Во 2024 година речиси половина од светската популација се упатуваат на гласање. И покрај тоа што технологијата долги години се користи во изборните процеси, сепак напредокот на вештачката интелигенција може да влијае на изборите со лансирање на сајбер напади, ширење дезинформации, дестабилизација на демократските процеси, да го загрози интегритетот на политичкиот дискурс и да ја наруши довербата на јавноста. Embed share Влијанието на ...

Поранешниот заменик-гувернер на кинеската централна банка, Фан Јифеи, е осуден на смрт за примање мито со двегодишно одлагање, објавија во четвртокот државните медиуми, во услови на голема акција против митото во финансискиот сектор. Фан беше прогласен за виновен за незаконско прифаќање имот вреден повеќе од 386 милиони јуани, околу 54,55 милиони долари, за искористување на неговите високи позиции во централната банка и други финансиски ...

Израелската војска соопшти дека извршила воздушни напади во кои загинале двајца команданти на Хезболах кои биле вклучени во ракетни напади насочени кон северен Израел. Израелските одбранбени сили ги идентификуваа командантите како Ахмад Мустафа ал Хаџ Али и Мохамад Али Хамдан. Израелската војска, исто така, соопшти дека открила 40 нови лансирања кои преминале од Либан на израелска територија, од кои некои биле пресретнати од израелската ...

Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени живи денес, или една од секоја осма во светот, доживеале силување или сексуален напад пред да наполнат 18 години, соопшти Агенцијата за деца на Обединетите нации. Бројот се зголемува на 650 милиони, или една од пет, кога се земаат предвид „бесконтактни“ форми на сексуално насилство, како што се онлајн или вербална злоупотреба, објави УНИЦЕФ, во, како што го нарече првото глобално истражување за проблемот. ...

Претседателот Володимир Зеленски вчера рече дека Украина треба да обезбеди и распореди напредни ракети и да постигне побрзи резултати со нив на бојното поле. Зборувајќи во своето ноќно видеообраќање, Зеленски рече дека средбата со највисоките команданти била посветена на развојот на домашните резерви на оружје во над двегодишната војна против Русија. Ова, рече тој, вклучува беспилотни летала, електронско војување и, пред сè, распоредување ракети ...

Лабан Сејум работи долги часови управувајќи мала компанија за камиони во Мериленд. Тој со семејството дошол во САД во 2000 година за да избега од војната меѓу Етиопија и Еритреја. Сејум вели дека е фискален и социјален конзервативец и голем поддржувач на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. „Кога претседателот Трамп беше на власт, тоа беше неверојатен тип на бизнис. Знаете, пазарот беше одличен, можностите за работа беа одлични, ...

Поранешниот претседател Доналд Трамп тајно му испратил ковид тестови на Владимир Путин и покрај недостатокот во САД за време на пандемијата, и разговарал повеќепати со рускиот лидер по напуштањето на функцијата, се вели во нова книга на Боб Вудворд. Книгата „Војна“, исто така, прикажува некои од погрешни чекори на претседателот Џо Бајден што тој ги потврди и неговата борба да спречи ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, вклучително и ...

Опозицијата не отстапува од барањето за Владата да реферира пред Собранието за текот на евроинтеграциите и за тоа дали има и кој е планот за понатаму откако Брисел реши да ги одвои Северна Македонија и Албанија од пристапниот пакет. Социјалдемократите уште еднаш јавно го повикаа премиерот да се појави во парламентот и да одговори пред јавноста за најавите за „нови решенија“ за кои се водат интерни разговори во владата. „Многу најави има од ...

Унгарија ја загрозува европската безбедност, рече денес претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во говор кој ги критикуваше односите на Будимпешта со Русија и Кина. Говорејќи на дебатата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент во Стразбур, фон дер Лајен зборуваше за неподготвеноста на Будимпешта да им се придружи на партнерите од ЕУ во помагањето на Украина против руската инвазија и нејзините одлуки за ...

Македонскиот Црвен крст досега собрал 120.000 евра во денари, наменети за настраданите подрачја од поплавите во Босна и Херцеговина, информираат од таму за Гласот на Америка на македонски јазик. Станува збор за средства, кои се собрани преку телефонски броеви и сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст. „Акцијата за собирање на финансиски средства ќе трае до крајот на месец октомври“, информираат од Црвениот крст на Република Северна ...

