Кинескиот кварт во Кабул е поинаков од било кој друг кинески кварт во светот. Тешко е овде да се најдат Кинези. Но има многу производи од кинеско производство. „Се работи за кинески брендови. Носиме квалитетни производи на пазарот“, вели Хамидулах, сопственик на продавница во кинескиот кварт во Кабул. Отворен во 2019 година, кинескиот кварт во Кабул е повеќе од пазар. Тоа е место каде што Авганистанците продаваат и купуваат кинески производи. ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го предупреди својот израелски колега Јоав Галант дека засилениот конфликт меѓу Израел и Хезболах може да доведе до регионална војна и повика на дипломатско решение. И покрај тоа што конфликтот Израел-Хамас се прошири во деветтиот месец од борбите, има напади меѓу израелските сили и либанскиот Хезболах, кој е поддржан од Иран, речиси на дневна основа. „Уште една војна меѓу Израел и Хезболах лесно може ...

Газа останува изложена на висок ризик од глад, бидејќи војната меѓу Израел и Хамас продолжува и пристапот до помош е ограничен, иако испораката на залихи го ограничи предвиденото ширење на екстремен глад во северните области, објави глобалниот монитор во вторникот. Повеќе од 495.000 луѓе низ појасот Газа се соочуваат со најтешко, или „катастрофално“ ниво на несигурност на храната, според ажурирањето од Интегрирана класификација на безбедност на ...

СКОПЈЕ -Преодот кон производство на струја од обновливи извори на енергија зема замав по промовирањето на новиот парк на ветерници кој ќе го гради инвестицискиот фонд „Алказар енерџи“ на потегот меѓу Карбинци, Радовиш и Штип. Инвестицијата тежи 500 милиони долари, ќе се изградат 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават електрична енергија односно 20 проценти од потребите на земјава што е доволно за 100 илјади домаќинства. Премиерот ...

Светската здравствена организација (СЗО) вели дека годишно има повеќе од 3 милиони смртни случаи поврзани со дрога и алкохол, од кои повеќето се мажи. Извештајот објавен во вторник вели дека 2,6 милиони луѓе (од кои 2 милиони мажи) умираат од нешто поврзано со консумирање алкохол низ целиот свет секоја година. Околу 600.000 смртни случаи се припишуваат на употреба на психоактивни дроги; 400.000 од овие смртни случаи се меѓу мажи. Околу 4,7% од ...

Американските гласачи го гледаат републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп како подобар кандидат за економијата, но го претпочитаат пристапот на неговиот демократски ривал, претседателот Џо Бајден за зачувување на демократијата, покажа новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Тридневната анкета што заврши во неделата покажа дека на помалку од пет месеци пред изборите на 5 ноември, електоратот е поделен во однос на пристапот на кандидатите за ...

Доктор Вивек Мурти, водечко американско официјално здравствено лице, го прогласи насилството со оружје во САД за јавна здравствена криза, повикувајќи на поголема контрола на оружјето, вклучително и забрана на автоматските пушки. Извешатјот на Мурти ги нагласува стратегиите за намалување на смртните случаи поради оружје, како што е спроведувањето универзални проверки на позадината за купувачите на оружје, забраната за полуавтоматско оружје за ...

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската војска, генерал Валериј Герасимов. МКС соопшти дека има „разумни основи да се верува дека двајцата осомничени имаат одговорност за ракетните напади извршени од руските вооружени сили врз украинската електрична инфраструктура“ помеѓу октомври 2022 и март 2023 година. Во соопштението на МКС се вели ...

Европската Унија и Украина денес ги започнаа преговорите за членство, процес кој може да потрае со години и кој Русија историски се обидуваше да го спречи. Разговорите доаѓаат една деценија откако руските трупи го зазедоа полуостровот Крим за да ја спречат Украина да воспостави односи со Западот. Пристапните преговори започнаа за време на меѓувладина конференција одржана во Луксембург. „Денес се означува почетокот на новото поглавје во односите ...

Локалните власти и членовите на семејството изјавија дека во израелски воздушен напад во вторникот во северниот дел на Газа загинаа 10 членови на семејството на политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, со седиште во Катар. Нападот погоди куќа во бегалскиот камп Шати западно од градот Газа. Во израелските напади претходно во војната загинаа тројца од синовите на Ханије. Израелската војска соопшти дека нејзините сили извршиле воздушни напади врз ...

