Костјантинивка, еден од најактивните сектори на фронтот, каде што живееле 67.000 луѓе пред почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година, денеска има само 867 луѓе. Ова го објавија денес локалните власти на социјалните медиуми, додавајќи дека меѓу ѓителите кои претходни живееле таму 6.624 се деца. Делот од Донецката област во источна Украина кој не е под контрола на руските сили сè уште има население од 124.500, вклучувајќи 51.700 ...

Европската Унија денес воведе санкции врз иранските судии кои ги смета за одговорни за сериозни кршења на човековите права, објави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Таа напиша во објава на социјалната мрежа X дека ЕУ не смее да ја изгуби од вид репресијата врз властите во Техеран. „Денес, ЕУ воведе нови рестриктивни мерки врз иранските судии одговорни за сериозни кршења на човековите права, ...

Најмалку десет лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски ракетен напад врз полигон за обука во близина на Киев, каде што се одржуваше изложба на оружје и воена опрема, соопштија украинските власти, додека шест лица загинаа во украински напад врз нафтен објект во Русија, при што десетици се ранети од двете страни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на социјалните мрежи кратко по нападот за да каже дека најмалку шест ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува дека Кина или Русија го снабдуваат Иран со оружје, повикувајќи се на уверенија за кои тврди дека ги добил од лидерите на двете земји. „Претседателот Шји ми рече на нашата неодамнешна средба во Пекинг дека Кина нема да дава или продава оружје на Исламската Република Иран под никакви околности. Тоа ги вклучува и кинеските компании“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Со ...

Од Град Скопје соопштија дека денеска до нив пристигнала пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влева во Вардар, по што веднаш биле активирани надлежните служби. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека инспекциските служби на Град Скопје веднаш излегле на терен, а за случајот дополнително биле известени и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така започнале увид. За утврдување на изворот ...

Ако сте љубители на свежи и лесни десерти, овој лимон тирамису е вистинскиот избор. Комбинацијата од нежен маскарпоне крем, домашен лимонов крем и бисквити натопени во ароматичен лимонов сируп создава совршено избалансиран десерт. Идеален е за топлите денови, семејни прослави или кога сакате да подготвите нешто посебно без многу труд. Состојки За лимоновиот сируп 120 мл вода 50 г шеќер 1 кесичка ванилин шеќер Кора од 1 лимон, исечена на тенки ...

Силната бура ја оштети стрелката на часовникот на Старата железничка станица, но не успеа да го наруши неговото значење како вечен сведок на скопската трагедија. Стручни екипи ќе ја санираат и ќе ја вратат на место стрелката што со децении стои закована на 5 часот и 17 минути. Иако е еден од најпрепознатливите симболи на градот, за неговиот механизам, производителот и за потеклото сè уште нема целосни архивски податоци. Часовникот што го ...

За време на викендот времето ќе биде стабилно со мала до умерена облачност – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Нови врнежи од дожд, проследени со локална нестабилност, се очекуваат в понеделник. На поединечни места ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Од вторник повторно следува период на стабилно и претежно сончево време, со постепен пораст на дневните температури. ИЗДВОЕНИ Се скрши стрелката, но не и споменот на ...

Ладен и влажен бран од север ги спушти температурите во Македонија далеку под просекот за третата декада од месец јули кои денеска се пониски дури за повеќе од 10 степени од досегашниот јулски просек. Струшкиот регион и тој предизвика големи бранови во Охридското езеро кои направија бројни штети особено на кампот Градиште каде брановите исфрлаа глисери надвор од езерото, информира метео прогнозерот Славчо Попоски на својот метео медиум. Тој ...

Летото е во полн ек, туристите ги полнат апартманите, собите, викендичките и куќите за одмор, а со тоа расте и заработката од сезонскиот туризам. Но, од Управата за јавни приходи потсетуваат – кој заработува од издавање сместување, треба и да го пријави приходот. Од УЈП велат дека во текот на летната сезона започнуваат со засилени активности за да се обезбеди ред на пазарот и исти правила за сите. Целта, како што посочуваат, не е само да се ...

