
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Жанел Ариас нашла слободно место во подрумот за нејзините козметики за убавина. „Го користев Тему – и сè уште го користам Тему“, вели Ариас. Со седиште во Бостон, кинеската компанија Тему е еден од најновите трендови во е-трговијата. „Четка за шминка за подлога што би ја купиле за 50 долари во Сефора или на некое друго место за козметика, неодамна ја купив за 5 долари и е многу подобра од таа што ја имав”, вели Ариас. Embed share Е-трговијата ...
Преговарачите на Претставничкиот дом и Сенатот на САД рано во понеделникот соопштија дека постигнале договор за зајакнување на персоналот на контролорите на летање и зајакнување на финансирањето, но нема да ја зголемат возраста за пензионирање на пилотите на авиокомпанијата од 65 на 67 години. Претставничкиот дом на САД во јули гласаше со 351 спрема 69 за сеопфатен предлог-закон за повторно овластување на Федералната управа за воздухопловство ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека има подобрувања во доставувањето хуманитарна помош во Газа, но дека Израел мора да стори повеќе. Зборувајќи на состанокот со Советот за соработка на Заливот во Ријад, Блинкен исто така рече дека најдобриот начин за олеснување на хуманитарната криза во Газа е да има прекин на огнот. „Видовме мерлив напредок во последните неколку недели, вклучително и отворање на нови премини и зголемен обем ...
Речиси три четвртини од Американците живеат во држави каде марихуаната е легална за медицински цели. Половина од населението живее таму каде што е дозволено и рекреативно. Но, канабисот останува целосно нелегален според федералниот закон, каде што е класифициран заедно со хероинот и ЛСД како дрога без моментално прифатена медицинска употреба и висок потенцијал за злоупотреба. Голем број од американските гласачи кои мислат дека тоа треба да се ...
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во петок ќе објави огромен пакет воена помош за Украина во висина од 6 милијарди долари, изјави американски официјален претставник за Гласот на Америка. Помошта се дава како Иницијатива за безбедносна помош за Украина, или УСАИ, пакет кој ќе се фокусира на идните воени потреби, истакна официјалниот претставник. Остин во петокот беше домаќин на 21-виот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, ...
Руската пропаганда е силна – е одговорот на вицепремиерката за европски прашања на Молдавија, Кристина Герасимов, на прашањето колкаво е влијанието на Кремљ врз европската иднина на нејзината земја. Embed share Молдавската вицепремиерка во Скопје Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:00:36 0:00 Direct link Герасимов, која денеска во ...
Стотици студенти на американските универзитети се уапсени поради протестите против израелската војна во Газа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека демонстрациите се белег на американската демократија, но ги укори студентите за нивниот молк за Хамас. Помина повеќе од една недела откако Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги разбива пропалестинските демонстранти кои окупираа тревник во неговиот кампус. Протестите и ...
Во се повеќе меѓусебно поврзан свет, Фулбрајт програмата на Бирото за образовни и културни работи на Стејт департментот на САД дава можности за студентите кои сакаат да ги прошират своите хоризонти и да го продлабочат своето разбирање за глобалните прашања. Embed share Високото образование во САД, предизвик за студентите од Северна Македонија Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard ...
Американскиот државен секретар Антони Блинкен во петокот изрази „сериозна загриженост“ за поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија, предупредувајќи ги кинеските лидери дека Вашингтон би можел да воведе санкции за ова прашање. Коментарите на Блинкен дојдоа во Пекинг, набргу откако тој се состана со кинескиот претседател Кси Џинпинг и други високи кинески лидери за време на состаноците кои опфатија широк опсег на спорови меѓу двете ...
СКОПЈЕ – Масовен одзив и поголема излезност на граѓаните, членството и симпатизерите во вториот круг засега е планот на СДСМ кој официјално се презентира во јавноста како единствен начин да се надополни минусот од 180 илјади гласови на Стево Пендаровски во однос на Гордана Силјановска во првиот круг од претседателските избори. Ковачевски повторно повика на масовен одзив преку кој се надева дека на 8 мај СДСМ ќе направи што е можно подобар ...
