Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Европската Унија да престане да купува нафта од Русија поради војната во Украина и му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека мора да постигне мировен договор со Владимир Путин. Трамп ги опиша постојните европски санкции како недоволни и ги повика сојузниците во НАТО да воведат санкции врз Кина поради нејзината поддршка за Русија. Интересно е што, за разлика од Европа и Зеленски, ...
Овогодишното лето беше најжешкото во Шпанија откако почнаа да се водат евиденции во 1961 година, а исто така придонесе и за најлошата сезона на пожари во последните три децении, според шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ. Летото 2025 година беше за 2,1 степени Целзиусови потопло од просекот за периодот 1991-2020 година и го надмина претходното најтопло лето 2022 година за 0,1 степен, соопшти AEMET, пренесува Ројтерс. Девет од 10-те најжешки ...
Снимката што се појави од пожарот кој утрово се случи во сервис за возила во Пинтија ги потврдува сомнежите за намерно подметнување. На видео записот од безбедносните камери се гледа како едно лице со капуљача на главата истура бензин врз возилата во сервисот кој се наоѓа во населено место, а потоа и ги запали. Огромниот пламен и експлозии ги разбудило жителите на ова место, а по пристигањето на противпожарните бригади тие морале да бидат ...
На 15.09.2025 околу 17:15 часот во СВР Тетово, 45-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Л.М.(48) од Косово за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, тој се претставил како директор на градежна фирма во Германија, а го запознала преку колешка од Косово, со која работат заедно во Данска. Како што е пријавено, таа со него се договорила да купи стан во Германија и во текот на март 2025 година преку брз трансфер на пари во ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави: „Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар ...
Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад. Во континуитет се преземаат повеќе дејствија ...
Основното јавно обвинителство Велес на 10.04.2025 година против осомничениот поднесе Обвинителен предлог за 2 настани: – Загрозување на сигурноста од член 144 ст.3 вв ст.1 за настан на 20.02.2025 година – Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 за настан ноќта меѓу 03.03.2025 и 04.03.2025 година со нанесена полесна телесна повреда на партнер на оштетената. Во рамките на оваа постапка, ОЈО Велес нареди и психијатриско вештачење на обвинетиот, а вештото ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повика на законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се третира како тероризам. „Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да се донесат итни измени во законите, со кои подметнување пожар ќе се квалификува како дело на тероризам, а одлагање на смет на несоодветни места ќе се казнува со затворска казна поголема од пет години“, изјави Мицкоски ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети Општина Јегуновце и изрази впечаток од реализацијата на инфраструктурните проекти во општината. „Ценам дека ова денес што го видовме е навистина импресивно. Но, ова е само дел од она што градоначалникот Диме, заедно со администрацијата, советниците и пратениците од Јегуновце и полошкиот регион, го прават за општината“, истакна Мицкоски. Тој најави дека во периодот кој следи ќе бидат реализирани ...
Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. T=32°C. P=982hPa. U=30%. V=3m/s. Утре и во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ...
Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела во Њујорк, за време на годишниот состанок на високо ниво на ОН, кој започнува на 22 септември. „Претседателот имаше неколку телефонски разговори со Путин, неколку средби со Зеленски, а еден веројатно ќе се одржи следната недела во Њујорк“, рече ...
Заменик-министерката за европски прашања, доц.д-р Викторија Трајков присуствуваше на отворањето на првиот регионален научен, иновациски и технолошки парк кој треба да отвори ново поглавје за нашата земја, за младите и прогресивни луѓе кои се поврзуваат преку науката, градејќи и создавајќи подобра иднина за сите нас. Пред присутните гости од Европа и регионот, заменик-министерката порача дека прогресивните идеи и иновации се одличен мотив за ...
Мобилен царински тим на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со тутун, како и обид за избегнување плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари. Во случајот, против едно лице, државјанин на Турција, се води соодветна постапка, а ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин без никакви предуслови. Тој го изјави ова во интервју за телевизијата Скај њуз, нагласувајќи дека е отворен за директни разговори со цел да се најде решение за прекин на вооружениот конфликт. Според него, состанокот би можел да има трилатерален формат, со присуство на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека синоќа, пред 23:00 часот, повторно избувнал пожар во депонијата Дрисла, но на сосем друго место, подалеку од претходно активните жаришта. На лице место веднаш интервенирале скопските пожарникари, но поради спецификата на пожарот било потребно истовремено затрупување на опожарената површина. За таа цел, биле активирани градежни машини кои веќе биле на локацијата, а ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во декларација наведе дека Авганистан, Боливија, Бурма, Колумбија и Венецуела ќе бидат додадени на списокот на земји кои, според мислењето на САД, не ги исполниле своите обврски во борбата против наркотиците во текот на изминатите 12 месеци. Таа одлука може да влијае на финансирањето на тие земји, предупреди американската администрација, објави Ројтерс. „Со ова ги назначувам ...
