Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Шест обиди за измами на лажни лекари и полицајци биле пријавени на подрачјето на СВР – Велес во текот на 17 февруари. Пет случаи се евидентирани во Неготино, а еден во Велес, информираат од полицијата. Во случајот пријавен во велешката полиција, 53-годишна жена кажала дека непознат маж телефонски контактирал со нејзиниот татко, тврдејќи дека неговата ќерка, во случајот таа, се здобила со тешки телесни повреди и дека е потребна итна операција, ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата. Во центарот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, еден од најзначајните стратешки енергетски проекти за земјата. На состанокот беше направен пресек на ...
Mакедонските спортисти го завршија настапот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Јана Атанасовска денеска не ја заврши трката ниту во слалом, и испадна уште на стартот од првото возење. Речиси идентично откажување имаше и на велеслаломската која што се одржа пред неколку денови. Атанасовска направи грешка на стартот, и испадна од натпреварувањето, со што предвреме се откажа од трката. Поради незавршувањето на трката нашата најмлада ...
Домен и Ника Превц ги воодушевија сите на Зимските олимписки игри и ѝ донесоа голем успех на Словенија. Тие се истакнаа во Милано и Кортина и за тоа ќе бидат наградени со голема парична награда. Словенија издвои огромна сума пари за спортистите кои се вратија од Олимписките игри со медали, а Ника Превц заработи најмногу. Таа го зголеми своето салдо за нешто повеќе од 156.000 евра бруто, а истото го направи и тренерот на женската ...
Ракометарите на Вардар 1961 со пораз ја почнаа главната фаза во Европската лига откако загубија на гостувањето во Португалија, од тимот на Бенфика, со 40:35. „Црвено-црните“ имаа сериозни дупки во одбраната, тоа го покажува и самиот резултат, иако реализацијата во нападот беше на одлично ниво. Освен на почетокот од натпреварот, кога имаше Вардар позитива од 3:6 и 4:7, продолжението им припадна на домаќините, кои наметнаа брзо темпо и лесно го ...
Англискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Хари Кејн, е најновата желба на најбогатите клубови од Саудиска Арабија. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот гигант до 2027 година и во истиот има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 57 мил. евра. Таквата сума не е никаков проблем за клубовите од Саудиска Арабија кои можат да му понудат и плата дупло поголема од ...
Австралија опен и Тенисската федерација на Австралија. Очигледно. ја загубија битката за Крег Тајли. Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави наскоро би можела да го именува за свој нов извршен директор, а потврдата се очекува следната недела. Јужноафриканецот е извршен директор на турнирот во Мелбурн во последните две децении, а, исто така, е и извршен директор на Тениската федерација на Австралија од 2013 година. Отвореното ...
Додека граѓаните на Сараево се собираат на протест пред Националниот музеј, барајќи одговорност за ужасната трамвајска несреќа во која загина ученикот Ердоан Моранкиќ, а на ученичката Ела Јовановиќ и беше ампутирана ногата, експертите ги анализираат можните причини за трагедијата. Адвокатот на возачот на трамвајот тврди дека возилото било технички неисправно, додека директорот на GRAS (кој поднесе оставка) го тврдеше спротивното. Во емисијата ...
Најсилната снежна бура од почетокот на годината ја погоди Романија. Обилните снежни врнежи и виулиците предизвикаа сериозни нарушувања во сообраќајот и секојдневниот живот низ целата земја. Во главниот град Букурешт е на сила црвен временски аларм од раните утрински часови, а метеоролозите предвидуваат дека снежната покривка може да достигне и до половина метар. Властите ги предупредија десетици илјади граѓани во 28 окрузи да не ги напуштаат ...
Во рамки на Министерскиот форум за Коридор 8 во Тирана, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се сретна со министерот за животна средина на Република Албанија, Софјан Јаупај. Министерот Хоџа на средбата ја истакна важноста од заедничка координација во заштитата на прекуграничните подрачја и во спроведувањето на европските стандарди за зачувување на биодиверзитетот и справување со климатските предизвици. Тој нагласи ...
