
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Додека топлотниот бран се протега низ делови од САД, жителите во повеќе од половина сојузни држави бараат начини да ја победат жештината и високите температури. Градовите во повеќе држави отворија центри за ладење како одговор, вклучувајќи го и Чикаго каде температурите се очекуваа да се приближат до 37 Целзиусови степени. Некои училишта предвреме ги пуштија учениците и студентите. Членовите на католичката црква Света Сабина на јужната страна ...
Американскиот претседател Џо Бајден со нетрпение очекува разговори со Шји Џјинпинг во „наредните недели“, му рече на кинескиот лидер денес највисокиот помошник во Белата куќа Џејк Саливан кога се состанаа на ретки разговори во Пекинг. Саливан, првиот американски советник за национална безбедност што ја посетил Кина од 2016 година, се сретна со Шји при крајот на тридневните разговори во Пекинг. Тој се виде и со министерот за надворешни работи ...
Јурмала во близина на летонскиот главен град Рига беше главно место за одмор за богатите советски граѓани до 1991 година, кога се распадна Советскиот Сојуз. Тогаш како нова членка на Европската Унија, Летонија им понуди златна виза и дозвола за престој на оние кои отвориле банкарска сметка и инвестирале во недвижен имот. Земјата стана клучна влезна точка во Европската Унија за богатите Руси, вели Санита Џемберга од Балтичкиот центар за ...
За време на вториот ден од состаноците, советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан и највисокиот кинески дипломат Ванг Ји разговараат за низа прашања, вклучително и Јужно Кинеско море. Советникот за национална безбедност на САД Џејк Саливан и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји се сретнаа втор ден во Пекинг во средата, одржувајќи разговори кои допреа теми, вклучително и потенцијална средба меѓу шефовите на државите на ...
Африм Гаши се одважи да се појави пред новинарите, речиси еден месец откако почна серијата скандали поврзани со него и извршувањето на функцијата претседател на парламентот - од скандалозната постапка на собраниското обезбедување кое по негова наредба, а без законска основа, се најде на скопскиот аеродром да ја решава ситуацијата со косовската претседателка, до неговото приватно патување на Косово со службени возила. Претседателот на собранието ...
ПАРИЗ (АП) - Параолимписките Игри треба да бидат отворени в среда со околу 4.400 спортисти со инвалидитет, трајни повреди или оштетувања. Се подготвуваат да се натпреваруваат за 549 медали низ 22 спортови во текот на 11 дена во Париз. Француската престолнина, која штотуку беше домаќин на Олимпијадата, повторно ветува дека ќе биде уште еден спектакл, со многу од истите локации кои ќе бидат домаќини на Параолимписки натпревари. Историскиот плоштад ...
Американските гласачи сè повеќе се мета на домашните актери кои шират лажни информации пред претседателските избори. Тоа го покажува извештајот за ранливост на изборите на групата за човекови права Фридом Хаус. „Луѓето во САД шират теории на заговор и погрешни информации за политиката. Околу 70% од републиканците и прорепубликанските настроени гласачи се заробени од теоријата на заговор дека резултатите од претседателските избори во 2020 година ...
Украинските сили во средата користеа беспилотни летала за да гаѓаат повеќе области во југозападна Русија, вклучително и оној што предизвика пожар во складиште за гориво во Ростов. Василиј Голубев, гувернер на Ростовската област, на Телеграм рече дека пожарникарите работеле на гаснење на пожарот и дека нема жртви. Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило четири украински беспилотни летала над Ростов, заедно со осум дронови над ...
Берлин, 28 август 2024 година (AFP) - Британскиот премиер Кеир Стармер се среќава со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин во среда на разговори за ново партнерство меѓу земјите, на неговото прво билатерално патување од преземањето на функцијата минатиот месец. Британскиот лидер, кој исто така ќе отпатува за Париз, вети дека ќе ја обнови довербата европските сојузници погодени од Брегзит, и треба да разговараат со Шолц за започнување на нов ...
Ситуацијата во судството и обвинителството за премиерот и владата е состојба на невладеење на правото, а тоа според Христијан Мицкоски е безбедносен ризик за државата. Со ваква констатција премиерот излезе од средбата со претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, една од институциите за која тој и неговата партија притискаат да бидат распуштени. Embed share Невладеење на правото е безбедносен ризик, смета Мицкоски Embed share The code has ...
