Делегација на Левица, предводена од членовите на Централниот комитет Андреа Јанков, Александар Димитријевиќ и Славко Митевски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, оддавајќи почит на неговото дело и жртва. Делчев не беше само војвода и организатор, туку и мислител со јасна визија за Македонија како држава на слободни и рамноправни граѓани. Неговата борба не беше водена од тесни интереси, туку од длабоко ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47%, во однос на претходната одлука од 27 април. Зголемувањето доаѓа како резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде бензините бележат пораст од 5,324%, дизелот за 2,817%, екстра лесното масло за 3,394%, а мазутот дури за 8,305%. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот ...

Густ чад денеска се издигна над Скопје откако избувна пожар во близина на Визбегово, каде што, според првичните информации, гореле отпад, индустриска опрема и стари возила складирани на приватен имот. Од Центар за управување со кризи информираат дека преку бројот 112 била примена пријава за запалена машина за мелење железо на улицата 1675 број 24, на подрачјето на Шуто Оризари. На терен веднаш интервенирале екипи на противпожарната бригада ...

На 03.05.2026 во 14:11 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска” и ул.„Ѓорѓи Наумов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Џ.(19) од Битола и мотоцикл „триумф” со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.А.(42) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Битола. ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . Измамата ја ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,полов напад и силување” над неговата 41-годишна сопруга. Пријавениот, на 18.04.2026 околу 18:00 часот во семејната куќа во кумановско село без нејзина согласност извршил полови дејствија врз сопругата. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска е пуштен на условен отпуст откако издржувал дел од затворската казна во казнено-поправната установа „Затвор Штип“. Чавков е еден од осудените во предметот поврзан со настаните во македонското Собрание од 27 април 2017 година. Тој беше осуден на 18 години затвор за кривично дело тероризам, во рамки на судскиот процес кој се водеше против повеќе лица за упадот во законодавниот ...

Изјава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Денес ја одбележуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев, најголемиот македонски револуционер, човекот кој се бореше за слобода, правда и рамноправност на сите. За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов „наследник”, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата Христијан Мицкоски. Гоце Делчев се бореше против ...

На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство” предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...

На одбележувањето на 123 години од смртта на Гоце Делечв, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава. „Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за ...

Денеска повторно гори во околината на Скопје. Според видеата и фотографиите, повторно е активиран пожар од отпад помеѓу населбите Визбегово и Шуто Оризари. Црн токсичен чад се издига над пожарот и истиот е видлив од неколку локации во градот. Засега, се уште нема информации од надлежните дали пожарот се гасне. Денеска повторно гори во околината на Скопје. Според видеата и фотографиите, повторно е активиран пожар од отпад помеѓу ...

Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара, пишува ТВ24 Информацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР. Ристовски според информациите на ТВ 24 од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува” на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува” од собраниската говорница и од телевизија. Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо. Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора ...

По четири години судски и институционални контроверзи, Основниот суд во Охрид донесе нова пресуда со која малолетното дете ѝ се доверува на мајката Невена Спасеска, пишува А1он.мк. Пресвртот дојде откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда на охридскиот судија Ефтим Попески и на судијката Жаклина Доведен од битолска Апелација, а со која старателството на детето го дадоа на таткото. Охридскиот суд во повторена постапка и со нова ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на заедничко отворање на Ормускиот теснец со договор меѓу Иран и САД. Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ. „Нема да ...

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска повторно беа отворени прашања поврзани со закани, мерките за обезбедување присуство и однесувањето на дел од присутните во судницата. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и побара тоа да биде нотирано на ...

Три лица загинаа, а десетици се повредени откако камион-монструм се удри во толпа луѓе во јужна Колумбија. Полицијата верува дека сопирачките на возилото откажале за време на настанот во градот Попајан во покраината Каука вчера. Снимките од инцидентот покажуваат како луѓето бегаат додека возилото пробива низ бариера и се удира во толпата, пред да застане откако ќе удри во електричен столб. Властите соопштија дека најмалку 38 лица се ...

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во ...

Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, реализираат превентивна кампања со матурантите од сите средни училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“. Преку работилници, трибини и тркалезни маси, со младите се отвораат важни теми кои директно влијаат врз нивната ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Двојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина. Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени. На Денот на Европа, ВЛЕН чекори кон Конгресот на обединувањето како сила што ја разбра пораката на времето. На Албанците им е потребен силен, обединет и непоколеблив глас. Ова е ветување што го дадовме одамна. Со години, другите ја градеа својата моќ врз поделби. Хранеа раздор, создаваа групи, купуваа молк и ...

