Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Љубовниот живот на една од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата е внимателно следен од медиумите. Ламин Јамал, 19-годишниот бисер на каталонскиот гигант Барселона, моментално е во врска со Инес Гарсија (22), која е три години постара. Неговата партнерка отворено зборуваше за нивната врска и откри детали што предизвикаа големо внимание во јавноста. Приказната за тоа како сè започна е особено интересна. На прашањето дали се точни ...
Екипата на Денвер нагетс го засили својот тренерски штаб со искусниот Дејвид Јегер, кој ќе му биде прв асистент на тренерот Дејвид Аделман. Јегер има повеќе од 20 години искуство во НБА, а во кариерата ги предводеше Мемфис и Сакраменто, а работеше и како асистент во Филаделфија, Милвоки и во Мемфис. Неговото доаѓање е насочено кон подобрување на одбраната на Денвер, сегмент во кој Нагетс имаше сериозни проблеми во последните сезони. Тимот ...
Собранието на Црна Гора ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување со кои жените со секундарна дисменореја и болни менструални циклуси имаат право на два дена платено отсуство месечно. Тоа право, како што пренесува „Вјести“, се однесува на жените што имаат болни менструални циклуси предизвикани од органски причини, како што се ендометриоза, миоми, полипи и други гинеколошки заболувања. Независната пратеничка Евросима Пејовиќ ја ...
Москва беше цел на еден од најголемите украински напади со дронови од почетокот на војната преку ноќ, а руските власти тврдат дека повеќето од авионите биле пресретнати пред да стигнат до градот. Градоначалникот на Москва во вторник објави дека рускиот главен град бил цел на повеќе од 390 украински дронови, а регионалниот гувернер рече дека во нападите биле оштетени и станбени згради. „Повеќе од 390 дронови се упатија кон Московскиот регион“, ...
Франција и Шпанија продолжуваат да се борат со огнената стихија, или „огнена бура“ како што е наречена, кој веќе проголта илјадници хектари и принуди повеќе од 300.000 луѓе да се евакуираат. „Пожарот е независен, „живее свој живот“ и се шири во сите правци. Тешко е да се контролира“, рече Лоран Нуњез, француски министер за внатрешни работи, опишувајќи ги шумските пожари на југозападот од земјата. Пожарите стигнаа до периферијата на Бордо, ...
Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, ги покани Европејците да учествуваат во изборот на новиот изглед на еврото, кој се менува прв пат откако е воведено тоа во 2002 година. Гласањето ќе биде отворено до 21 септември, преку анкета на веб-страницата на ЕЦБ, додека конечната одлука на Управниот совет на Банката се очекува на крајот од годината. Разгледани се повеќе од 1.200 предлози, при што се издвоени две главни теми, ...
По две сезони без трофеј, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, реши да направи значителна реконструкција на тимот. Голем број играчи што дадоа многу во претходните години си заминаа (Дани Карвахал, Давид Алаба…), а во клубот има неколку нови лица. Убедливо најзвучно лице е старо-новиот тренер, Жозе Мурињо. Тој веднаш доби нова одбрана откако пристигнаа во клубот Ибрахима Коната, Дензел Дамфрис и Марк Кукурела. Средниот ред е ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со формирањето на тимот за сезоната 2026/2027 и го промовираше второто засилување во летниот преоден рок. По ангажманот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Станува збор за кошаркар од САД со македонско потекло, кој поседува и македонско државјанство. Благодарение на тоа, во домашното првенство тој ќе има статус на домашен играч, што претставува дополнителна предност ...
Останува помалку од еден месец до почетокот на двеаесттите Медитерански игри – Таранто 2026, а подготовките на македонската делегација влегуваат во завршна фаза. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најголемите мултиспортски натпреварувања, каде што е се натпреваруваат со најдобрите спортисти од земјите учеснички. Македонија годинава ќе настапи со најбројната делегација во својата историја на ...
Ех, каков концерт и само какви сеќавања, на едно поминато време кое никогаш нема да се врати. Станува збор за концертот под отворено летно ведро небо на легендарниот македонски шлагерски и поп-пејач Драган Мијалковски кој уште со право го држи местото под естрадното (македонско) сонце. Неговиот синоќешен настап беше воедно и во чест на жртвите од катастрофалниот скопски земјотрес под симболичен наслов „Скопје, радост моја“. Концертот со ...
