Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место. – – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е ...

Најдоцна за две годни, а можеби и порано, скопјани ќе добијат реконструирана Универзална сала. Ќе се задржи постоечката форма поради почитување на колективната меморија и подарокот кој го доби нашиот главен град по земјотресот во 1963-та. Со реконструкцијата, објектот ќе претрпи измени, но нема да се менува добро познатиот лик, ниту ќе се излегува од неговиот габарит. Најголемите промени се направени во материјалот кој ќе биде употребен за ...

Истрагата за пожарот во Трубарево може да започне 24–48 часа по целосното негово гаснење, бидејќи е неопходна теренска истрага за утврдување на причините, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој додаде дека има индиции, но не може да ги открие поради истражната постапка, и нагласи дека треба да се преземат конкретни мерки за обезбедување на соодветни стандарди за безбедност и екологија. „Според информациите што ги добив од ...

На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на ...

Повеќе од 4.000 тони марихуана, 18.000 стебла на марихуана и 79 килограми цвет, како и повеќе од 21 килограм други дроги како амфетамин, кокаин и хероин. Над 100 парчиња оружје, како и над 1.000 куршуми и други делови од оружје. Сето ова беше уништено во акцијата за уништување на конфискуваните наркотични средства и оружје. Од фабриката „Макстил“ каде што беше спроведено уништувањето, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека ...

На 15.09.2025 во 01:04 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје е донесен М.И.(18) од Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар извршиле разговор со В.И.(28) од Скопје, кој со возило го донел повредениот, при што тој изјавил дека на ул.„Методија Митевски“ едно лице, кое било со велосипед, неколку пати од огнено оружје пукало кон М.И. и го ...

Денес, по иницијатива и залагање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, започна сериозен институционален процес за заштита на македонскиот рубин – геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува. На состанокот меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост ...

Денеска пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките ...

Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните меркиповрзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците.Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за печатот ...

Пожарот кој деновиве гореше на депонијата во Трубарево е целосно изгаснат, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според него, целата површина е затрупана со песок и земја, а утрово кога се појавило слабо чадење, веднаш било интервенирано со специјална пена и дополнително дозатрупување. „Останати се дежурни екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита и доколку се утврди било какво ново чадење, тие ...

Денеска во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил – Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје. „Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од ...

Компанијата „Алхемист“ и италијанскиот ресторан „Салваторе“ со задоволство ви најавуваат ексклузивен Wine Tasting & Food Pairing настан, кој ќе го спои најдоброто од италијанската кујна и винска традиција. Настанот ќе се одржи на 3 октомври (петок), со почеток во 19:30 часот, во уникатниот амбиент на ресторанот „Салваторе“. За време на дегустацијата, гостите ќе имаат можност да се запознаат со винаријата „La Scolca“ и да уживаат во вкусовите ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во временскиот период од август 2024 година до септември 2024 година и повторно од март до средината на септември годинава, осомничениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана присилувал еден оштетен да му ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека МВР презема мерки во рамки на истрага за еколошки криминал. Тој потврди дека биле повикани четири лица на информативен разговор, а дел од нив се под мерки предложени од јавен обвинител. „Будни сме, присутни сме, МВР ги презема сите потребни дејствија. За секој за кој ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал ќе следуваат соодветни пријави. Граѓаните заслужуваат безбедна и ...

Околу 8 часот наутро, авион на „Еуровингс“ изврши итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб. Како што потврди за „Дневник.хр“ портпаролката на Меѓународниот аеродром во Загреб, Лидија Чапковиќ Мартинек, екипажот побарал итно слетување откако бил забележан чад во кабината. „Во согласност со пропишаните процедури, активирана е локална постапка за итно слетување. Авионот беше безбедно приземјен и немаше закана за патниците, екипажот или ...

Хакерска група поврзана со Северна Кореја изврши сајбер напад врз јужнокорејски организации, вклучувајќи ги и институциите поврзани со одбраната, користејќи длабоки лажни слики генерирани од вештачка интелигенција, покажа денес извештајот на безбедносниот институт на Јужна Кореја. Во извештајот на Центарот за безбедност „Генијанс“ (GSC) се вели дека групата Кимсуки, хакерска единица за која се верува дека е спонзорирана од севернокорејската ...

Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чија вредност е проценета на 700 илјади денари. Случајот е откриен од страна на царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Патникот иако со себе носел поголема количина пари за колекционерски цели се упатил на зелениот канал. Поради сомневање бил селектиран на детална контрола, при што во двата куфери и во торбите што ги носел со себе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја повтори својата подготвеност да воведе нови санкции врз Русија, но постави јасен услов – посилен одговор од европските земји и сојузниците од НАТО. Во разговор со новинарите, Трамп нагласи дека американските акции зависат од потезите на Европа, критикувајќи ги сојузниците за она што тој го смета за недоволен придонес кон заедничката безбедност. „Санкциите што ги воведуваат не се доволно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека ќе прогласи национална вонредна состојба и ќе го федерализира Вашингтон откако градоначалничката Муриел Баузер изјави дека полицијата нема да соработува со Службата за имиграција и царина (ICE). Најновата закана на Трамп е надополнување на потег што критичарите го сметаат за пречекорување на федералните овластувања. Неколку илјади демонстранти излегоа на улиците овој месец поради ...

Две лица загинаа во несреќа на мал авион во Германија во неделата вечерта. Несреќата се случила во сојузната покраина Рајнска област-Пфалц. Авионот требало да слета на аеродромот Битбург во недела навечер како што било планирано, но одеднаш го изгубил контактот со радарот. Следела потрага што траела неколку часа, објавува „Билд“. Полицијата и пожарникарите ја пребарувале областа сè додека конечно не ги пронашле остатоците од малиот авион наутро. ...

Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во понеделник, 15 септември, во 08:01 часот во Бугарија. Епицентарот на земјотресот бил на 57 километри од Бургас. Земјотресот бил на длабочина од 16,8 километри. Нема информации за материјални штети. 🔔#Earthquake (#земетресение) M3.4 strikes 16 km NW of #Karnobat (#Bulgaria) 12 min ago. More info: https://t.co/6uTDo9s4vP — AllQuakes – EMSC (@EMSC) September 15, 2025 ...

Најдобриот македонски атлетичар во маратон Дарио Ивановски, успешно го финишираше маратонот во Токио, во рамките на Светското првенство. Ивановски заврши на 58. позиција со време од 2:26:31. Маратонот го завршија 66 натпреварувачи, а многумина од пријавените се откажаа за време на трката. Победник на маратонската трка е Алфонс Феликс Симбу од Танзанија, кој заврши за дел од секундата побрзо од Аманал Петрос од Германија, додека трет беше ...

Овен Работа: Денот носи сериозни предизвици, особено кога станува збор за рокови и комуникација. Ќе треба да бидете прецизни и јасни бидејќи секоја грешка веднаш ќе излезе на површина. Не брзајте, туку проверете сè што правите. Љубов: Слободните Овни би можеле да влезат во интересен разговор со некого што го запознаваат преку работа или обврски, па целиот ден ќе биде обоен од потребата емоциите да бидат јасни и искрени. Здравје: Чувствителен ...

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во текот ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 10 септември, во вечерните часови, во паркот “Жена-борец” во Скопје, осомничените на возраст од 44 и 46 години, со умисла тешко телесно повредиле едно лице. Сите тројца се ...

Репрезентацијата на Германија е новиот европски првак во кошарка, откако во финалето вечерва во Рига, ја победи Турција со 88-83. Во спектакуларно финале, Германците успеаја на крајот да дојдат до трофејот благодарение на прецизните шутеви во финишот, со кои направија оглем пресврт, откако по првиот дел имаа негатива од шест поени разлика. Но, успеаја сето тоа да го надополнат во третиот и во четвртиот период, и така да ги обединат светската и ...

Поради основано сомнение дека со заеднички дејствија учествувале во извршување на кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 4 лица за кои од судија на претходна постапка вечерва ќе побара определување мерка краткотраен 48-часовен притвор за обезбедување докази. Нивните конкретни дејствија се ...

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, попладнево информираше за ситуацијата со депонијата Дрисла. Тој рече дека чадењето е значително намалено и дека останува уште да се дозатрупа помалку од една третина од опожарената површина. „Чадењето од депонијата Дрисла е значително намалено. Изработен е дополнителен земјен пат со кој е отсечен ѕидот на депонијата од заезерената површина со отпадни води полни со запаливи ...

Четири лица биле хоспитализирани од пожарот во фабриката за електронски отпад во Трубарево, меѓу кои лекарска помош побарал и директорот на ЦУК, Мухамед Али. Во моментов во болница останува само едно лице – жителка на Трубарево која живеела во близината на пожарот. Другите три лица се веќе на домашно лекување. Сите се надвор од животна опасност- информираше министерот за здравство Азир Алиу. „Еден од нив е жител кој што живее во непосредна ...

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација) во воздух, вода и почва. „ИЈЗ поседува референтна акредтирана лабараторија со најсовремена опрема и дванесет мерни станици како и високо квалификуван и обучен кадар за следење на јонизирачко зрачење (радијација) во воздух. ИЈЗ во вистинско време (real time) мери и добива информации за евентуалното зрачење во воздухот. Во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.12
89%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
79%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.81
84%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
88%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056