Она што започна минатата недела на Универзитетот Колумбија, каде што студентите одбија да ги прекинат протестите против израелската војна во Газа и покрај одбивањето од њујоршкиот колеџ и апсењата од полицијата, се прошири низ целата земја. Студентите од различни колеџи и кампуси во САД организираат слични демонстрации на кои, исто така, наиде на полициска реакција. Во еден од последните инциденти, полицијата одговори во четвртокот додека ...
По вчерашната победа на ВМРО ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од митингот во Струга рече дека македонските граѓани вчера покажале оти не сакаат да бидат под јаремот на стотина души на ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети. Embed share Мицкоски од Струга: Знам дека ќе се обидат да уценуваат Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...
Семејствата на заложниците кои сè уште ги држи Хамас во Газа ги повикаа светските лидери да им се придружат на Соединетите Држави и на повеќе од десетина други земји за да обезбедат ослободување на сите нив. Роднините на американските, германските, француските, британските, аргентинските, канадските и другите заложници рекоа дека ситуацијата станала „меѓународна хуманитарна криза“, во која се вклучени луѓе од 23 земји. Семејствата, исто така, ...
Украина ги засолни борбените тенкови Абрамс М1А1, дадени од САД, во борбата против Русија, делумно затоа што војната со руски беспилотни летала им ја отежна работата при напад, изјавија двајца американски воени претставници, јави Асошиетед прес. САД се согласија да испратат 31 Абрамс во Украина во јануари 2023 година, по агресивната месечна кампања на Киев, тврдејќи дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по еден, се од витално значење ...
Претседателот Володимир Зеленски денес изрази благодарност за законот за помош на САД за Украина за време на разговорите со претседателот на Претставничкиот дом на САД Мајк Џонсон и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер. Зеленски на Х рече дека му се заблагодарил на Џонсон, републиканец, кој го блокираше гласањето за законот, „за неговото лидерство што обезбеди вистинска двопартиска поддршка за помошта за Украина“. Во разговор со Шумер, ...
Седумдесет и петгодишниот француски пионер на електронската музика Жан-Мишел Жар неодамна стана „првиот патник“ што леташе со автомобил-авионско возило AirCar на Клајн Вижн. Компанијата со седиште во Словачка неодамна објави договор за производство на својот AirCar во стилот на Џејмс Бонд во Кина. AirCar, автомобил-авионско возило со двоен режим, има крила што се повлекуваат, површини на преклопување на опашката и систем за распоредување на ...
Египет испрати делегација на високо ниво во Израел во петокот со надеж дека ќе посредува за договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, изјавија двајца официјални лица. Во исто време, тој предупреди дека евентуалната израелска офанзива фокусирана на градот Рафа во Газа - на границата со Египет - може да има катастрофални последици за регионалната стабилност. Највисокиот египетски разузнавач, Абас Камел, ја предводи делегацијата и планира да ...
СКОПЈЕ – Набљудувачката мисија на ОДИХР даде позитивна оцена на изборниот процес а изборниот ден го оцени како мирен во демократска атмосфера. На денешната прес конференција шефот на мисијата Џилиен Старк ја соопшти анализата на набљудувачката мисија за кампањата, законската рамка, финансирањето на кандидатите за рекламирање и за разлика од самиот ден на гласањето имаше забелешки. Засилена негативна реторика и етнички поделби во финалниот дел од ...
Потпретседателката на САД Камала Харис денес ќе ја пречека претприемачката и ѕвезда на реално шоу Ким Кардашијан во Белата куќа, за да разговара за реформите во кривичното право, откако претседателот Џо Бајден даде помилување на повеќе луѓе осудени за ненасилни престапи со дрога. Во средата, Бајден одобри помилување на 16 лица, помилувајќи 11 од нив, а на другите пет им ја ублажи казната. Четворица од примателите на помилувањето ќе се приклучат ...
Законодавците во Претставничкиот дом на Аризона гласаа за укинување на забраната за абортус од 1864 година, која сепак би можела да стапи на сила во рок од неколку недели, доколку не биде укината од Сенатот. Законодавците гласаа 32-28 за да се укине законот, кој не предвидува исклучоци за абортуси дури и во случаи на силување или инцест. Тројца републиканци ги преминаа партиските линии за да им се придружат на сите 29 демократи во гласањето за ...
