Синоптичарите велат дека ураганот Берил претставува опасна по живот опасност за Јамајка и Кајманските Острови додека продолжува да се пробива низ Карипското Море. Националниот центар за урагани во Мајами вели дека ураганот Берил носи максимални постојани ветрови од 240 километри на час, што го прави бура од 4-та категорија на скалата од пет нивоа на центарот што ја мери максималната постојана брзина на ветрот и деструктивниот потенцијал на ...

Виши демократски функционери почнуваат јавно да ја искажуваат својата загриженост за тоа дали претседателот Џо Бајден, по минатонеделниот дебатен настап против поранешниот претседател Доналд Трамп, е физички способен за уште една трка за претседателската функција. Лојд Догет, законодавец во Претставничкиот дом од Тексас со 15 мандати, во вторникот стана првиот демократски функционер кој повика Бајден да се повлече, велејќи дека Бајден треба да ...

Израелските сили извршија напади во средата во централниот и јужниот дел на Појасот Газа додека палестинските цивили бараа нови области за засолниште по најновата израелска наредба за евакуација. Израелската војска соопшти дека цели на борците на Хамас со воздушни напади во јужниот град Рафах, додека копнените операции се одвивале во областа Шуџаја во северниот дел на Газа во градот Газа. Обединетите нации изразија длабока загриженост во ...

СКОПЈЕ – Со зурли и тапан Венко Филипче беше крунисан како нов претседател на СДСМ а тој во своето прво обраќање од седиштето на партијата порача дека сега не е време за славење. Стигнаа првите честитки од сопартијците но и забелешки околу самиот процес на избор и легитимноста. Обединување или уште подлабоко разединување кај членството е првата сериозна задача која стои пред новиот претседател Филипче. Тој вети дека ќе биде достапен за секој ...

Се слави кај екстремно десничарскиот Национален собир - и неговата лидерка, Марин Ле Пен. Таа со години ја менува сликата на нејзината анти-имигрантска партија од расистичко маргинално движење во прифатлива политичка алтернатива. Се чини дека нејзината работа се исплатеше - Националниот собир освои една третина од гласовите пред центристичката партија на претседателот Емануел Макрон и неговите сојузници, кои се пласираа на третото место, со ...

Полицијата низ САД ги запира протестите во врска со војната Израел/Хамас, но новинарите велат дека и тие често се цел на напади од полицијата. Овде, четворица полицајци ј привеле и ѝ ставиле лисици на рацете на колумнистката Робин Епли од калифорнискиот Сакраменто Би, додека известувала за протестите при неодамнешна седница на Градскиот совет. „Ова е посебно лошо зашто луѓето што ми го прават тоа треба да не` заштитат. Полицијата треба да го ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да размисли за прекин на огнот за да се забрза крајот на војната со Русија, и, исто така, рече дека сака голем договор за соработка со Киев. Орбан, кој е отворен критичар на западната воена помош за Украина, и има најтопли односи од кој било лидер на ЕУ со рускиот претседател Владимир Путин, разговараше со Зеленски за време на неговото прво патување во ...

Претседателот Џо Бајден денеска предупреди на заканата од екстремните временски услови во Центарот за итни операции во областа Колумбија. „Летото само што започна. Веќе десетици милиони Американци се под предупредување за топлотен бран од рекордните високи температури“, рече тој. Кон крајот на јуни, јужните сојузни американски држави забележаа температури кои се приближија или ги надминаа 38 Целзиусови степени. Индексот на топлина достигна 43 до ...

ВАШИНГТОН (АП) - Демократски законодавец во Претставничкиот дом стана првиот од демократската партија кој јавно го повика претседателот Џо Бајден да се повлече кандидатурата за претседател, наведувајќи го дебатниот настап на Бајден кој не „ефективно ги одбрани неговите многубројни достигнувања“. Законодавецот Лојд Догет од Тексас денеска изјави дека Бајден треба „да ја донесе болната и тешка одлука да се повлече“. „Мојата одлука да ги објавам ...

Американските воени бази и персонал ширум Европа се во состојба на зголемена готовност, откако новите разузнавачки служби предупредија за можен терористички напад насочен кон објекти или персонал. Официјален претставник на американската одбрана, во понеделникот потврди за Гласот на Америка, дека воените инсталации на Европската команда на САД се спремни за некаков веројатен напад. Функционерот не ја елаборираше содржината на разузнавачките ...

