На тераста на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена 20. Ликовна колонија „Аполонија“. Ова е значаен јубилеј за ликовната колонија, велат организаторите. Со свои дела ќе се претстават уметниците: Ниче Василев, Гоце Божурски, Драги Хаџи-Николов, Мирјана Крстева –Массетти, Бојан Савиќ, Ѓорѓе Станиќ, Иван Кузмановски, Ифигенија Васдари, Зивер Каплан, како и гостинката Оливера Аџиќ и фотографот и добар пријател ...

Беше разгледувана можноста за брза интервенција и финансиска помош на здруженијата за да може да го остварат учеството на меѓународните олимпијади Со новиот закон за средно образование ќе се најдат системски решенија за финансирање на учеството на олимпијади, добија ветување друштвата од полето на природно-математичките науки кои вчера се сретнаа со државниот секретар за образование во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска. ...

Изложба и претстава за деца вечерва се на програмата на манифестацијата Скопско лето. Вп Музејот на град Скопје во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Модерна традиција“ од Филип Фидановски. Гости на изложбата се Маријана Костојчиноска-Узунчева и кураторот на изложбата Јасминка Намичева. Изложбата „Модерна традиција“ претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција, и нејзиното трансформирање во ...

Збирката „Драми“ на Ана Ристоска Трпеноска неодамна излезе под наслов „Драми“, а во издание на „Перун Артис“ од Битола. Драмскиот ракопис на Ана Ристоска Трпеноска во голема мера потсетува на промислување на Мартин Кримп, драматичар што заврти нова страница во британската драматургија. Таа е остра, неприкосновена, опскурна и ситничава во своите реплики, егзактна и сурова, но од друга страна е филозофски прибрана, длабока и неселективна. Во ...

Македонската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во режија на Андреас Јонсен закажана за отворањето на 23. „Синедејс“ на 11 јули е целосно распродадена, известија од Младинскиот културен центар. Освен проекција на филмот, што е во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, ќе следува и концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”. Музичкиот документарен филм кој се снимаше во текот на април 2023 претставува музичко патешествие на ...

Делириум во Сплит, Еуфорија во Шибеник, НЏО и Рамбо го разбудија Вис се само дел од насловите кои ги објавија хрватските медиуми за време на турнејата на Националниот џез оркестар, кој го нарекоа и „најлудиот оркестар на Балканот“. Рекордно продадени концерти, изблици на еуфорија, громогласни аплаузи, бројни осврти и написи во хрватските медиуми ја означија првата официјална интернационална турнеја на Националниот џез оркестар кој настапи со ...

Самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција која гостува во Македонија во рамките на интернационална Ликовна колонија која здружува уметници од повеќе земји, ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „КО-РА“ во Скопје. Гостувањето е во рамките на меѓународната соработка, на иницијатива на академик, проф д-р Фехим Хусковиќ. Мелихат Тузун е професорка и декан на Универзитетот „Тракија” во Турција на Факултетот за убавите ...

Само со структурна и трајна соработка во борбата против нелегалната трговија со културни добра се спречуваат криминалните активности не само врз културното наследство туку и врз идентитетите на заедниците и државите во целина, рече Синиша Шешум од Регионалното биро на УНЕСКО за наука и култура во Европа на отворањето на настанот посветен на борбата против недозволената трговија со културното наследство во Западен Балкан што се одржува во ...

Фотографијата како медиум за уметничка експресија низ годините го менува својот примат, но она што останува константно е нејзината моќ да сведочи за просторот и времето во кое е создадена. Проектот „Фотоколонија Пелагонија“ кој го реализира Центарот за европски развој и интеграција од Битола е замислен токму по линиите на таа премиса. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура во рамки на програмата за визуелни ...

Покрај знаењето што го стекнавме во текот на школувањето, голем придонес во градењето на личноста што сум денес имаа многуте проекти преку кои стекнав огромни искуства. По скоро една година помината во Словенија, јасно гледам колку запознавањето луѓе од различни земји и култури и разговарањето на различни светски теми, ми помага во наставата, а и во секојдневниот живот – вели Иван Георгиев Студирам архитектура на Факултетот за градежништво, ...

