Рускиот претседател Владимир Путин не користи ниту фиксни ниту мобилни телефони за комуникација со функционери на државната администрација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за новинарот на списанието „Лајф“, Александар Јунашев. Според рускиот бизнис-дневен весник „Комерсант“, Песков рече дека Путин користи исклучиво специјални, заштитени комуникациски линии за сите разговори. Песков објасни дека за време на празниците, ...

Летната сезона на хрватскиот брег е во полн ек, а сцените од една од најпознатите плажи во Макарска повторно ја отворија дебатата за масовниот туризам и гужвите во шпицот на сезоната. Видео кое се прошири на социјалните мрежи ја прикажува плажата во утринските часови, речиси без слободен простор. Снимките покажуваат пешкири поставени еден до друг, лежалки, чадори и детски играчки кои го окупираат речиси секој слободен дел од брегот. Многу ...

Планинарот Харис Адиловиќ, еден од двајцата преживеани планинари, раскажа дека трагедијата е резултат на погрешна временска прогноза, а не на недостаток на подготовка на групата. Тој вели дека тешкотиите се појавиле уште од самиот почеток на искачувањето. Групата немала водич, а во почетната фаза, еден од учесниците почнал сериозно да се замрзнува, што го принудило водечкиот тим да се врати. Дино Ахметовиќ од ГСС „Зеница“ објасни дека откако ...

Црна Гора го забрзува усогласувањето на својата визна политика со Европската Унија, па од 1 ноември 2026 година, на граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за влез во земјата. Дотогаш, продолжениот безвизен режим, кој важи и за граѓаните на Кина, Турција и Саудиска Арабија, останува на сила. На граѓаните на Русија и Белорусија ќе им бидат потребни визи за престој во Црна Гора од 1 ноември оваа година. Владата го продолжи ...

Проектот „Скопје 63/63“, кој претставува единствена средба на поезијата и фотографијата, посветена на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, ќе биде претставен вечерва (28 јули) во 20:30 часот, во Сули ан. Поетската антологија, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, обединува избрани творби од македонски и од странски автори посветени на Скопје и на неговата меморија. Проектот е надополнет со фотографиите на ...

Со дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка за земјоделството, општините и за реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Ова го истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го ребалансот пред пратениците во Собранието. Таа нагласи дека со ...

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и на локалните традиции ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за земјоделство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој се во вкупна вредност од 1.048.509 денари (17.048 евра). Парите, како што информираат од ...

Државата, покрај тоа што треба да располага со стратешки резерви на нафта и нафтени деривати, мора да обезбеди и сигурни резерви на храна. Во услови на економски кризи, природни непогоди, воени конфликти или нарушување на светските пазари, домашното производство и стоковните резерви претставуваат клучен фактор за безбедноста и стабилноста на државата. Поради тоа, неопходно е да се изградат и стават во функција повеќе откупно-дистрибутивни ...

Ново поскапување ќе ги удри скопјани по џебовите – сметките за парно од август ќе бидат повисоки, а возачите веќе точат поскапо гориво. РКЕ вели дека покачувањето доаѓа поради поскапиот гас и состојбите на светските пазари. Додека дизелот се искачува кон границата од 100 денари, граѓаните стравуваат дека секое ново поскапување ќе значи уште поголем товар за домашниот буџет. Од Владата најавуваат дека ќе разгледуваат дали ќе има мерки за ...

Четириесетина коњаници, меѓу кои и пет девојки, ја продолжуваат една од најгордите македонски традиции: Илинденскиот коњички марш од Горно Лисиче до Крушево. Со благослов, развиорено знаме и со мисла за илинденските херои, тие вечерва тргнуваат на пат долг неколку дена, носејќи ја со себе приказната за слободата и за македонскиот дух. – Ова не е само патување туку и сведоштво за љубовта кон Македонија – порача градоначалникот на Општина ...

Авион на „Норвешката авиокомпанија Ер Шатл“ од Осло до Дубровник утрово беше ненадејно пренасочен кон Австрија откако за време на летот беше откриен проблем со прозорецот на авионот. Авионот на летот DY1922 полетал од Осло во 6:45 часот наутро и требало да слета на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник околу 9:40 часот наутро. Сепак, како што неофицијално дознава „Дубровник дејли“, еден од прозорците пукнал за време на летот, што го навело ...