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денес да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за можната израелска одмазда на Иран по иранскиот ракетен напад минатата недела. Блиски Исток го очекува одговорот на Израел по нападот, кој Техеран го изведе како одмазда за израелската ескалација во Либан. Бајден рече дека Израел треба да размисли за алтернативни цели за напад на иранските нафтени полиња или нуклеарните локации. ...

Заменик-лидерот на Хезболах Наим Касем денес рече дека групата ги поддржува напорите за прекин на огнот во конфликтот долж границата меѓу Либан и Израел. Во телевизиските изјави, Касем ги наведе обидите на претседателот на парламентот Набих Бери да обезбеди запирање на борбите, што ги вклучуваат најавите на Израел за нови копнени операции во југозападен Либан и продолжување на воздушните напади во Бејрут. Израелската војска денес објави дека ...

Југоисточната американска сојузна држава Флорида денес се подготвува за пристигнување на моќниот ураган Милтон, со предупредувања за обилни дождови, силни ветришта и бранови опасни по живот. Синоптичарите велат дека бурата се очекува да стигне до копно доцна вечерва или рано утре долж западно-централниот брег на Флорида. Тој регион го вклучува заливот Тампа, град со 3,3 милиони жители кој не бил погоден од ураган од 1921 година. „Милтон има ...

Одвојувањето на Албанија и Северна Македонија на нивниот пат кон Европската Унија е очекуван чин, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европски политики. Како сето ова ќе се одрази во иднина, тоа вели таа ќе зависи од тоа како земјата ќе го продолжи патот понатаму. „Ако ние дозволиме повторно да се заглавиме во прашања, како другите ќе влијаат на нас, а не ја гледаме другата слика и не гледаме долгорочно, тогаш ќе влијае лошо. Ако ...

Генералот Догон вели дека се борел со зависноста од дрога и отслужил долга затворска казна пред да заврши во шатор овде, во центарот на Лос Анџелес. Тој вели дека е срамота што Врховниот суд на САД им дозволува на градовите да им забрануваат на луѓето да спијат на јавни места. „На луѓето постојано им велам дека ако нема каде да одиме тогаш нема што да правиме. Не ме засега што велат во Врховниот суд“, вели Догон. Околу еден месец по одлуката на ...

Доналд Трамп и Камала Харис го користат последниот месец од нивните кампањи за да се обидат да направат нешто во оние области каде што можеби имаат слаби резултати. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп заостанува зад Харис меѓу женските гласачи. Во Северна Каролина, Трамп вети дека ќе ги заштити жените, за кои вели дека се посиромашни, помалку здрави и помалку безбедни отколку кога тој бил претседател. „(Тие) плаќаат многу повисоки ...

ВАШИНГТОН - Претседателот Џо Бајден ги откажа планираните патувања за Германија и Ангола, и ќе остане во Вашингтон за да ги следи состојбите предизвикани од ураганот Милтон, кој се очекува да го погоди заливот на Флорида, објави денеска Белата куќа. Прес-секретарката Карин Жан-Пјер рече дека промената е неопходна „со оглед на проектираната траекторија и силата“ на бурата. Не е јасно за кога патувањето би можело да биде презакажано. Бајден вети ...

Професионално телевизиско студио со камери, светла, глува соба, миксети за снимање и пренос во живо се дел од новиот Центар за иновации во медиумите што денеска беше свечено отворен во рамките на Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Опремувањето на просторот, набавката на опремата, стручните совети се со финансиска поддршка од САД, преку Американската амбасада, како и од факултетот за новинарство и ...

Демократската потпретседателка Камала Харис води пред републиканецот Доналд Трамп со маргинални три процентни поени - 46% спрема 43% - како што двајцата остануваат во тесна трка за победа на претседателските избори во САД на 5 ноември, според новата анкета на Ројтерс/Ипсос. Четиридневната анкета завршена во понеделникот покажа дека Трамп, кој беше зад Харис за шест поени во анкетата на Ројтерс/Ипсос од 20 до 23 септември, е префериран кандидат ...

СКОПЈЕ – Министерството за финансии односно македонската Влада денес го официјализираше кредитот од половина милијарда евра од Унгарија. Министерската за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денес во Будимпешта стави потпис на договорот со унгарската „Експорт – импорт банка“ а парите ќе бидат достапни до крајот на неделава. „Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој ...

СКОПЈЕ - Намалување на цените на прехранбени производи во есенската потрошувачка кошница има но не и кај млекото лебот и маслото за јадење, месечната заштеда на едно семејство е до 1.300 денари а првите ефекти односно намалени цени од Законот за забрана на нефер трговски практики граѓаните ќе ги почувствуваат откако големите трговци ќе ги истрошат залихите во магацините и ќе набават производи согласно новите регулативи, кажа министерот за ...

