Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна станица, поставена да го провери квалитетот на воздухот во реално време. Меџити, на чие барање е поставена мерната станица беше придружуван од директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на ...
Министерството за образование и наука информира дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од понеделник 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн. Поради настанатиот пожар во Трубарево, општина Гази Баба и препораките на Државниот инспекторат за животна средина, на итна седница на Владата беше ...
Трагична вест пристигнува од Манчестер, каде утрово е пронајден мртов Рики Хатон, една од најголемите британски боксерски легенди. Безживотното тело на 46-годишниот Хатон било пронајдено во неговиот дом во Хајд, во реонот на Манчестер, а според првичните информации од полицијата не постојат докази за насилна смрт. Хатон освои неколку светски титули во својата кариера, до првиот трофеј стигна во 2005 година, кога во неверојатна борба го совлада ...
На 13.09.2025 во 12:05 часот во СВР Тетово е пријавено дека во близина на с.Подбреѓе, тетовско, е пронајдено тело на починато машко лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а полициски службеници излегоа на местото и констатирано е дека се работи за М.С.(84) од Тетово, кој сечел дрва во неговата нива, при што дрво паднало врз него и од здобиените повреди починал. Во присуство на јавен обвинител и судска медицина, увид изврши увидна ...
Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу станиците Чорток и Ујчи во регионот Наманган во источен Узбекистан, возачот на патничко возило, прекршувајќи ги сообраќајните правила, се судрил со воз што се приближувал. „Во автомобилот имаше шест лица – пет жени и едно ...
Министерството за здравство Азир Алиу денеска од пред Клиниката за токсикологија рече дека во моментов во болница останува само едно лице – жителка на Трубарево која живеела во близината на пожарот, додека другите три лица се веќе на домашно лекување. Алиу рече дека лекарска помош побарал и директорот на ЦУК, Мухамед Али. „Од вчера министерството за здравство креираше кризен штаб за состојбата со пожарот во Трубарево, и следиме се што се случува ...
Премиерот Христијан Мицкоски за пожарот во Трубарево рече дека и натаму ќе се случуваат вакви работи и понатаму, затоа што, како што вели „некој има интерес“. Но, исто така рече дека истите тие луѓе кои го прават ова, ќе бидат поразени. „Препораки има од вчера, сите кои се наоѓаат во периметарот на овој пожар, во овие ден два ќе бидат евакуирани, иако последните мерења велат дека нема големо загадување. Вчера ако имаше загадување помеѓу 8 и 9, ...
Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата на РСМ и Државниот инспекторат за животна средина, ја информира јавноста дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните поради пожарот што настана во магацинот за електронски отпад во Трубарево. Согласно препораките од Државниот инспекторат за животна средина, се преземаат следните активности: • До ...
Четири лица се повредени од вчерашниот пожар во објектот за рециклирање на електронски отпад, информираше портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција на која зборуваат Изет Меџити и Стојанче Ангелов. „Требаше на оваа прес-конфернција да биде присутен и министерот за здравство, но тој е во посета на четворица повредени од вчерашниот пожар и тој ќе даде изјава во 13:00 часот од Клиниката за токсикологија“, рече Митева. ...
На 13.09.2025 околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки. По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на прес-конференција рече дека фирмата во која настана пожар во Трубарево имала важечка дозвола за рециклирање на отпад, и дека се мери загаденоста на воздухот, а исто така ќе се земат и мостри од почва за да се утврди дали има и колкаво е загадувањето. „Објектот во Трубарево поседува важечка дозвола за управување со отпад во 2021 година, со важност до 2031 година. Со ...
Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка. „Јавниот обвинител вчера упати барање за поддршка до Началникот на Генералштабот на АРМ за вклучување на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата која со специјални инструменти изврши мерења и детекција на хемиска ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов утрово даде најнови информации за пожарот во Трубарево кој избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски уреди. „Пожарот во Трубарево е ставен под целосна контрола. Нема активно горење но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостанува да се дозатрупа уште дел од опожарената површина“, рече Ангелов. Ангелов рече дека брзата и ...
Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, беше на местото на големиот пожар кој вчера избувна во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад, од каде даде изјава. „Пожарот во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад, со право предизвика загриженост кај сите нас. Дојдов во Трубарево и од терен со свои очи го видов ужасот што го предизвика овој сериозен инцидент. Веднаш по добивањето на информацијата за ...