Преместување на редакција која работи нон-стоп преку океан речиси преку ноќ не е лесна задача. Но, таква е ситуацијата во која се најде тимот на Иран Интернешнл со седиште во Вашингтон, oткако серијата напади врз нивните во Лондон – лани принудија до привремено затворање на британската канцеларија. „Нивната цел беше да го запрат ТВ каналот на Иран Интернешнл ТВ и не можевме да дозволиме тоа да се случи. Моравме да направиме сè што можеме за да ...

САД се „решени“ да спречат воениот конфликт меѓу Израел и борците на Хезболах со седиште во јужен Либан да ескалира во широка војна, изјави во понеделникот државниот секретар Ентони Блинкен. „Ниту еден од главните актери всушност сака војна. Не верувам дека Хезболах всушност сака војна“, рече тој пред публиката во Институцијата Брукингс во Вашингтон. „Израел не сака војна, иако можеби се подготвени да се вклучат во војна доколку е потребно. ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денес ќе биде домаќин на разговори со украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, на кои, вели Пентагон, ќе се покаже поддршката на САД за безбедноста на Украина. Разговорите доаѓаат една недела пред САД да бидат домаќин на самитот на НАТО, каде воената поддршка за Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руска инвазија е ставена на врвот на агендата. „Секретарот Остин и министерот Умеров ќе ...

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше одлуката на Врховниот суд во понеделникот со која на претседателите им се доделува широк имунитет за кривично гонење за службените дејства извршени додека биле на функција, во случајот што ги вклучува напорите на поранешниот претседател Доналд Трамп да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година. „Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД“, рече Бајден за време на обраќањето од ...

Научниците кои го следат ширењето на птичјиот грип се` повеќе се загрижени дека празнините во надзорот може да ги задржат неколку чекори зад нова пандемија. Многумина од нив го следат новиот вид птичји грип H5N1 кај птиците преселници од 2020 година. Но, ширењето на вирусот меѓу крави во 12 сојузни држави на САД, сигнализира промена што може да го доближи до тоа да стане пренослив меѓу луѓето. Инфекции се пронајдени и кај други цицачи, како ...

Неодамна ширум Турција избија протести поради предложениот закон за собирање и убивање милиони улични кучиња. Според законот, кучињата ќе бидат убиени по 30 дена доколку нивните сопственици не се појават или не се најдат нови сопственици. Зулал Калканделен објаснува зошто се противи. „Планираат да ги соберат во засолништа, кои ги нарекуваме логори на смртта. Веќе некое време се води кампања за ширење омраза кон бездомните животни. Нашиот народ, ...

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес рече дека земјата се соочува со опасно лето за шумски пожари, со долготрајна суша и невообичаено силни ветрови. Шумските пожари се вообичаени во медитеранската земја, но потоплото, суво и ветровито време, кое научниците го поврзуваат со ефектите од климатските промени, ја зголеми нивната фреквенција и интензитет. Викендов десетици пожари избувнаа низ Грција, вклучително и два блиску до главниот град ...

Премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на својата министерка за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, за која во изминатите денови неколку домашни медиуми објавија дека имала бугарско државјанство - факт кој не го навела во својата биографија доставена до Собранието пред нејзиниот избор. Мицкоски има разбирање зошто Божиновска заборавила да наведе дека не поседува само македонско државјанство. „Не би се согласил ...

ОБНОВЕНО: Врховниот суд на САД за првпат денес призна дека поранешните претседатели имаат имунитет за гонење за одредени постапки преземени на функцијата, отфрлајќи ја судската одлука со која се отфрла обидот на Доналд Трамп да се заштити од кривичните обвиненија кои ги вклучуваат неговите напори да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година. Врховниот суд пресуди со 6-3 дека иако поранешните претседатели уживаат имунитет за дејствија што ...

СКОПЈЕ – Пратеничката и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денес и официјално се повлече од трката за претседател на најголемата опозициска партија СДСМ и од партиските тела и Централната изборна комисија (ЦИК) побара да се повлече кандидатура и нејзиното име на гласачкото ливче. Повлекувањето доаѓа откако во неколку наврати изминатиот период ги извести партиските тела но и јавноста за неправилности и недоследности кои ги ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата повтори дека „нема замена за победата“, велејќи му на неговиот кабинет дека Израел ќе ја продолжи својата војна против Хамас во Газа додека милитантите не бидат поразени, а 120 заложници држени од Хамас, и мртви и живи, бидат вратени. Тој рече дека војната, долга речиси девет месеци, ќе продолжи „додека не ги постигнеме сите наши цели“, вклучително и додека Хамас „повеќе не претставува закана за ...

