САД се сериозно загрижени дека резултатите објавени од изборната власт на Венецуела со кои се прогласува дека претседателот Николас Мадуро добил трет мандат, не ги одразуваат гласовите на народот, изјави во понеделникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Само неколку минути откако властите соопштија дека Мадуро победил на претседателските избори, Блинкен ги прекина изјавите на состанокот на индо-пацифичките нации за да се осврне на ...

Израелските сили извршија копнени и воздушни напади денес во јужниот дел на појасот Газа, додека вниманието беше фокусирано и на границата на Израел со Либан и потенцијалот за ескалација во судирите меѓу израелските сили и милитантите на Хезболах. Израелската војска соопшти дека нејзините операции во Газа вклучуваат борби во Рафа и Кан Јунис, како и воздушни напади чија цел биле околу 35 цели на Хамас низ појасот Газа во текот на изминатиот ден. ...

Мал број израелски семејства во населбата Евјатар на северот на Западен брег живеат во мобилни домови и тешки услови. Но, тие веруваат дека придонесуваат за безбедноста на државата Израел. „Важно е не само за мене да бидам овде, туку и за сите Евреи. И тоа не е овде во Евјатар, туку во целата држава Израел. Еврејскиот народ 2.000 години живее во сите земји во светот и, секој пат, нациите во светот се обидуваат да не` убијат“, вели Серах Лисон, ...

Камала Харис засега е сама на кампањата за претседател. Меѓу можните кандидати да ѝ се приклучат на ливчето како потпретседателски кандидат се неколкумина гувернери - вклучително и Рој Купер од Северна Каролина, демократ кој победил два пати кога неговата сојузна држава го избрала републиканецот Доналд Трамп за претседател и Џош Шапиро од Пенсилванија, за која двете партии мислат дека е држава во која мора да победат во ноември. Во групата е и ...

Нападите со подметнување пожар ја зафатија брзата железничка мрежа на Франција афектирајќи десетици илјади патници денес, по, како што ги нарекоа официјалните лица, акти на „саботажа“ само неколку часа пред отворањето на Олимписките игри во Париз. Нападите беа извршени како што француската престолнина е под силно обезбедување пред церемонијата на отворањето на Игрите, со 300.000 гледачи и публика од познати личности која се очекува на настанот. ...

Решавањето на Рубиковата коцка не е само игра. Тоа е доказ за човечката генијалност и возбудата за освојување на невозможното. Четиринаесетгодишниот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје, може да намести Рубикова коцка за пет секунди. Тој е најмалиот шампион во Северна Македонија, а во 2018 година во Тирана на седумгодишна возраст го постигнал првиот рекорд. „Љубовта за коцките ми започна во 2015 година кога ја добив мојата прва коцка во мојата колекција ...

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид во текот на летото. Ова било договрено на денешната средба во Белград меѓу министрите за внатрешни работи на С Македонија и Србија Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Станува збор за четворица полицајци кои во август ќе дојдат во Охрид каде, во тој период, престојуваат и поголем број српски туристи. Идејата е така, со заеднички сили, да се помогне во спроведувањето на редот и мирот за време на летната сезона ...

Администрацијата на претседателот Џо Бајден се надева на договор за постигнување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, каде што војната беснее повеќе од девет месеци по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Гласот на Америка разговараше со Џон Кирби, портпарол за национална безбедност на Белата куќа, за договорот и повеќе. Интервјуто е уредено за јасност и краткост Гласот на Америка: Дали администрацијата прифаќа договор за ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес ќе го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во одморалиштето на Трамп на Флорида, средба што може да ги намали неодамнешните тензии меѓу лидерите кои создадоа близок сојуз за време на годините на Трамп во Белата куќа. Посетата на Нетанјаху на Трамп, републиканскиот кандидат во трката за претседател на САД во 2024 година, доаѓа еден ден по средбите во Вашингтон со демократскиот ...

Пред точно 61 година, на 26-ти јули 1963 година, утрото во пет часот и 17 минути, Скопје го погоди катастрофален земјотрес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди. Градот бил срамнет со земја. Во урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над 4.000 лица. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останаа без покрив ...

Поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама ја поддржаа Камала Харис во нејзината кандидатура за Белата куќа, давајќи ѝ ја очекуваната, но сепак клучна поддршка од двајцата најпопуларни демократи во државата. Поддршката, објавена утрово во видео на кое се гледа како Харис прифаќа заеднички телефонски повик од поранешната прва двојка, доаѓа додека Харис продолжува да гради моментум како веројатен кандидат на партијата ...

Пукањето врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп на 13 јули го остави главниот американски хирург д-р Вивек Мурти „ужаснат“, изјави тој за Асошиетед прес. „Секоја година губиме речиси 50.000 животи поради вооруженото насилство. Мојата надеж е наместо тоа да го гледаме како поларизирачко и политичко прашање, да го видиме она што е – јавно здравствено прашање кое не’ засега сите нас“, објави Мурти. Минатиот месец, канцеларијата на ...

Очајот на тешко неисхранетите деца одекнува во оваа болница во североисточна Нигерија, каде што чекаат на ред за третман кој спасува живот. Овој објект во Диква е на околу 90 километри од центарот на градот. Оваа година веќе се лекувани повеќе од 300 деца, а секој ден пристигнуваат нови пациенти. Хуманитарните работници велат дека нема доволно простор за сите нив. „Има повеќе од 45 пациенти кои чекаат да ги примиме - она што го правиме е дека ...

Независноста на судството и институционалниот капацитет за негова заштита од влијание остануваат сериозна загриженост, нотира извештајот на Европската комисија (ЕК) за владеење на правото во Северна Македонија за 2024 година. Нивото на перцепција за независност на судството е многу ниско, забележува извештајот, и покрај реформите во судството и новата стратегија, која има за цел да ја подобри независноста, ефикасноста и професионалноста на ...

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со Башар ал-Асад во Кремљ, како што Москва го поттикнува сирискиот лидер на средба со турскиот претседател Таип Ердоган, а Дамаск бара помош од Кремљ за ограничување на Израел. Русија го поддржа Асад во граѓанската војна во Сирија, започнувајќи воена кампања која помогна да се сврти бранот на 12-годишниот конфликт во негова корист, иако Западот го повика сирискиот лидер да си замине. На состанокот во ...

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес одржаа разговори во Белата куќа за прекин на огнот во деветмесечната војна во Газа, а потпретседателката Камала Харис треба да се сретне со израелскиот лидер подоцна во текот на денот. Тоа беше прв разговор лице в лице на двајцата лидери откако Бајден отпатува во Израел неколку дена по нападот на Хамас на 7 октомври, го прегрна Нетанјаху и вети американска ...

Одборот за правила на Демократската партија се согласи за планот за формално номинирање на Камала Харис за претседателски кандидат најрано на први август, пред партиската конвенција од 19 до 22 август во Чикаго, а Харис да избере кандидат за потпретседател до седум август. Делегатите од целата земја ќе можат да гласаат за потенцијалниот претседателски кандидат за да го заменат претседателот Џо Бајден, кој се откажа од својата кандидатура за ...

СКОПЈЕ – Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, се согласни дека дијалог со Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) треба да има околу барањето да остане недела неработен ден но без конкретен одговор дали се согласуваат или не со барањето на Синдикатот. „За дијалог со Синдикатот стоиме на располагање, ќе разговараме со синдикалните организации, но мора да водиме сметка за иднината на државата, тоа е ...

Социјалдемократите кои од пред еден месец, по седум години на власт, заминаа во опозиција најавуваат враќање на партијата на политичката сцена. Новиот лидер, во првата голема прес-конференција по преземањето на функцијата, уверува дека СДСМ излегува од внатрешната криза која кулминираше со катастрофалниот пораз на мајските парламентарни избори, најголем во партиската историја. „Дигнати сме на нозе и стабилни сме“, вели Венко Филипче кој ...

СКОПЈЕ – Обвинителството соопшти дека финиширало со истрагата против Љупчо Палевски – Палчо за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесет и четиригодишниот Панче Жежовски. Оттаму најавуваат дека ќе бараат спојување на постапката со останатите четворица против кои веќе е поднесен обвинителен акт. Од денес течат законските рокови за одбраната на Палевски а потоа ќе следи и обвинение против Палевски. Со спојувањето на постапката ...