Иранското Министерство за надворешни работи денес издаде трето предупредување до Бугарија, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката на американските воздухопловни сили. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во соопштение објавено на социјалните мрежи изјави дека „донесувачите на одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за ...

И покрај напредокот на современата медицина, болничките инфекции и натаму се меѓу најсериозните предизвици за здравствените системи. Епидемиологот д-р Сашко Очумчев, автор на книгата „Интрахоспитални инфекции“, предупредува дека превенцијата, строгите хигиенски мерки и рационалната употреба на антибиотици се клучни за заштита на пациентите. Во интервју за ВЕЧЕР, тој зборува за најчестите болнички инфекции, опасноста од мултирезистентните ...

Во градот што некогаш беше симбол на културата, историјата и на достоинството, денес сѐ почесто се чувствува едно длабоко заборавање на ликот и делото на Јосип Броз Тито, човекот чие име остави неизбришлива трага во историјата на поранешна Југославија и на овие простори, реагираат од Здружението „Титоисти“ од Охрид. Оттаму велат дека она што значело некогаш чест, углед, солидарност и идеали, денес е оттурнато на маргините. – Во Охрид, наместо ...

Првпат по цели осум децении одново се слушаше литургија во сè уште разурнатото светилиште, долнодримколскиот манастир во Манастирец, посветено на свети архангел Гаврил. Завчера, на празничниот ден посветен на архангелот Гаврил, во остатоците од некогашниот раскошен манастирски храм, каде што одамна нема купола, со службата чиноначалствуваше епископот антаниски, г. Партениј. Со него сослужуваа и свештенослужители од Бигорското братство, како и ...

Матичните лекари во земјава не ги прифаќаат најавените промени во начинот на закажување специјалистички прегледи на своите пациенти, што од нив, минатата недела, го побарала Управата за електронско здравство. Ваков категоричен став му бил пренесен на министерот за здравство, Сашо Клековски, на неодамнешната средба што се одржала по повод појавувањето проблеми околу новиот начин на закажување специјалистички прегледи. Како што објави весникот ...

Реконструкцијата на монументалниот споменик во Крушево „Македониум“ ги разбранува експертите. Требало или не да се направат капаци врз витражните отвори, сепак денеска ќе треба да констатираат експертите од Управата за заштита на културното наследство. Ова за весникот ВЕЧЕР го изјави директорката Весела Честоева, која вети дека по инспекцискиот надзор и увидот, јавноста ќе биде благовремено информирана. – Во 2025 година, по предлог на Завод и ...

Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, кој годинава го слави својот 40-годишен јубилеј, на 28 јули во 21 часот во црквата „Св. Софија“, ќе одржи концерт под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Основан е како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски, С. ...

Во Порта Македонија во Скопје, вечерва (28 јули) во 18:00 часот ќе биде претставен литературниот портрет посветен на авторката Марина Гоцевска. Посетителите ќе се сретнат со нејзиниот творечки дух, со тишината меѓу стиховите и со светлината што ја остава пишаниот збор. Заедно ќе патуваат низ нејзиниот книжевен свет, ќе ги слушнат приказните што го обликувале нејзиното перо и ќе се доближат до мислите, чувствата и визиите што живеат во ...

Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција. Вака накратко може да се опише настапот на британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која завчеравечер одржа концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на „Британска вечер“ на фестивалот „Охридско лето“. Таа уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја македонската публика со виртуозната техника, музикалноста и со исклучителната уметничка ...

„Гоце Тодоровски не беше само еден од најдолговечните и најсакани членови на ансамблот. Тој беше дел од неговиот идентитет, од времето кога претставите се играа со децении, кога билет повеќе се бараше со недели и кога актерите стануваа дел од животот на својата публика. Зад него остануваат улоги што ќе продолжат да живеат во сеќавањето на гледачите, архивските снимки на кои повторно ќе нè насмее и онаа особена тишина што останува кога од ...

