
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Голем сообраќаен застој се создаде денеска на семафорот кај „Стража“ во близина на Гостивар, каде што возачите чекаат најмалку 40 минути за да го поминат овој дел од патот. Иако семафорот покажува зелено светло, движењето е речиси невозможно бидејќи веднаш по семафорот се изведуваат градежни работи и сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. Ситуацијата дополнително се влошува бидејќи околу 5 километри по семафорот, во правец ...
Еколошките кризи повеќе не се апстрактни закани, туку се секојдневна реалност, затоа се потребни визија и координиран одговор, нагласи министерот за животна средина, Изет Меџити, пред одржувањето на првата конференција „Заедно за одржлива животна средина“. Тој нагласи дека еколошките кризи директно влијаат на јавното здравје, безбедноста на храната, економијата и на социјалната благосостојба. – Зголеменото загадување во урбаните средини, ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ќе остане член на Лос Анџелес Лејкерс. Во зимата 2025 година, Лука Дончиќ дојде од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс во шокантна размена и ќе остане таму некое време, како што стојат работите. Добро информираниот НБА новинар Боби Маркс наведува дека Лука Дончиќ ќе потпише договор со Лос Анџелес Лејкерс и дека учесниците во потенцијалниот договор ќе мора да почекаат до 2 август, точно шест месеци по размената ...
Кога ќе се спојат патувањето и добрата храна, го добивате совршениот рецепт за авантура што ја исполнува и душата и желудникот – без да го испразните паричникот. Ако сонувате за шармот на европските улици, богатата кујна и прифатливите цени, овие три града се идеална дестинација. Будимпешта, Унгарија Унгарската престолнина е рај за гурманите кои свесно штедат буџет. Можете да пробате класичен гулаш, полн со вкус и традиција, за сума од околу пет ...
Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, на 6 јуни, во 20 часот, во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“, во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. Во ...
Под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела (8.јуни) времето ќе биде многу топло. Денес и утре, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има и в сабота. Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно, а дневната ...
Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта („Македонија пат“) и со Општина Куманово, ги заврши градежните работи на рехабилитацијата на дел од регионалниот пат Р1104 транзит Куманово (улица „Никола Тесла“). Саниран е коловоз во должина од 1,4 километри, со променлива ширина од 6,5 до 9 метри, односно станува збор за површина од околу 10.000 квадратни метри. ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека мнозинството Европејци не го поддржуваат забрзаниот прием на Украина во Европската Унија, како и испраќањето европско оружје и војници во војната, нагласувајќи дека војната меѓу Русија и Украина станала „катализатор“ преку кој Брисел се обидува да преземе сè повеќе овластувања. Зборувајќи на пленарната седница на Форумот на унгарски пратеници во Карпатскиот басен (KMKF), Орбан предупреди дека ...
Силите на НАТО започнаа двонеделни воени маневри во Балтичкото Море во четврток, а првите воени бродови утрово испловија од Росток, пристаниште во североисточна Германија. Меѓу бродовите што испловуваат од поморската база Росток-Варнемунде се германската корвета „Магдебург“ и францускиот миноловец „Вулкан“. Во годинешната вежба BALTOPS, што традиционално се одржува под водство на САД, учествуваат над 50 пловни објекти, повеќе од 25 воздухоплови ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и другите балкански земји да примат мигранти депортирани од САД, соопштија луѓе запознаени со ова прашање, објави денес „Блумберг“. Барањата до земјите во регионот се во тек и се дел од поширока стратегија за пронаоѓање странски влади кои се подготвени да прифатат мигранти испратени од Соединетите Држави, вклучително и некои кои првично влегле во Соединетите ...
Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска ја одржа последната седница во актуелниот состав, пред претстојните локални избори. На седницата, свое обраќање имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој направи осврт на сработеното во изминатиот период и упати благодарност до сите делегати за досегашната соработка. Тој посочи дека изминатата година била особено продуктивна. Како клучни постигнувања ...