Филипа Сара Попова за необјавената стихозбирка „Скршен терариум“ ја доби наградата „Млада Струга“ што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата и Јуроп хаус Струга. За наградата одлучуваше жирито во состав: Славе Ѓорѓо Димоски, претседател и членовите Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади. Во образложението на одлуката пишува дека авторката е извонредно надарена поетеса, полна со луцидни рефлексии и сензации за животот, времето и ...

Можеби сега студентите не можат да ја видат поволноста што им се овозможува. Меѓутоа, како ќе навлегуваат во процесот, така ќе им се откриваат и можностите – вели проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, проректор за студентски работи на УКЛО Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола е првиот државен универзитет во земјава кој донесе Правилник за вреднување на воннаставните активности на студентите на Универзитетот. Со Правилникот се ...

Работилницата „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“ ќе биде отворена денеска во 9 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. На отворањето на настанот, присутните ќе ги поздрават Синиша Шешум и Матео Росати од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа, а ќе се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Петдневната работилница е во насока на подигнување на свеста и градење ...

„Како да изградиме доверба помеѓу различните националности“? „Знаеме ли доволно за себе и за другите“? „Постои ли опасност од нови конфликти заради непознавање на минатото“? Овие и многу други прашања беа дел од втората работилница на проектот „Младите за соживот и мултиетничка толеранција – ЗАЕДНО“ , имплементиран од Здружението за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција „Проофицио“ од Скопје. Проектот се ...

Изложбата „Пчела“ на авторот Љубе Алексовски, ќе биде отворена денеска во 13 часот во малиот салон на галеријата „КО-РА“ во Скопје. Изложбата е по повод 40 години јубилеј. Љубе Алексовски е роден во Куманово. По завршувањето на Педагошка академија,и Факултет за ликовна уметност (педагошка насока) . Покрај педагошката дејност тој активно се занимава со сликарството.Организатор е и учесник е на повеќе ликовни колонии. Активно и континутирано ...

Во спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во Општина Ѓорче Петров, в среда (10 јули) во 19 часот, ќе се одржи седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“ кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“. Во соработка со ...

Четворицата ученици од осмо и девето одделение што ќе ја претставуваат Македонија на Eвропската и Балканската јуниорска олимпијада создадоа химна за Европската олимпијада со помош на вештачката интелигенција. На подготвителниот камп што се одржа на Пониква, а го организираше здружението за поддршка на талентирани ученици и млади „Бистри умови“, учествуваа: Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје, Марко Кренков од Струмица и ...

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот вечерва во 20.30 часот во Сули ан ќе одржат концерт во рамките на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Оркестарот составен од млади талентирани музичари од цела Европа ќе настапи со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика. Ќе настапи и популарниот џез саксофонски квартет „Артварк“ од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт. Покрај нивните ...

Во просториите на „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 20 часот ќе се одржи финалната изложба „Продор“ на студентите од академиите во „Скала“. Ќе бидат претставени повеќе од 500 дела на 140 студенти од генерацијата 2023/24 год. Публиката ќе има можност да погледне илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, фотографии, како и работни процеси, технички цртежи и ...

Битола, мој роден крај, Со маки сум се родила, Елено ќерко, Заветна, Дафино вино црвено, Ваташа и многу други антологиски песни од албумот „Македонски рози“ ги допреа срцата на бројните кривопаланчани кои синоќа присуствуваа на целовечерниот концерт на „Митан проект“ со Андријана Јаневска на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Најубавите македонски песни беа донесени на посебен начин со виртуозната изведба на врвните музичари ...

