Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ кога маскирани лица излегле од просториите на факултетот каде што се ...
На 06.02.2026 во 06:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- с.Маково, патничко возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(58) од Битола, излетало од коловозот. По несреќата, С.К. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На 06.02.2026 во 06:35 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- ...
САД се залагаат за мировен договор меѓу Украина и Русија до амбициозниот рок во март, а воедно го повикуваат Киев да размисли за одржување национални избори и референдум набргу потоа. Според Ројтерс, американските и украинските преговарачи разговарале за рамка што би го ставила секој потенцијален мировен договор на национален референдум, веројатно истовремено со претседателските и парламентарните избори, иако клучните политички, правни и ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Барањето на синдикатите за покачување на минималната плата е оправдано, пари во Буџетот има, СДСМ понуди и предлог од каде да се обезбедат средства за 600 евра минимална плата, посочи членот на Извршен одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, во емисијата „Стадион”, на радио Канал77. Фрчкоски рече дека тоа што СДСМ застанува зад барањата на синдикатите не е присвојување на синдикатите, туку реална поддршка на работниците ...
Интегрален текст од прес-конференција на Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувани, Фирмата „ЦБД Медплант” во формална сопственост на Христијан Котев, а реална на неговиот татко Тони Котев викан М’гчев, кој е поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и близок по бизнис со Вице Заев и Гидан Колев, во периодот од 30.06.2025 година па се до 11.2025 година, има испорачано 19 тони марихуана према скопската фабрика по документ испорачана ...
Германија откри огромна подземна резерва на литиум под напуштено гасно поле – откритие што може да ја промени енергетската мапа на Европа. Според првичните проценки, станува збор за околу 43 милиони метрички тони литиум-карбонатен еквивалент, количина што ја вбројува локацијата меѓу најголемите познати поединечни литиумски наоѓалишта во светот. Откритието доаѓа во момент кога Европа сè поотворено зборува за стратешка зависност од увоз на ...
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари побараа нивното сведочење пред Конгресот за врските со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин да биде јавно, со цел, како што наведуваат, да се спречи политизација на случајот од страна на републиканците. Двајцата добиле судски повик за сведочење зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, кој ги истражува врските на починатиот финансиски ...
Првиот ден од Зимските олимписки игри започна утрово, а веќе е поделен и првиот комплет на медали. Во машкиот спуст, најатрактивната дисциплина во алпско скијање, златниот медал го освои Швајцарецот Фрањо вон Алмен кој патеката ја помина за време од 1.15.61. Зад него на подиумот се најдоа двајца Италијанци, Џовани Францони и ветеранот Диминик Парис кои освоија сребрен, односно бронзен медал. Денеска медали ќе се поделат и во крос кантри, ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава поднесена од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Скопје. Постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „злосторничко здружување“и кривично дело ...
На 06.02.2026 во 17:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 04.02.2026, дека А.В. во временски период од 18.12.2025 до 04.02.2026 во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари. По целосно ...
Четири лица починаа, а на уште тројца им е потребна трансплантација на црн дроб откако консумирале екстремно отровни зелени пупки во Калифорнија, кои беа фаворизирани од дождливата зима. Државните здравствени власти издадоа предупредување до граѓаните целосно да избегнуваат берење диви печурки, пишува Sky News . Здравствените власти предупредуваат Во здравственото предупредување се вели дека имало најмалку 36 случаи на труење со печурки од ...
Соопштение за јавност на Левица: Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Цвета Ристовска, очигледно одлучила сопствените нервози да ги истура врз вработените во институцијата која треба да биде бастион на интегритетот. До Левица пристигнуваат сериозни информации дека вработени во ДКСК се изложени на континуирано вербално понижување, навреди, викање и ...
Четворица наши спортисти, едно македонско знаме и милиони гледачи пред ТВ. Милано–Кортина 2026 беше шанса Македонија да се појави на светска сцена не преку политички кавги, туку преку луѓе што тренирале на студ, снег и мраз за да стигнат до Олимпијада. И што добија од премиерот? Ништо. Нема статус, нема честитка, нема ни „среќно момци и девојки, цела држава е со вас“. Ајде да погледнеме кај комшиите. Србија преку Олимпискиот комитет и ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, во петокот потпиша извршна наредба со цел зајакнување на заштитата на имигрантите и ограничување на федералната имиграциска контрола на градскиот имот. Мамдани ја објави наредбата додека зборуваше на меѓуверски појадок, опишувајќи ја како широка потврда на посветеноста на градот кон имигрантските заедници, заштитата на приватноста и јавната безбедност. „Потпишувам извршна наредба што ќе ја поддржи ...
Акцијата која трае неколку дена против компании за производство на медицински канабис, утрово продолжи во Струмица. Како што дознаваме екипи на МВР, Обвинителството и Царина од погони во струмичко одземаат нови количини на марихуана. Досега, според неофоцијалните информации одземени биле околу 40 тони марихуана, која наводно се спрелама да се најде на црниот пазар. Засега, се уште нема официјална информација од страна на МВР или ...
Кина започна со тестирање на најголемиот целосно електричен контејнерски брод во светот , способен да носи до 740 стандардни еквивалентни единици (TEU) без употреба на фосилни горива. Новиот брод, наречен Нинг Јуан Диан Кун , е долг речиси 128 метри и го започна своето пробно патување на почетокот на февруари од пристаниште во покраината Џијангси. За време на тестовите, експертите го следат работењето на системот за батерии со голема моќност ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче со двојни аршини, биле и останале. Кај нив ништо не се менува, се останува исто. Тоа се потврди и овој пат со проектот „Безбеден град“. Прво во Собрание гласаат против закони кои овозможуваат негова имплементација и со кој проект се овозможува и гарантира сообраќајната безбедност, а од друга страна велат дека тие што возат без возачка дозвола треба да се казнат. Изминатиов период ...
