Светското првенство не само што носи голови и нови ѕвезди, туку понекогаш влијае и на многу необични животни одлуки. Додека Ерлинг Халанд блескаше во норвешкиот дрес, бројот на деца во Перу на кои им беше дадено неговото име или презиме нагло се зголеми. Така, норвешкиот напаѓач, барем симболично, стана и – перуанец. Според податоците од Националниот регистар за идентификација и граѓански статус на Перу (RENIEC), 468 Перуанци го носат името ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека полуфиналниот натпревар од Светското првенство меѓу Аргентина и Англија, кој е закажан за утре во 21:00 часот во Атланта, ќе го суди Американец со мароканско потекло, Исмаил Елфат. Ќе му помагаат неговите сонародници Кори Паркер и Кајл Аткинс, а англискиот „Дејли меил“ го придружи изборот на судијата со статија во која алудираа на неправедноста на првенството. „Лионел Меси го доби својот ...

Викторија Бекам повторно го освои интернетот, а по бројните вирални моменти, модната дизајнерка сега стана мем благодарение на реакцијата по победничкиот гол на Џуд Белингам – или поточно, недостатокот на реакција. Во саботата, Џуд Белингам го постигна победничкиот гол со кој Англија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство. Викторија (52) и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам (51) беа на стадионот „Хард Рок“ во Мајами со своите деца, ...

Дванаесет американски држави ги здружија силите за да го блокираат спојувањето на „Ворнер Брос“ и „Парамаунт“ вредни 110 милијарди долари, тврдејќи дека најголемата медиумска консолидација во историјата на Холивуд ќе ја задуши конкуренцијата и ќе ги зголеми цените на потрошувачките стоки. Тужбата ја поднесоа 12 држави, предводени од Калифорнија, каде што „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“ имаат свое седиште и продукциски студија. Главниот обвинител ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, одржа работна средба со делегација на Универзитетот „Мајка Тереза“, на која беа договорени следните чекори за соработка во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“. Првиот резултат од оваа соработка е организирањето на Летната школа за пливање, наменета за деца на возраст од 5 до 10 години. Наставата ќе биде бесплатна и ќе се одржува на базенот во Чаир, под водство на професори и ...

Раскинувањата никогаш не се лесни, но секој ги доживува на свој начин. Додека некои веднаш бараат нов почеток, други се повлекуваат во тишина или поминуваат долго време анализирајќи што тргнало наопаку. Астрологијата нуди интересен поглед на тоа како реагираат различните хороскопски знаци кога им се скршени срцата. Дознајте подолу како секој знак најчесто поминува низ љубовни бродоломи. Овен Овенот не сака долго да тагува. По раскинувањето, ...

Основниот кривичен суд во Скопјe го ослободи поранешниот премиер Никола Груевeски од обвиненијата во случајот „Талир 2“, кој вклучуваше пречекорување на службените овластувања и незаконско финансирање на изградбата на седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, при објавувањето на пресудата, изјави дека во овој случај треба да се земат предвид измените на Кривичниот законик од 2023 година, како и последователната измена ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листата на должници бр. 07/2026, на која се вклучени вкупно 5.156 правни и физички лица со неплатени даночни и царински обврски. На листата се наоѓаат 2.007 правни лица, што е за 66 повеќе во споредба со претходната листа, како и 3.149 физички лица, односно 32 повеќе. Станува збор за долгови доспеани до 31 март 2026 година, а неплатени до 30 јуни 2026 година, за следниве основи: ДДВ, данок на добивка, ...

Евроамбасадорот Михалис Рокас се надева дека денес ќе се постигне консензус меѓу политичките партии за измени во Изборниот законик, што е обврска од Агендата за реформи. „Навистина се надевам дека денес, бидејќи е последен ден за постигнување консензус меѓу политичките партии, ќе се постигне компромис, имајќи предвид дека политичките партии се состануваат секој ден. Затоа, навистина се надевам дека овој чекор од реформската агенда – промените ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе ...

Од денес официјално стапуваат во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се наметнуваат построги правила за употреба на електрични тротинети. Според новите законски измени, електрични тротинети ќе можат да возат само лица кои наполниле 18 години, наместо претходното ограничување од 14. На патеки и велосипедски патеки, максималната дозволена брзина е 20 километри на час, додека на тротоари, пешачки патеки и ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...

„На местото на конфискувана парцела, која била наменета за резиденцијално домување, предвидуваме пренамена и изградба на дом за стари лица. Плацовите на Водно конечно ќе добијат намена за обичните граѓани, а не за луксузни апартмани“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на продолжението на 9. Седница, образложувајќи го нацрт планот за Градска четврт Ј 05-Барутана. Со ова, како што посочува Герасимовски, нацрт планот не ...

Секоја личност има различни страни на својата личност, но некои хороскопски знаци се познати по вештото одвојување на нивниот приватен и јавен живот. Ова не мора да значи дека тие водат буквално двоен живот или се нечесни, туку дека често покажуваат различни делови од себе на различни луѓе. Астрологијата ја поврзува оваа тенденција со тајност, прилагодливост и желба за одржување на приватноста. Близнаци Близнаците се познати по својата двојна ...