Откривањето на бројни пијани возачи со многу промили алкохол во крвта речиси стана секојдневие на македонските сообраќајници. Нема ден а да сообраќајните билтени на полицијата не содржат по десетици возачи кои го прават овој груб и голем сообраќаен прекршок. При ова, откриените промили во организмите на несовесните возачи покажуваат се поголеми и поголеми нивоа наспроти максимално дозволените 0,50 промили алкохолот во крвта. Вчера, на пример, ...
Во средата околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија. Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Извршен е увид. ИЗДВОЕНИ ...
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Боречката федерација на Македонија, Дејан Богданов, со тренерите и со младите македонски борачи што ќе настапат на претстојното Европско кадетско првенство во борење (U17), кое ќе се одржи од 9 до 15 јуни во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Ристовски изрази поддршка за младите македонски борачи и истакна дека организацијата на едно европско првенство ...
Во Музејот на македонската борба, на 6 јуни, од 20:00 часот, концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Атака“ во состав: Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола и Маја Михајловска – виолончело. Концертот е во чест на 120 години од раѓањето на Стефан Гајдов и 100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски – композитори чија дејност ги постави темелите на македонската современа музика. – Концертот ...
Во Археолошкиот музеј во Созопол, Бугарија, на 6 јуни, со почеток во 20:00 часот, љубителите на уметничката музика ќе имаат ретка можност да уживаат во концертот на гудачкиот квартет предводен од Пламенка Трајковска, како дел од програмата на Интернационалниот фестивал на франкофонијата „Солеј“. Концертот е насловен „Долго патување“ и претставува музичко истражување инспирирано од богатата балканска музичка ризница и од француската камерна ...
Растот на БДП за првиот квартал од 2025 година е 3,2 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. – Со тоа, Македонија е меѓу петте земји со најбрзорастечка економии во Европа, пред нас се Ирска, Данска и Полска. Споредбено, ова значи дека растот е поголем за три пати од лани. Ова се должи на успешните економски политики на Владата. Нашата заложба е да продолжи ова, затоа носиме политики што ја поттикнуваат економијата да се ...
Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народна банка, Трајко Славески, во видеоинтервју за МИА. – Фиксниот девизен курс, кој добро ѝ служеше на Република Македонија, ќе остане и во наредниот период, да се надеваме на влез на Република Македонија во догледно време во Европската Унија и подготовка за воведување на еврото со овој ...
Афион, сончоглед, шеќерна репа, маслодајна репа, тутунот… кои порано ги извезувавме, сега сè помалку може да се видат по нивите низ Македонија. Во Пелагонија, која беше еден од најголемите производители на индустриски култури во поранешна Југославија, сега на нивите растат трње и плевел. Некои од овие индустриски култури се комплетно исчезнати, некои сѐ помалку се сеат, но факт е дека површините со индустриски култури континуирано се намалуваат. ...
Според тој предлог, децата на возраст од 6 до 18 години, кои посетуваат образовни институции би добивале 10 евра месечно од државата, што за 12 години би изнесувало вкупно 1.440 евра по дете, без да се сметаат приходите од инвестирањето на тие пари. Од 18-годишна возраст, корисниците би можеле сами да уплаќаат дополнителни средства на таа сметка, во рамките на годишните ограничувања. Добивката остварена од инвестициите би била ослободена од ...
Теориите на заговор на интернет се нижат една по друга… Сите дипломатски разговори останаа во сенка на донекаде нејасниот инцидент во авионот, а шпекулациите дека Брижит го удрил својот сопруг продолжуваат да се вртат. Фотографиите од средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во Рим предизвикаа вистинска бура на интернет! Ракувања, бакнежи во образ и широки насмевки пред камерите – многумина се ...