Ова е Давид Кацарава – истакнат анти-руски демонстрант во Грузија – кој беше на демонстрациите против законот за странски агенти на 14 мај. Тој вели дека за време на притворот бил жестоко тепан пет пати и претрпел повреди за кои му е потребна операција. Подоцна бил ослободен без обвинение. За Гласот на Америка тој изјави дека протестите мора да продолжат - и дека тој ќе им се приклучи. „Сега имаме изменета реалност и мора да продолжиме да се ...

Власта, и централната и локалната, е главниот подмитувач во бизнисот – тоа го покажуваат резултатите од анкетата која ја спроведе Стопанската комора, најголемата организација на приватниот сектор во земјава. Истражувањето кое е изведено во март годинава опфаќа 138 компании и нивното мислењето и искуство со корупцијата за изминатата 2023 година. „За 78 отсто од компаниите коруптивното барање дошло од централната власт, а за 22 процента, од ...

Врховниот суд ја укина пресудата со која абортусот беше легален и го остави прашањето на државите. Оттогаш, 21 сојузна држава донесоа закони за ограничување на абортуси. „Јас сум ЗА -живот, но мислам дека жените треба да имаат право да одлучат за абортусот и тоа да се направи безбедно за исклучоци заради здравјето на бебето или на мајката. Но, за тоа треба да одлучат пред се државите“, вели Трејси Русо од Калифорнија. Новата анкета на Галуп ...

Се очекува САД да објават нов пакет воена помош за Украина во вредност од 150 милиони долари во вторник, изјавија двајца американски претставници за Гласот на Америка. Пакетот му е доставен на Киев од американските воени залихи за да ги исполни краткорочните потреби на Украина. Едно од официјалните лица, кое сакаше да остане анонимно за да разговара за пакетот пред неговото планирано објавување, рече дека последната рунда помош ќе вклучува ...

Израел и Хезболах се чини дека се поблиску од кога било до целосна војна, со ескалација на напади од двете страни против цивилни и воени цели. „Зголемената агресија на Хезболах не` доведува до работ на она што би можело да биде поширока ескалација, онаа што може да има катастрофални последици за Либан и за целиот регион. Хезболах ја загрозува иднината на Либан за да може да биде штит за Хамас“, изјави Даниел Хагари, портпаролот на израелската ...

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во понеделникот рече дека Израел останува посветен на предложениот прекин на огнот во Газа и договорот за заложници, а неговиот воен началник рече дека преостанатите сили на Хамас во градот Рафа, јужна Газа, се речиси разбиени. „Ние сме посветени на израелскиот предлог што претседателот Бајден го поздрави. Нашата позиција не е променета. Втората работа, која не е во спротивност со првата, нема да ја прекинеме војната ...

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж оваа недела треба да се изјасни за виновен за прекршување на американскиот закон за шпионажа, во договор со кој ќе се стави крај на неговото затворање во Британија и ќе му се овозможи да се врати дома во Австралија, со што ќе заврши долгата правна одисеја. Асанж (52) се согласи да се изјасни за виновен по едно кривично обвинение за заговор за добивање и откривање доверливи документи за национална одбрана на ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе му ја нагласи на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант важноста Израел брзо да развие силен и реален план за управување со Газа кога ќе заврши војната, соопшти американскиот Стејт департмент. Портпаролот Метју Милер, на брифингот за новинарите, изјави дека највисокиот американски дипломат ќе разговара со Галант, кој е во посета на Вашингтон оваа недела и се состана со високи американски ...

Руските власти соопштија дека бројот на загинати се искачил на најмалку 20 по серијата координирани терористички напади врз цркви и синагоги во регионот Дагестан во неделата. Вооружени лица вооружени со автоматско оружје ги извршија нападите во градовите Дербент и Махачкала, според официјални лица. Во Дербент, напаѓачите упаднале во православна црква и во синагога, запалиле икона и убиле православен свештеник. Регионалниот шеф на Дагестан, ...

Пентагон денес соопшти дека Украина носи свои одлуки за таргетирање, откако Кремљ директно ги обвини САД за нападот на Крим, за кој рече дека бил извршен со проектили ATACMS испорачани од САД и во кој загинаа најмалку четири лица, а 151 беа повредени. Војната во Украина ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, а руските власти рекоа дека конфликтот влегува во најопасната фаза на ...

