Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија. Во рамки на посетата Мицкоски, како што најавуваат од Владата, ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара за продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот. После средбата, ...
Анксиозноста може сериозно да ја оптовари романтичната врска бидејќи ја отежнува комуникацијата и ја поткопува довербата. Избегнувањето на одредени ситуации, што е чест знак на анксиозност, често создава проблеми во врската. Разбирањето на потребите на вашиот партнер, поддршката и емпатијата, како и техниките како што е длабокото дишење, можат да ја ослободат напнатоста и да му помогнат на лицето полесно да се справи со анксиозноста, пишува ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос испрати писмо до лидерите на земјите од Западен Балкан, во кое предупредува дека регионот може да изгуби вкупно до 750 милиони евра од Планот за раст доколку не се забрзаат реформите, јавуваат регионалните медиуми. – Минатата недела им пишав на властите во регионот да ги забрзаат реформите, во спротивно нивните граѓани ќе изгубат многу. Планот за раст е строго заснован на акција и има временско ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025″, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски. Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората. Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на ...
Пакистанскиот министер за информирање Атаулах Тарар изјави дека „сè уште се чека“ официјалниот одговор на Иран за тоа дали ќе учествува во следната рунда разговори со САД во Исламабад. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи за BBC изјави дека сè уште не е донесена одлука за испраќање на ирански претставници во Исламабад на нов круг преговори со САД. Тој изрази загриженост поради американската поморска блокада ...
Со вечерашната премиера на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, Драмски театар ќе одбележи 80 години постоење. Ова, како што беше речено денеска, е огромен јубилеј, не само за Драмскиот театар, туку за македонскиот театар воопшто и за македонската култура. Почетоците на Драмски театар датираат од 1946 година кога на овој ден, 21 април, на сцената на тогашниот Македонски народен театар во Скопје, ...
Во духот на зајакнување на меѓународната соработка и градењето институционална отпорност, денес во Центарот за управување со кризи се одржа билатерална средба со претставници од Соединетите Американски Држави. На средбата присуствуваше директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамет Али, заедно со високи претставници од институцијата, како и делегација составена од претставници на Институтот за безбедносно раководење, ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изрази шок и остро негодување поради сметките во износ од десетици илјади евра што една швајцарска болница им ги испратила на семејствата на дел од младите жртви од новогодишниот пожар во Кран-Монтана, нарекувајќи го овој чин „навреда покрај подбивањето“ и „нехумана бирократија“. „Бев шокирана од вестите за сметките во износ од десетици илјади евра што швајцарска болница им ги испратила на ...
Такер Карлсон, поранешен ТВ водител и новинар, се извини во нова епизода од својот подкаст за поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп. Во подкастот, кој го водеше неговиот брат Бакли, Карлсон рече дека му е жал што го поддржува Трамп и дека нема лесно да го заборави тоа. „Вие и јас и сите други што го поддржувавме, вие ги пишувавте неговите говори, јас водев кампања за него. Мислам, ние сигурно сме вклучени во ова. Не е доволно ...
Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис проекти кои се дел од Акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, наменета да им помогне на локалните претприемачи да започнат или развијат свои бизниси, со што директно се поттикнува локалниот економски развој. Четирите бизнис идеи избрани од страна на стручна комисија, кои од фондацијата САСА ќе добијат грантови за ...
На 21.04.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.04.2026 во Дебар, каде што престојувала со сегашен вонбрачен партнер, откако излегла од угостителски објект на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В., кое го управувало друго лице, по што отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.04.2026, а поранешниот партнер ...
Турските власти приведоа вкупно 110 рудари кои почнаа штрајк со глад пред зградата на Министерството за енергетика во Анкара поради неисплатени плати и надоместоци, објави денеска порталот „Туркиш минит“. Рударите го почнаа својот протест пред девет дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град. По пристигнувањето пред Министерството, тие ги соблекоа маиците и шлемовите, прогласувајќи штрајк со глад, по што интервенираше ...
Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка. – Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2). Составен е Записник за неовластено користење и поднесена е Пријава за неовластено ...
Министерот Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација. Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе спроведува суштински и системски ...
Царинската управа со цел олеснување на увозот и непречено одвивање на процесите на царинење, согласно своите законски надлежности, започнува со етапно царинење на употребувани автомобили. Притоа ќе користи други расположиви податоци, наместо податоци од електронскиот Шваке систем до којшто, во светски рамки, е оневозможен пристап поради скорешен сајбер напад. Царинската управа е во комуникација со Групацијата Аутовиста и очекуваме во ...
Директорот на Транспортната заедница Матеј Закоњшек уверува дека се работи на решение за времетраењето на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната за што вели дека во Брисел се одржуваат редовни состаноци, процес во кој олеснувач е Транспортната заедница. Закоњшек денеска пред собраниската Комисија за европски прашања ги презентираше клучните наоди од Годишните извештаи за 2025 година на Меѓународната заедница – Транспортна ...