Метрото е најбрзиот јавен превоз во Киев. Возовите обично сообраќаат на секои 2 до 3 минути. Но, раководството на метрото вели дека морале да го зголемат времето помеѓу возовите. „Имајќи го предвид недостигот од возачи бевме принудени да ги зголемиме временските интервали. Кога има најголем метеж, наутро и навечер, интервалот се зголемувал за 45 секунди, а во други периоди – до една минута“, вели Виктор Вихивски, директор на Метрото во Киев. ...

Американскиот претседател Џо Бајден е домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на разговори денес во Белата куќа, кои се очекува да се фокусираат на војната на Израел против Хамас во појасот Газа. Висок официјален претставник на американската администрација изјави за новинарите вчера дека Бајден ќе ја изрази „својата цврста посветеност на безбедноста на Израел“ и дека средбата ќе вклучи дискусија за заканите за Израел од групите на ...

Во градот од каде е Џо Бајден, Скрентон, во Пенсилванија, гласачот Ерик Бојланд вели дека демократите немале избор освен да го истуркаат Бајден од трката. „Мислам дека тој беше добар лидер. Но јас исто така се согласувам дека дојде време да отстапи местото за некој друг да се крене од редовите на демократите“, вели Ерик Бојланд од Пенсилванија. Гласачката Кристина Стол вели ако не е подобен за кандидат, тој треба да се симне и од функцијата ...

Џо Бајден во средата навечер кажа дека „го предава факелот на нова генерација“ објаснувајќи го за прв пат во средата своето нагло напуштање на претседателската трка, од Овалната канцеларија, со обраќање со кое ги заокружи своите повеќе од 50 години во политиката. „Ја почитувам функцијата“, рече Бајден. „Но повеќе ја сакам мојата држава“. Бајден (81) се опираше на повеќенеделниот притисок од демократите да се повлече по катастрофалниот дебатен ...

Кинеските државни медиуми денес објавија дека ривалските палестински фракции Фатах и Хамас потпишале декларација за ставање крај на долгогодишниот раздор и обединување за формирање влада на национално единство. Кинеската телевизиска мрежа „ЦГТН“ објави на социјалните мрежи дека договорот е потпишан во Пекинг по дводневниот форум надгледуван од министерот за надворешни работи Ванг Ји. Разговорите вклучија 12 други помали палестински фракции ...

Овој робот ова лето ќе најде своја примена во туристичкиот сектор во Охрид. Анис Сефиданис, авторот на првиот македонски робот, кој гледа, слуша и прави команди со помош на сензори, вели дека станува збор за автомат кој вклучува системи во делот на роботиката и вештачката интелигенција. „Може да биде бармен, може да биде диџеј. Може да преземе било каква функција на човекот не само во делот на репетитивните активности, туку и во делот на ...

СКОПЈЕ - Антикорупциската комисија соопшти дека ќе проверува дали се е според закон во случајот со подарениот имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во центарот на Скопје вреден 325 илјади евра како и за тоа кој го платил авионскиот билет и престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на владината делегација на самитот на НАТО во САД. Во предметот за генералниот секретар Јанушев, каде станува збор за ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето пред Конгресот, рече дека Америка и Израел мора да бидат обединети. „За да триумфираат силите на цивилизацијата, Америка и Израел мора да се држат заедно“, рече Нетанјаху. „Кога сме заедно се случува нешто навистина големо: ние победуваме, тие губат“. Нетанјаху, исто така, рече дека нема да биде мирен се ` додека сите заложници не се вратат дома. Израелскиот премиер, го пофали претседателот ...

По откажувањето од претседателската трка, Џо Бајден ќе и` се обрати на нацијата вечерва во 8 часот локално време. Бајден планира да зборува за неговата одлука да се откаже од својата кандидатура за реизбор. Потпретседателката Камала Харис ја прифати поддршката на Бајден за кандидат за претседател и гради моментум пред Демократската национална конвенција во Чикаго. Утре, пак, Бајден се очекува да го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ...

Алармнантната ситуација со пожарите кои со седмици беснеат низ земјата и неможноста за соодветно справување со ситуацијата ги натера новите власти да размислуваат за ресетирање на целокупниот систем за справување со кризи. Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, владино меѓуресорско тело задолжено за оваа сфера кој денеска заседаваше, и препорача на владата итно да донесе одлука за реорганизација на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
55%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1013
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1016
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
56%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
64%
1012
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
62%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
59%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52