Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување, велат од ЈП депонија Дрисла Скопје. „Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките ...
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река. Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници кои според првичните сознанија се од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди. ОЈО Штип презема ...
Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради војната во Украина. Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се првите санкции на Јапонија против Русија од јануари, објави „Кјодо“. „Ја донесовме одлуката бидејќи руската инвазија на Украина сè уште е во тек“, изјави на прес-конференцијата портпаролот на јапонската влада, Јошимаса Хајаши. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми безбедносните мерки на два настани по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк во Јута, јавува Скај њуз. Американскиот претседател присуствуваше на годишнината од нападите на 11 септември во Пентагон, а потоа и на бејзбол натпревар во Њујорк. Церемонијата на првиот настан беше преместена внатре како мерка на претпазливост, а потоа беа воведени дополнителни безбедносни мерки за време на ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. T=31°C. P=982hPa. U=38%. V=2m/s. Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо ...
На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е ...
Тројца загинати и двајца повредени е билансот од тешката сообраќајка несреќа која утрово се случи на експресниот пат Штип – Радовиш, кога комбе со работници излета од мостот „Балталиска река“ во близина на селото Лакавица. Комбето „Фиат Дукато“ изгубило контрола и излетало од мостот во провалија. Возилото било соптвеност на правно лице од Струмица, а било управувано од 35-годишниот М.Д. од Иловица. Според првичните информации, во него се ...
Премиерот Христиан Мицкоски денеска ја коментираше ситуацијата со ЈП Дрисла, од каде веќе неколку дена извира густ чад и Скопје се соочува со загаден воздух. Мицкоски рече дека Владата и надлежните институции работат на решавање на проблемот, а од денеска во депонијата влегува и полицијата. „Како влада и институции ги преземеме сите мерки, да немате дилема. За Вардариште имаме осомничени лица, кои се приведени и за кои се покажа дека ја ...
Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната попладневна седница е дадена согласност за уште четири нови кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори: Едис Хасан – кандидат за градоначалник на Шуто Оризари. Жика Стојановски – кандидат за градоначалник на Илинден. Игор Христов – кандидат за градоначалник на Кочани. Исуф Синани – кандидат за градоначалник на Долнени. „Со ова, СДСМ веќе има објавено 64 кандидати за ...
На 11.09.2025 во 18:40 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(75) од с.Трубарево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други ...
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане денес на разговори за упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што полскиот претседател Карол Навроцки го опиша како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО. Состанокот на Советот за безбедност на ОН беше свикан на барање на Словенија, Данска, Грција, Франција и Велика Британија. Полски борбени авиони Ф-16, холандски Ф-35 , италијански авиони за надзор ...
АЛТА банка а.д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи голем чекор со доставување на понуда за превземање на Стопанска банка а.д. Битола. Со оваа инвестиција ќе започне ново поглавје на раст во секторот на финансиски услуги за граѓаните и компаниите во Република Северна Македонија. Понудата за превземање објавена на 11 Септември 2025 година се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право ...
Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а потоа во блиската шума, каде што подоцна е пронајдена пушката со која е убиен Кирк. Конзервативниот влијателен човек и близок сојузник на Трамп беше застрелан во вратот во среда додека се обраќаше пред ...
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор откако беше прогласен за виновен за планирање воен удар. Врховниот суд ја изрече пресудата само неколку часа откако ја донесе пресудата за виновен. Четворица од петте судии на Врховниот суд го прогласија 70-годишникот за виновен за заговор за останување на власт и покрај тоа што ги загуби изборите во 2022 година од неговиот левичарски ривал, Луиз Инасио ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше упадот на руските беспилотни летала во Полска како „можна грешка“, притоа изразувајќи фрустрација поради инцидентот што ги налути Варшава и другите сојузници на НАТО. „Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум задоволен од ништо што има врска со целата оваа ситуација. Но, се надевам дека ќе заврши“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа пред да замине за Њујорк со ...
Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот тим. Љубов: Зафатените луѓе очекуваат разговори за доверба и стабилност, особено за заеднички обврски. Слободните можат да запознаат личност во деловна средина или преку пријатели, а привлечноста ќе биде силна и веднаш видлива. Здравје: Чувствителен ...
Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за увезена пушка „Маузер“ калибар 30-06 со болт. Станува збор за многу моќно оружје. Овие пушки работат на едноставен механизам: по секој истрел, стрелецот мора да го повлече резето за да ја исфрли чаурата и да внесе нов куршум во ...