Израелските сили извршија рации и воздушни напади во средата на окупираниот Западен Брег. Палестинските здравствени власти соопштија дека убиле најмалку девет лица. Израелската војска објави дека спроведувала антитерористички операции во Џенин и Тулкарм, и рече дека убила пет милитанти. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави во средата дека Израел мора да се справи со терористичка закана на Западниот Брег исто како и во ...
Јапонскиот премиер во заминување Фумио Кишида на 15-ти август ја одбележа 79-годишнината од поразот на Јапонија во Втората светска војна. Кишида рече дека Јапонија „никогаш повеќе не смее да го повтори уништувањето од војните“. Но, неговиот говор, исто така, ја одрази и променливата улога на Јапонија на глобалната сцена. „Јапонија ќе даде се’ од себе за да ги реши различните предизвици со кои се соочува светот“, истакна Кишида. Кишида се обиде ...
Саботажата на гасоводите „Северен тек“ во септември 2022 година поттикна надеж кај многу Украинци дека нападот ќе наштети на воените напори на Русија. Гасоводот носеше природен гас под Балтичкото Море од Русија до Западна Европа. Тој беше уништен во серија подводни експлозии. Никој не ја презеде одговорност за експлозиите. Јевгенија е жителка на Киев. Таа вели дека нападите ја принудиле Европа да најде извори на енергија различни од Русија. ...
МЕКСИКО СИТИ (АП) - Мексиканскиот претседател денеска изјави за новинарите дека ги ставил односите со амбасадите на САД и Канада „на пауза“ откако двете земји изразија загриженост за предложената контроверзна судска ревизија. Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор не објасни што би значело пауза. Тоа не е термин што се користи во формалните дипломатски кодови, а Министерството за надворешни работи на Мексико не одговори на барањето на ...
Хјустон, 27 август 2024 (АФП) - Судија од Тексас нареди привремена пауза на политиката што ќе го рационализира процесот за сопрузи на американските граѓани да добијат правен статус во земјата, што е удар за една од најголемите имиграциски реформски политики на американскиот претседател Џо Бајден. Судијата Кембел Баркер во понеделникот одобри 14-дневен административен престој во случајот што го покренаа републиканските јавни обвинители на 16 ...
ДУБАИ, Обединетите Арапски Емирати (АП) - Врховниот лидер на Иран денес отвори можност за обновени преговори со САД во врска со нуклеарната програма на неговата земја. Забелешките на ајатолахот Али Хамнеи поставија јасни црвени линии за какви било разговори што се одржуваат под владата на претседателот Масуд Пезешкијан и ги обновија неговите предупредувања дека на Вашингтон не треба да му се верува. Но, неговите коментари ги отсликуваат оние ...
Кинеската влада го призна авторитетот на католичкиот бискуп од Тијанџин, Мелхиор Ши Хонгжен, соопшти Ватикан, кој претходно беше ставен во домашен притвор бидејќи одбил да се приклучи на кинеската црковна структура поддржана од државата. „Овој развој е позитивен плод на дијалогот воспоставен во последните години меѓу Светата столица и кинеската влада“, се вели во соопштението на Ватикан. Ватикан постигна историски договор со владата во Пекинг во ...
Висок функционер на Белата куќа пристигна во Кина на разговори за односите кои беа сериозно тестирани за време на мандатот на претседателот Џо Бајден. Џејк Саливан, советник за национална безбедност, беше главниот човек на Бајден за често ненајавените разговори со највисокиот надворешнополитички функционер на Комунистичката партија во обид да се справат со растечките разлики меѓу Вашингтон и Пекинг. При слетувањето, Саливан беше пречекан од Јанг ...
Дарувањето органи во Северна Македонија сѐ уште е на многу ниско ниво. На оваа тема многу малку се зборува дури и во општеството. Ретки се и кампањите за подигнување на свеста на граѓаните за оваа проблематика, како онаа која неодамна се одржа во Охрид. Според македонскиот закон, секој граѓанин е потенцијален донатор, доколку поинаку не се изјасни во текот на животот, а семејството е тоа што го има последниот збор. Embed share ...
Додека Светската здравствена организација во понеделникот го претстави планот за запирање на преносот на мајмунски сипаници, научниците кои го проучуваат вирусот рекоа дека тој брзо се менува, што ги комплицира напорите за борба против неговото ширење. Шестмесечниот план од 135 милиони долари бара зајакнување на надзорот, превенцијата и реакцијата. Стратешките напори за вакцинација ќе се фокусираат на поединци со најголем ризик, „вклучувајќи ...