Скопје повторно се подготвува да стане центар на трчањето, спортскиот дух и позитивната енергија. На 4 октомври 2026 година ќе се одржи 22. издание на Виз Ер Скопски маратон, а пријавувањето за најголемиот тркачки настан во земјата е во полн ек. Вториот рок за пријавување завршува на 31 јули, па сите кои планираат оваа есен да застанат на стартната линија се повикуваат навреме да го обезбедат своето учество и да започнат со подготовките. Виз ...
Бесплатните униформи за средношколците во Скопје отворија различни ставови кај родителите. Дел од нив сметаат дека конечно ќе се стави крај на натпреварот кој носи поскапа облека, додека други велат дека вистинските проблеми во училиштата не се решаваат со нови униформи. Прашањето што се наметнува е дали ова ќе донесе поголема еднаквост или само ќе го одвлече вниманието од подлабоките проблеми во образованието. По најавата на градоначалникот ...
Шумски пожар избувна во близина на Анталија, Турција, во шумската област кај населбата Узумлу. Пожарот, чии причини засега не се познати, се гаси и од воздух и од земја. Во акцијата се вклучени шест хеликоптери, три авиони, 14 противпожарни возила, пет цистерни за вода, две возила за итни интервенции и 135 шумски работници. Надлежните соопштија дека силниот ветер го отежнува гаснењето и придонесува за ширење на огнената стихија. Antalya’nın ...
Иранската телевизија Тасним, блиска до Иранската револуционерна гарда, објави видео во кое и се заканува на Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, и нивниот син Барон, објави Метро. Во видеото, насловено како „Каде да се убие Меланија Трамп“, авторите тврдат дека имаат информации за движењата на првата дама и ја прикажуваат нејзината официјална поворка и локациите што наводно често ги посетува во Њујорк. Тие ги ...
Можеби најголемиот шумски пожар во шпанската историја, кој ги зафати областите во близина на градовите Авила, Толедо и Мадрид, е предизвикан од неовластено користење на тешка механизација во шумска област во близина на Бургохондо, објави новинската агенција EFE во понеделник, повикувајќи се на полициска истрага. Пожарот во покраината Авила избувна на 22 јули, а полицијата верува дека е предизвикан од искра создадена за време на работата на ...
Националниот медицински истражувачки центар за радиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство, заедно со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, го доби првото одобрение во светот за mRNA антитуморска вакцина, која би можела да стане достапна за возрасни пациенти со неоперабилен или метастатски меланом, беше објавено на веб-страницата на Националниот медицински истражувачки центар за ...
Европа се подготвува за нов, многу силен топлотен бран што би можел да донесе рекордно високи температури на голем дел од континентот кон крајот на јули и почетокот на август. Според најновите метеоролошки прогнози, над Европа треба да се формира исклучително силна топлотна купола, која би можела да трае речиси две недели. Таквиот временски модел би можел да предизвика екстремна топлина, да го зголеми ризикот од пожари и да претставува ...
Голем инцидент ја одбележа седницата на албанскиот парламент откако лидерот на партијата „Можност“, Агрон Шехај, беше обвинет за земање доверлив договор за заем вреден 302 милиони долари од просториите на парламентот. Шехај, е обвинет за кражба на доверливи документи од просториите на албанскиот парламент, по што наводно избегал од зградата. Инцидентот се случил за време на пленарната седница, кога Шехај од канцелариите на парламентот извадил ...
Граѓаните, компаниите и институциите се сè позадоволни од статистичките податоци и услугите што ги нуди Народната банка. Ова го покажуваат резултатите од двете анкети што Банката ги спроведе меѓу корисниците и доставувачите на статистички податоци. Анкетите се направени со цел да се провери колку се квалитетни, достапни и навремени статистичките информации, но и како може дополнително да се подобрат услугите. Според резултатите, задоволството ...
