Научните здруженија што ги организираат учествата на талентираните средношколци на светските олимпијади за првпат ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка во Министерството за образование и наука. До 31 октомври е отворен повикот за намирување на трошоците за котизација и пат за учество на една од 15 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во текот на оваа година. Условите за аплицирање се објаснети во правилникот што ...
Како што појаснува МОН, едно акредитирано здружение може да добие финансиски средства за учество само на една олимпијада. Пријавувањето е електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и најдоцна до 31 октомври 2025. Во зависност од правилата на организаторите на секоја поединечна меѓународна научна олимпијада, ќе се финансира учеството на најмногу шест ученици и двајца ментори. „За здруженијата на наставници кои испраќаат средношколци на ...