Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли повиците за воздржаност во својот одговор по убиството на лидерот на Хамас во Техеран, велејќи дека молбите од Франција, Германија и Велика Британија „немаат политичка логика и се во спротивност со принципите на меѓународното право“. Трите европски земји вчера издадоа соопштение во кое ги повикуваат Иран и неговите сојузници да се воздржат од напади против Израел. „Без никаков приговор за ...

Иран ги изложи своите беспилотни летала со долг дострел „Мохаџер-10“ на изложба за одбрана во Русија, објави во понеделникот официјалната новинска агенција на Иран (ИРНА). Американските власти го обвинија Иран дека испраќа беспилотни летала во Русија, вклучително и претходникот на „Мохаџер-10“, „Мохаџер-6“, кој Москва го користеше при инвазијата врз Украина. Техеран негира. ИРНА информира дека понапредниот систем бил изложен на Меѓународниот ...

СКОПЈЕ – Со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. Ребалансот на Буџетот проектира раст на БДП е од 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти и буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин наредил подморница со наведувана ракета до Блискиот Исток и му нареди на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн побрзо да отплови во областа, соопшти Одделот за одбрана во неделата. Потезите доаѓаат додека САД и другите сојузници вршат притисок Израел и Хамас да постигнат договор за прекин на огнот што може да помогне да се смират зголемените тензии во регионот по атентатот на политичкиот лидер на ...

Повеќекратни наредби за евакуација беа издадени во понеделникот на жителите во предградијата на Атина во Грција и околните области бидејќи шумскиот пожар што започна во неделата беснее надвор од контрола. Сувите борови шуми и силниот ветер го помогнаа пожарот, што им отежнува на пожарникарите да го стават под контрола. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас го опиша пожарот како „исклучително опасен пожар“. Според ...

Тукушто формирано, новото Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини се соочува со предупредувања за ризици од појава на корупција. Алармот го вклучи Институтот за демократија, организација со долгогодишно искуство во следење случаи на корупција и изготвување политики за справување со оваа појава. Еден од првите чекори што ги презеде новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше измена на законот за организација и работа на ...

Соединетите Држави ќе продолжат со мировните преговори за Судан во Женева оваа недела, дури и без потврда за присуство на суданската армија. Специјалниот пратеник на САД за Судан Том Периело изјави дека пристигнал во Женева од Саудиска Арабија за да започне „итни меѓународни напори во Швајцарија за ставање крај на кризата во Судан“. Во неделата, консултациите меѓу суданската влада и САД во Џеда, Саудиска Арабија, завршија без договор за тоа дали ...

СКОПЈЕ – Обвинителството денес го поднесе обвинителниот акт против Љупчо Палевски – Палчо за свирепите убиства на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесет и четиригодишниот Панче Жежовски. Палевски ќе одговара за две дела грабнување и две дела убиство на свиреп начин. „Обвинителството достави обвинителен акт против едно лице за едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело ...

Германија, Франција и Велика Британија повикаа на прекин на огнот во Газа додека Израел се подготвува за напад од големи размери. „Борбите мора да завршат сега, а сите заложници кои се уште се задржани од Хамас мора да бидат ослободени. На луѓето во Газа им треба итна и неограничена испорака и дистрибуција на помош“, се вели во соопштението на европските лидери. Повикот за прекин на огнот беше потпишан од францускиот претседател Емануел Макрон, ...

Со голема доверба во нејзината одлука, потпретседателката Камала Харис во Пенсилванија го претстави гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин потпретседател. „Во неговата сојузна држава тој беше модел на извршен директор, и со неговото искуство, ви велам, Тим Волц ќе биде подготвен уште на првиот ден“, рече Харис. Претседателскиот кандидат на Републиканската партија Доналд Трамп, исто така, го поздравува политичкото досие на неговиот кандидат, ...

Десетици илјади протестираа ширум Турција против израелската војна против Хамас. Протестите беа последниот знак за растечките тензии во Турција поради војната во Газа, за која некои набљудувачи велат дека доаѓаат по изјавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неколку дена претходно. „Треба да бидеме многу силни, за да не може Израел да и ги прави овие срамотни работи на Палестина. Како што влеговме во Карабах, како што влеговме во ...

