Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Владата на затворена седница го разгледала извештајот на независната комисија формирана од Министерството за здравство, која утврдила дека во земјава биле извршени непотребни операции на срце. Ова во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 го потврди директорот на Фондот за здравствено осигурување и кандидат за министер за здравство, Сашо Клековски, но не откри какви заклучоци биле донесени бидејќи седницата била затворена. Клековски рече дека ...
Турција ќе ги пречека светските лидери на претстојниот 36. Самит на НАТО во Анкара со домашно произведени електрични лимузини. За потребите на самитот се подготвени десет специјално дизајнирани лимузински верзии на моделот Togg T10X, кои ќе бидат дел од официјалната протоколарна флота. Во пресрет на самитот, возилата веќе се изложени пред Конгресниот центар АТО, каде ќе се одржуваат главните активности. Покрај стандардните модели во ...
Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 20:00 часот денеска (6 јули), на територијата на државата биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор. Од нив, два пожари сè уште се активни, додека 12 се целосно изгаснати благодарение на интервенциите на надлежните служби. Активни остануваат пожарите во Општина Кичево, во близина на градскиот стадион, каде што гори стрниште и сува трева, како и во ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека Република Северна Македонија активно учествувала во големата меѓународна оперативна акција Global Chain, спроведена во рамките на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT), насочена кон сузбивање на трговијата со луѓе, илегалната миграција и трудовата експлоатација. Акцијата се одржала во периодот од 8 до 13 јуни 2026 година, а во неа учествувале 59 држави. Целта ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост против три лица осомничени за насилство врз малолетник во парк во скопската населба Маџари. Според првичните сознанија на обвинителството, инцидентот се случил на 22 јуни, кога тројцата осомничени физички нападнале дете родено во 2011 година. Во нападот, ...
Во деновите кога температурите достигнуваат високи вредности, повеќето луѓе инстинктивно посегнуваат по ледена вода или добро изладени пијалаци. Сепак, според научниците, тоа не е секогаш најдобриот начин за ефикасна хидратација на организмот. Истражувањата покажуваат дека водата и другите пијалаци на собна температура организмот ги апсорбира побрзо, што овозможува поефикасна хидратација во споредба со многу ладните напивки. Експертите ...
Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода вкупно 24 возачи на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најголемиот дел од приведените, односно 19 лица, управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Од нив, петмина биле затекнати во Неготино, по четворица во Скопје и Струмица, двајца во Тетово, а по ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Идризово присуствуваше и се обрати на промоцијата на Каталогот за континуирани обуки на Министерството за внатрешни работи, изработен во соработка со Полициската академија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека Каталогот претставува значаен чекор во унапредувањето на професионалниот развој, стручноста и капацитетите ...
Во рамки на работната посета на Државата Катар, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со заменик-претседателот на Владата и државен министер за одбрана, шеикот Сауд бин Абдулрахман бин Хасан бин Али Ал Тани. На средбата се разговараше за натамошно унапредување на билатералната соработка во областа на безбедноста и одбраната. Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални и ...
Грчките власти започнаа со поставување на 2,5 километри специјални заштитни мрежи како превентивна мерка против ширењето на опасната риба-зајак – инвазивен морски вид кој во последните месеци предизвикува загриженост кај капачите и локалните власти. Рибата-зајак содржи тетродотоксин – исклучително опасен невротоксин за кој не постои противотров. Покрај тоа, нејзините силни вилици, кои наликуваат на клун, можат да прегризат коска, но и метал, ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на Скопје и правно лице од Скопје поради сомнение дека со лажно прикажување на расходи избегнале плаќање данок на добивка во износ од 2.362.247 денари. Како што информира Министерството за внатрешни работи, кривичната пријава е поднесена против Е.С. (57), управител и одговорно лице во компанијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. ...
По иницијатива на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, денеска започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција посочи дека иницијативата беше поднесена уште на 23 март, но поради одолговлекување од ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан УСЈЕ“ во Скопје, потенцираше на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој Закон ќе биде обновена А интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. -Барањето, како што знаете е објавено, расправата се ...
Скопје, 06.07.2026 По повод две години од работата на Владата, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа прес-конференција на која даде пресек на постигнатите резултати и започнатите капитални процеси во ресорот, нагласувајќи го институционалниот континуитет и стабилноста во реализацијата на политиките. Во изминатиот период, Министерството обезбеди средства и започна со реализација на над 300 ...
