Линкови за пристапност

Ковачевски бара масовен одзив за да ја стопи разликата во вториот круг на претседателските избори


Сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори се шпекулации, Ковачевски негира и тврди дека вчера јасно порачал од митинзите масовно да се гласа. Телефонот за коалиции се уште не ѕвони. По завршувањето на изборниот процес во партијата ќе се утврдуваат причините и одговорноста

СКОПЈЕ – Масовен одзив и поголема излезност на граѓаните, членството и симпатизерите во вториот круг засега е планот на СДСМ кој официјално се презентира во јавноста како единствен начин да се надополни минусот од 180 илјади гласови на Стево Пендаровски во однос на Гордана Силјановска во првиот круг од претседателските избори. Ковачевски повторно повика на масовен одзив преку кој се надева дека на 8 мај СДСМ ќе направи што е можно подобар резултат и ќе освои што е можно поголем број на пратенички мандати.

Со повикот упатен преку медиумите тој ги отфрли како шпекулации тврдењата на опозициската ВМРО – ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ подготвуваат бојкот на претстојните избори на 8 мај.

„Никој не ги има гласачите под своја контрола, да ги чува некаде и да може да им наредува како да гласаат. Претседателот Пендаровски е граѓански кандидат. Тој јасно кажа на неговата прес конференција дека ќе ја бара поддршката од граѓаните а не од кандидатите кои не се пласираа во вториот круг. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на изборите на 8 мај и да го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и Коалицијата „За Европска иднина““, изјави Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ

Телефоните од Бихаќка почнаа да ѕвонат но претседателот на партијата Димитар Ковачевски без прецизен одговор кој е на другата страна од линијата, дали се коалициските партнери или пак лидери на поранешниот партнер во Влада. Комуникација има и тоа на повеќе нивоа, потврди Ковачевски

„Во однос на разговори со политичките партии нормално дека претседател на политичка партија како што е СДСМ има ме разговори со политичките партии на различни ниво вклучително и јас имам разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезноста на изборите на 8 мај и да избереме претседател на државата со кој ќе имаме сигурна европска иднина и да избереме Парламент што ќе носи храбри одлуки за државата“, рече Ковачевски.

Околу одговорноста за изборниот резултат тој кажа дека како и досега по изборите Извршниот и Централниот одбор ќе донесат одлука во кој правец и со кого како раководство партијата ќе продолжи понатаму.

„Се доаѓа до одговорноста и причините врз основа на анализа и тие анализи се правата како на ниво на општинските организации во партијата така и на ниво на Извршниот и на Централниот одбор и потоа нормално телата на партијата ги носат одлуките како партијата ќе продолжи понатаму, така било и така ќе биде и сега“, потенцираше Ковачевски.

Претседателот на СДСМ беше дециден дека иако резултатот на Пендаровски не е задоволувачки тој сепак освоил речиси три пати повеќе гласови од бројот на регистрирани членови на партијата.

XS
SM
MD
LG