Израелската војска денес објави дека започнала копнени операции во југозападниот дел на Либан, означувајќи го проширувањето на нападот, за кој израелските власти велат дека има цел да ги потисне милитантите на Хезболах назад од границата. Како и со своите првични копнени операции во Либан, кои започнаа на 30 септември, израелската војска ги опиша новите напори како „ограничени, локализирани, насочени операции“. Копнената кампања ја придружува ...

Апсолутно верувам дека за дел од недовербата кон судството одговорни сме и самите ние, но сметам дека во голема мера за истото придонесоа и последните измени на Кривичниот законик. Тоа е дел од ставовите што Даниела Димовска, судијка од одделението за гонење на организиран криминал и корупција, при Основниот кривичен суд од Скопје, ги истакна во разговор за Гласот на Америка. Со Димовска разговаравме и за состојбата во затворите, како и за ...

Американските гласачи веројатно ќе бидат преплавени од дезинформации и кампањи за влијание, дизајнирани од американските противници, со цел, според високи американски разузнавачи, да ги доведат во прашање резултатите од претстојните претседателски избори и да фрлат сомнеж врз самиот процес. Последната проценка од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање, објавена во понеделникот, доаѓа само 29 дена пред изборите на 5 ноември, на ...

Генералното собрание на Обединетите нации има за цел да обезбеди еднаква платформа за лидерите да разговараат за најитните светски прашања - како сиромаштијата и климатските промени. Но, во новиот извештај на добротворната организација Оксфам се вели дека годишниот состанок е засенет од како што велат „глобална олигархија“ - контролирана од ултра богатите и мега корпорации. „Тие ги прават правилата во нивна корист. И тие го прават тоа на сметка ...

Нема што да се слави бидејќи овој конфликт се наближува до една година. Насилството на Блискиот Исток значително порасна во тоа време; надвор од Израел, каде што започна на 7 октомври, милитантите на Хамас го започнаа својот ненадеен напад и киднапираа над 250 заложници во Газа, која со месеци трпи израелски бомбардирања и копнени операции. И потоа во Либан, каде што Израел неодамна ја нападна милитантната група Хезболах со воздушни напади, во ...

Претседателот Џо Бајден во понеделникот, на годишнината од нападите на Хамас, рече дека САД остануваат „целосно посветени“ на безбедноста на Израел и дека Израел има право да се брани од Хамас, Иран и други, соопшти Белата куќа. „Една година подоцна, потпретседателката (Камала) Харис и јас остануваме целосно посветени на безбедноста на еврејскиот народ, безбедноста на Израел и неговото право да постои. Го поддржуваме правото на Израел да се ...

Брза железница, гасовод и взаемна поддршка во делот на ЕУ-пристапувањето – тоа беа главните теми на средбата меѓу врвот на македонската и спрската влада денеска во Скопје. Првата посета на еден српски премиер на земјава, по смената на власта, беше и за да се опипа пулсот на новата влада за идејата за брза железница по Коридорот 10, од Атина на југ, па се до Виена на север. „Многу значајно прашање за Србија е да ја слушнеме стратешката одлука на ...

Рускиот суд осуди 72-годишен Американец на затворено судење на речиси седум години затвор за наводно борење како платеник во Украина. Обвинителите рекоа дека Стивен Хабард потпишал договор со украинската војска откако Русија испратила војници во Украина во февруари 2022 година и тој се борел заедно со нив додека не бил заробен два месеци подоцна. Осуден е на шест години и 10 месеци затвор од општа безбедност. Обвинителите побараа казна од седум ...

Југоисточната американска држава Флорида се подготвува за најголемата евакуација од 2017 година, бидејќи ураганот Милтон се засили во Мексиканскиот Залив на својот пат кон западниот брег на Флорида, доаѓајќи веднаш по разорниот ураган Хелен. Американскиот национален центар за урагани со седиште во Мајами вели дека Милтон, кој се засили од тропската бура во неделата, се предвидува да падне на копно во среда наутро, најверојатно во близина на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
30%
1009
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
2.57
38%
1009
weather icon

Загреб

27ᴼ / 25ᴼ
3.09
41%
1008
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
27%
1010
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.4
33%
1010
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
5.66
43%
1011
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
53%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
41%
1009
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
38%
1008
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
2.06
38%
1011
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.79
43%
1009
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
43%
1011
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52