Градоначалникот денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп. Отворањето на Центарот беше најавено од министерот Андоновски при неговата последна посета на Прилеп. Со неговото ставање во функција, административните услуги ...

Вистинската драма се одвивала во петок наутро на летот на „Рајанер“ од аеродромот во Солун до Минхен. При инцидентот, еден патник се здобил со полесни повреди. Според информациите, пилотите го забележале проблемот веднаш по полетувањето, по што донеле одлука да се вратат во Солун. За време на спуштањето, дел од оштетениот мотор се одвоил и удрил во прозорец од кабината, при што еден патник бил лесно повреден. Официјалните лица посочуваат ...

Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината. Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров. Оваа мерка претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се подготвуваат за нови ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората. Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано гласање кое ...

Прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик. Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК. Различни образложенија, но иста цел, а таа ...

Во Амфитеатарот во Дојран вечерва свечено ќе биде отворено 5. издание на фестивалот на балкански и мдитерански филм „Преку езерото”. На отворањето ќе бида прикажани краткометражниот филм „Вошки” во режија Розе Симоновска и „Држи се за мене” на Мирсини Аристиду, од официјалната селекција. На вечерашната свеченост на актерот Тони Наумовски ќе му биде врачена наградата „Мето Јовановски” што фестивалот ја доделува за за високо уметничко ...

Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028-ма, а работиме и на железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Тоа е автопат кој го почна оваа Влада, решени се ...

Позната по своето сончево крајбрежје, кристално чисти води и идилични приморски одморалишта, Туркије е идеална дестинација за одмор исполнет со море, песок и сонце. Медитеранската клима, ублажена од нежните морски ветрови, создава совршени услови за релаксирачки летен одмор. Но, покрај традиционалното уживање на плажа, благодарение на разновидната природа и богатство на културно-историски содржини, посетителите лесно можат да ги комбинираат ...

На 09.07.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...

Соопштение од СДСМ за прес-конференцијата на Кристијан Дојчиновски Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики. Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%. Каква „трета економија”, каква „финансиски стабилна држава” пари нема за младите. Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им ...

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, ...

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на ...

Патот до полноправното членство во НАТО беше долг и исполнет со бројни предизвици, но денес Северна Македонија се докажува како сериозна, одговорна и доверлива сојузничка која доследно ги исполнува своите меѓународни обврски. Токму тој кредибилитет, според Радмила Шекеринска, претставува една од најсилните дипломатски предности што државата треба да ја искористи во процесот на европската интеграција. Во ексклузивно интервју за 4tv, објавено ...

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија, соопштија рано утрово службите за итни случаи во регионот Андалузија. Дел од жртвите биле пронајдени во возила, наведуваат службите за итни случаи во објава на X. Пожарот избувнал вчера попладне во општината Лос Гаљардос во провинцијата Алмерија, на околу 300 километри североисточно од Малага, соопшти регионалната влада. Регионалниот министер за внатрешни работи, Антонио Санз, го ...

Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја посети детската градинка „13 Ноември”, каде се згрижени деца од училишна возраст во рамки на летната програма што ја спроведува локалната самоуправа. За време на посетата, Герасимовски разговараше со вработените и децата, интересирајќи се за начинот на кој се одвиваат дневните активности и како најмладите го минуваат летниот распуст. Во дворот на градинката тој проследи и дел од ...

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираше интервенција за безбедно отстранување неексплодирана артилериска граната од 155 милиметри, тешка околу 45 килограми, што потекнува од Првата светска војна. Oпасната граната беше пронајдена во атарот на селото Пепелиште, општина Неготино, соопштија утрово од ДЗС. – Поради непристапниот терен и локација на неексплодираното убојно средство во коритото на реката Вардар, интервенцијата ...

Податоците за следење на бродовите покажаа дека повеќе танкери за течен природен гас продолжиле да минуваат низ Ормуската Теснина во последните денови и покрај обновените борби на Блискиот Исток. Вкупно 22 бродови поврзани со Јапонија го напуштија Заливот од вторникот, соопшти Токио. Ормуската Теснина, клучен пат за глобални испораки на нафта и течен природен гас, е внимателно следен од бродските компании и владите по иранските напади врз ...

Соопштение на Левица: Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните. Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела Европа, со ...

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на ...

Овен Денот започнува со силен прилив на енергија и мотивација. Ќе имате можност да завршите обврски кои подолго време ги одложувавте и да покажете дека знаете да се справите со предизвиците. На работното место можно е да добиете пофалба или нова одговорност. Во љубовта, искреноста ќе биде најдобриот начин да ја зацврстите врската. Слободните Овни можат да запознаат личност која ќе им го привлече вниманието уште на првиот разговор. Внимавајте ...

Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани. – Растот од 28 процентина бројот на патници во првите шест месеци ...

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела порасна на 3.889 лица, покажуваат податоците што синоќа ги објави високиот функционер Хорхе Родригез, додека Панамериканската здравствена организација (ПАХО) предупредува на здравствените ризици кои се појавија по земјотресот. Според најновите податоци, во земјотресите се повредени 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останаа без своите домови. Најголемите здравствени ризици по двата земјотреси ...

Во акција што од рано утрово е во тек на секторот за борба против тероризам на грчката полиција, уапсени се три лица за експлозиите на импровизирани механизми пред домови на членови на Нова демократија во Солун, при што загина една жена, а беа повредени четири лица. Од грчката полиција информираа дека операцијата се води на подрачјата на Солун и островот Крит, „за апсење лица кои се вмешани во трите подметнати пожари што се случија на 1 јули ...

Пожар избувнал во рафинерија за нафта во рускиот Краснодарски крај, откако врз неа паднал дрон, но нема повредени лица, соопшти регионалниот оперативен штаб. Станува збор за рафинеријата во Илска, во Северскиот округ, што била опожарена откако врз инсталации на комплексот паднале остатоци од соборено беспилотно летало. Регионалните власти наведуваат дека, според првичните информации, нема жртви. Делови од дрон паднале и во двор на приватна ...

Град Скопје информира дека од понеделник ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци во скопскиот регион. – Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 13 јули, понеделник, до 16 јули, четврток, од 22 до 03 часот наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ...

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата ...

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 12: 30 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53