Македонските училишта сè повеќе се празнат. За тоа говори бројката на запишани првачиња, кои од септември треба да седнат во училишните клупи, кој е за 580 помалку во однос на минатата учебна година. Односно 17.208, наспроти ланските 17.782. Поради ваквата ситуација државата ќе ја оптимизира училишната мрежа, што ќе значи затворање на дел од училиштата. „Проектот за оптимизација на училишната мрежа во земјава е во тек, се реализира заедно со ...

Земјите-членки на ОН во четвртокот одобрија договор за сајбер криминал, што е прв таков текст на телото, и покрај жестокото противење од активистите за човекови права кои предупредија на потенцијалните опасности од надзорот. По тригодишни преговори и последната двонеделна сесија во Њујорк, членовите со консензус ја одобрија Конвенцијата на Обединетите нации против компјутерскиот криминал и таа сега ќе биде поднесена до Генералното собрание на ...

ЖЕНЕВА – Канцеларијата за човекови права на ОН изразува загриженост во врска со извештаите дека Иран егзекутирал 29 лица во текот на два дена оваа недела. Шефот за човекови права го осуди „алармантно големиот број“ на егзекуции во толку краток временски период. Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во денеска соопшти дека потврдила оти 38 луѓе биле егзекутирани во јули, со што вкупниот број на егзекуции се искачи на ...

СКОПЈЕ – Рокот од шест месеци за отворање на Уставот и внесување на Бугарите кој коалицијата „Вреди“ го стави како услов за коалицирање во Владата повеќе не важи. Иако уставните измени и продолжување на преговорите со ЕУ беа приоритет во предизборието, сега тие може да почекаат а од „Вреди“ велат дека не станува збор за притисок од партнерот во Владата – ВМРО – ДПМНЕ туку поради политичката нестабилност во Бугарија и претстојните избори, седми ...

Израелските одбранбени сили денеска објавија дека започнале офанзива во која учествуваат со трупи на копно, борбени авиони, вооружени хеликоптери и падобранци во областа Кан Јунис во јужниот дел на Газа – трета таква копнена операција спроведена од израелските одбранбени сили по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година. Израел рече дека офанзивата врз Кан Јунис е одговор на палестинскиот ракетен истрел и „разузнавањето што ...

Што имаат заедничко кокосот, жените без деца и англиската поп ѕвезда Чарли Екс-Си-Екс? Сите тие се дел од онлајн разговорот кога станува збор за претседателските избори во САД. На нешто повеќе од три месеци до денот на изборите, гласачите на социјалните мрежи наидуваат на мемиња и слични реторики. „Ние сме ефективно управувани во земјава од Демократите преку нашите корпоративни олигарси, преку жени без деца кои живеат мизерен живот и имаат ...

КИЕВ, Украина – Русија прогласи вонредна состојба на „федерално ниво“ поради ситуацијата во регионот Курск и таму испрати засилување во петокот, четири дена откако стотици украински војници се прелеаа преку границата во, како што изгледаше најголемиот напад на Киев на руска територија од почетокот на војната. Во меѓувреме, проектил лансиран од руски авион удрил во украински трговски центар среде бел ден, при што загинаа најмалку 10 лица, а 35 ...

Беран Алији е името на првоосомничениот за планираниот терористички напад во Виена. Министерството за внатрешни работи се` уште официјално не го потврдува неговиот идентитет. Но, од австриската полиција информираа дека станува збор за 19-годишниот Беран А, а беше објавен и неговиот изглед. Embed share Главниот осомничен во Виена планирал самоубиствен напад Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your ...

Израелските трупи денеска започнаа нов напад врз градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, со таргет на борците на Хамас за кои војската тврди дека сè уште дејствуваат таму и покрај повторените офанзиви, додека американските, катарските и египетските посредници го обновија притисокот Израел и Хамас да постигнат договор за примирје. Израелските наредби за евакуација предизвикаа уште еден егзодус на Палестинците од силно уништените источни области ...

Израел вчера се согласи да ги продолжи разговорите за прекин на огнот во војната во Газа, по барањето на САД, Катар и Египет да постигнат договор за прекин на борбите и ослободување на преостанатите заложници и затвореници. Во заедничката изјава во четвртокот, трите нации, кои посредуваа во договорот, рекоа дека е дојдено време да се склучи договор за прекин на огнот и за ослободување на заложниците и затворениците, „да се донесе итно олеснување ...