Вкупно 76 неборбени теренски и транспортни возила донира Норвешка за македонската армија. Возилата беа предадени денеска со церемонија во касарната Илинден во Скопје. Се работи за возила од марките „мерцедес“ и „сканија“ што биле во употреба во Норвешка, а во македонската армија преминуваат како дел од НАТО-соработката. Целта, како што беше истакнато на церемонијата, е да се зголеми мобилноста на македонските воени лесни пешадиски единици, како ...
САД и 17 други земји, денес упатија апел до Хамас да ги ослободи болните, постарите и ранетите заложници во насока на ставање крај на кризата во Газа. „Повикуваме на итно ослободување на сите заложници кои Хамас ги држеше во Газа повеќе од 200 дена“, се вели во соопштението на земјите, што висок американски функционер го нарече извонредно прикажување на едногласност. Сите 18 земји имаат граѓани кои Хамас ги држи шест месеци откако палестинската ...
Русија размислува да го намали нивото на нејзините дипломатски односи со САД доколку западните влади продолжат со предлозите за конфискација на нејзините замрзнати средства, изјави денес заменик- министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, пренесе државната новинска агенција РИА. Групата на држави Г7 сака да користи речиси 300 милијарди долари руски финансиски средства замрзнати со санкции од 2022 година, за да помогне во поддршката на ...
Во случај без преседан во историјата на САД, адвокатите кои го застапуваат поранешниот претседател Доналд Трамп денес ќе се обидат да го убедат Врховниот суд на САД дека нивниот клиент е имун од кривично гонење за дела во кои наводно се вклучил додека служел на највисоката функција во државата. Федералниот случај има извонредно високи влогови. Трамп е републикански кандидат за претседателските избори во 2024 година. Тој го поднесе своето барање ...
Заврши славењето, песните и зурлите во дел од изборните штабови... Но, и тмурната и празна атмосфера во другиот дел од штабовите. Денот по првиот круг избори за претседател не донесе некоја промена во распоредот на освоени гласови. Интерактивната мапа на Државната изборна комисија е доминантно портокалова – бојата на Гордана Силајновска-Давкова, кандидатката на опозицискиот блок која доби два пати повеќе гласови од актуелниот шеф на државата и ...
СКОПЈЕ – Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, оди од затворот „Шутка“ во куќен притвор. Врховниот суд на денешната седница ја уважи жалбата на Ѓорчевски и неговиот бранител адвокатот Владимир Туфегџиќ. „Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот ...
Со очекувани двајца кандидати, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова, но со изненадувачка, речиси, двојна предност во бројот на освоените гласови за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одигра вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија. Тоа го покажаа првичните официјални резултати на Државната изборна комисија од денешниот прв круг на седмите претседателски избори во Северна Македонија. „Обработени се податоци од ...
Го признавам поразот на овие претседателски избори, рече кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски, кој освои најмалку гласови во првиот круг. „Резултатите секако дека не се задоволувачки. Далеку се од очекувањата. Но, битно беше дека граѓаните на Република Македонија имаа избор. Бираа меѓу седум свои кандидати. Дали биле во право со тоа што го избрале, после пет години ќе видиме дали изборот бил добар“, рече Јакимовски кој воедно ѝ го ...
Апсолутно сум горда на гласовите што ги освоив, точно е дека авангардата гласаше за нас, истакна вечерва Билјана Ванковска, кандидатката за претседател, која беше предлог на партијата Левица. „Очигледно народот се уште не во таа фаза да гледа визија зад две брда. Отидов предалеку во тоа што го прогнозирав. Длабоко се надевам дека грешам во прогнозата и дека народот нема да се разочара после година или две од владеењето на новата претседателка. ...
Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, кој, како што истакна на вечерашната прес-конференција, освоил повеќе од 80.000 гласови. Embed share Обраќање на Максим Димитриевски после изборните резултати од првиот круг Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available ...