
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Американските истражители ги разгледуваат социјалните мрежи и другите објави на осомничениот за последниот очигледен обид за атентат на поранешниот претседател Доналд Трамп, обидувајќи се да утврдат мотив и дали некој друг можеби бил вмешан. Замениците на шерифот во Флорида го уапсија 58-годишниот Рајан Весли Рут, запирајќи го на главниот автопат доцна во неделата, откако побегна од теренот за голф на поранешниот претседател во Вест Палм Бич, ...
СКОПЈЕ – Со 65 гласа „за“ Собранието го изгласа Законот за задолжување во износ од половина милијарда евра кај Унгарската експорт-импорт банка. Против беа пратениците од опозициската СДСМ а на гласањето му претходеше едночасовна дебата. За опозицијата законот е нетранспарентен и ризичен бидејќи ја става државата во неповолна положба и има место за корупција, за власта е одличен бидејќи ќе внесе свежи пари во државата кои потоа ќе се ...
Унгарскиот кредит кој Северна Македонија треба да го добие од официјална Будимпешта се всушност кинески пари, обвинува опозициската партија СДСМ. Од таму велат дека ВМРО-ДПМНЕ со тоа ја става земјата во политичка зависност од трети држави. „Унгарскиот Центар за управување со државен долг, објави дека Унгарија зела една милијарда евра кинески пари од Кинеската банка за развој. Ова е уште една официјална потврда дека парите за унгарскиот кредит се ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна ја претстави - најсовремена подморница на Турција. Заедно со носач на хеликоптери, нови фрегати и повеќе од десетина други воени бродови - се дел од настојувањето на Ердоган да ја вклучи турската морнарица меѓу најголемите во Европа. „Ова е дел од политичката агенда на Ердоган за вршење влијание во странство од Катар до Сомалија до Либија, така што тоа одговара на неговата визија. За морнарицата ...
Напади со руски беспилотни летала во текот на ноќта беа насочени кон енергетски објекти во североисточна Украина, соопштија официјални лица денес. Нападите ја исклучија струјата во регионот Суми, каде што властите соопштија дека украинската воздушна одбрана соборила 16 од беспилотните летала. Нападот врз Суми беше дел од поширок напад со беспилотни летала, за време на кој украинската војска соопшти дека соборила вкупно 34 од 51 руски беспилотни ...
Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да прими протестна дипломатска нота за петочната непријатна ситуација - отсуството на македонско знаме при ракувањето меѓу претседателите на Бугарија и на Северна Македонија во Софија. На Жељазко Радуков му е врачена нота за, како што го нарекуваат во македонското МНР, пропуст на ...
Нил Бектон е сопственик на оваа продавница за плочи во Вашингтон речиси две децении. Но, клиентите не купуваат само винилни плочи овие денови. Бектон вели дека пред неколку години морал да посвети посебен дел на аудиокасетите. „Касетите почнаа да се собираат во последните две години. Порано продавав по една месечно, а сега ги продавам речиси секој ден!”, вели Бектон. Овој тренд се протега надвор од неговата продавница. Истражувањето на ...
Федералното истражно биро (ФБИ) истражува, како што рече, уште еден обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Инцидентот се случи во неделата во Меѓународниот голф клуб Трамп Вест Палм Бич во Флорида, каде Трамп, поранешен претседател, играше голф. Официјални лица за спроведување на законот изјавија дека Тајната служба видела маж со пушка и пукала во осомничениот атентатор. Според органите на редот, осомничениот ...
Рускиот гигантски проект Арктик СПГ 2 во Мурманск требаше да стане целосно оперативен во јануари оваа година. Неговата цел беше да произведе речиси 20 милиони тони течен природен гас секоја година, заработувајќи милијарди долари на „Новатек“, компанијата која ја поседува фабриката, и на Кремљ. Наместо тоа, Русија се чини дека се мачи да го продаде гасот. Аналитичарот Том Марзек-Мансер користи сателитски податоци и податоци за следење на бродови ...
Украина денес соопшти дека побарала од Обединетите нации (ОН) и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, да се приклучат на хуманитарните напори во рускиот регион Курск по прекуграничниот упад на украинските сили. Украинската армија е во регионот Курск повеќе од еден месец по започнувањето на нападот, во кој претседателот Володимир Зеленски вели дека Киев ја презел контролата врз околу 100 населени места. Руското министерство за одбрана денес ...
