Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една од ракетите. Нема непосредни извештаи за повредени или штети. Воениот портпарол на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека тие користеле ракета Палестина-2 со повеќе боеви глави, која погодила неколку ранливи цели во регионот ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата. Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник ...

Холандија се придружи на Ирска во изјавата дека нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година доколку Израел учествува на настанот, со оглед на обемот на страдањата во Појасот Газа, соопшти во петокот холандскиот јавен радиодифузер AvroTros. Еден ден претходно, ирскиот јавен радиодифузер RTE изјави дека учеството на Израел е „несовесно“ со оглед на „ужасните загуби на животи што се случуваат во Газа“. Последните два ...

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тие се сомничат дека на 12.09.2025 во периодот од 10:40 до 11:15 часот од продажен објект во состав на хотел на Граничен премин Богородица одзеле повеќе парфеми. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР ...

Министерството за здравство активно учествуваше на XXI Конгрес на лекари во организација на Македонското лекарско друштво, каде во фокусот на еден од панелите беше дигитализацијата и новите технологии во здравството. Во рамки на Fireside Chat дискусијата „Solving Human Health“, министерот за здравство д-р Азир Алиу нагласи дека граѓаните денес се технолошки подготвени повеќе од кога било досега, што претставува основа и обврска за поголемо ...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави државниот медиум КЦНА. Додека ги проверуваше центрите за истражување на оружје во четврток и петок, Ким рече дека „9-тиот Конгрес на Работничката партија на Кореја ќе претстави политика за истовремено промовирање ...

Поранешната главна судијка на Непал, Сушила Карки (73), денес стана премиер во привремена влада задолжена да обезбеди преоден период до изборите закажани за март 2026 година, по смртоносните немири оваа недела. Првата жена во Непал што ја извршуваше оваа функција, поранешна највисока судијка во земјата, вечерва положи заклетва пред претседателот Рамчандра Паудел. Штом Сушила Карки ја презеде функцијата, шефот на државата, по нејзина препорака, ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, утрово информира дека со засилено темпо продолжуваат активностите за затрупување на делот од депонијата „Дрисла“ од кој излегува чадење, површина голема приближно колку едно фудбалско игралиште. „Отворен оган не може да се забележи, чадењето е делумно намалено, но сè уште присутно,“ изјави Ангелов од лице место. Тој појасни дека двата земјени пристапни патишта, изградени вчера ...

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. Во чест на три деценискиот јубилеј се спроведуваат и планираат низа активности во двете држави, а централниот настан се одржа вчера во Клубот на пратениците во Скопје. На настанот се обратија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и амбасадорката ...

Ерика Кирк, вдовицата на Чарли Кирк, се обрати до јавноста преку неговата компанија, Turning Point USA, велејќи дека неговата мисија само ќе стане посилна по неговото убиство и дека таа нема да дозволи неговото наследство да исчезне. Таа започна со заблагодарување на сите што стоеја покрај нејзиниот сопруг и нивното семејство во последните денови – од луѓето што му дојдоа на помош кога беше ранет, до неговите вработени, Доналд Трамп и ...

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на Камчатка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. По силниот земјотрес, беше прогласена закана од цунами за Камчатка и Курилските Острови, соопшти гувернерот на рускиот регион, Владимир Солодов. Според Руската геофизичка служба, земјотресот бил со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала, а неговиот епицентар се наоѓал на 123 ...

Овен Оваа сабота, вашата енергија е на врвот и ќе имате желба да направите нешто ново и возбудливо. Средината на викендот е совршена за спонтани авантури кои ќе ја збогатат вашата душа. Вашата финансиска состојба се подобрува благодарение на одлука донесена минатата недела. Ѕвездите ве советуваат да верувате во вашата интуиција кога станува збор за нови познанства. Бик Саботата ви го носи мирот и хармонијата што ви се потребни. Во средината на ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. Под влијание на циклонска активност во ...

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство усвои декларација која предвидува „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ кон дводржавно решение меѓу Израел и Палестина, пред состанокот на светските лидери кон крајот на септември. Декларацијата, која има седум страници, е резултат на меѓународна конференција одржана во јули во ОН под покровителство на Саудиска Арабија и Франција, на која Соединетите Американски ...

За време на гостување на Fox News во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека „решава војни“, наведувајќи го како пример конфликтот меѓу „Албанија и Азербејџан“. Говорејќи за „нерешливата војна“, Трамп рече дека успеал да го реши конфликтот меѓу Албанија и Азербејџан, но ја помеша балканската држава со Ерменија. Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News. “I ended wars that were thought to be ...