Шефот на Телеграм, Павел Дуров, би можел да биде задржан во полициски притвор до среда, откако француските обвинители соопштија дека дале дополнително време за испрашување, додека висок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин тврди дека Вашингтон стои зад неговото апсење. Дуров, милијардер роден во Русија, беше уапсен во Франција во текот на викендот, како дел од истрагата за злосторства поврзани со слики од сексуална злоупотреба на деца, ...
Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, пред комитетот на американскиот Конгрес изјави дека високи претставници на администрацијата на Бајден вршеле притисок врз компанијата да цензурира одредени содржини на ковид-19 за време на пандемијата и дека компанијата направила избори што нема да ги направи денес. Судскиот комитет на Претставничкиот дом го објави писмото на Закерберг во понеделникот. Закерберг напиша дека цензурираната содржина ...
Соединетите Држави соопштија дека Израел останува под закана од напад од Иран и неговите застапници, неколку дена откако либански Хезболах лансираше стотици ракети и беспилотни летала врз Израел како одмазда за убиството на висок командант на Хезболах. „Би ви укажал на некои од јавните коментари што ги дадоа иранските лидери и други... Продолжуваме да оценуваме дека постои закана од напад и остануваме добро поставени за да можеме да ја поддржиме ...
Лаура Мулен, која преживеала трговија со луѓе, ги поздравува градските власти во Бронкс на неодамнешниот настан на кој се истакнуваат маките на жртвите на трговија со луѓе. Таа била жртва во 2014 година. „Бев во локалната продавница „7/11“. Немав пари, ниту работа, и зависничка на дрога. Тогаш, една личност дојде и ми понуди да се истуширам. Тоа беше ситуација во која ти нудат помош – храна и освежување. Ме одведе до неговиот дом и на крајот ме ...
Уметникот Олексиј Саи создава уметност за војната во неговата родна земја Украина уште од првиот ден на руската инвазија. „На 24 февруари 2022 година, направив постер за видео ѕид во Њујорк, бидејќи ми се јави моја пријателка од Њујорк и рече дека договорила да го постави таму. Така, го започнав денот на целосната инвазија. Потоа направив плакати за улични протести во Лондон, во Париз, во Њујорк и на други места“, вели Саи. Неговото дело е ...
Израелските власти и медиуми реагираа по долгоочекуваниот ракетен напад на движењето Хезболах, поддржано од Иран, откако се чини дека во голема мера беше спречен со превентивни израелски напади во јужен Либан. И Хезболах и Израел се чинеше дека беа задоволни со тоа што нападот во неделата, како одмазда за убиството на висок командант на Хезболах во Бејрут минатиот месец, засега се смета за решен. Портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер ...
Двајцата кандидати за претседател на САД - демократската потпретседател Камала Харис и нејзиниот републикански противкандидат, поранешниот претседател Доналд Трамп - никогаш не се сретнале, ниту разговарале меѓу себе, но сепак имаат несогласувања околу условите на нивната прва средба лице в лице на нивниот планирана дебата закажана за 10 септември. За време на дебатат на Трамп и Бајден кон крајот на јуни, микрофоните беа исклучени кога зборуваше ...
Премиерот тврди дека земјата се соочува со можност за дестабилизација во наредниот период. Таквата потенцијална ситуација Христијан Мицкоски ја поврзува со политички структури. Не презицира кои се тие, но во денешната изјава јасно укажува на структури од претходната власт.“ „Имаме политички структури и сили во државата кои за да го заштитат украденото ќе злоупотребуваат и ќе манипулираат со одредена група на луѓе за да предизвика етнички ...
Овде, во населбата Мала Арабија во Калифорнија, Анахајм, активисти повеќе од три децении се бореа за нова категорија на пописот во САД - МЕНА - за Американците кои го следат своето потекло од Блискиот Исток и Северна Африка. Американката со палестинско потекло Ајах Шијада вели дека поради тоа што морала да го штиклира полето „белец“ на федералните обрасци, се чувствувала невидлива во американското општество. „Никогаш не чувствував како да се ...
Тензиите се засилија на Блискиот Исток вчера како што израелската војска и милитантите на Хезболах во Либан извршија стотици напади еден против друг, а потоа, додека баражот навидум заврши, ветија дека ќе ја продолжат борбата. „Го напаѓаме Хезболах со изненадувачки, поразителни удари“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на владата. „Ова е уште еден чекор кон промена на ситуацијата на северот и безбедно враќање на нашите ...