Заедничките воени вежби во Ерменија, на силите на Ерменија и на САД, се според аналитичарите најновиот чекор во ерменските напори - поддржани од Вашингтон - за оддалечување од сферата на влијание на рускиот сосед и за придвижување кон Западот. Ова се сериозни вежби и тие беа проследени со веста дека ќе има постојано американско претставништво во Министерството за одбрана на Ерменија како советници да им се придружат на Французите кои веќе се ...

СКОПЈЕ – Илинден ни припаѓа на сите и н обединува, порача претседателот на Собранието Африм Гаши во своето обраќање во рамиите на прославата на државниот празник Илинден. Северна Македонија е мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална држава и тие различности се темелот врз кој се развива и напредува државата. „Нашата сила како општество се состои од нашата различност. Мозаикот на култури, јазици и традиции што ја сочинуваат Северна ...

СКОПЈЕ – Северна Македонија и Република Србија имаат одлична соработка и добрососедски односи и таа треба да се чува и да се развива и продлабочува преку заеднички проекти и решавања на проблеми во евроинтегративниот пат заклучија претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на денешната средба во манастирот „Свети Прохор Пчински“ во рамките на прославата на Илинден. Претседателот Вучиќ ја ...

Да ги вратиме вредностите онаму каде е место – тие кои се огрешиле кон законите да одговараат, работниците да бидат со пристојни плати, младите со шанса за иднина, земјоделците да бидат задоволни, лекарите почитувани, истакна меѓу другото премиерот Христијан Мицкоски во говорот од Мечкин камен по повод одбележувањето на 2ри Август, Илинден, Денот на републиката. Мицкоски во говорот им оддаде почит на револуционерите од илинденскиот период, но ...

Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд. Јас веќе се вклучив во оваа битка. Ќе ги искористам моите уставни и законски ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на републиката. Тоа, меѓу другото, го истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во обраќањето од Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, а по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден - Денот на Републиката. ...

Уставот е основачки документ на Америка. Истакнува три гранки на власта: извршната власт, вклучително и претседателството; законодавната – Претставничкиот дом и Сенатот; и судската власт – Врховниот суд и другите судови. Секоја гранка е наменета да ги држи другите под контрола. Оваа поделба на власта е во срцето на американската демократија. „Ние се движиме по малку непознати води поради претпоставената подготвеност на претседателот Трамп, ...

Во реонот на Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане се префрла битката со пожарите каде, како што посочија од Центарот за управување со кризи, зафатени се и големи површини со речиси непристапен терен. За справување со огнената стихија што речиси цел месец ја зафати Северна Македонија, до крајот на денот треба да пристигне поголема помош, преку системот за цивилна заштита од Европската унија. Така, како што најави директорот на ЦУК, ...

Израелската војска соопшти дека шефот на военото крило на Хамас, Мохамед Деиф, бил убиен во воздушен напад во Газа во јули. Соопштението доаѓа еден ден откако Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас, беше убиен во напад во Техеран, главниот град на Иран. Иран и Хамас ја обвинија израелската армија за нападот, но Израел не ја презеде одговорноста. Израелските власти велат дека Деиф, началник на армијата на Хамас и Јахја Синвар, главниот лидер ...

Иван Гершкович, Алсу Курмашева, Пол Вилан, кои беа ослободени од руски притвор во големата размена на затвореници меѓу Западот и Истокот, пристигнаа во САД во четвртокот пред полноќ. На аеродромот во воената база Ендрјус ги пречекаа нивните семејства, како и американскиот претседател и потпретседателка Џо Бајден и Камала Харис. Од авионот прв излезе Вилан, кој отпоздрави, а потоа се поздрави и имаше краток разговор со Бајден и Харис. После тоа ...

Израел денес соопшти дека го убил воениот началник на Хамас Мухамед Деиф, за кој се верува дека е главниот организатор на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа во средината на јули. Министерот за одбрана Јоав Галант го нарече Деиф „Осама бин Ладен од Газа“, мислејќи на организаторот на терористичките напади на ал-Каеда во 2001 година во САД, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Галант рече дека ...

