Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен во среда во обид за атентат во Јута. Зборувајќи на комеморацијата во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „гигант од својата генерација, застапник на слободата и инспирација за милиони луѓе“, ...
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата “Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање ...
Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу. „Ова е проект кој го работиме во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денес во Генералштабот на Армијата оствари работна средба со Началникот на генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски. „Разговаравме за унапредување на соработката меѓу Бирото за јавна безбедност и Армијата, со акцент на градењето институционална отпорност, поддршка на НАТО капацитетите, како и заедничките активности во областа на граничната безбедност, управувањето со кризи и обуките.“, ...
Со голема тага од Зоолошката градина во Скопје информираа дека утрово угинал европскиот бизон, еден од најимпресивните и најретки жители на градината. Животното имало 17 години, што е во рамките на просечниот животен век на оваа видлива дива фауна, кој се движи од 14 до 20 години. Бизонот пристигна во скопската Зоолошка градина во 2011 година и повеќе од една деценија беше атракција за посетителите. Пред околу година и половина му била ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Во периодот од 2020 до 2025 година, ...
Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна на поранешната депонија за комунален отпад „Дрисла“, по пријава од Полициската станица Гази Баба. „На лице место се врши гаснење на опожарениот дел со сопствена механизација и средства на ЈП „Дрисла“, како и со повеќе противпожарни возила и возила на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. ...
Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во селото Луково, како и во неговиот автомобил, полицијата пронашла 166 грама марихуана и шприцеви со 9 ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја. Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, г-ѓа Ангела Агелер. За време на пријателската средба се дискутираше за техничка и научна соработка за заштита на Охридското Езеро, природно и културно богатство кое е заедничко за Северна Македонија и Албанија. Целта на соработката е подобрување на квалитетот на водата, ...
Членовите на собраниската Комисија за надзор над безбедносните служби денеска се во Агенцијата за разузнавање (АР), откако вчера беа во посета на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во пресрет на денешната посета изјави дека нема големи очекувања, бидејќи клучните одговори не ги добила на вчерашниот состанок во АНБ. „Која е позицијата на Агенцијата за разузнавање во целиот овој скандал така ...
Ако после 12 октомври патувате во земји од Шенген зоната, меѓу кои и кај соседите Грција и Бугарија, не треба да се изненадите ако на граничните премини ви побараат да оставите биометриски податоци – отпечаток од прст и фотографија од лице. Ова е согласно новиот систем за влез-излез на ЕУ чија примена почнува во октомври. Но, се ќе од постепено, па така првиот месец обврската е да се идентификуваат 10 проценти од патниците од трети земји, а ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во фабрика во која вчера загина 38-годишен кинески државјанин. Според првичните сознанија, тој пристигнал во земјава кон крајот на август, но постојат сомненија дека иако се уште не му бил регулиран престојот и работниот однос, сепак веќе бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката. Притоа, бил притиснат од кран на висока платформа и му биле нанесени ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, на ул.„Зендел Џемаил“ во Скопје, од 2020 година до 02.09.2025 година вршеле дејност – откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на ...
Директорот на Државниот завод за спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска на прес-конференција истакна дека ја посетил депонијата Дрисла и ја посочи актуелната состојба. Тој истакна дека има значително чадење, но поради ветерот што дува во спротивна насока, чадот не се чувствува од околните населби. „На терен работи тешка машинерија за затрупување на критичниот дел каде што има горење. Сепак, тоа не може да се види поради големиот чад. Огнот ...
Американското списание „Тајм“ одлучи да ја посвети својата насловна страница на убиството на десничарскиот влијателен човек Чарли Кирк. „Доста. Убиството на Чарли Кирк и епидемијата на американско политичко насилство“, пишува на насловната страница, а во позадина е фотографија направена завчерашното убиство. Печатеното издание на „Тајм“ со насловната страница ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. TIME’s new cover: Charlie Kirk’s killing ...
Вчера неколку граѓани во Истарскиот регион пријавија во полицијата обид за телефонска измама. Според нив, тие добиле повици од непознати меѓународни броеви, најчесто со повикувачки кодови за Шпанија (+34) и Италија (+39). Од другата страна на линијата, автоматски глас на англиски јазик го информира повикуваното лице дека е распишана потерница по нив или дека нивните лични документи и контакти се злоупотребени. Целта на ваквите повици е измама и ...
Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија. Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата Г.К. и А.Ц., поради основано сомнение дека извршиле кривични дела Намерно предизвикување на стечај (член 254 став 1 од Кривичниот законик) и Оштетување или повластување на доверители (член 257 ...
30-годишен работник од Делчево вчера трагично го загуби животот при несреќа во фабрика во градот. Според информациите од СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот. Увид на местото извршила екипа на ОВР ...