Цените на суровата нафта од типот Брент продолжија да паѓаат денес, паѓајќи на 85,7 долари за барел. Во споредба со вчера, цените на Брент денес се намалени за речиси три проценти. Падот на цените на нафтата доаѓа како олеснување, откако Брент достигна 100 долари за барел минатата недела, го заврши денот на околу 97 долари за барел во петок, а вчера падна на 88,3 долари за барел. Падот дојде откако Вашингтон во петокот сигнализираше дека ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин „Богородица“, при контрола на товарно моторно возило, пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари, соопштија утрово од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО – Гевгелија за ...
Нов топлотен бран што доаѓа во Франција, Шпанија, Италија и Турција оваа недела би можел дополнително да ја искомплицира борбата против големите шумски пожари што веќе беснеат во тие земји. Француската метеоролошка служба прогнозира температури до 40 степени Целзиусови од денеска, додека шпанската метеоролошка агенција AEMET предупреди за нов топлотен бран од среда до крајот на неделата, пренесе Танјуг. Температури до 42 степени Целзиусови се ...
Силен земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,1 степени ја погоди јужната префектура Кумамото во вторник, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). JMA издаде предупредување за цунами по земјотресот, предупредувајќи за бранови високи до еден метар. Јапонската влада, исто така, издаде предупредувања за вонредни земјотреси за префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки, сите на јужниот остров Кјушу. Kyushu ...
Додека Франција и Шпанија се борат со некои од најлошите пожари во поновата историја, експертите предупредуваат на необичен и невиден феномен што би можел дополнително да ги влоши ефектите од пожарите – „пирокумулонимбуси“ или „огнени облаци“. Шумските пожари често се шират кога се комбинираат високи температури, силни ветрови и суви услови, но големите, интензивни пожари можат да создадат свои временски системи. Еден од највпечатливите ...
Германскиот министер за внатрешни работи најави безбедносни реформи откако во напад со автомобил во близина на Парадата на гордоста во Берлин загина едно лице, предизвикувајќи јавно негодување бидејќи осомничениот не бил во затвор иако имал пресуда. Осомничениот, кој беше застрелан од полицијата во неделата, е идентификуван како 21-годишниот германски државјанин Абдул Балут. Тој бил осуден на затвор во мај за подготовка на сериозна форма на ...
Поради барањата за подобри услови за работа, поголем број вработени и исплата на прекувремените часови, грчките царински службеници вчера организираа штрајк што предизвика големи гужви и повеќечасовни чекања на граничните премини со Македонија. Синдикатот на царински службеници на Грција со штрајкот протестира против сериозниот недостиг на персонал, неплатените или недоволно платените прекувремени часови, како и, според нив, исцрпувачките ...
Големите резерви на сурова нафта во Кина, забрзаната електрификација на сообраќајот и намалената потрошувачка во петрохемиската индустрија придонесоа за ублажување на глобалните економски последици од војната со Иран и го ограничија растот на цените на енергијата, проценија економистите на Европската централна банка (ЕЦБ) во анализа објавена во понеделник. Во анализа објавена на блогот на ЕЦБ се вели дека Кина значително ги зголемила своите ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, утре во Белата куќа ќе се сретне одделно со украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а темите на состаноците ќе бидат војната во Украина, поточно војната против Иран, објави „Си-ен-ен“ денес, повикувајќи се на извор од Белата куќа. За време на средбата на Трамп со Зеленски, лидерите ќе разговараат за тековниот мировен процес меѓу Русија ...
Полната Месечина во Водолија во среда не носи пари, туку нешто потешко за проголтување: ве замолува прво да го поправите вашиот однос со себе. Само тогаш имате што да им дадете на другите. Пет хороскопски знаци ја доживуваат оваа седмица од 27 јули до 2 август 2026 година со ветер на грб, а за еден од нив, целата напорна работа од многу години конечно се исплати. Дополнителен пресврт пристигнува на 26 јули. Северните и Јужните Јазли се ...
Анџелина Џоли и Роберт Де Ниро се меѓу холивудските ѕвезди чии контактни податоци наводно се откриени во хакерски напад, тврди експерт за сајбер безбедност, пишува британски „Телеграф“. Личните телефонски броеви и приватните е-адреси на актерите наводно станале јавни откако неколку бази на податоци поврзани со Филмскиот фестивал Трибека беа објавени на интернет. Други познати личности чии податоци се вели дека биле компромитирани во ...