имено, Џоли го прослави 18-тиот роденден на своите близнаци Вивиен и Нокс, а сега е подготвена да продолжи понатаму од својот живот во Калифорнија. „Таа со години зборува за напуштање на Лос Анџелес. Среќна е што има повеќе слобода и флексибилност во својот живот“, изјавил извор близок до Џоли за „Пипл“. Џоли има шест деца со поранешниот сопруг ...
Доналд Трамп најави ново обраќање до нацијата од Белата куќа, тврдејќи дека ќе соопшти големи вести за изборите во 2020 година, иако претходните ревизии ги отфрлија обвинувањата за голема измама. Откако загубија од Џо Бајден во 2020 година, претставници на Министерството за правда, разузнавачките агенции и агенциите за сајбер безбедност назначени од самиот Трамп изјавија дека изборите биле фер, легитимни и без големи измами или странско ...
Од почетокот на месец јули 2026 година на територијата на Република Северна Македонија потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, соопшти АХВ. Болеста, според надлежните е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Притоа, ...
Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони ...
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг во средата повика на промоција на урбаната обнова за време на инспекциската посета на Шангај. Си, кој е исто така генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК) и претседател на Централната воена комисија, ја нагласи потребата од целосно спроведување на филозофијата на урбан развој ориентирана кон луѓето. Тој истакна дека спроведувањето на проектите за урбана обнова мора да ...
Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, објави дека повеќе нема намера да се занимава со политика и дека се сели во автомобилската индустрија. Питер Сијарто во средата објави дека ќе поднесе оставка од своето место во парламентот откако прифати меѓународна понуда од кинескиот производител на автомобили BYD. „Поднесов оставка од мојата пратеничка позиција. Причината за ова е што добив исклучително престижна понуда ...
Полнењето на пластични шишиња за еднократна употреба со вода носи сериозни здравствени ризици поради акумулацијата на бактерии и ослободувањето на микропластика. Честата навика за повторно истурање вода во истото пластично шише или друга амбалажа обично се смета за еколошко и економично решение. Сепак, лекарите и научниците предупредуваат дека пластиката за еднократна употреба има строго ограничен рок на траење и не е наменета за долготрајна ...