По она што Федералното истражно биро (ФБИ) го нарече очигледен обид за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп, имаше широко распространета осуда на политичкото насилство, како и повици за засилени безбедносни мерки. Потпретседателката Камала Харис, која му се спротивставува на Трамп на претседателските избори во ноември, во изјава рече дека е „длабоко вознемирена“ од инцидентот во неделата на теренот за голф во Флорида. ...
СКОПЈЕ – Граѓаните и неделава ќе плаќаат високи цени на сезонскиот зеленчук и овошје и ќе чекаат на одлуката дали и на кои стотина прехранбени продукти и производи ќе се намалат цените. Ќе се разговара со производителите и трговците и потоа ќе се донесе одлука кои мерки ќе се применат и кои продукти ќе бидат опфатени, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски. Неизвесен е и стартот на примената на Законот за нефер трговски практики. Иако ...
Голема чест ми е да бидам во таа група на пливачи и спортски работници кои се влезени во „Куќата на славните“. За мене тоа е едно големо признание за целата моја кариера, за сите успеси кои ги имам постигнато во пливањето. Така вели Евгениј Поп Ацев, кој по повеќе од две децении пливачка кариера, во мај годинава влезе во меѓународната „Куќа на славните“ во маратонското пливање, иако не така лесно се стигнува до неа. Embed share Македонскиот ...
Во израелски воздушни напади рано во понеделникот загинале 16 лица во појасот Газа, според палестинските власти, Воздушните напади во Газа погодиле дом во бегалски камп во центарот на Газа, при што загинале најмалку 10 лица, а 13 други биле ранети. Шест други лица биле убиени во напад на дом во градот Газа, изјавија за Асошиетед прес екипите кои работат во рамките на владата на Хамас. Меѓу загинатите има четири жени и две деца. Во меѓувреме, ...
Главниот град на Латвија, Рига, ги побива поделбите што растат во оваа земја, како што се во Литванија и Полска. Експерти велат дека тоа делумно се должи на користење на мигранти како „оружје“ од страна на Русија и нејзиниот сојузник Белорусија. „Буквално, Русија и Белорусија им плаќаа на илјадници Ирачани, Сиријци, ги качија во авион, и тие слетаа во Минск, а потоа ги однесоа со автобус до границата со Полска, Литванија и Латвија и ги пуштија ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ѝсе заблагодари на Тајната служба и локалната полиција доцна во неделата, по, како што рече ФБИ, очигледен обид за атентат во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида. „Би сакал да им се заблагодарам на сите за вашите грижи и добри желби - ова секако беше интересен ден!“, рече Трамп на својата платформа Truth Social. „Работата беше завршена одлично“. Инцидентот, во кој Трамп не беше повреден, ...
По вторпат во девет недели, поранешниот претседател Доналд Трамп избегна обид за атентат – последниот, во неделата попладне, во неговиот голф клуб во Вест Палм Бич, Флорида, соопштија властите. Официјални лица рекоа дека Трамп не е повреден и дека напаѓачот бил забележан и во него било пукано од членовите на обезбедувањето на Трамп. Различни извори на национални медиуми, вклучително и Асошиетед прес, Њујорк тајмс и Фокс њуз, цитираа неименувани ...
Во главниот град Киев и на други места во Украина, луѓето се прашуваат и се загрижени за исходот од изборите во САД и како тоа ќе влијае на нивната татковина погодена од војна. Некои жители, како што е Анхелина, изразуваат надеж. „Имам очекувања дека ќе не поддржи идниот претседател. Нашата политика, нашите воени дејствија”, вели Анхелина. Други жители, како Дмитро, се загрижени. „Се прашувам кој ќе победи и општо каква ќе биде политиката кон ...
Официјални лица во округот Лос Анџелес ги расчистуваат шаторските кампови по јунската пресуда на Врховен суд на САД која им дозволи на заедниците да им забрануваат на луѓето да спијат или да живеат на јавни места, дури и ако немаат друго место каде да одат. Во државата има 650 илјади бездомници во дадена ноќ, според податоците на САД. Шеридан, кој не го кажа своето презиме, е еден од нив. Embed share Стотици илјади американски бездомници ...
МАЈАМИ (АП) - Процентот на жители на САД кои биле родени во странство минатата година пораснал на највисокото ниво во повеќе од еден век, според бројките објавени од најсеопфатното истражување за животот во САД. Уделот на луѓе родени надвор од Соединетите држави се зголеми во 2023 година на 14,3% од 13,9% во 2022 година, според проценките од годишното истражување на американската заедница на Бирото за попис на САД, кое го следи времето на ...