Ќе се одложи имплементацијата на дел од концепцијата што се однесува за седмо, осмо и деветто одделение во однос на наставните планови и програми, без да бидат засегнати изборните предмети за кои сметаме дека се добро решение во идниот процес на образование кај младите, изјави денес министерката за образование, Весна Јаневска. Владата денеска ја донесе одлуката. – Ова решение всушност ќе овозможи да надминеме еден сериозен проблем наталожен ...

Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ ќе се одржи од 11 до 17 јули во Скопје. Како прецизно одбрани кадри се поредени повеќе од 40 филмски наслови со кои повторно Скопје ќе живее во филм во фестивалскиот период. Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, летните скопски филмски вечери ќе ги пресретнуваме во паркот зад Младинскиот културен центар, киното Фросина и летното кино на отворено во Кинотека. Отворањето ќе го одележи ...

Во Куќата на Робевци вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија 4“, посветена на наивното сликарство и претставува избор од најзначајните автори на овој правец, содржани во збирката на современа уметност во Заводот и музеј во Охрид. На изложбата ќе бидат претставени дела од: Иван Генералиќ, Вангел Наумовски, Јан Књазовиц, Иван Лацковиќ и Андреј Вењарски. Куратор на изложбата е м-р Сашо Блажески. – Современата наивна уметност ...

Поттик да се создаваат иновативни продукт решенија кои ќе бидат наши, функционални, еколошки и пазарно издржани „Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6 до 10 ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања. Оваа година темата на „Неделата на дизајн во Скопје” е „Чиста ...

Донации за авиобилети и котизации се потребни за 28 талентирани средношколци од Македонија да стигнат до светските олимпијади по биологија, математика, хемија и физика во Астана во Казахстан, Бат во Англија, Хонг Конг во Кина, Ријад во Саудиска Арабија, Исфахан во Иран и Кутаиси во Грузија. Министерството за образование и наука не може да помогне зашто според Законот за средно образование не може финансиски да ги плати патните трошоци. МОН ...

„Интервали“ е насловот на изложбата од Татјана Винона Јонеска што ќе биде отворена на вечерва во 19.30 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Ова е втора самостојна изложба на Јонеска во родниот Прилеп, а ги истражува лиминалните простори меѓу моментите. – Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, инсталација и видео, оваа мултидисциплинарна изложба се стреми да понуди подлабоко размислување за ...

Неолитска фигурина од типот на „Голема Мајка“ и амфора открија археолозите на археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ во Скопје. Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10-годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот Регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација ...

Лео Поповиќ и Бобан Алексоски како главни протагонисти се фантастични, адаптацијата е исполнета со нивниот емотивен набој во опишувањето на реалноста и очајноста на зависниците, карактеризирајќи ги своите херои со антиципативни гестови и убедлив телесен театар, создавајќи сценска атмосферата полна со напнатост и воздржана иритација. „Кенди“ ќе биде изведена утревечер во 20 часот на малата сцена во Драмски театар, во рамките на „Скопско лето“. ...

Францускиот кинематографер Бруно Делбонел е добитник на „Златна камера 300“ на јубилејното 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, соопшти денес Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот. Фестивалот годинава ќе се одржи од 21 до 27 септември во Битола. Делбонел е веќе награден со „Специјална Златна камера 300“ за особен придонес во 2011 година, а сега му се придружува на Клубот на великаните на „Браќа Манаки“. Оваа година се очекува на ...

Како да направиш „нинџа“ мастило? Сте виделе ли некогаш пари што не горат? Како да знаете дали сте заљубени или има земјотрес? Ова се само дел од прашањата на кои ќе добиете одговори на штандот на Природно-математичкиот факултет на Саемот „Уникомпас“ што ќе се одржи задутре (6 јули) од 10 до 16 часот во Млаедонскиот културен центар во Скопје. Свој штанд ќе имаат и „Бреинстер Некст Колеџ“, УКЛО, ФЕИТ, ФИНКИ, УГД и други. – Саемот е единствена ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
5.66
67%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
76%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
86%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Калај

49.78

Злато

159322.70

Бакар

12.10

Кобалт

64.04

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Цинк

3.37