
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Од 1984 година, повеќе жени отколку мажи гласале на претседателските избори во САД. И, во најголем дел, повеќе од нив гласаат за демократи отколку за републиканци. Ненадејното влегување на потпретседателката Камала Харис во трката по повлекувањето на претседателот Џо Бајден во јули, се чини дека ги поттикнала овие гласачи. „Видовме прилично значајна промена во многу различни демографски податоци, но тоа се случи особено кај жените, кои сега ...
Хезболах во средата соопшти дека истрелал балистички проектил насочен кон седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад во близина на Тел Авив, додека израелските сили извршиле, како што рече војската, широко распространети воздушни напади против Хезболах во јужен и источен Либан. Израелската војска соопшти дека ја пресретнала ракетата на Хезболах, што предизвика сирени за воздушен напад во Тел Авив. Нема извештаи за штети или жртви. ...
Последниот протест во Истанбул на „Групата 1000 млади за Палестина“ беше поради убиството од страна на израелските безбедносни сили на турско-американската активистка Ајшенур Езги Ејги. Но, заедно со осудата на Израел, демонстрантите го обвинија и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за одржување на трговскикте врски со Израел. „Протестирам, за да ја принудам турската влада да ја запре трговијата со нафта со Израел и да го запре геноцидот. ...
Либанските здравствени власти денес соопштија дека во дводневните израелски воздушни напади загинале најмалку 558 луѓе. Израел изврши повеќе воздушни напади денес во јужен Либан, погодувајќи, како што рече, десетици цели на Хезболах, вклучително и борци вклучени во истрелувањето ракети врз северен Израел. Хезболах соопшти дека нивниот ракетен напад денес вклучувал цели на израелски воени бази. Портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, изјави ...
ЊУЈОРК (АП) – Американскиот оддел за правда покрена антимонополска тужба против Виза, тврдејќи дека гигантот за финансиски услуги ја користи својата големина и доминација за да ја задуши конкуренцијата на пазарот на дебитни картички, што ги чини потрошувачите и бизнисите милијарди долари. Во жалбата поднесена во вторникот се вели дека Виза ги казнува трговците и банките кои не ја користат сопствената технологија за обработка на плаќања на Виза ...
„Нека му е со среќа“. Тоа е одговорот на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ на предупредувањата што дојдоа од Халил Снопче, висок претставник на „Вреди“, коалицијата на партии на Албанците која е дел од власта, дека ќе ја напуштат владата ако поминат измените на законот за бранители, тема која и 23 години по конфликтот сè уште е чувствителна за одредени делови од општеството. Христијан Мицкоски уверува дека измените на законот кој се однесува на ...
Американскиот претседател Џо Бајден го отвори својот говор на Генералното собрание на ОН зборувајќи за неговата повеќедецениска кариера во политиката, издвојувајќи ја Студената војна, зголемените тензии на Блискиот Исток и војната на Америка со Виетнам. „Можеби затоа што сè што видов и сè што направивме заедно во текот на децениите, имам надеж“, рече тој. Тој рече дека работите се подобриле оттогаш, посочувајќи на партнерството на САД со ...
Војната во Газа и нејзиното ширење во Либан доминираа на денешното отворањето на годишната дебата на Генералното собрание на ОН. „Газа е постојан кошмар што се заканува да го земе целиот регион со себе“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Не гледајте подалеку од Либан. Сите треба да бидеме вознемирени од ескалацијата. Либан е на работ. Народот на Либан, народот на Израел и луѓето во светот не можат да си дозволат Либан да стане ...
САД испраќаат мал број дополнителни војници на Блискиот Исток по наглото зголемување на насилството меѓу Израел и силите на Хезболах во Либан, изјави вчера портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер. Рајдер не даде дополнителни детали за бројот на сили или што ќе прават. Сепак, висок американски функционер изјави за Гласот на Америка дека се работи за десетици војници, а нивната примарна задача ќе биде подготовка за потенцијално ...
Се очекува американската војска оваа недела да објави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 375 милиони долари, што е најголемата помош испратена до Киев од мај. Според неколку американски официјални лица, кои разговараа за Гласот на Америка под услов да останат анонимни за да разговараат за пакетот пред објавувањето, се очекува помошта за Киев да биде објавена в среда. Еден официјален претставник изјави за Гласот на Америка дека ...