Во рамки на реализацијата на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26″, на армискиот полигон „Криволак” беа реализирани активности насочени кон извршување на тактички задачи во сложена и динамична безбедносна средина. Активностите опфатија организација и функционирање на мобилни контролни точки, распоредување и дејствување од артилериски позиции, како и изведување на патролни задачи и посебни тактички дејствија. Паралелно со тоа, ...
На 20.04.2026 во 22:45 часот во ОВР Берово, 43-годишна жена од пехчевско село пријавила дека на 19.04.2026 околу 20:30 часот во нејзиниот двор во селото, нејзиниот поранешен сопруг М.М.(42) од истото село физички ја нападнал неа и нивната 16-годишна ќерка. На 20.04.2026 во 11:30 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Тетово пријавила дека претходниот ден околу 21:00 часот, по претходна вербална расправија, била физички нападната од нејзиниот ...
Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. -Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките ...
Смеа, музика, изненадувања и одлична енергија – во таква атмосфера, Ragusa360 беше домаќин на Lazarov Awards Warm Up, настан кој на динамичен и автентичен начин го означи почетокот на одбројувањето до главниот настан што ќе се одржи на 3 јуни. Програмата беше внимателно креирана за да понуди уникатно искуство, комбинирајќи забава, интеракција и ексклузивни моменти за присутните. Во текот на вечерта беа доделени бројни вредни подароци, меѓу ...
Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратиле по 500.000 денари, односно вкупно 1,5 милион денари, средства што претходно ги добиле врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова го соопшти Фонд за здравствено осигурување на Северна Македонија преку генералниот директор Сашо Клековски, кој посочи дека институцијата, покрај медицинската, врши и постојана финансиска контрола. „Во три случаи актуелни или ...
Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип бара казна согласно законот, бидејќи 74 годишниот Денис Асанов ја убил 79 годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Ова се дел од завршните зборови за случајот со убиството на Николова, чиј дел од телото беше пронајдено закопано во дворот на Асанов во Штип. -Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека ...
Мигрената не е обична главоболка, туку онеспособувачка состојба што бара посебен третман и медикаментозна терапија, апелираа невролозите на Националниот ден на мигрена, кој за првпат се одбележува во земјава, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“. Во земјава се смета дека околу дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена, што значи некаде ...
На прв поглед, идејата дека земја како Северна Македонија може да стане релевантен играч во вселенската индустрија е амбициозна, па дури и нереална. Сепак, современите трендови во науката и технологијата покажуваат сосема спротивно. Во наредните недели, АСТРА — Здружение за астрономија и вселенски истражувања, ќе го постави јавно прашањето кое во научните кругови циркулира со години, а во пошироката јавност речиси и не се слушнало: зошто ...
Со цел да се спречи растот на цените и да се помогне на земјоделците и домашното земјоделско производство, денеска на 166-та владина седница, Владата донесе Одлука каде што се ограничува маржата на цената на вештачките ѓубрива. Целта е да се обезбеди достапност до ѓубривата и да се заштитат земјоделците од растот на цените. Станува збор за две одлуки кои што ќе стапат на сила и истите ќе се применуваат до 31.05.2026 година. Првата одлука се ...
Македонската медиумска сцена денеска ја потресе тажна вест. Во ист ден, македонското новинарство остана без две свои долгогодишни, почитувани имиња кои оставија неизбришлива трага во јавниот простор. Семејството на Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, ја сподели веста за нејзиното заминување. Алтипармакова го мина целиот свој работен век во јавниот сервис, каде што како спикерка, ...
Поранешната претседателка на Државна комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, се соочи со сериозни обвинувања во судница, откако Јавно обвинителство презентираше пораки кои, според обвинението, покажуваат дека друго лице полагало испит во нејзино име за добивање сертификат со највисок степен на доверливост – „државна тајна“. Димитровска е обвинета за компјутерски фалсификат и одавање службена тајна, а според доказите што ...
Полицијата на Србија информираше дека го уапсила А.Ѓ. (19), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство. Се сомнева дека во текот на ноќта на 19 април, по расправија и физички конфликт, убил четириесет и осумгодишен маж со секира, а следната ноќ го пренел неговото тело во атарот на селото Хртковци, го полеал со бензин и го запалил. Со брза и ефикасна работа на полицијата, осомничениот е уапсен и, по наредба на ...
Тројно убиство кое се случило во подгоричката населба Стар аеродром ја вознемири црногорската јавност- полицијата објави дека се пронајдени три безживотни тела – тројца возрасни мажи. „Вијести“ од полицијата дознава дека меѓу убиените се браќата од Рожаје, Денис Хот (28) и Незрин Хот (27). Злосторството не е поврзано со пресметка меѓу криминални групи. Полицијата трага по Вехид Муриќ од Рожаје, кој е осомничен за тројно убиство, а се верува ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Б. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. На 14.11.2025, 34-годишник од струшко село стапил во контакт со пријавениот кој изработувал блиндор врати и се договориле да му изработи врати до 20.01.2026 за износ од 3.040 евра. Според договореното, оштетениот му исплатил на пријавениот 2.140 евра, а другиот дел од ...