СКОПЈЕ – Љупчо Палевски – Палчо, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски го отфрлија обвинителниот акт на Обвинителството за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и седумдесет и четиригодишниот Панче Жежовски и се изјаснија како невини на стартот од судскиот процес кој го води судијата Ивица Стефановски. Обвинителството пак во воведните зборови соопшти дека има несоборливи докази според кои обвинетите го ...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин го одложи планираното патување следната недела во Израел среде ескалацијата на израелско-либанската граница, изјави во четвртокот извор запознаен со ова прашање, објави Ројтерс. Изворот не навел причина за одложувањето. Патувањето ќе дојдеше во време на зголемени тензии во регионот по нападите што ги разнесоа пејџерите на Хезболах, за кои Либан и Хезболах го обвинија Израел. Во нападите загинаа 37 ...

„Планот за победа“ на Украина во војната против Русија зависи од брзите одлуки што ќе ги донесат сојузниците оваа година, рече претседателот Володимир Зеленски денес за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Зеленски на заедничката прес-конференција со фон дер Лајен рече дека Украина планирала да го искористи предложениот заем од повеќе милијарди долари од Европската Унија за воздушна одбрана, енергија ...

Проукраинските лидери во американскиот Конгрес и администрацијата на претседателот Џо Бајден се блиску до договор за барање едногодишно продолжување на воената помош од 6 милијарди долари за Украина, која треба да истече овој месец, според двајца извори запознаени со ова прашање. Има двопартиска поддршка за планот да се вклучи во нацрт-закон за краткорочни итни трошоци што Сенатот и Претставничкиот дом мора да го усвојат до 30 септември., за да ...

Израелските сили доцна вчера го извршија својот најинтензивен напад врз јужен Либан во војната која трае речиси една година, зголемувајќи ги тензиите меѓу двете земји и покрај меѓународните повици за смирување. Во операцијата, израелската војска соопшти дека нејзините авиони погодиле околу 100 повеќеракетни фрлачи на ракети во јужен Либан, кои требало веднаш да бидат истрелани кон Израел. Засега нема информации за жртви. Нападот се состоеше од ...

СКОПЈЕ - Во судницата во скопскиот Кричен суд беа спроведени сите петмина обвинети. На обвинителната клупа покрај Љупчо Палевски - Палчо се и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, како и таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Во судницата не се присутни роднини на обвинетите а обвинетиот Манев го криеше лицето од камерите и фотоапаратите на медиумите. Мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска, побара од судот јавноста ...

Соединетите држави ги оценуваат мерките против владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, откако опозицискиот кандидат Едмундо Гонзалес беше принуден да побара политички азил во Шпанија. Според податоците собрани од локалните набљудувачи и објавени од опозицијата, Гонзалес добил најмногу гласови на претседателските избори на 28 јули. „Ништо не е надвор од масата и во тесна координација со нашите партнери, вклучително и оние со кои ...

Инстаграм стандардно ги прави тинејџерските профили приватни бидејќи се обидува да ја направи платформата побезбедна за децата во услови на растечки реакции против тоа како социјалните медиуми влијаат на животите на младите луѓе. Почнувајќи од вторник (24 септември) во САД, Обединетото Кралство, Канада и Австралија, секој помлад од 18 години што ќе отвори профил на Инстаграм ќе има рестриктивен тинејџерски профил, а оние со постоечки профили ќе ...

Лидерите на четирите земји погодени од бурата Борис ќе се сретнат во четврток во Полска со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за да разговараат за помошта за регионот погоден од поплавите. Бројот на загинати во невремето што ја погоди централна и источна Европа во последните денови се искачи на 24 во средата, а некои области сè уште се под закана од надојдените води. Силен ветер и обилни дождови го зафатија регионот од ...

Водата беше над капијата. И сега почна да се намалува. Јас откако сум дојден овде за два месеци за 50 сантими е намалена водата и почнаа да се појавуваат островчиња. Катастрофа е состојбата. Така раскажува Богдан од Скопје, кој 18 години летото го поминува покрај Преспанското Езеро, во авто-кампот Крани. Вели дека е сведок на постепеното умирање на Езерото. Најочигледно е повлекувањето на водата во туристичката населба Крани, каде беше и Гласот ...

Регионот на Западен Балкан се наоѓа пред нов здравствен предизвик, односно опасноста од ширење на уште една болест кај животните. Тоа е болеста позната како чума кај малите преживари, која се јавува кај овците и козите. Болеста најпрво се појавила во Романија, а потоа и во Грција, каде само до први септември се уништени речиси 17.000 грла. Во Северна Македонија, болеста се` уште не е присутна, но надлежните велат дека ги преземаат сите неопходни ...