Разликата е во зрелоста и методот на обработка. Иако изгледаат сосема различно, зелените и црните маслинки се всушност исто овошје. Главната разлика е кога се берат. „Зелените маслинки се берат порано, кога се во полна големина, но пред да ја променат бојата. Црните маслинки се истото овошје што се остава на дрвото за целосно да созрее“, објаснува регистрираната диететичарка Ерин Палински-Вејд, авторка на „Дводневна диета за дијабетес“. Како ...

Холанѓаните оставаат многу поголем белег во трансферот на технологии што го обликуваа современиот свет отколку што би се очекувало од големината на нивната земја. Нивните финансиски и земјоделски иновации во 17 век се прошириле во Велика Британија, поставувајќи ги темелите за Индустриската револуција и проширувањето на Британската империја. Рускиот цар Петар Велики ги изучувал холандските бродоградбени техники за да ја изгради морнарицата што ...

Германската пиварница Ајхбаум, основана во 1679 година, се затвора откако обидот за нејзино спасување не успеа и беше прогласена за несолвентна. На крајот на октомври 2025 година, Ајхбаум поднесе барање за стечај во Окружниот суд во Манхајм. По речиси 350 години, компанијата е несолвентна. Немаше повеќе пари за понатамошни преговори или отплата на кредитот, објавува „Манхајмер Морген“. На почетокот, сè уште постоеше надеж за спасение: Ајхбаум ...

Денеска во Собранието се одржа протоколарна средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со британскиот амбасадор Метју Лосон. Беа констатирани одличните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат на редовна основа со развојна динамика. Претседателот Гаши посебно ја издвои соработката на ниво на претседатели на парламенти, со осврт на неговата ...

„Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ! Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат“, напиша Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи. „Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека ...

Дали некогаш сте сретнале личност која однапред знае дека нешто ќе се случи, иако нема конкретни докази? Во астрологијата се верува дека одредени хороскопски знаци имаат особено развиена интуиција, поради што често ги препознаваат ситуациите, луѓето и промените пред сите други. Нивното „шесто сетило“ им помага да донесуваат добри одлуки и да избегнуваат потенцијални проблеми. Иако интуицијата не е научно докажана како натприродна способност, ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар сподели необичен подарок што го добил од Пакистан на својот профил на социјалната мрежа X, а патем на шега го спомена подарокот што сите делегации го добија од Турција по самитот на НАТО во Анкара. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари револвер на сите учесници на самитот на НАТО во Анкара, а Маѓар го спомена ова кога сподели фотографија од подарокот што пристигна од Пакистан. „Не секој ни дава ...

Собранието, на својата 112-та седница, синоќа гласаше за реорганизација на Владата, при што беа избрани осум нови министри. Сите кандидати добија поддршка од 69 пратеници, без ниту еден „против“ или „воздржан“. Министерството за правда ќе го води Јетон Шасивари, универзитетски професор и доктор по уставно и административно право. Тој е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, член на Венецијанската комисија како ...

На денешната седница за разгледување на амандманите на Предлог-ребалансот на Буџетот, парламентарното мнозинство ги одби двата амандмани на пратеничката група на Левица со кои се бараше обезбедување дополнителни средства за воспоставување кризни центри за жртви на сексуално насилство, како и за изградба на шелтер-центри и советувалишта за жртви на семејно насилство. Образложувајќи го амандманот со кој Левица предложи 30 милиони денари за ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за ...

Работниците на јужнокорејската автомобилска компанија „Хјундаи мотор“ започнаа тридневен делумен штрајк и од менаџментот бараат повисоки бонуси, зголемување на платите и гаранции дека воведувањето на вештачка интелигенција и роботи нема да ги загрози нивните работни места. Вработените ќе прекинуваат со работа два часа пред крајот на смената секој ден до среда, додека синдикатот и менаџментот ќе продолжат со преговорите во четврток, објавува ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, присуствуваше на официјалните свечености организирани по повод 14 Јули – Националниот празник на Француската Република, на покана на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Присуството на Сали на свеченоста претставува потврда за одличните билатерални односи и силното партнерство меѓу Република Северна Македонија и Француската Република. По тој ...

Лидерот на опозициската Фидес и поранешен унгарски премиер Виктор Орбан изјави денес, откако парламентот го усвои 17-тиот амандман на Уставот, дека доколку унгарскиот претседател Тамаш Шуљок биде „насилно отстранет од функцијата“, Унгарија ќе има право да се спротивстави. Орбан оцени дека Фидес нема да ги признае, како што изјави, „агресивните методи на автократија“ како легитимни и легални и додаде дека претседател кој, според него, би бил ...

Обединетите Арапски Емирати го информираа ОПЕК дека нивното производство на нафта во јуни се зголемило за дури 80 проценти во споредба со претходниот месец. Претходно, официјалниот Абу Даби најде начин да ги заобиколи нарушувањата предизвикани од војната меѓу Иран и САД, како и по напуштањето на Организацијата на производители на нафта, која доби слобода значително да ја зголеми експлоатацијата. Според месечниот извештај до кој дојде ...

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за еден ...

Уште едно остварување на ДУИ, нова ослободителна пресуда за Никола Груевски, велат од „Вреди“ Според нив, тоа е уште една потврда дека измените на Кривичниот закон од 2023 година се шаблон за избегнување кривична одговорност. „Не случајно „Вреди“ го прашуваше Бујар Османи дали и зошто се среќавал со Груевски во Будимпешта? Заедничкиот содржател на трајна врска меѓу Ахмети и Груевски се нивните гревови. Албанскиот народ и две години после ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Платина

49319.25