Принцот Хари е во посета на украинскиот главен град со членови на неговата Фондација „Игри Инвиктус“. Целта на посетата е да се објаснат плановите на неговата добротворна организација за помош при рехабилитација на ранетите војници. Ова е втора посета на Украина оваа година од страна на Хари, помладиот син на кралот Чарлс, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Лавов. По една деценија служба во британската армија, Хари ја ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работни посети на Одделението за внатрешни работи Струга и Полициската станица за гранични проверки Ќафасан. Од страна на раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга министерот беше информиран за безбедносната состојба во регионот, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и видлив напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност – област во која и понатаму ќе ...

Собранието на Македонија на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието. Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот ...

Дел од маркетите не го почитуваат Законот за спречување на нефер трговски практики и ова е дел од причините што цените на прехранбените производи не се намалуваат, вели заменик министерот за економија, Марјан Ристески. Неоткривајќи кои маркети и после една година од примена на Законот се уште им наметнуваат незаконски високи рабати на производителите и на дистрибутерите, што потоа се пренесува и на крајната цена што ја плаќаат граѓаните, им ...

Од Министерство за животна средина и просторно планирање велат дека нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје. „Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃. Надминување на среднодневната гранична вредност за РМ₁₀ (50 μg/m³) е ...

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута, беше уапсен 33 часа откако Чарли Кирк беше застрелан на Универзитетот во Јута Вали. Властите потврдија дека член на семејството му кажал на семеен пријател дека Робинсон имплицирал дека го извршил злосторството, ...

Веќе неколку дена од депонијата „Дрисла“ излегува густ чад. Вчера беше ставена под контрола, но повторно се разгоре, изјави премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека настанот ќе се истражи и сите одговорни ќе излезат пред правдата. Министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека ако Градот Скопје не може да се справи со овој проблем, министерството ќе преземе поригорозни мерки, бидејќи, како што рече, испратиле и еколошка инспекција. ...

Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и ...

Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Според информациите, 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јута му признал на својот татко дека тој е одговорен за пукањето. Таткото веднаш ги известил властите, го спречил синот да избега и соработувал со полицијата сè додека не бил извршен официјалниот ...

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија. ...

Бројот на жртви во поплавите на Бали се искачи на 18, а две лица сè уште се водат како исчезнати, објавија денес локалните власти. Властите во четврток објавија дека 14 лица загинале, а две лица се водат како исчезнати во туристичкиот центар Денпасар, додека околу 500 луѓе биле евакуирани во училишта и џамии. „Брзиот развој на островот не ја зел предвид потребата од доволна дренажна инфраструктура. Урбанистичкото планирање не ги зема предвид ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, денеска пред депонијата Дрисла даде изјава за медиумите, во врска со чадењето од депонијата, која се шири низ цело Скопје. „Како главен штаб веќе два дена сме во Дрисла, каде настана тежок пожар. Чадењето е активно и денеска, од она што можам да го кажам денеска е значително намалено. Делумно е затрупан делот каде што чади, но и натаму има чад. Моментално се пробиваат два нови ...

После тринаесет години лимените тараби кои го уништуваа изгледот на Ул.Македонија во центарот на метрополата веќе ги нема. Тука повеќе нема градилиште. Црквата Св. Константин и Елена е целосно завршена. Сега на големо се работи на подготовките за отворањето на овој православен храм. Осветувањето на црквата ќе биде на 28 септември. Од Скопската епархија на Македонската Православна Црква за ТВ 21 велат светата литургија ќе започне во 8.30 часот. ...

Доналд Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека со висок степен на сигурност, напаѓачот врз Чарли Кирк е фатен и уапсен. „Со висок степен на сигурност мислам дека го имаме“, рече тој. „Тој е во притвор“. Трамп исто така рече дека бил пријавен од страна на „некој што бил многу близок до него“. Убиството на Чарли Кирк е најновото во долгата низа политичко насилство во САД во последните години. Ова вклучува обид за атентат врз Доналд Трамп, како и напад врз ...

Голем пожар избувна денес во интернатот на средно училиште во францускиот град Лил, а сите ученици и вработени беа успешно евакуирани, објавија денес француските медиуми. Како што е наведено во соопштението на локалната префектура, околу 60 припадници на противпожарната служба учествуваат во операцијата за гаснење и евакуација, објави ТВ БФМ. Пожар избувна рано утрово во средното училиште „Миријам Макеба“, а евакуираните ученици и персонал се ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
85%
1018
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
64%
1018
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
1.12
89%
1018
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
79%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
5.81
84%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
100%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
88%
1018
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
78%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056