Претседателот Џо Бајден вчера изјави дека не е сигурен дека би имало мирен трансфер на власта во САД доколку републиканецот Доналд Трамп ги загуби претседателските избори на 5 ноември. „Ако Трамп загуби, воопшто не сум уверен“, рече Бајден во интервју за Си-Би-Ес на прашањето дали мисли дека ќе има мирен трансфер на власта по гласањето. „Тој го мисли она што го кажува. Ние не го сфаќаме сериозно“. За време на предизборниот собир во март во ...

Израелската војска денес соопшти дека нејзините сили извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах во неколку области на јужен Либан. Либанската национална новинска агенција соопшти дека во еден од нападите била уништена куќа, но дека нема жртви. Израелската војска, исто така, денес соопшти дека извршила рации во областа Рафа во јужниот дел на појасот Газа, каде што со месеци се бори со милитантите на Хамас. Израелските борбени авиони, исто ...

Британската полиција се подготвува за нови антимуслимански немири, додека екстремно десничарските групи ветија дека ќе ги таргетираат центрите за азил и адвокатските канцеларии за имиграција низ целата земја, што ги поттикна антифашистичките демонстранти да повикаат на контра-демонстрации. Велика Британија е зафатена од ескалирачки бран на насилство што избувна на почетокот на минатата недела кога три девојчиња беа убиени во напад со нож во ...

19-годишниот Австриец кој организираше заговор за напад на фановите на Тејлор Свифт на концерт во Виена со бомба или нож, бил приврзаник на Исламската држава, соопштија властите денес. Главниот осомничен, кој има потекло од Северна Македонија, имаше целосно признание во притвор, изјави на прес-конференција генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф. Тој се заколнал на лојалност на водачот на милитантната група Исламска држава ...

Енергија, искреност и споделување. Тоа се трите збора со кои Мартина Баракоска, 26-годишна тапанарка се опишува себе си како музичарка која е една од малкуте во државата што активно свират на тапани. „Ми беше многу фасцинантен инструмент. Додека растев слушав музика и тоа ми беше еден од најенергичните моменти во музиката. Тапаните се тие што ја диктираат енергијата во една песна, во едно музичко дело, во еден жанр“, вели Баракоска. Embed share ...

Администрацијата на Бајден нагласува дека прекинот на огнот во Газа е близу среде стравувањата дека очекуваниот напад на Иран и неговите полномошници врз Израел ќе го турне Блискиот Исток во поширока војна. Американските власти ја повторија пораката на претседателот Џо Бајден во вторникот до лидерите на клучните посредници во Катар оти разговорите „сега дојдоа до последната фаза“ и мора „да се затворат што е можно поскоро“. „Навистина мислиме ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го префрли својот фокус на потпретседателката Камала Харис, неговата веројатна противничка во трката за претседателската функција, критикувајќи го нејзиното досие за имиграција. „Таа сака сите да имаат амнестија. Потоа Џо Бајден ја направи главна за границата и тогаш навистина стана лошо. Таа започна илегална инвазија на вонземјани на нашата земја. Таа рече: „влезете“, се сеќавате?”, рече ...

Од предавање во средно училиште во Кина до неговото искуство во служење во клучен конгресен комитет кој се фокусира на односите меѓу Пекинг и Вашингтон, демократскиот кандидат за потпретседател Тим Волц има повеќедецениска врска со Кина која датира од продемократските протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 година. Како едукатор, Волц предаваше американска историја, култура и англиски јазик на кинески ученици во средното училиште Фошан бр.1 во ...

СКОПЈЕ – ДУИ ќе ги користи сите демократски механизми на располагање, вклучувајќи ги и протестите, за да ја спроведе волјата на граѓаните од парламентарните избори. Денес во седиштето на партијата во Мала Речица се одржува седница на Централното претседателство на а пред почетокот портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, не ја исклучи можноста од организирање протести наесен. Тој кажа дека партијата ќе ги искористи сите демократски механизми кои се на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.0
88%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
93%
1014
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.73
83%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
91%
1013
weather icon

Атина

16ᴼ / 12ᴼ
1.34
72%
1010
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1011
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.39
82%
1012
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52