„Некои од овие жени и мажи се неправедно држени со години. Сите претрпеле незамисливо страдање и неизвесност. Денес, нивната агонија заврши“, се вели во изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, откако САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза. ...

Американскиот сенатор Бен Кардин, претседавач со Комитетот за надворешни односи на Сенатот, го поздрави ослободувањето на американските граѓани од Русија. САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза. „Враќањето на американските граѓани Пол Вилан, Иван ...

Пол Вилан, Иван Гершкович и Алсу Курмашева сега се на пат да се вратат во САД од Русија, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен, откако САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза. Севкупно, САД обезбедија ослободување на 16 лица, вклучително и ...

САД денес ја потврдија историската размена на затвореници со Русија, која вклучуваше ослободување на американските новинари Иван Гершкович и Алсу Курмашева, поранешниот американски маринец Пол Вилан и постојаниот жител Владимир Кара-Мурза. Севкупно, САД обезбедија ослободување на 16 лица, вклучително и пет незаконски приведени Германци и седум руски државјани, во замена за осум држени во Америка, Германија, Полска, Норвешка и Словенија. Тоа ја ...

Човекот обвинет за организатор на нападите од 11 септември, Калид Шеик Мохамед, и двајца негови соучесници, кои се наоѓаат во американскиот воен затвор во Гвантанамо, Куба, се согласиле да ја признаат вината, соопшти Пентагон. Пентагон не прецизираше што е вклучено во договорот за вина. Еден американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека договорите речиси сигурно ќе вклучуваат признавање на вината во замена за ...

Состојбата со пожарите е тешка, но не е алармантна, истакна денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој апелира до граѓаните да не се организираат самоиницијативно за гаснење на пожарите низ шумите. Овој негов апел доаѓа откако социјалните мрежи се појавија повици за излегување за спас на Пехчево од огнот што вчеравечер беше закана за градот. „Како држава имаме доволно припадници на армијата, доволно припадници ...

Втора година по ред Кејара Најт е на оваа програма за пливање во Бруклин, Њујорк. Таа е решена да ги победи стравот од вода по страшно искуство кое го имала од детството. „За малку ќе се удавев, па татко ми сметаше дека е неопходно да земам часови по пливање. Но, часовите по пливање чинат пари, а овие се бесплатни“, раскажува Најт. Најт, 21-годишната Њујорчанка, учествува во шестнеделна интензивна програма на невладината организација „Rising ...

Официјални лица во нигериската држава Борно соопштија дека 19 лица загинале, а најмалку 20 се повредени кога бомба експлодирала во популарна чајџилница доцна во средата, што е втор голем напад во последниве недели. Безбедносните и владините претставници велат дека бомбардирањето се случило околу 20 часот по локално време во селото Кавури, на околу 50 километри од главниот град на државата Борно, Мајдугури, каде што властите велат дека ранетите ...

Жителите на Кастигар, област во централниот дел на Џаму и Кашмир, велат дека остануваат блиску до своите домови по неодамнешниот напад на антииндиските милитанти во кој беа повредени двајца војници кои се засолниле во трошно училиште. Голема група индиски сили „одлучиле да се одморат во училиштето по долга потрага во областа. Околу 2 часот по полноќ се разбудивме од пукотници и сфативме дека милитантите ги нападнале“, рече локален жител кој ...

Кина воведе санкции за американскиот законодавец Џим Мекговерн, спонзор на нацрт-законот кој се залага за мирно решавање на кинеско-тибетскиот спор Кина го гледа Тибет како „нераскинлив дел од Кина уште од античко време“ и покрај поддржувачите на тибетската влада во егзил и Далај Лама вели дека Тибет историски бил независен. Направени како одговор на напорите на Мекговерн да го поткопа кинескиот територијален суверенитет, санкциите ги ...

Иран одржа погребна церемонија на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, чие убиство во Техеран ги зголеми стравувањата од регионален конфликт. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи присуствуваше на погребот заедно со новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан. Ханије беше во Техеран на полагањето заклетва на Пезешкијан, а Хамас рече дека Ханије ќе биде погребан в петок во Катар каде што беше сместен. Американскиот државен секретар ...

