Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Стотици граѓани во Гостивар, меѓу кои и деца, со гадење, повраќање и дијареа, побарале лекарска помош во изминативе денови. Постојат сомневања дека водата од Вруток е загадена со отпадни води. Во расветлување на случајот се вклучи и обвинителството. „По наредба на јавен обвинител се преземаат дејствија по поднесена пријава во однос на квалитетот на водата за пиење“, соопштија кусо од обвинителството. Полицијата, исто така, презема итни мерки ...
Литванецот Евалдас Римасаускас беше осуден на пет години затвор за измама со која украл 122 милиони долари од Гугл и Фејсбук преку лажни фактури. Иако милиони корисници секојдневно им веруваат на технолошките гиганти како Google и Facebook за да ги заштитат своите податоци и пари, се покажува дека дури и најголемите компании во светот не се имуни на добро смислени измами. Литванец успеал да искористи административни грешки и лажна ...
Трамп се обрати до јавноста во четврток и ја обвини Кина за мешање во изборите во 2020 година, и покрај проценките на американските разузнавачки служби дека немало такво нешто. Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток објави декласифицирани документи , тврдејќи дека тие докажуваат мешање на Кина во изборите во САД , оживувајќи ги неговите долгогодишни тврдења за несигурноста на изборниот систем, и покрај проценката на американските ...
Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училишен ден. За разлика од претходните седум години, кога имаше учебни години без отпечатени учебници, денес над ...
Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на ...
Ова не е правна држава. Ова е контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој е над законот, а кој ќе биде прогонуван, обвини Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес конференција. Кузеска потенцираше дека по ослободителната пресуда за Никола Груевски и враќањето на криминално стекнатиот имот на ВМРО и „Бела палата“, ослободувањето на Драган Павловиќ Латас е уште една потврда дека ...
Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. „Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни ...
Со Мицкоски и ВМРО за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан. Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години, изјави Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Како што рече, податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, рече Цветановски, 50% ...
Докторката Татјана Анисимова Бјелоус доживеала клиничка смрт, откако „починала“ за време на операција на тумор на мозокот во болницата. Три дена подоцна се разбудила во мртовечница. Украинската докторка Татјана Анисимова Бјелоус јавно сподели необично сведоштво за настаните што, според нејзините сопствени зборови, ги преживеала откако била прогласена за мртва . Таа тврдела дека се вратила во живот три дена откако срцето престанало да ѝ чука, ...
Долготрајното седење го зголемува ризикот од срцеви заболувања дури и кај луѓе кои редовно вежбаат. Кардиолог објаснува како да го заштитите вашето срце. Долготрајното седење стана дел од животот на повеќето луѓе во современиот свет. Седите пред компјутер, зад волан, пред телевизор, мобилен телефон . На прв поглед, сè може да изгледа безопасно, седењето не боли, нема предупредувања или симптоми. Експертите нагласуваат дека седењето полека, но ...
Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Можеби ќе сретнете некого кој ќе ве освои , но можеби нема да ви возврати на чувствата. РАБОТА: Проблеми со претпоставените. ЗДРАВЈЕ: Многу добро. БИК ЉУБОВ: Денес нема да бидете расположени, па затоа не можете да се надевате на никакви можности. РАБОТА: Можно е нерационално да инвестирате пари . ЗДРАВЈЕ: Послаба виталност. БЛИЗНАЦИ ...
„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот“, реагираат од партијата Левица за пресудата за „Талир 2“. „Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која ...
Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот“, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. „Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот. Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни ...
Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање ...
Новата недела носи интересна енергија на љубовниот фронт, а според астролошките толкувања, еден хороскопски знак би можел да доживее средба што ќе му ја промени перспективата за љубовта. Иако астрологијата не е научно докажан метод за предвидување на иднината, многумина во неа наоѓаат инспирација и водство за секојдневниот живот. Овојпат, посебно внимание е насочено кон Вагата, за која ѕвездите наводно отвораат врата кон судбински познанства. ...
Подготовките за изградба на брзата железница на Коридорот 10 напредуваат со одлично темпо, додека јавните презентации на завршените студии ќе се одржат во август. По оваа фаза, ќе започне подготовката на договорите за финансирање и реализација на проектот, како и презентирањето на условите за финансирање пред Собранието, информираше денес вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој потврди дека крајниот рок за ...
„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на Влен. „Според оваа логика, ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со ...
Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...
„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека одредени функционери во израелската влада се обиделе да ги попречат преговорите со Техеран бидејќи сакаат војната со Иран да трае бесконечно, без никаква конкретна цел. Појавувајќи се во популарниот подкаст „Искуството на Џо Роган“, Венс отворено зборуваше за притисоците во рамките на израелската политичка елита и кампањите за странско влијание. „Без сомнение знам дека имаше луѓе во ...
Германските војници ќе учествуваат во француската вежба за нуклеарно одвраќање за првпат оваа есен, додека Берлин и Париз најавуваат понатамошно зајакнување на заедничките одбранбени капацитети пред самитот. Овој потег доаѓа пред француско-германскиот самит во петок, кога се очекува канцеларот Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон да откријат нови чекори за продлабочување на соработката во нуклеарното одвраќање. Според ...
Датумот 30 септември е клучен за иднината на процесот на проширување на Европската Унија, бидејќи се очекува Европската комисија да го објави извештајот за новиот пристап кон проширувањето, изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Силјановска-Давкова изјави дека на 30 септември Европската комисија за првпат ќе го претстави моделот според кој ќе се развива понатамошниот процес на проширување, додека во октомври и Европскиот совет ќе ...
„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори“, велат од СДСМ. „Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , ...
„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет“. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи“, велат од Влен. „Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на ...
Две од трите главни американски телевизиски мрежи и CNN не го емитуваа обраќањето на претседателот Доналд Трамп во ударниот термин во четврток на своите примарни платформи, ризикувајќи го гневот на администрацијата која наметна невиден притисок врз американските медиуми. Говорот се фокусираше на безбедноста на изборите, четири месеци пред клучните меѓуизбори. За време на својот говор, Трамп рече дека мрежите што не го емитуваа неговото ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Сречко Пужалка 60 А со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците Сречко Пужалка и Товарник, општина Гази Баба Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Сречко ...
Претстојниот викенд, 18-ти и 19-ти јули, носи енергија што поттикнува спонтани одлуки и желба за промени. Додека некои ќе останат дома и ќе се релаксираат, припадниците на трите хороскопски знаци би можеле одеднаш да се најдат на пат. Без разлика дали станува збор за кратко патување, посета на пријатели или патување што го планираат во последен момент, ѕвездите предвидуваат денови полни со нови искуства. Стрелец На Стрелците ќе им биде тешко ...
Свесната мастурбација може да биде начин за намалување на стресот, подобро запознавање на сопственото тело и зајакнување на емоционалната врска со себе. Дали знаете што подразбира тоа? Сексологот Енџи Раунтри вели дека практиката комбинира соло сексуално задоволство со внимателност за да се развие самоповрзување и свесност за телото. Според неа, внимателното мастурбирање може да биде корисен начин да се избегне чувството дека е обврска. ...