Во македонското собрание веќе е стигнат предлог-законот за задолжување на државата со половина милијарда евра кај унгарска експорт-импорт банка. Владата предлага Собранието да го усвои по скратена постапка. Според текстот на договорот за заем што треба да го склучи Република Северна Македонија со унгарската банка, се знае следното: Заемот ќе се повлече во една транша. Рокот за отплата е 15 години со грејс-период од три години. Каматната стапка е ...
Филиповски ја промовира „Историјата на Македонската рок музика, 1963-2023“ со предавања низ неколку метрополи во САД. Embed share Промоција на „Историјата на Македонската рок музика“ во САД Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:06:10 0:00 Direct link Проектот е осмислен како едночасовни предавања за почетоците, развојот и сегашноста ...
Не сум овде случајно, дојдов за да разговарам, сега го очекувам претседателот да дојде во Скопје. Сиљановска - Давкова, претседателка на Северна Македонија Во добро расположение излезе шефицата на државата од состанокот со бугарскиот претседател што денеска попладне се одржа во Софија. Гордана Сиљановска-Давкова, која по нејзиниот избор е во прва посета на соседната земја, изјави дека таа и Румен Радев, на неколкучасовниот состанок, разговарале ...
Белата куќа во четвртокот објави дека постапува по барањата на демократските законодавци да го затвори она што тие го гледаат како правна дупка, што им овозможува на производителите - повеќето од Кина - да ги избегнат тарифите за стоки со ниски цени коишто ги преплавуваат САД со нелегални и небезбедни производи по продавниците. Администрацијата на Бајден планира да го укине на законскиот под-актот, кој дозволува модните производи вредни помалку ...
Локален огранок на Исламската држава ја презеде одговорноста за смртоносниот напад со бројни жртви. Забихула Муџахид, портпаролот на талибанската влада, ги потврди жртвите како резултат на, како што рече, „варварски чин“ против авганистанските цивили во провинцијата Дејкунди. „Иако изразуваме длабоко сочувство до жртвите на инцидентот, ние правиме сериозни напори да ги фатиме сторителите и да се осигуриме дека тие ќе одговараат“, изјави Муџахид ...
СКОПЈЕ – Додека работната група во министерството за економија пресметува дали подобар резултат ќе има замрзнувањето на цените или пак на маржите на 5, 10 или 15 проценти, граѓаните продолжуваат да алармираат дека цените на прехранбените производи и на овошјето и зеленчукот растат од ден во ден. Иако најавено за денес, сепак ќе треба да се почека до понеделник, кога од економија официјално ќе соопштат со која мерка ќе се оди и кои производи ќе ...
СКОПЈЕ – Предлог законот за заем од половина милијарда евра од Унгарија го мина првиот собраниски филтер – Комисијата за финансирање и Буџет. Откако СДСМ најави блокада на носењето на предлог законот и претседателката на комисијата, Сања Лукаревска, не ја закажа седницата тоа го стори претседателот на Собранието, Африм Гаши. На седницата, која ја водеше пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ Бојан Стојановски, не присуствуваа пратениците од опозициската ...
Официјален Пекинг последните години се обидува преку економско зајакнување во регионот на Западен Балкан, па и во Северна Македонија, да има и свое одредено политичко влијание. Кога се во прашање односите со официјално Скопје, Кина доминира и во стоковата размена, со што Северна Македонија последните години е во длабок трговски дефицит во односите со Кина. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот обем на стокова размена меѓу ...
Русија ќе протера шест британски дипломати кои ги обвинува за шпионирање и „субверзивни активности“. Руската државна телевизија цитираше официјален претставник на службата за безбедност позната како ФСБ кој рекол дека тие ќе бидат протерани. ФСБ соопшти дека добила документи кои укажуваат дека дипломатите биле испратени во Русија од страна на одделот на Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство „чија главна задача е да и нанесе ...
Глас на Америка: Министерке, во Вашингтон имавте средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан. Каде беше акцентот на разговорите? Божиновска: Остваривме средба со Александар Касанов. Тој нагласи дека САД се секогаш пријатели, и секогаш се тука да ни помогнат. Најголем акцент беше ставен на справување со корупцијата. Тие се следат, се знаат, ги знаат приликите кај нас. Зборувавме и за енергетската независност. Откако започна ...