Рима Зиураитис, 36-годишна Американка со литванско потекло, предава основна прва помош во Меѓународниот центар за тактичка медицина „Јунајтед хелп Јукреин“ во Киев. Во летото 2022 година, таа се откажала од работата во финансиска компанија во американскиот град Чикаго за да се приклучи на добротворната фондација Блу/Јелоу Ју-Ес-Еј. Неколку месеци подоцна, таа отишла во Украина. „Влегов за време на контраофанзивата во Харков. Значи, тоа беше ...

Заменик-државниот секретар на американскиот Стејт департмент Курт Кембел, вели дека без разлика дали истражуваат минерали од ретки земји, основаат воени бази во Африка или градат повеќе бродови и подморници, САД треба да направат повеќе за да се натпреваруваат со Кина. Говорејќи на сослушувањето на Комитетот за надворешни односи на Сенатот во вторникот, Кембел ја нарече Кина „дефинирачки геополитички предизвик со кој се соочува модерната ...

Во Санкт Петербург, неодамна руската државна телевизија емитуваше снимки од државните флоти на годишната прослава на Денот на морнарицата. Присуствуваа офицери од 31 друга земја, вклучувајќи ги Кина, Индија, Иран и Јужна Африка. Прикажувајќи ја руската морнарица, проектили истрелани од различни бродови на Црноморската флота и авиони фрлаа бомби. Руската помпезност ја засени неодамнешниот план откриен од САД за распоредување ракети со долг ...

Поранешен израелски советник за национална безбедност изјави дека иранските прокси групи Хамас и Хезболах се соочуваат со дилеми кога размислуваат за одмазда против Израел за атентатите на двајца нивни високи членови во нападите врз Бејрут и Техеран во текот на неколку часа, почнувајќи од вторникот. Генералот Џејкоб Нагел, поранешен советник за национална безбедност на премиерот Бенјамин Нетанјаху, разговараше за тие дилеми во телефонското ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес изјави дека САД не биле вмешани во атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханијех и ја повтори важноста од прекин на огнот во Газа. „Ова е нешто за кое не бевме свесни или вклучени. Многу е тешко да се шпекулира“, рече Блинкен во интервју за Channel News Asia за време на посетата на Сингапур. Иранската револуционерна гарда ја потврди смртта на Ханијех, неколку часа откако тој присуствуваше на ...

САД ја прекинуваат помошта од над 95 милиони долари за грузиската влада поради законот за „странски агенти“ што Вашингтон го смета за антидемократски, изјави денес државниот секретар Ентони Блинкен, дополнително влошувајќи ги односите меѓу САД и Грузија. Законот, усвоен од грузискиот парламент во јуни, бара групите кои добиваат средства од странство да се регистрираат како странски агенти. Тоа беше критикувано од домашната опозиција и од Западот ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, за време на настан во во Сингапур денес рече „сè што можам да ви кажам во моментов е дека мислам оти ништо не ја намалува важноста ... да се дојде до прекин на огнот“, откако Иран соопшти дека лидерот на Хамас Исмаил Ханијех бил убиен во Техеран. „Нема да шпекулирам какво влијание може да има некој настан врз тоа“, рече Блинкен. „Она што го знам е цврстиот императив за постигнување прекин на огнот и ...

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изјави дека детска парализа е откриена во Газа и предупреди дека децата во енклавата, зафатени во војната, наскоро ќе бидат заразени од оваа болест доколку брзо не се преземат превентивни мерки. Еден ден откако СЗО соопшти дека има „многу веројатни“ случаи на детска парализа кај населението во Газа, генералниот директор Гебрејесус се огласи на платформата на ...

Владимир Кара-Мурза, руско-британски државјанин, осуден на 25 години затвор под обвинение за предавство, е преместен од неговиот затвор во Сибир и е испратен на друго место, изјавија од руската затворска служба за Ројтерс. Затворската служба соопшти дека Кара-Мурза е префрлен од казнената колонија ИК-16 во Омск на друга дестинација. Не беше наведено каде. Голем број руски дисиденти и луѓе осудени за нивното противење на војната на Москва во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1014
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
76%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.04
79%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
2.57
90%
1014
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
4.02
68%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1013
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
78%
1013
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52