ОВЕН (21.3 – 20.4) Со Месечината и Јупитер во Рак уредувате стамбен простор, го проширувате семејниот бизнис и планирате преселба. Сепак, сè оди потешко од очекуваното поради напнат аспект со вашиот владател Марс во Вага, знак на неговиот пад. БИК (21.4 – 21.5) Конјункцијата на Месечината и Јупитер во третата куќа носи успех преку приватен бизнис, интелектуални активности и соработка со браќа, сестри или соседи. Љубовниот партнер не е задоволен ...
Во денешната емисија на ТВ21, Дебат21, вицепремиерот за добро владеење од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Фетаи вели ВЛЕН ќе победи во секоја општина на локалните избори. Фетаи: ВЛЕН ќе биде во предност и ќе ја освои мнозинството на албанските општини. ТВ21: Каде сте во предност според анкетите? Фетаи: Секаде. ТВ21: Со имиња г-не Фетаи? Фетаи: Па ги знаеме општините… ТВ21: Во Чаир рековте дека ќе победите. Да ги кажеме по ред општините ...
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кој денес е водител на „Шоуто на Чарли Кирк“ во спомен на починатиот американски патриот, кој беше застрелан минатата недела, рече дека „заменува некого кој не може да се замени“. „Но, ќе се обидам да дадам се од себе“, рече тој на почетокот на емисијата, емитувана во живо од Белата куќа, според CBS News. Венс го опиша своето долгогодишно пријателство со Кирк, кој исто така беше клучен сојузник во неговиот ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побара од Конгресот на САД да издвои дополнителни 58 милиони долари во следната буџетска година за заштита на извршната и судската власт по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк минатата недела. Во соопштението се повикува и на зголемување на средствата за заштита на членовите на Конгресот, објавува Асошиејтед Прес. Белата куќа го упати барањето до Конгресот во време на преговори ...
Безбедносните служби неутрализираа дрон што леташе над владини згради во центарот на Варшава, а двајца државјани на Белорусија беа уапсени, објави вечерва полскиот премиер Доналд Туск. „Пред малку, Владината безбедносна служба неутрализираше дрон што леташе над владината зграда на улицата Паркова и над палатата Белведер“, објави Туск на мрежата X. Белведере е една од официјалните резиденции на полскиот претседател. Инцидентот се случил додека ...
Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа брифинг со медиумите за состојбата по пожарот во складиштето за електронски отпад во Трубарево. Министерот Изет Меџити заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски, директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски, ги презентираа првичните ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донесе одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково. Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди. Одлуката е донесена во согласност со ...
Во Велес попладнево се случи трагедија на улицата „Кочо Рацин“. Според информациите на МВР, пронајдени се починати 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко, двајцата со повреди од остар предмет. Во истиот дом бил затекнат и 39-годишен маж од Скопје, поранешен партнер на жената, за кој се сомнева дека ги нападнал, по што сам си нанел повреди. Тој бил пренесен во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Јавен обвинител и увидна екипа ...
Деталните анализи на воздухот, водата и почвата од околината на опожарениот објект во Трубарево не покажале зголемени нивоа на радиоактивност, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Со тоа се отфрлаат стравувањата на јавноста дека по пожарот во фабриката за рециклирање постои радијациона опасност. Стручен тим на ИЈЗ, во координација со Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за здравство, спровел вонредна контрола и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повика американската централна банка значително да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок за монетарната политика. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој изјави дека претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, кого го нарече „Премногу доцна“, мора веднаш да ги намали каматните стапки и повеќе отколку што првично замислувал, пренесува Ројтерс. Изјавата доаѓа пред ...
Во ерата на технологијата, училиштата се соочуваат со нови предизвици. Наместо книги и тетратки, учениците сè почесто користат технологија и дигитализирана настава. Но, какви последици има ова врз нивниот развој? Дефектологот Ајла Биљали предупредува дека прекумерната употреба на технологија може да предизвика симптоми слични на аутизам, бидејќи учениците се изолираат и избегнуваат комуникација, што во одредени случаи може да доведе и до ...
Сојузот на стопански комори од денеска со нов претседател. Централниот регистар на Македонија го заведе Горан Ѓорѓевски како нов прв човек на оваа Комора. Со ова заврши неколкумесечната борба за тоа кој ќе го предводи ССК, која што во времето на претходниот претседател Трајан Ангелоски беше казнета од Комисијата за заштита на конкуренцијата дека организирала картел со четири маркети, со цел да диктираат цени во продавниците. Ова беше катализатор ...
Народната банка го намали учеството за купување на прв стан кој е наменет исклучиво за живеење. Ова значи дека наместо досегашните 15 отсто од парите што требаа да ги обезбедат граѓаните за купување на стан или за изградба на куќа, сега ќе треба да дадат само 10 отсто. Во пари, ако кредитот е 100.000 евра, наместо досегашните 15.000, за учество ќе треба да се издвојат 10.000 евра, додека останатите 90.000 се пари на банката. Но, ако се купува ...
Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место. – – Министерството за здравство ја следи состојбата и здравствениот систем е мобилизиран за справување со новонастанатите предизвици. Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е ...