Овен На крајот од викендот, ќе почувствувате наплив на енергија и желба за акција. Неделата е погодна за физичка активност, која ќе ги избалансира вашите емоции. Ненадејна идеја може да се претвори во успешен проект во наредните денови. Обрнете внимание на сакана личност на која ѝ е потребна вашата поддршка, но избегнувајте да давате совети освен ако не побараат. Бик Викендот ви носи мир и можност да уживате во малите нешта. Одвојте време за ...
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. Во Скопје, ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес-конференција соопшти дека пожарот кој попладнево избувна во скопската населба Трубарево сè уште е активен, но е локализиран и нема опасност од негово ширење. „Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад. Станува збор за објект кој поседува валидна дозвола за управување со отпад, издадена од Министерството. Надлежните служби веднаш интервенираа и работат на целосно локализирање и гасење на пожарот. За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното влијание врз ...
Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата на Паудел, објавено доцна во петокот, дојде само неколку часа откако тој објави дека поранешниот претседател на Врховниот суд, Сушила Карки, ќе ја води земјата привремено, по смртоносните протести против корупцијата ...
Турските власти го уапсија градоначалникот на еден округ во Истанбул во саботата, заедно со 47 службеници, како дел од истрагата за корупција, продолжувајќи ја репресијата против главната опозициска партија во земјата. Хасан Мутлу, градоначалник на округот Бајрампаша во Истанбул, беше приведен утрово под обвинение за поткуп, проневера, измама и местење на јавни набавки, објави државниот радиодифузер ТРТ Хабер. Истанбулската полиција наводно ...
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за ...
Глобалната флота „Сумуд“, која чека во пристаништето Бизерте во Тунис, ќе отплови за Газа во сабота, 13 септември, изјави член на огранокот на Глобалната флота „Сумуд“ за Магреб. Бродовите ќе се сретнат со бродовите што тргнаа од пристаништето Сиди Бу Саид во главниот град Тунис на отворено море, според Халид Боџума. Поаѓањето на Глобалната флота „Сумуд“ за Газа од Тунис неодамна беше одложено поради временските услови и технички проблеми. „Го ...
Нема криза за домашните банки. Заработиле над 150 милиони евра во првите шест месеци од годинава – покажуваат податоците на Народната банка. Речиси целиот колач отишол кај петте големи банки, но и помалите се во плус. Ако 2024 година банките ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите шест месеци од годинава. Ако продолжат со ова темпо до крајот на годината можат да го срушат рекордот од лани. Добивка ...
Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува: – Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ...
Попладнево околу 13:38 часот, во населбата Трубарево, општина Гази Баба, избувна голем пожар во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Огнот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири кон неколку околни објекти. На местото на настанот веднаш е воспоставена координација со Центарот за управување со кризи, а од ЕВН било побарано итно исклучување на електричната енергија за да се овозможи безбедна интервенција. Во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа во Македонскиот народен театар во Скопје. Таа упати честитки по повод значајниот јубилеј и потсети дека улогата на Македонското лекарско друштво, како претходник на Медицинскиот факултет, зачетник на медицинската едукација и иницијатор и основач на Лекарската комора, е важен дел ...
На 12.09.2025 во 06:10 часот, при преземање службени дејствија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, полициски службеник од СВР Скопје забележал дека на извештајот кај едно починато лице е заведено дека е починато како последица од сообраќајна несреќа. Во разговор со дежурниот персонал во болницата, добиени се информации дека лицето било донесено околу полноќ без знаци на живот и по половина час реанимирање лекар констатирал смрт. Исто така, ...
Во попладневните часови денеска избувна нов голем пожар во скопско Трубарево Густ облак од црн чад се издига високо и е видлив од сите делови на главниот град, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов има пожар во Ф – ГРУПАЦИЈА. „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за ...
Во посета на Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беа ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ , „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга Стојаноска“ од с. Долно Соње. Гостите со голем интерес ја проследија свечената церемонија на менување на државното знаме, којашто традиционално се одржува секој втор петок во месецот од страна на Баталјонот за почести при македонската ...
Децата ширум Италија се враќаат во училниците по вообичаените летни училишни распусти, кои траеја цели три месеци – најдолгиот летен одмор во Европа. Но, токму кога изморените родители со олеснување здивнуваат поради враќањето на децата на училиште, наставниците предупредуваат дека поради климатските промени е премногу жешко за нормално учење и следење на наставата, а некои дури повикуваат на одложување на часовите. „Сонцето што пржи во малите ...