СКОПЈЕ – Седумдесет и три прехранбени производи од денес треба да бидат со намалени цени откако на сила стапи владината одлука за замрзнување на маржите на 10 отсто во рамките на есенската потрошувачка кошница. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) кој денес ја објави минималната кошница ги обвините трговците дека ги зголемите цените на прехранбените производи и тоа е потврдено од пресметката која покажала дека само трошоците за храна се ...
Кинеското присуство во Северна Македонија започнува во 2011 година, со учество во кинеската иницијатива „Појас и пат“, но, сиве овие години медиумите не се многу заинтересирани за критички поглед на тоа присуство. За ова разговаравме со новинари и експерти кои за Гласот на Америка ги изнесоа своите гледања. Embed share Зошто за медиумите во Северна Македонија Кина не е тема? Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has ...
Првата група светски лидери добиваат шанса да се обратат на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денес, а меѓу клучните теми се очекува да бидат и конфликтите во Украина, Газа и долж границата меѓу Израел и Либан. Американскиот претседател Џо Бајден треба да зборува денес, како што неговата администрација ја поддржува Украина во нејзината битка против руската инвазија и се обидува да донесе смиреност на Блискиот Исток. На распоредот е ...
Германската полиција и граничарите почнаа да вршат проверки на луѓе кои пристигнуваат преку сите копнени граници на земјата. Властите велат дека тие се насочени кон осомничени илегални мигранти. „Сакаме да ги сведеме непријатностите за патниците и преносот на стоки на минимум“, вели Дитер Хат Портпарол на германската федерална полиција. Германија е дел од европската Шенген зона. Нејзините членови можат да воведат гранични проверки доколку постои ...
Во претседателската трка во САД, притисокот за придобивање на гласачите е во полн ек. „Ќе ја спасиме нашата економија. Ќе ја спасиме нашата средна класа“, порачува Доналд Трамп. „Време е да се сврти страницата. Свртете ја страницата“, порачува Камала Харис. Но, на конкуренцијата, според американските официјални лица, се приклучи и Русија. „Потесниот круг на претседателот Владимир Путин, вклучително и Сергеј Кириенко, им нареди на руските ...
Американскиот претседател Џо Бајден в среда треба да се сретне со виетнамскиот претседател и шеф на владеачката Комунистичка партија То Лам, соопшти во неделата Белата куќа. Состанокот, за кој најпрво објави Ројтерс, се очекува да се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Бајден сака да ги продлабочи односите со стратешката југоисточна азиска земја и производствен центар во обид да се спротивстави на Русија и ...
Пентагон соопшти дека секретарот за одбрана на САД Лојд Остин му рекол на својот израелски колега Јоав Галант во недела навечер дека САД го поддржуваат правото на Израел да се брани, но „ја истакна важноста да се најде пат до дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите од двете страни на границата да се вратат во своите домови што е можно побрзо и безбедно“. Зголемувањето на борбите долж границата меѓу Израел и Либан во текот на ...
Албанија жали што Северна Македонија не ги завршила уставните измени - неочекувано директна беше претседателката на албанскиот Парламент за време на посетата земјава. Тоа не беше единствениот сегмент за внатрешни прашања на Македонија, кој Елиса Спиропали го начна во настапот во Собранието – прати порака и за соодветната и правичната застапеност на Албанците во институциите, за употребата на албанскиот јазик, за балансерот чија примена Уставниот ...
Либан соопшти дека во израелските воздушни напади во понеделникот биле убиени најмалку 100 луѓе, а биле повредени 400 други, додека прекуграничните борби меѓу Израел и милитантната група Хезболах ги зголемуваат стравувањата од сеопфатна војна. Израелската војска соопшти дека нападнала повеќе од 300 цели, додека либанската државна новинска агенција објави силни напади во повеќе региони во јужниот дел на земјата. Портпаролот на израелските ...
Републиканецот Доналд Трамп изјави дека нема да се кандидира четврти пат по ред за претседател на САД доколку ги загуби изборите на 5 ноември, велејќи дека „тоа ќе биде тоа“ во интервју објавено во неделата. Запрашан дали се гледа себеси повторно како кандидат за четири години ако не биде успешен во својата трета последователна кандидатура за Белата куќа, 78-годишниот поранешен претседател изјави за програмата "Full Measure": „Не, не. Мислам ...