Рамкaта за соработка на ОН 2026 – 2030 претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување. Ова се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (UNSDCF) 2026 – 2030, што денес ја ...
Системот за влез/излез во Европската Унија ќе започне со постепена примена од 12 октомври, со цел зајакнување на безбедноста на сите гранични премини, порача евроамбасадорот Михалис Рокас. „Ова е мерка што има за цел да ја зајакне безбедноста, но истовремено и да го олесни процесот на влез во ЕУ“, изјави Рокас и додаде дека граѓаните од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со отпечаток од прст и фотографија. Според него, откако тоа ќе ...
Во видео порака објавена на Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е „полн со тага и гнев поради гнасниот атентат врз Чарли Кирк“. „Чарли инспирираше милиони, а вечерва, сите што го познаваа и го сакаа се обединети во шок и ужас. Чарли е патриот кој го посвети својот живот на каузата за отворена дебата и на земјата што ја сака толку многу, Соединетите Американски Држави“, рече Трамп. „Тој е модел на вистината и слободата, ...
На 10.09.2025 во 15:00 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Ј.(41) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Според пријавеното, во јануари 2025 година, Ј.А.(41) од Скопје зел 4.500 евра од М.Ј., кои му биле потребни за операција на неговата мајка. Исто така, според пријавеното, во февруари 2025 година, М.Ј. побарал од Ј.А. да му ги врати парите, но тој ...
Шпанската коалициска влада одобри закон со кој се планира значително ограничување на пушењето на јавни места, што би можело да донесе големи промени за сите патници што ја посетуваат земјата. Предложениот закон би го забранил пушењето и употребата на електронски цигари во голем број надворешни простори, вклучувајќи спортски објекти, плажи и популарни ресторански и барски тераси, објави Euronews. „Секогаш ќе го ставаме јавното здравје пред ...
Силно невреме го погоди подрачјето на Мостар во текот на ноќта, предизвикувајќи значителна материјална штета, јавува Анадолу. Утрово на улиците на Мостар може да се видат искорнати дрвја, од кои некои паднале врз паркирани возила. Бурата беше проследена со дожд и силен ветер што одеднаш го погодија Мостар. Видеата објавени на социјалните мрежи покажаа дрвја како се виткаат под налетите на ветерот, додека во некои делови од градот ветерот ги ...
Силните врнежи и екстремните количини дожд што ја зафатија Хрватска предизвикаа поплави, водени бујици и одрони на повеќе патишта во Горски котар и Хрватското приморје. Сообраќајот на овие делници се одвива отежнато, а коловозите во голем дел од земјата се мокри и лизгави. Поради лошите временски услови во прекин се повеќе траектни и катамарански линии: Дубровник–Коложеп–Лопуд–Суѓураѓ, Пула–Задар, Сплит–Хвар, Дубровник–Корчула–Хвар–Бол–Сплит, ...
Американската вселенска агенција НАСА започна со спроведување забрана за кинеските граѓани да работат на нејзините програми, дури и за оние со важечки визи, што дополнително го нагласува интензивирањето на вселенската трка меѓу САД и Кина, пишува The Guardian. Оваа промена на политиката, за која првпат објави Bloomberg News, беше потврдена од самата НАСА. „НАСА презеде внатрешни мерки поврзани со кинеските државјани, вклучително и ограничување ...
Средношколец во предградие на Денвер, Колорадо, во среда застрелал двајца соученици, а потоа и себеси, соопштија властите. Двајцата тинејџери што ги застрелал се хоспитализирани во критична состојба, објави АП њуз. Пукањето се случило околу 12:30 часот во средното училиште „Евергрин“ во Евергрин, град на околу 30 милји западно од Денвер. Според Џеки Кели, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, биле испукани истрели и во и ...
Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор предизвика загриженост за ранливоста на цивилниот воздушен сообраќај во Европа, велат експертите за авијација и безбедност, најновиот проблем со кој се соочуваат авиокомпаниите додека ескалираат глобалните конфликти. Полска собори беспилотни летала во својот воздушен простор рано вчера со поддршка на воени авиони од своите сојузници во НАТО, што е прв пат членка на западната воена ...
Опасна ситуација се случи вчера попладне, нешто по 17 часот, во пристаништето во Крило Јесенице. Од засега непознати причини, туристичкиот брод Нерезине одеднаш почна да се навалува, поради што веднаш беа повикани служби за итни случаи. Пожарникарите од ДВД Далмација од Дуги Рат излегоа на местото на настанот, а набрзо пристигна и полицијата. Неколку лица кои беа на бродот кога одеднаш почна да се свртува настрана, скокнаа во последен момент. За ...