Метео анализа на Славчо Попоски: По невообичаено ладниот бран кој директно од Арктикот се спушти на Балканот и во Македонија за 1 и за 2 Мај 2026 и донесе минусни температури, снег и појава на утрински мразеви кој направи огромни штети и ги измрзна овошките, во текот на новата седмица која што ни претстои ни доаѓа нагло и големо затоплување на времето и продор на значително потопла воздушна маса од југ. Веќе особено од вторник 5 Мај па во ...

Шефот на обединетата команда на иранската војска изјави дека американските или кои било други странски вооружени сили ќе бидат нападнати ако влезат во Ормутскиот теснец. Командата ги предупреди американските сили да не се приближуваат кон теснецот и изјави дека ќе „одговорат остро“ на секоја закана, а на трговските бродови и танкерите им кажа да се воздржат од движење без координација со иранската војска. Али Абдолахи, началникот на ...

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според предвиденото, исказ пред судот треба да даде вешто лице од Судската медицина. На претходното рочиште на 28 април Обвинителството презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот. Обвинителката Наташа Сарамандова ги ...

Соопштение за јавност на СДСМ: По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта. Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ”. Се разбира, тоа е само маска. Целта е да ја продолжи својата власт и да си ...

Како дел од новата иницијатива во Ормутскиот теснец, објавена од американскиот претседател Доналд Трамп во неделата, бродовите на американската морнарица нема нужно да обезбедуваат придружба на трговските бродови, објави новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, за Сју, откако американската војска го потврди своето учество во операцијата. Бродовите на американската морнарица ќе бидат „во близина“ во случај да треба да спречат ирански воен напад врз ...

Германската авио компанија Луфтханза времено ќе ја укине линијата помеѓу Франкфурт и Скопје за месец јуни. Последниот лет е закажан за 31 мај, а обновувањето се очекува дури од 1 јули, но без потврден распоред. Оваа одлука доаѓа откако последниот месец кај германскиот авиопревозник е обележан со штрајкови, гасење на подружницата CityLine и масовни откажувања на рутите низ мрежата. Луфтханза ќе го одржи редовниот дневен сервис на линијата ...

Кремљ драматично ја засили личната безбедност на претседателот Владимир Путин, воведувајќи нови мерки што вклучуваат инсталирање системи за надзор во домовите на неговите блиски соработници. Овој потег беше поттикнат од бран атентати на високи руски воени функционери и страв од државен удар, според извештај од европска разузнавачка агенција до кој дојде Си-Ен-Ен . Во документот се наведува дека на готвачите, телохранителите и фотографите што ...

Астрологот Наташа Јанковска во емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk најави дека од 3 мај Меркур го напушта знакот Овен и влегува во знакот Бик. Според неа, оваа промена носи значително посмирена, постабилна и поразумна комуникација во следните три недели. „Меркур во Бик носи смирена, стабилна и приземјена комуникација. Пред да кажеме нешто, повеќе ќе размислуваме“, истакна Јанковска. Таа објасни дека додека Меркур бил во Овен, ...

Ако планирате купување нов паметен телефон во следните години, важно е да знаете дека уредите што ќе се продаваат во Европската Унија ќе мора да исполнуваат нови стандарди за подолг век на траење, посигурна работа и полесна поправка. Европските регулатори сакаат да ставaт крај на досегашната практика – телефоните да работат брзо кога се нови, а по некое време батеријата да слабее, перформансите да опаѓаат и корисниците да бидат принудени да ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.09
81%
1017
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.68
80%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.67
79%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.42
91%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.84
88%
1016
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.89
94%
1019
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
64%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
71%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.14
80%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.47
81%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 16ᴼ
0.89
58%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
3.36
82%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.4789

Currency

71.3492

Currency

37.7153

Currency

38.3863

Currency

67.1515

Currency

7.90489

Currency

0.72592

Currency

0.33362

Currency

0.52505

Currency

1.16107

Currency

0.56326

Калај

54.25

Иридиум

253540.09

Рутениум

49769.36

Платина

57067.58

Злато

139164.58

Паладиум

38805.95

Сребро

2181.05

Кобалт

45.39

Бакар

12.61

Родиум

258813.51

Цинк

0.00

Алуминиум

3.60