Имиња на осумнаесет лауреати кои изминативе години добиле награда за животно дело на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ се изгравирани на ѕвезди и поставени на „Патеката на славните“ на Широк Сокак во Битола. Embed share „Патека на славните“ на Широк Сокак во Битола Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:03 ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека кога ќе го посети Вашингтон оваа недела, ќе изврши притисок за Украина да користи ракети со долг дострел на цели во Русија. Зеленски зборуваше неколку часа откако потврди дека САД и Велика Британија сè уште не го овластиле Киев да користи такво оружје на овој начин. Но, во неговото вечерно обраќање во саботата тој рече: „Ги убедуваме нашите партнери - и ќе продолжиме да зборуваме ...
Лидери и дипломати треба да се обратат на состанокот денес за зајакнување на системот на Обединетите нации (ОН), еден ден откако се согласија да работат заедно за справување со низа глобални предизвици, вклучително климатските промени, конфликтите и сиромаштијата. Сесијата на Генералното собрание на ОН доаѓа еден ден пред светските лидери да се обратат на годишниот собир во седиштето на ОН во Њујорк. Џо Бајден се подготвува за последно ...
Палестинските власти соопштија дека 15 лица биле убиени во текот на ноќта во појасот Газа во повеќе израелски напади. Во воздушен напад во петокот рано наутро во градот Газа беше погодена семејна куќа, при што биле убиени шест лица, вклучително и непознат број деца, соопшти Цивилната одбрана на Газа. Уште едно лице било убиено во градот Газа кога напад погоди група луѓе на улица. Израел тврди дека цели само на милитантите и го обвинува Хамас и ...
Потпретседателката на САД и демократската кандидатка за претседател Камала Харис ги фокусираше своите забелешки за Иран на одбраната. „Да знаете дека никогаш нема да се двоумам да преземам каква било акција за да ги одбраниме нашите сили и нашите интереси против Иран и терористите поддржани од Иран“, истакна Харис. Embed share Заканувачката реторика од Иран, дел од предизборните кампањи во САД Embed share The code has been copied to your ...
Мигрантите од Хаити кои живеат во Спрингфилд, мал град во сојузната држава Охајо, се на насловните страници на национално ниво откако беа обвинети дека ги јадат домашните миленици на жителите. Обвинувањето, објавено на социјалните мрежи, засилено од републиканскиот потпретседателски кандидат, сенаторот од Охајо, Џеј-Ди Венс, беше повторено во минатонеделната дебата од страна на поранешниот претседател Доналд Трамп, што предизвика бес. Мигрантите ...
За Хонг Фам, животот во Виетнам во споредба со животот во САД е како ден и ноќ. „Животот тогаш беше многу тежок. Заработував за живот како возач на рикша патувајќи меѓу градови во јужен Виетнам“, вели Фам. Embed share Виетнамски доселеници во САД: Да за имиграција, но само по легален пат Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:03:19 0:00 ...
Со црвен тепих и во присуство на бројни политичари, културни работници, актери, филмски работници, кинематографери од земјава и од странство, во Битола беше отворен 45. издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. „Оваа година наши учесници и гости на фестивалот се мајстори на филмската фотографија кои заедно имаат освоено 8 Оскари, 16 номинации за Оскар, 12 награди БАФТА и уште 19 номинации за истата награда, 11 ...
Македонско-кинеските културолошки односи ги оценувам не многу различно од тоа како би ги оценил македонско-индиските културолошки односи или македонско-латиноамериканските, очајно недостаточни. Така објаснува Игор Радев, македонски филолог и доктор по науки за кинеска филологија, за релациите меѓу македонската држава и Кина на културолошки план. Повод за интервју со Радев беше првата македонско – кинеска поетска преведувачка работилница што кон ...
Претседателот Џо Бајден ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа следната недела на 26 септември, на разговори за тековниот украинско-руски конфликт, објави во четвртокот Белата куќа. Во изјавата на портпаролката Карин Жан-Пјер се вели дека Зеленски ќе се состане одвоено и со потпретседателката Камала Харис. „Лидерите ќе разговараат за состојбата на војната меѓу Русија и Украина, вклучително и стратешкото ...