Во организација на Општинскиот сојуз на спортови, во Битола по 62. пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобри спортисти и екипи на Битола“ за 2025 година. Уште еднаш беше потврдено дека градот под Пелистер со право го носи епитетот „град на спортот“. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, потенцираше дека спортот ја имал, ја има и ќе ја има поддршката од локалната самоуправа. Тој информираше за тековните подготовки за изградба на ...
Општина Кисела Вода официјално го отвори новото кино во Домот на културата во Драчево. Проектот, реализиран во партнерство со „Киноверзум“, претставува втора филмска сцена на територијата на оваа општина и вкупно петта во мрежата на оваа групација во Македонија. Свеченото отворање се одржа пред преполна сала, во присуство на претставници на Владата, Собранието, како и голем број уметници и културни работници. Настанот го водеше актерот Рубенс ...
Одлуката на германската ски-скокачка Агнес Рајш, предизвика лавина од реакции на средина од Олимписките игри. Наместо поддршка, таа беше пречекана со критики затоа што го прескокнала тренингот поради менструални болки. Ова го отвори старото прашање – зошто менструацијата е сè уште табу тема во врвниот спорт? „Денес добив менструација“, рече таа отворено. Додаде дека и во тие моменти чувствувала голема вознемиреност. Нејзината одлука ...
Лондонскиот премиерлигаш Челзи повторно е многу активен зад сцената и веќе го подготвува теренот за летниот преоден рок. На „Стемфорд Бриџ“ внимателно го анализираат пазарот и бараат играч кој би можел да направи разлика веднаш, но и на долг рок. Станува збор за офанзивен играч кој во последната година направи огромен чекор напред и го привлече вниманието на речиси целата лига. Неговите настапи против најсилните ривали не останаа ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за ублажување или делумно укинување на одредени санкции кон Русија како дел од евентуален договор за прекин на војната во Украина, дознава британскиот „Економист“ од дипломатски извори, кои додаваат дека во тој случај Европската Унија би била „многу неподготвена“ да ги укине сопствените мерки против Москва. Според неколку извори запознаени со преговорите, ...
Украинскиот преговарачки тим е сè поделен околу насоката на мировните преговори со Русија, пишува „Економист“. Според британскиот неделник, еден дел од украинската делегација се залага за брз договор со посредство на САД, додека другиот е многу повнимателен. „Економист“ исто така наведува дека и Москва и Киев назначиле попрагматични личности во преговарачките тимови во 2026 година, објавува „Украинска правда“. Во украинската делегација ...
Поради силен ветер, летната лимената конструкција од покривот на СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија се откорна. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), настанот е пријавен на единствениот број за итни повици 112. Среќа во несреќата е што нема повредени лица. Интервенција побарале службени лица од МВР, како и надлежните институции. – За настанот се известени ТППЕ Гевгелија, ЕЛС Гевгелија и ПС Гевгелија, кои ќе преземат ...
Tри жени од Тиквешијата, биле мета на измама, во рок од само неколку дена, потврдуваат за МИА од Секторот за внатрешни работи – Велес. Од полицијата апелираат на внимателност. Во два од случаите на повозрасни неготинки им биле барани по 20 илјади евра за наводна операција по скршеница, на внука, ќерка. Во третиот случај, кавадарчанка била измамена за сума од околу 3 илјади евра, при договарање за отпочнување заеднички бизнис, што не се ...
Шеесет и петгодишен скопјанец загина во тешлата сообраќајна несреќа што синоќа се случи кај скопско Кучевиште. – На 17.02.2026 во СВР Скопје е пријавено дека во 15:20 часот на локалниот пат с.Кучевиште- с.Кучевишка Бара се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(65) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(57) од ...
ФОТО: Инстаграм Некогаш еден од најголемите таленти во англискиот фудбал, Деле Али, и понатаму е тема на дискусија, но не поради голови, асистенции или големи трансфери. Британските медиуми објавија шокантни информации за огромни финансиски загуби во светот на коцкањето. Според наводите, Али изгубил околу 150.000 фунти за само неколку дена за време на доцните ноќни покер игри во лондонското казино. Се тврди дека поранешниот англиски ...