Врховниот суд на САД денес му даде поттик на маж од Пенсилванија, кој го оспори обвинението за опструкција поднесено против него во врска со нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, во пресуда со потенцијални импликации за федералниот кривичен случај против Доналд Трамп за обидот да ја поништи неговата изборна загуба во 2020 година. Судиите одлучија со 6-3 да ја отфрлат одлуката на понискиот суд што дозволи обвинение против Џозеф Фишер, ...

Унгарија денес го презема ротирачкото претседавање со Европската Унија (ЕУ), ветувајќи дека ќе биде „чесен посредник“ и покрај широко распространетата загриженост за она што критичарите го сметаат за авторитарна, пријателска влада на Русија. Националистичкиот премиер Виктор Орбан, кој ја води централната европска земја од 2010 година со цел да ја трансформира во „нелиберална демократија“, често се судри со Брисел за прашањата на владеењето на ...

Анаклија на грузискиот брег на Црното Море е повеќе од мало крајбрежно одморалиште. Тоа треба да стане мегапристаниште длабоко во море - изградено и управувано од кинески фирми. Минатиот месец грузиската влада му додели на кинеско-сингапурски конзорциум удел од 49 отсто во проектот, за кој се смета дека вреди неколку милијарди долари. Најавата беше објавена еден ден откако владата го усвои контроверзниот закон кој се смета дека се наклонува кон ...

Меѓународното раководно тело на фудбалот ФИФА, треба да донесе одлука до 20-ти јули за предлогот за суспендирање на Израел од меѓународниот фудбал. За време на конгресот на ФИФА во Бангкок во мај, палестинската делегација, поддржана од Азиската фудбалска конфедерација и други, повика на суспензија на Израел. Embed share Израел се соочува со можна суспензија од ФИФА Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied ...

Виолета Соболева е од рускиот Ростов на Дон, но во моментов таа е студентка на Градскиот универзитет на Њујорк, каде што работи на својот докторат за едукативна психологија. Таа дошла во САД пред три години на Фулбрајт програмата за странски студенти - програма за стипендирање финансирана од САД. Сонувала да се врати во Русија по завршувањето на студиите за да создаде иновативен учебник за предавање англиски како втор јазик. Но, сега тој план не ...

Виолета Соболева е од рускиот Ростов на Дон, но во моментов таа е студентка на Градскиот универзитет на Њујорк, каде што работи на својот докторат за едукативна психологија. Таа дошла во САД пред три години на Фулбрајт програмата за странски студенти - програма за стипендирање финансирана од САД. Сонувала да се врати во Русија по завршувањето на студиите за да создаде иновативен учебник за предавање англиски како втор јазик. Но, сега тој план ...

Немајќи доволно противвоздушни системи за одбивање на нападите на Русија, Украина ги притиска своите европски сојузници да воспостават зона на забранети летови во западниот дел од земјата со распоредување системи за противвоздушна одбрана во соседна Полска и Романија, изјавија официјални лица за агенцијата Франс-прес (АФП). Киев би сакал да создаде безбеден простор во западна Украина каде што индустријата, енергетската инфраструктура и цивилите ...

Робертина Ал-Ашури од Охрид е официјална преведувачка на Европското фудбалско првенство кога играат балканските репрезентации. „Мојата работа е ако се случи нешто на стадионот, да се обратам на публиката, каде треба да оди и што треба да прави ако дојде до инциденти“, вели Робертина за Глас на Америка. Embed share Робертина Ал-Ашури од Охрид е официјална преведувачка на Европското фудбалско првенство Embed share The code has been copied to your ...

По седум години, од јуни 2017, нова коалиција на политички партии се најде во зградата на владата. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на албанските партии „Вреди“ и Знам ја одржа првата седница по преземањето на должноста во понеделникот. Премиерот Мицкоски и 23 министри ги зазедоа своите места, а во техничкото функционирање на владиниот систем ги запозна сѐ уште актуелниот генерален секретар на владата од претходната ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
60%
1011
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
49%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
45%
1013
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.89
42%
1012
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
49%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
39%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.72
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
7.2
48%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52