Пејачот Александар Тарабунов-Тара деновиве, среде лето, објави нова песна, за која се надева дека ќе биде хит. Всушност, се работи за старата песна „Прва љубов“, која во далечната 1973 година, на некогашниот „Скопски фестивал“, премиерно ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов и наш познат пејач, кој во последните неколку години пее фолк-мелодии. – Оваа песна е подарок за мојот град Скопје. За градот кој ми е прва љубов и кој нè учи дека и по ...

Новата железничка станица во Скопје официјално е пуштена во сообраќај на 27 јули 1981 година. На тој ден, во 11:30 часот заминал последниот воз од Старата железничка станица, а во 12:35 часот на новата пристигнал првиот воз, со што и официјално почнала нејзината работа. Пред 45 години, Скопје доби еден од своите најпрепознатливи симболи – Новата железничка станица, која е дело на прочуениот јапонски архитект Кензо Танге и претставува ...

Во ЈП „Лајка“ се случи нешто што ретко се гледа: кучињата што долго чекале некој да ги избере, овој пат сами го најдоа својот човек. – Тие не чекаа некој да ги избере, тие самите го избраа својот човек – порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, раскажувајќи за средбите полни со љубов и доверба. Таму се случија љубов и пријателство меѓу човек и животно, со едно мавтање со опашката и со еден топол поглед, и се напишаа нови приказни што ќе траат ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека ќе направи обид правно да му помогне на човекот уапсен под сомнение дека, на социјалните мрежи, му се заканувал со смрт. Полицијата уапси 55-годишен жител на Крагуевац, со иницијали С. С., кој е осомничен дека на својот профил на „Фејсбук“ објавил видео во кое, мавтајќи со нож, директно му се заканува со смрт на српскиот претседател и на главниот и одговорен уредник на весникот „Информер“. ...

Водата од градскиот водовод, по хиперхлорирањето, повторно може да се користи за технички потреби, но не и за пиење и подготовка на храна. Бројот на новозаболените продолжува да опаѓа, Обвинителството собира докази и не ја исклучува можноста од отворање нови предистражни постапки. Од скопски „Водовод“, каде што изминатите денови го следат квалитетот на водата во Гостивар, информираа дека три последователни дена во шесте анализирани примероци ...

Македонија годинава го регистрираше првиот случај на западнонилска треска во Европа, а заклучно со 27 јули, во земјава се евидентирани вкупно осуммина заболени, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), до 22 јули вирусот е регистриран во 35 региони во шест европски држави: Италија, Грција, Романија, Македонија, Шпанија и Франција. Пријавени се ...

Ландо Норис ја забележа својата прва победа во сезоната, триумфирајќи на Големата награда на Унгарија по возбудлива трка на патеката Хунгароринг. Возачот на Мекларен ја искористи одличната стратегија на тимот и проблемите на својот тимски колега, Оскар Пјастри, кој долго време беше лидер, но на крајот, мораше да се повлече поради технички дефект. Второто место му припадна на Макс Верстапен, кој и покрај сериозните проблеми со болидот, успеа ...

Вицешампионот на Италија, тимот на Наполи, не уште нема донесено конечна одлука кога е во прашање иднината на белгиските интернационалци, Ромелу Лукаку и Кевин де Бруин. Двоецот беше во вербална војна со сега веќе поранешниот тренер на „азурите“ во финишот од изминатата сезона, а таквото нивно однесување ни малку не им се допаднало на клупските челници. ИЗДВОЕНИ Парното поскапува и горивата со нови цени ВЕЧЕР РЕПОРТАЖА – епидемијата во ...

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс, и официјално е новиот кошаркар на Филаделфија, а неговата одлука да потпише двегодишен договор за ветерански минимум предизвика огромен интерес низ НБА. Четирикратниот шампион ќе заработува 3,88 милиони долари во сезоната 2026/27 и има опција од 4,07 милиони за следната сезона, што е драстично помалку од 52,6 милиони долари колку што заработуваше во Лос Анџелес Лејкерс. Со овој потег, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Родиум

295786.87