Одговорноста за нападот во концертната сала во Москва ја презеде Исламска држава. Русија, пак, се обидува одговорноста да ја префрли на Украина, иако нема никакви докази за тоа. Украина демантира каква било поврзаност со терористичкиот напад. Досега се уапсени 11 лица, од кои четворица државјани на Таџикистан се обвинети дека директно учествувале во нападот. Во ниту една изјава досега, ниту од руска ,ниту од која било друга страна не се спомнала ...

Исламска држава презеде одговорност за нападот. Истрагата за терористичкиот напад уште трае, а обвинувањата кои Москва ги упати дека Западот и Украина стојат зад терористичкиот напад ја ставаат Русија пред голем проблем, а тоа е што не може да ги докаже непоткрепените тврдења. На 7 март, Соединетите Американски Држави издадоа предупредување за потенцијален терористички напад во Русија, повикувајќи ги Американците во Русија да избегнуваат масовни ...