Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРМ. Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице ...

Поднесено е обвинение против поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и уште седуммина осомничени за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија. Обвинителството бара на Груби да му биде продолжен куќниот притвор, кој му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница. Покрај Груби, осомничен во овој случај е и ...