Енергетската независност на Македонија, новите инвестиции во производството на електрична енергија, модернизацијата на преносната и на дистрибутивната мрежа, како и реформите во законската регулатива се меѓу клучните предизвици за државата. Во фокусот се и капиталните проекти – Чебрен, когенеративната гасна централа, како и новите ветерни и фотоволтаични паркови, од кои се очекува да ја намалат увозната зависност и да придонесат за постабилно ...

Европската комисија денеска соопшти дека прелиминарно утврдила дека ТикТок го прекршува Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ затоа што не обезбедил соодветно обезбедување на профилите за малолетници. Комисијата соопшти дека ТикТок им дозволува на малолетниците да ги објават своите профили јавно, што значи дека секој, вклучително и лицата без сметка на платформата, може да ја види нивната содржина. Содржината објавена од корисници на ...

Добри вести за родителите и идните првачиња во Општина Ѓорче Петров. И оваа година, општината продолжува со поддршката за семејствата, па секое дете што од септември ќе седне во училишните клупи, ќе добие бесплатен училиштен ранец со целосен училиштен прибор, финансиска помош од 3.000 денари и бесплатна училишна ужина. Целта е сите деца да го започнат своето образование под еднакви услови, без дополнителен товар за домашниот буџет и со сè што ...

Безбедносната служба на Украина (СБУ), во соработка со Националната полиција и Обвинителството, уапси лице кое се обидела да им предаде импровизирана експлозивна направа скриена во бургер од „Мекдоналдс“ на војниците на контролен пункт во Чернигов, северна Украина. Според Дирекцијата на СБУ за Черниговската област, истражителите на Безбедносната служба, под процедурален надзор на Обвинителството, во моментов ги спроведуваат потребните ...

Европската канцеларија на Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вирусот Западен Нил се шири во Европа односно регистрирани се 25 подрачја погодени од вирусот во шест европски држави. Според СЗО, до 22 јули регистрирани се 46 заболени луѓе во Италија, 21 во Грција, во Северна Македонија и Романија по пет случаи, во Шпанија три и во Франција еден. – Во Италија најголем број заразени со вирусот Западен Нил се регистрирани во ...

Четиригодишно девојче од Босна и Херцеговина го загуби животот во трагична несреќа во Италија, откако доживеало струен удар во семејна куќа каде престојувало кај своите баба и дедо. Несреќата се случила на 19 јули во местото Мота де Конти, во италијанската покраина Верчели. По инцидентот, детето веднаш било пренесено во болницата во Казале Монферато, но и покрај напорите на лекарите, не успеале да го спасат неговиот живот. Семејството на ...

– Во првичниот предлог на одлуката беше предвидено регионот веднаш да биде впишан на листата на светско наследство во опасност. Со усвојувањето на амандманот, оваа формулација е отстранета. Охридскиот Регион во оваа фаза нема да биде ставен на листата на светско наследство во опасност и ќе го задржи статусот на светско природно и културно наследство на УНЕСКО – рече Муцунски во своето обраќање во Владата. Тој додаде дека јасно биле ...

На Шар Планина денеска падна снег, иако е средина на летото. Снегот кој е забележан на повисоките предели над Попова Шапка, односно на врвот Церипашина е резултат на најавеното заладување што ја зафати Македонија. Метеорологот Славчо Попоски сподели фотографии од снежната покривка. Во меѓувреме, Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм за невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи во повеќе делови од земјата. View this post ...

Сеќавањето на 26 јули не е само почит кон жртвите, туку и обврска безбедноста на градбите да ја проценуваме според знаење, прописи и контрола – а не според предрасуди, вели професорот Михаил Гаревски од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени Пишува: проф. д-р Михаил ГАРЕВСКИ Секоја година, на 26 јули, часовникот на старата железничка станица повторно нè враќа на 5 часот и 17 минути. Во тоа летно утро во 1963 година, Скопје ...