Кремљ во понеделникот ги обвини САД за нападот на Крим со проектили ATACMS испорачани од САД, во кои загинаа најмалку четири лица, а 151 беа повредени, додека Москва официјално го предупреди американскиот амбасадор дека ќе следи одмазда. Војната во Украина ја продлабочи кризата во односите меѓу Русија и Западот, а руските власти изјавија дека конфликтот влегува во најопасната ескалација досега. Но, директното обвинување на САД за нападот на ...

Владата на Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период на известување и затоа Северна Македонија остана на ниво 2, стои во денешниот извештај за трговијата со луѓе кој го објави американскиот Стејт департмент. Овие напори вклучуваа зголемување на вкупните напори за ...

Два пати неделно, по 90 минити, дел од украинските бегалци во Северна Македонија посетуваат бесплатни курсеви по македонски јазик на Црвениот крст. Покрај тоа што се прилагодуваат на овдешниот живот, тие го учат и локалниот јазик со цел полесна интеграција во македонското општество. Професорката Анета Ѓорѓиевска Наковска, вели дека поголем дел од нив го разбираат јазикот, но оти има и такви кои одлично го зборуваат. „Едноставно сакаат да бидат ...

Државниот секретар Eнтони Блинкен денеска во Стејт депарментот го објави извештајот за трговија со луѓе за 2024 година. Трговијата со луѓе е дамка на совеста на нашето општество. Го поттикнува криминалот, корупцијата и насилството. Тоа ги нарушува нашите економии и им штети на нашите работници. И тоа го нарушува основното право на сите луѓе да бидат слободни, вели Блинкен. Тој додава дека низ светот, околу 27 милиони луѓе се експлоатирани за ...

САД и Европа предупредуваат на можноста за проширување на војната во Газа, по израелска офанзива во Либан против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран. Војната во Газа и ризикот од поширок конфликт ќе бидат во фокусот на разговорите денес во Вашингтон, меѓу израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Галант ќе се сретне и со секретарот за одбрана Лојд Остин. Шефот за надворешна политика ...

Европската унија денеска ја одобри својата 14-та рунда санкции против Русија како одговор на руската инвазија на Украина. Пакетот вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас во земја на ЕУ, кој потоа се испраќа во трета земја. Санкциите се насочени и кон 116 лица и субјекти, како и зголемени мерки за да се осигура дека компаниите нема да ги заобиколат постоечките санкции. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече ...

Првиот работен ден на новиот премиер почна во 10 часот. Дојде во зградата на владата каде први го пречекаа соработниците кои ќе бидат дел од неговиот тим. Во владата Мицкоски се сретна со неговиот претходник – техничкиот премиер. На кусата средба Џафери, како што соопштија од владата, посакал успешна и ефикасна работа на идниот владин кабинет. Се зборувало и за успешното спроведените фер и демократски избори кои донесоа промена на власта, како и ...

Насилството од 6 јануари 2021 година е толку централно во напорите за реизбор на Доналд Трамп што отворил предизборен митинг со песна од мажи осудени за нападот на Конгресот тој ден. „Ги слушнавте заложниците како пеат. Тоа беа заложници. Тие се заложниците Џеј-Сикс што ги нарекувам“, рече Трамп. Толпата навива кога Трамп ги нарекува бунтовниците патриоти и заложници, наместо осудени криминалци. Embed share Повторно разгорена реторика за ...

Воздухопловниот пазар на Индонезија е вториот најбрзо растечки пазар во светот, веднаш до Кина, според Меѓународната трговска администрација на САД. Во државната Комерцијална корпорација за авиони на Кина, Пекинг го покажува својот нов авион Ц-9-1-9, и се обидува да продолжи во бизнисот во кој доминираат американските и европските воздушни гиганти Боинг и Ербас. Бају Сутанто, шеф на Националната асоцијација на авиопревозници на Индонезија, вели ...

СКОПЈЕ – Со 77 гласа „за“, 22 „против“ и ниту еден воздржан Собранието вечерва ја изгласа владата која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски. „За“ гласаа пратениците од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ а против беа пратениците од СДСМ и Левица. Пратениците од коалицијата „Европски фронт“ ја напуштија седницата половина час пред гласањето. „Да ви појаснам дека ваков бугарски диктат под вакви околности додека ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
60%
1011
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
49%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
42%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
49%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
39%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
48%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52