Христијан Мицкоски беше првиот од лидерите на „западнобалканската шесторка“ кој се поздрави со новостарата шефица на Европската комисија која денеска во Брисел го собра политичкиот врв на регионот за да разговараат за планот за раст – алатката со која ЕУ планира да ги доближи земјите од Западен Балкан поблиску до Унијата преку силна економска помош и соработка. Embed share Прва посета на Мицкоски во Брисел Embed share The code has been copied ...

Расте позитивната перцепција за Кина во македонската јавност, иако автопатот Кичево – Охрид, кој се гради со кинески кредит, е далеку од завршување. Тоа меѓу другото се наведува во едно од поновите истражувања на невладината организација „Естима“ за кинеското влијание во македонското општество. „Кина во последните десетина години многу инвестира во нејзината промоција во странство и ширењето на нејзината т.н. мека моќ. Еден од начините на кои ...

ОСЛО, 19 септември (Ројтерс) - Норвешка фондација за човекови права во четвртокот ја додели својата годишна награда на затворениот кубански дисидент лидер Луис Мануел Отеро Алкантара за неговото „бестрашно противење на авторитаризмот преку уметноста“. Четири претходни лауреати на наградата Рафто - Аунг Сан Су Чи од Мјанмар, Хозе Рамос-Хорта од Источен Тимор, Ким Дае-јунг од Јужна Кореја и Ширин Ебади од Иран - подоцна ја добија Нобеловата ...

Сослушувањето за ослободување на затворените Американци во Пекинг ги истакна причините за САД да го прошират својот список на американски државјани погрешно приведени во Кина за да му дадат приоритет на нивното враќање. Конгресмените и сведоците на конгресното сослушување оваа недела тврдеа дека владата на САД треба да го прошири списокот на Американци што ги означува како „неправедно приведени“ во Кина. „Повеќе Американци треба да се сметаат за ...

Израелската војска во четвртокот соопшти дека извршила напади врз седум локации на Хезболах во јужен Либан, истовремено најавувајќи апсење на израелски државјанин осомничен за вмешаност во заговор поддржан од Иран за убиство на израелски официјални лица. Израелските власти во соопштението соопштија дека уапсеното лице е бизнисмен со врски во Турција, кој присуствувал на најмалку два состаноци во Иран и дека потенцијални цели на заговорот биле ...

Победата на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија или АфД на покраинските избори во Тирингија на почетокот на септември, беше делумно поттикната од зголемениот број на млади гласачи. „Повеќе од една третина од младите луѓе, речиси 40% од оние меѓу 18 до 29 години, излегува и гласа за АФД“, смета Бен Ансел, професор на Универзитетот во Оксфорд. Спротивно на тоа, само еден од пет гласачи постари од 70 години гласа за АфД. ...

Во Тајван, вежбите со ракети со муниција како оваа, се еден начин на кој островот се спротивставува на честите упади на кинеските сили во неговиот воздушен простор и води. И за да ги контролираат тензиите - било да се тие меѓу Пекинг и Тајван, или Пекинг и Манила во Јужното Кинеско Море - САД и Кина зборуваат повеќе. И двете жешки точки очигледно предизвикуваат загриженост, нешто што американскиот државен секретар Ентони Блинкен го истакна оваа ...

Хезболах и либанската влада го обвинуваат Израел за експлозиите на пејџери што ги користеле членовите на Хезболах, во кои во вторникот загинаа најмалку 12 лица, а околу 2.800 други беа ранети. Хезболах во средата соопшти дека ќе ја продолжи својата борба против Израел за поддршка на милитантите на Хамас во Газа и дека Израел треба да чека „строга казна“. Израел не го коментираше инцидентот, кој дојде неколку часа откако израелската влада најави ...

да има но ќе се ограничи маржата која може да изнесува најмногу до 10 отсто. Ова е предлогот на министерството за економија кој ќе биде доставен до Владата а кој е договорен на средбата на министерот Бесар Дурмиши со трговците и производителите. Мерката ќе биде на сила еден месец. „ Се сретнав со претставниците на стопанските комори и ги чув нивите барања и забелешки како и на производителите и трговците. Направивме предлог како министерство за ...