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денес, по телефонскиот разговор со својот американски колега Марк Рубио, дека претходните месеци покажале оти американскиот претседател Доналд Трамп сега е „единствената надеж“ за завршување на војната во Украина и враќање на мирот во Централна Европа. Сијарто оцени дека, и покрај знаците на ескалација на војната во Украина, Трамп сè уште е посветен на мирот. Тој нагласи дека процесот ...
Европската Унија стои зад својот план целосно да го запре увозот на руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, изјави денес комесарот за енергија на ЕУ, Ден Јоргенсен, по состанокот со американскиот секретар за енергија, Крис Рајт. ЕУ во моментов преговара за законски предлози што предвидуваат целосно укинување на увозот на руска енергија до 2028 година, со забрана за краткорочни договори што ќе стапи на сила следната година, објавува Ројтерс и ...
Американскиот Стејт департмент „ќе преземе соодветни мерки“ против странците во САД кои „ја слават, одобруваат или се потсмеваат“ на смртта на Чарли Кирк, изјави денес заменик-државниот секретар Крис Ландау. Ландау посочи дека тие мерки би можеле да вклучуваат одземање на визите. Администрацијата беше агресивна во одземањето на визите, особено за студентите поврзани со протестите против војната во Газа. „Во светлината на вчерашното ужасно ...
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) објави фотографии од главниот осомничен за убиството на Чарли Кирк. Исто така ФБИ соопшти дека добила преку 130 повици од граѓани, кои имале информации за неодамнашната пукотница. Роберт Болс, специјален агент задолжен за теренската канцеларија на ФБИ во Солт Лејк Сити, потврди дека сите траги се темелно истражени. „Можам да ве уверам дека сите траги и информации се целосно истражени“, рече Болс. Агентот, ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно: 1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински ...
„Ер Трактор“ на депонијата Дрисла која сè уште испушта чад! Тешко е да се гаси со вода, бидејќи во огништето се одвиваат хемиски и биолошки процеси кои предизвикуваат појава на запаливи гасови, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Поради оваа причина, тие се обидуваат да ја ублажат ситуацијата со специјална пена. -Всушност, не можете да видите горење, видлив е само густ чад, од она што го кажав претходно, тешки депонии кои ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто решение за Европа, рече таа во говорот во Европскиот парламент во Стразбур. Фон дер Лајен ги спореди можните регулативи за социјалните медиуми со оние за тутунот и алкохолот. „Во мое време, како општество, ги учевме нашите ...
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите, ги разгледа градежните активности за реконструкција и адаптација на блокот за оперативна и интензивна нега во Општата градска болница „8 Септември“, Скопјe. Директорот на оваа здравствена установа, Синиша Стојаноски, изјави дека по 40 години ќе има нов хируршки сегмент. -Градежните работи во сегментот хируршки сали и ургентна соба се целосно уредени и подготвени се за влез на стерилни панели и ...
Мирисот од горење во депонијата Дрисла и Вардариште е непријатен, но квалитетот на воздухот не е на ниво на загадување што би предизвикало здравствени проблеми кај граѓаните, покажаа анализите на Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, изјави министерот Азир Алиу. -Сепак, препорачувам граѓаните да не излегуваат надвор освен ако не е неопходно и проценувам дека во иднина ќе имаме работна група која може да помогне со здравјето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наскоро постхумно ќе му го додели Претседателскиот медал за слобода на американскиот патриот Чарли Кирк, кој беше убиен во среда во обид за атентат во Јута. Зборувајќи на комеморацијата во Пентагон по повод 24-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, Трамп рече дека Кирк бил „гигант од својата генерација, застапник на слободата и инспирација за милиони луѓе“, ...
Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а Влада усвои следниве заклучоци: забрана за движење на територија на депонијата “Вардариште”, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а за надлежен за оваа проблематика го назначи првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање ...
Лекарите ќе добијат подобри услови за работа, а пациентите една од најмодерните болници во државата. Со инвестиција од 12 милиони евра целосно се реконструира болницата, истакна потпретседателот на Владата, Александар Николоски при денешната посета на Воената болница заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Азир Алиу. „Ова е проект кој го работиме во рамки на концесијата која што ја има ТАВ за двата аеродроми, скопскиот ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денес во Генералштабот на Армијата оствари работна средба со Началникот на генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски. „Разговаравме за унапредување на соработката меѓу Бирото за јавна безбедност и Армијата, со акцент на градењето институционална отпорност, поддршка на НАТО капацитетите, како и заедничките активности во областа на граничната безбедност, управувањето со кризи и обуките.“, ...