Министерството за внатрешни работи во изминатото деноноќие евидентираше седум случаи на семејно насилство на различни локации низ државата, при што четири лица се лишени од слобода, а во повеќе случаи се водат истраги и ќе следуваат соодветни пријави. Во Скопје, 39-годишна жена пријавила дека околу 03:00 часот на подрачјето на Шуто Оризари нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот партнер, 25-годишниот А.Е. Полицијата ...
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата”, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се ...
Еден од најпопуларните регионални изведувачи, Ацо Пејовиќ, на 11 јули ќе одржи концерт во Аква Парк Пробиштип, како дел од богатата летна концертна програма на најголемиот воден комплекс во источниот дел на Македонија. Концертот започнува во 21:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со неговите најголеми хитови, одлична атмосфера и врвна продукција. Со бројни безвременски песни и препознатлив настап, Пејовиќ ...
Со презентирање на телефонски комуникации од мобилните телефони на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов, денеска продолжи судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Пред Судот, Јавното обвинителство презентираше СМС-пораки и комуникации преку апликацијата „Вибер“, за кои тврди дека откриваат интензивна комуникација на Дејан Јованов со ...
Единаесет лица се лишени од слобода во одделни полициски акции спроведени во Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп, откако кај нив била пронајдена дрога, додека при претрес во Казнено-поправната установа „Идризово“ биле откриени и таблети кај осуденик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во текот на 5 и 6 јули, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле М.Т. (37), З.Т. (25), И.Д. (31), Б.Ј. (20), М.Г. (20), ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ. Најголемо поскапување ќе има кај дизел горивото, чија цена се зголемува за 2,5 денари по литар, додека двата вида бензин ќе поскапат за еден денар по литар. Согласно новата одлука на РКЕ, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе ...
Државјанин на Соединетите Американски Држави се здобил со тешки телесни повреди при несреќа со параглајдер што се случила во атарот на битолското село Породин, во близина на индустриската зона Жабени. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 5 јули во 15:52 часот во СВР Битола. Станува збор за 59-годишниот Ф.Б. од САД, кој при слетување со параглајдер изгубил контрола над леталото и паднал, при ...
Со потпишувањето на Договорот за инвестициски грант меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), официјално започнува нова фаза во реализацијата на автопатот Скопје–Блаце, проект кој Владата го оценува како еден од најзначајните инфраструктурни за поврзување на Македонија со регионот. Грантот во вредност од 30,8 милиони евра е обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), а според ...
Двајца браќа се здобиле со повреди во напад со нож што се случил во тетовското село Пршовце, откако претходно, според нивната пријава, добиле закани и барање да му исплатат 100.000 евра на осомничениот, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 5 јули во 23:35 часот во СВР Тетово, 41-годишниот С.А. и неговиот брат А.С. (42) пријавиле дека околу 21:00 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, ...
Ми претставува голема чест и задоволство што денеска можеме да отпочнеме еден проект којшто со децении, би рекол, беше најавуван. А за мене како претседател на Владата претставува големо задоволство што наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат 6 автопатски делници. Покрај оваа, којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе Тетово и Гостивар, ...
Двајца жители на Скопје се приведени под сомнение дека го предизвикале големиот пожар што вчера попладне избувна во напуштен објект на булеварот „Македонија“, во близина на „Рампа“, во центарот на главниот град. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за С.А. (34) и И.Х. (39), кои се осомничени за кривичното дело „предизвикување општа опасност“. Пожарот предизвика сериозна интервенција на скопската ...
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...
Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ опфаќаше пред сѐ анализа на постојната ...
Полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово, кој се сомничи дека во текот на изминатиот месец извршил повеќе кражби во верски објекти. Како што информира Министерството за внатрешни работи, малолетникот бил приведен на 5 јули околу 13:20 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Според првичните сознанија, тој е осомничен за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ во црквата во селото Брвеница, ...
Во летните горештини, клима-уредите се најбрзото и најпрактичното решение за разладување на домот. Сепак, голем број граѓани, во обид да заштедат на сметките за електрична енергија, ја вклучуваат климата само повремено – по неколку минути или часови во текот на денот. Според експертите, токму ова е една од најчестите грешки што може да доведе до поголема потрошувачка на струја. Современите инвертер клима-уреди се дизајнирани да работат ...
Пишува: Фатмир Битиќи Во последните денови повторно, како ехо на авторитарно време кое мислев дека е зад нас, се наметна една теза: дека партијата им дала сè на луѓето. Изговорена можеби како порака за лојалност, но доживеана како потсетник дека поединецот треба вечно да биде должен. Како човекот да е политички производ, а не личност со труд, став, биографија, интегритет и јавен придонес. Тоа ме натера да размислам за едно суштинско прашање: ...