Два аеродрома во југоисточна Полска се затворени како мерка на претпазливост поради руските напади врз блиската украинска територија, соопштија полските власти во саботата. „Во врска со потребата да се обезбеди можност за слободно работење на воената авијација, аеродромите во Жешов и Лублин привремено ги прекинаа летовите“, објави Полската агенција за воздушна навигација на X. И двата града се наоѓаат во близина на границата со Украина, а ...
Велика Британија се заканува дека ќе заплени танкери што ѝ припаѓаат на руската „сенка флота“, ескалирајќи го конфликтот и отворајќи нов фронт против Москва во време кога нејзините приходи од нафта паѓаат, објави „Гардијан“ . Британски одбранбени извори потврдија дека во разговорите со сојузниците на НАТО се идентификувани воени опции за пресретнување и запленување на вакви бродови. Заканата доаѓа еден месец откако САД, со британска помош, го ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Помина цела недела откако беше објавен картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија, запленети во соседна Србија. И после цела недела нема одговор како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Кој ќе одговара? Кој во врвот на власта стои зад криминалниот бизнис со шверц на дрога? Без поддршка од власта, структури во МВР, во Царина, во други институции, не може 5 тони да се шверцуваат. Поврзаноста ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Одбивањето на ВМРО да го прифати предлогот на СДСМ за ребаланс на буџетот за обезбедување пари за минимална плата од 600 евра е уште една потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците. Нема веќе изговори, сè е јасно како ден. Владата ги избра луксузите на владините функционери и криминалните тендери наместо работниците кои едвај врзуваат крај со крај. Со ова се потврдува дека цело ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека понатамошните разговори меѓу претставниците на неговата администрација и Иран ќе се одржат на почетокот на следната недела. Разговорите со иранската делегација вчера беа „многу добри“, изјави Трамп за новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на пат кон неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида. „Изгледа дека Иран многу сака да склучи договор“, рече тој. Трамп повторно предупреди за последиците ...
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изрази загриженост поради, како што тврди, новоформираниот воен сојуз во регионот насочен против српските интереси Според него, соработката меѓу Албанија, Хрватска и Косово не е само техничка, туку претставува стратешка алијанса насочена против српските интереси. Вучиќ потенцираше дека е особено симптоматично учеството на Приштина во овој сојуз, со оглед на тоа што таа не е членка на НАТО, ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 60 м. на патниот правец Гевгелија – г.п.Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 м. и кај Маврово до 100 м. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Циклонот со центар над Џеновскиот залив кој го проширува своето влијание до нашиот дел од Европскиот Континент во текот на ноќта кон недела и во недела претпладне 8 февруари 2026 ќе донесе нови пообилни врнежи од дожд во западна Македонија каде локално ќе наврнат нови над 15 литри дожд на метар квадратен. Во исто време со север ќе се спушта поладен воздух па така на планините над 1000 метри надморска височина ...
Србинката Јована Алексиќ ќе биде првата во светски рамки која ќе ја прими руската вакцина против рак. Таа има меланом, рак на кожа со метастази. „Тоа нема да биде клиничко испитување, туку третман. Од понеделник почнуваме да ја подготвуваме вакцината за неа во Институтот „Гамалеја“. Сите вакцини се персонализирани. Одлуката да ја добиеме првата пациентка од Србија е донесена поради добрите односи со Србија. Освен неа, работиме и со други ...
Начинот на подготовка на храната има големо влијание врз нејзината нутритивна вредност и врз здравјето, предупредуваат онколозите. Одредени техники на готвење можат да создадат штетни хемиски соединенија, додека поблагите методи помагаат во зачувување на хранливите материи и намалување на воспалителните процеси во организмот. Според експертите, една од најчестите грешки е загорувањето на храната. При силно печење или горење, особено на месо, ...
Жените може да се подеднакво често аутистични како и мажите, но во детството значително поретко ја добиваат дијагнозата, покажува обемна студија предводена од Институтот Каролинска во Шведска. Истражувањето, кое опфатило 2,7 милиони лица родени меѓу 1985 и 2020 година, утврдило дека 2,8 проценти од испитаниците добиле дијагноза на аутизам меѓу втората и 37-та година од животот. До 20-годишна возраст, разликата меѓу мажите и жените речиси ...
Сè поголем број луѓе од Балканот во последните години се одлучуваат за живот и работа во странство, водени од повисоки примања, посигурни работни места и подобар животен стандард. Покрај традиционалните дестинации како Германија и Австрија, сè повеќе внимание привлекуваат и скандинавските земји, како и Луксембург. Дискусиите на социјалните мрежи покажуваат дека Данска, Холандија и Шведска се чести избори, иако не без предизвици. Дел од ...
Иран ги отфрли барањата на САД за целосно запирање на збогатувањето ураниум на своја територија за време на разговорите што денеска се одржаа во Оман, но изрази подготвеност да разговара за нивото и чистотата на збогатувањето, како и за можен регионален конзорциум, изјави за Ројтерс дипломат запознаен со позицијата на Техеран. Според истиот извор, американската страна покажала разбирање и одредена флексибилност кон иранските барања, додека ...