БАЛТИМОР (АП) - Одделот за правда на САД во средата го тужеше сопственикот и управителот на товарниот брод што го предизвика уривањето на мостот во Балтимор, барајќи да врати повеќе од 100 милиони долари што американската влада ги потроши за расчистување на подводните остатоци и повторно отворање на пристаништето во градот. Во тужбата поднесена во Мериленд се тврди дека електричните и механичките системи на бродот биле неправилно одржувани, ...

(Ројтерс) - Боинг и неговиот најголем синдикат ќе ги обноват преговорите за договор во среда во присуство на федерални посредници, откако не успеаја да се договорат за клучните прашања како што се платите и пензиите, соопшти Меѓународната асоцијација на вработени во воздухопловството. Синдикатот, чии членови излегоа на штрајк минатиот петок, се залага за зголемување од 40 отсто во текот на четири години во првите преговори со Боинг во последниве ...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се врати во кампањата за прв пат по очигледниот обид за атентат во неделата, додека агентите работеа да дознаат повеќе за осомничениот во притвор. Покрај одржувањето на настан во градското Собрание, Трамп изјави за Фокс њуз дека му било кажано дека Тајната служба ќе ги зајакне неговите безбедносни детали. Њујорк Тајмс, исто така, во вторникот објави дека Роналд Роу, вршителот на должноста директор ...

Пракса за оваа целосно женска група за противвоздушна одбрана наречена Вештерките од Буча. Во доброволните сили за територијална одбрана Буча во близина на Киев има три борбени групи. Составени се само од жени. Овие три жени војуваат од април. Нивната главна цел е да ги соборат беспилотните летала Шахид, произведени од Иран, што Русија ги лансира кон регионот на Киев. Еден од командантите на групата има прекар „Џига“. 37-годишната е поранешна ...

Американскиот државен секретар Антони Блинкен слета во Каиро рано во средата, додека напорите да се обезбеди прекин на огнот во Газа дополнително се комплицираа со бранот експлозии во Либан. На неговото 10-то патување на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа пред речиси една година, Блинкен ќе се осврне на преговарачките напори со египетските власти, според американскиот Стејт департмент. Блинкен се очекува да се сретне со египетскиот ...

Дипломатското искричење на релација Скопје - Софија не се смирува. Бугарското министерство за надворешни работи денеска се обидува да ја дообјасни целата ситуација која дополнително се влоши откако вчера амбасадорот Жељазко Радунов, на состанокот во македонското МНР, одби да ја прими протестната нота иницирана од отсуството на македонското знаме при средбата меѓу претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска-Давкова во Софија. Embed share ...

Кон крајот на летото во туристички град во Западна Вирџинија… семејства се забавуваат пред враќање во училиште и на пониските температури, а размислувањата се свртуваат кон драматичната промена на претседателските избори - од Џо Бајден до Камала Харис. „Тоа ќе привлече многу женски гласови, гласови на малцинства за неа, но нема никаква суштина. Таа нема со што да се пофали, заслуги за во избори“, вели Џон Линч, жител на Западна Вирџинија. ...

Прашањето за статусот на Њујорк како град отворен за мигранти беше доведен во прашање во јануари, кога во близина на „Тајмс Сквер“, група мигранти, наводно, нападнала двајца полицајци. Случајот е во тек, но останува прашањето дали Њујорк треба да го преиспита својот статус да ги штити мигрантите? Во моментов, локалните органи за спроведување на законот се ограничени да соработуваат со федералните власти за имиграција. Дури и кога мигранти се ...

„Те сакам Кина. Драга моја мајка“ - поранешниот претседател на САД Доналд Трамп стои пред микрофон и се чини дека пее на совршен кинески јазик. „Плачам за тебе, а исто така се чувствувам горда за тебе“, се чини дека одговара потпретседателката Камала Харис, демократската противкандидатка на Трамп на овогодинешните избори, исто така, на совршен кинески јазик. Трамп се насмевнува додека ги слуша зборовите. Видеото доби илјадници лајкови и десетици ...

Израел денес објави дека ја проширил својата војна против Хамас за да ја вклучи целта да им овозможи на жителите на северен Израел да се вратат во домовите што ги евакуирале поради судирите меѓу израелските трупи и милитантите на Хезболах долж границата меѓу Израел и Либан. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека безбедносниот кабинет го одобрил потегот доцна во понеделникот. Хезболах, сојузник на Хамас, ги започна ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
0.51
60%
1010
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1010
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.69
52%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
65%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.12
68%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
49%
1011
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
51%
1011
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
57%
1010
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
32%
1012
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52