Украинецот Владислав Хераскевич, кој беше дисквалификуван од натпреварувањето во скелетон на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина поради носење забранета кацига, доби 200.000 долари за да може да продолжи да се натпреварува и да ја претставува својата земја. Украинскиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб Шахтјор Донецк, Ринат Ахметов, му донира пари на Хераскевич од неговата хуманитарна фондација. Износот од малку повеќе од ...
Четири департмани во западна Франција денес остануваат под црвено предупредување за поплави, додека девет други се под портокалово предупредување за времето, бидејќи дождот се враќа во атлантскиот регион со бурата Педро. Шарант-Мортим, Жиронд, Лоар-ет-Гарон и Мен-ет-Лоар се под црвено предупредување барем до утре, објави службата за следење на нивото на водата, Вижикри, пренесува BFM. 💧 VIDÉO – Crues : l'eau monte dans le Maine-et-Loire, les ...
Поради климатските промени и ширењето на инвазивниот тигрест комарец, тропската болест чикунгуња сега се заканува на поголемиот дел од Европа, а научниците предупредуваат дека епидемиите би можеле да станат почести и потешки како што континентот се затоплува. Повисоките температури предизвикани од климатската криза значат дека инфекциите сега се можни повеќе од шест месеци во годината во Шпанија, Грција и други јужноевропски земји, и два ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја исклучи можноста Германија да се здобие со нуклеарно оружје во услови на дебата за европско нуклеарно одвраќање, објави ДПА „Не сакам Германија да размислува за стекнување сопствен независен нуклеарен арсенал“, рече Мерц во епизода од политичкиот подкаст „Промена на власта“ што ќе се емитува денеска. Канцеларот посочи на постојните договори во кои Германија се обврзала да се воздржи од стекнување нуклеарно ...
Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој беше дисфалификуван од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот поради, како што наведува, злоупотреба на службена положба и овластување. Во објава на Фејсбук, Панчевски информира дека врз основа на член 272 од Законот за кривична постапка ќе поднесе кривична пријава до Министерство за внатрешни работи и до Јавното ...
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Бесими, по најавата на дисфалификуваниот кандидат за државен обвинител Владимир Панчевски дека сите членови кривично ќе ги гони за злоупотреба на службата, вели дека ќе ја почекаат пријавата па ќе заседаваат по наводите во истата. „Тој засега најавува по медиуми, да почекаме да видиме дали ќе поднесе па ќе се произнесеме, кусо одговори Бесими за весникот Вечер. За наводите на Панчевски дека ...
На сцената на МНТ, а по повод 81. роденден на оваа театарска институција, од 30 март до 4 април се најавени гостувања на белградскиот и светски познат актер, Никола Ѓуричко, кој ќе настапи со стендап-шоуто „Шоубиз“, на претставата „Амадеус“ во режија на Александар Поповски, во изведба на Словенечко народно гледалиште Марибор, на монодрамата „Безгрешна“ – омаж на големиот и прерано починат режисер, Томаж Пандур, како и претставата „Другата ...
Јирген Клоп повторно се најде во центарот на шпекулациите за тренерското столче во Реал (М) откако „неформално“ одговори на интересот на претседателот на клубот Флорентино Перез преку своите луѓе, но со специфични услови што би требало да бидат исполнети за да може воопшто да се разгледа неговото ангажирање. Според информациите што протекоа во медиумите, Клоп наводно претставил четири клучни засилувања што сака Реал (М) да ги донесе доколку ...
Десет скијачи се водат како исчезнати, а шестмина преживеаа лавина што ја погоди областа Касл Пик во округот Невада, во северната американска држава Калифорнија, додека спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето во исклучително тешки временски услови, соопштија локалните власти. Канцеларијата на шерифот на округот Невада соопшти дека лавината е пријавена за време на силна снежна бура што ги затворила автопатите во планинските превои. ...
Специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Викоф, изјави дека вчера во Женева е постигнат „значаен напредок“ во преговорите меѓу Украина и Русија, посредувани од САД, за завршување на војната и дека тие разговори продолжуваат и денес. „Успехот на претседателот (САД) Доналд Трамп во зближувањето на двете завојувани страни донесе значителен напредок и ние сме горди што работиме под негово водство за да ги спречиме убиствата во ...