Приватните превозници од вчера повторно се вклучени во сообраќај. Нивниот претставник, Јовица Зафировски, денеска, за весникот ВЕЧЕР истакна дека во средата им бил уплатен минимален износ средства од долгот што го има Град Скопје кон нив. – Ни уплатија минимална сума за да можеме да опстоиме до понеделник. Очекуваме в понеделник да биде исплатен поголем дел од долгот. Се надевам дека ќе се надмине проблемот и дека ќе нема потреба повторно да ги ...
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува своите патници дека по повод верските празници Духовден и Курбан бајрам, во текот на трите дена од продолжениот викенд (6.6. 2025 година-8.6.2025 година) ќе се работи по неделен возен ред. В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. В петок и в недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација во Транспортниот центар, со ...
Летната сезона е на прагот, а на скопјани не им останува голем избор за тоа каде ќе избегаат од жештините, бидејќи засега не функционираат ниту базенот ниту Аквапаркот во рамките на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а оставено во заборав е и езерото Треска. Остануваат олимпискиот базен „Центар“, базенот Аеродром и приватните на периферијата од градот Летната сезона е на прагот, а на скопјани не им останува голем избор за тоа каде ќе ...
Судот за прекршоци во Нови Сад го осуди мажот Р. С. (42) на парична казна од 150.000 динари затоа што уринирал врз свеќите и цвеќето за жртвите од уривањето на настрашницата на железничката станица во Нови Сад на 4 мај. Неговиот срамен потег ја налути јавноста во Србија. Тој беше приведен неколку дена подоцна, а Судот за прекршоци во Нови Сад, наведува дека Р. С., е осуден. „На 8 мај 2025 година, обвинетиот Р.С. (1983) од Нова Пазова е донесен ...
Црногорските власти планираат да почнат со производство на беспилотни летала, во соработка со компанија од САД, а првата серија ќе ѝ биде донирана на Украина, се вели во документот на Владата на Црна Гора., пишува Радио Слободна Европа. Владата вели дека иницијативата е во согласност со заложбата на Црна Гора, која, меѓу другото, ќе ја зајакне домашната одбранбена индустрија. Не е познато кога ќе почне производството и колку средства ќе издвојат ...
Со започнување на екопроектот за третирање на атмосферските води со изведба на канализациски системи за да се зачува биолошката разновидност околу Преспанското Езеро, денеска, во Претор беше одбележан Светскиот ден на животната средина. Според генералниот проект, освен во Претор, ќе се изградат мрежи за собирање на отпадните води и постројки за нивни третман и во Стење, Крани, Долно Дупени, Брајчино и во Сливница. Амбасадорот на ЕУ во земјава, ...
Без веродостојна информација, општеството не може да опстојува, но, за жал, последниве години новинарот е сведен на пренесувач на информации, кои не секогаш се точни или се насочени кон некаква цел Љубчо АЛЕКСОВСКИ Кире Јанишлиев, новинар и политиколог од Гевгелија, ги живее своите мирни пензионерски денови во својот роден град, за кој четврт век има пишувано со голема љубов и страст во тогаш единствениот македонски весник, „Нова Македонија“. Со ...
Во соработка со Шумарскиот факултет, средните шумарски училишта од Демир Хисар и од Кавадарци, Националниот парк „Пелистер“ започна со спроведување на мерките за ревитализација на старата моликова шума. Првичните мерки што ќе бидат преземени се отстранување на оштетените, паднатите и заболените стебла, кои ќе бидат спроведени со максимална претпазливост, согласно со Законот за шумите и исклучиво во соработка со експертите и со сите надлежни ...
Во Кавадарци се одржа обука за гасначи на шумски пожари, во организација на Секторот за заштита, надзор и внатрешна контрола на ЈП „Национални шуми“. На практичниот дел од обуката присуствуваа 74 вработени од 17 подружници, со специјални теренски возила за гаснење шумски пожари, опремени со алати за гаснење, грбни прскалки, како и цистерна и специјално возило за гаснење шумски пожари. Практичниот дел се одржа на висорамнината Витачево, ...