Винко Србљак бил млад студент кога разорниот земјотрес го затекнал во домот „Кузман Јосифовски – Питу“, каде што за влакно ја избегнал смртта. Тој се присетува на миговите на страв, на спасувањето на француските студенти и на деновите кога сите заедно помагале во обновата на разурнатото Скопје. По шест децении, неговото сведоштво останува приказна за човечноста, солидарноста и за времето кога луѓето си подаваа рака, без разлика на верата и ...

Македонскиот вицешампион, екипата на Шкендија, претрпи минимален пораз во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, откако на гостувањето во Словенија загуби од Браво со 2:1 во првиот натпревар од второто квалификациско коло. Иако тетовци први поведоа, словенечкиот состав направи пресврт, па патникот во следната рунда ќе биде решен на реваншот што следната недела ќе се одигра во Скопје. Шкендија одлично го отвори мечот и во 10. минута ...

Иако Светското првенство 2026 официјално заврши, турнирот продолжува да привлекува внимание поради новите сомнежи за можни нерегуларности. Според францускиот медиум „Ре-ем-це спорт“, Советот на Европа почнал истрага за потенцијално местење натпревари и за сомнителни уплати во обложувалниците, во текот на шампионатот. Во фокусот на истрагата се неколку спорни ситуации, кои ќе бидат детално анализирани. Една од нив е црвениот картон што го доби ...

Неиздавањето фискални сметки повторно ја отвори дебатата во јавноста за почитувањето на законските обврски, даночната дисциплина и за влијанието на сивата економија врз функционирањето на државата. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи дека и понатаму има случаи во дел од угостителските објекти каде што не се издаваат фискални сметка, што, според нив, претставува директно прекршување на правилата и дополнително го намалува буџетскиот ...

Министерот за Естрада, со концертот во Хераклеја, помпезно прослави 30 години на музичката сцена Пред сè, тој е битолчанец, кој најсилно го љуби родниот крај, а потоа со истите емоции се гордее што е Македонец, патриот. Тоа е тој, нашиот, како што го викаме нагалено, Министер за Естрада, Борче Наумовски. Упорен, вреден, талентиран, секогаш мотивиран за добри настапи, одлични концерти. Токму таков беше и овој негов солистички концерт, кој се ...

Поради најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за појава на нестабилно време, проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ апелираше до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици. Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност ...

Поради силните ветрови, голем број авиони не можеа да слетаат на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник во текот на утрото, па летовите беа претежно пренасочени или откажани. До 10 часот наутро слетаа само три авиони, пишува хрватскиот портал „Дневник“. До 10 часот наутро на аеродромот „Чилипи“ успешно слетаа само авиони од Осло, Хелсинки и Брисел, додека оние од други дестинации, по неуспешните обиди за слетување, беа пренасочени кон ...

Цивилната заштита го активираше системот 112 и испрати СМС-предупредувања до граѓаните и туристите Најкритичната ситуација се очекува од денеска попладне до сабота наутро, особено на популарните дестинации како што се Халкидики, Олимпискиот регион, Солун и островот Тасос Во Грција е на сила предупредување за вонредна состојба поради опасни временски услови донесени од циклон со обилни врнежи од дожд, грмежи и силни бури. Грчката цивилна ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското ...

Македонскиот пасош се најде на високото 33. место во светот, а пред него е само српскиот. Од земјите од Западен Балкан, без членките на ЕУ, само српскиот пасош е подобро рангиран од македонскиот. Тој е едно место погоре, односно 32. на ранг-листата и на неговите носители им овозможува патување без виза во 91 земја. Позицијата на црногорскиот пасош е веднаш зад македонскиот – на 34. место, со ист број дестинации за кои не е потребна виза (85). ...

Состојбата со болеста сипаници кај малите преживари, поради која досега во земјава се уништени околу 2.700 овци, предизвикува сѐ поголема загриженост кај сточарите. Тие алармираат дека постојано расте бројот на жаришта и дека во моментов се регистрирани 17 активни, што укажува на сериозно ширење на заразата. Сточарите реагираат за бавната реакција на надлежните институции и предупредуваат дека секое дополнително одложување на мерките може да ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32