
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Украина е во разговори со западните сојузници за да се осигура дека секој иден воен контингент кој ќе го надгледува потенцијалниот прекин на огнот, исто така, има улога во патролирањето на воздушниот и поморскиот простор, изјави вчера на прес-конференција портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георги Тихи. „Ако нашите партнери и сојузници се подготвени да разговараат за можното распоредување на овие контингенти за да се ...
НАТО ја дава најдобрата безбедносна гаранција за Украина, изјави денеска високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Каја Калас директно спротивставувајќи се на позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во Вашингтон, Калас за AFP изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка маса, додека Трамп директно ќе преговара ...
Соединетите Држави и Британија преговараат за билатерален трговски договор, изјави американскиот претседател Доналд Трамп на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер, велејќи дека таквиот договор може да помогне да се избегнат американските царини. „Ќе имаме одличен трговски договор“, рече Трамп. „Ќе завршиме со многу добар трговски договор за двете земји и работиме на тоа“. Стармер рече дека двете земји почнале да ...
Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд со прелимираните наоди кој беше објавен на крајот на спроведената Мисија за член 4 за состојбата во земјата, најдобро ги отсликува политиките што ги спроведуваше Владата на СДСМ/ДУИ и она што го оставија за новата Влада да се справува и да наоѓа начин тоа да го корегира, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. „Додека ме напаѓате по различни основи, јас работам со факти кои за жал ...
„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност. Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше ...
Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози, вели во објава на својот Фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е добро познат начин на ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му беше дадена шанса, но изминатиов период освен пресметки со неистомисленици во обвинителството и последен браник за одговорноста на минатата власт, друго ништо не се виде од обвинителот, и токму затоа се почна со постапката за разрешување, затоа што граѓаните треба да видат правда и борба против ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен период во ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеничката на ДУИ, Рина Ајдари истакна дека не е заробеник на проценти и дека јавната администрација се соочува со голем проблем за наоѓање кадар без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци поради аздисаноста на функционерите од нејзината партија и празнењето на државниот буџет што доведе до тоа истиот да не е во ...
Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, соопшти штипскиот театар. Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 година беше на чело на институцијата како директор. Од 2016 година беше на работното место драматург. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип в четврток, 27.2.2025, од 13 до 14 ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба ја прими амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји, кои се темелат на пријателство, доверба и заеднички вредности. Муцунски се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Холандија за евроинтеграциите на државата и ја нагласи ...
СДС да се огради од Васко Ковачевски, Артан Груби и Филип Андов, и да поддржат интерпелација на Љупчо Коцевски за да се одглават постапките, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ „Васко Ковачевски е фатен во милионски криминал, а СДС молчи и не се оградува од него. СДС уште се нема оградено и од Артан Груби, кој избега и украде се што можеше да украде додека беше на функција. По истата логика СДС сега си го брани и членот на ЦО Филип Андов кој беше директор ...
Во затворениот дел на галеријата на бугарскиот Културно- информативен центар во Скопје се реализираше првата од двете за денеска реализирани работилници за изработка на мартинки. Од БКИЦ јавуваат дека на првата работилница биле поканети и деца од локални училишта од Скопје. ,, На работилницата организирана од БКИЦ Скопје заедно со бугарското неделно училиште ,,Здравеј”- Aкадемија за иновативно образование, присуствуваа повеќе од 30 деца ученици ...
Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што истакна, правење јавен линч само со поднесување кривични пријави кои ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска. Неговата оставка од местото заменик градоначалник, како што истакнуваат од владејачката партија, не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис интереси во морето интереси заокружени околу Данела Арсовска. „Да потсетиме дека Трајановски беше ...
Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што велат од Градот, нејасно е од која функција си дава оставка. Трајановски бил разрешен од функцијата поради нарушување на угледот на Град Скопје, неизвршување на своите задачи и неисполнување на својата функција како заменик-градоначалник. „Ова лице нема вкупно 3 активни минути на својата функција. ...
Венко Филипче кој излезе и даваше предлози за меѓународно позиционирање на државата, или не знаеше дека Македонија гласала унисоно со САД, или свесно манипулираше, истакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, самиот СДС од Венко Филипче вчера направи кловн за потсмев. „Доколку Филипче, знаел дека Македонија гласала исто како САД, тогаш свесно манипулира и наместо да се однесува како претседател на партија, се ...
Со ништо СДС не може да го скрие вчерашното целодневно јавно бламирање. Ниедно соопштение за ниедна тема не може до го испере нивното бламирање на јавна сцена и непознавањето на состојбите на нивниот претседател, Венко Филипче по вчерашната прес-конференција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, излишни се коментарите за состојбите во економијата на оние кои што за седум години целосно ја уништија, а стандардот на граѓаните го срозија, доведувајќи ...
Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација со Кабинетот на претседателот на државата. „Преку официјалниот интерен комуникациски систем, досега девет амбасадори се известени за завршувањето на нивниот мандат. Во наредниот период се очекува Претседателот да ги потпише указите за нивно отповикување“, се вели во соопштението на ...
Третата светска војна веќе е во тек, бидејќи руско-украинската војна ги вклучи повеќето развиени земји во светот, изјави денеска шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирило Буданов, пренесува Укринформ. „Ова е филозофско прашање. Зависи како гледате на тоа. За мене тоа е Трета светска војна, се вклучени апсолутно мнозинство од најсилните и најразвиените земји во светот, тоа е само факт“, рече Буданов на новинарско прашање дали војната ...
Повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески, Брисел, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Јакуп Реџепи, Сараево, Агнеза Руси, Софија, Џенк Сејфула, Стокхолм. Како причина за нивното враќање се наведува неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го одржа својот прв состанок на владата во вториот мандат. На состанокот, меѓу другите, присуствуваше и милијардерот и шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск, кој ги претстави плановите за намалување на федералниот дефицит. За време на состанокот, Трамп ја истакна важноста од почитување на неговите упатства и, на смеа од позадина, рече дека ќе ги исфрли оние кои не се задоволни со Маск. ...
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската одбрана. „Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите-членки на ЕУ. Вонредниот самит што ќе се ...
Дводневниот штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, вториот по големина во Германија, доведе до откажување на голем број летови. Аеродромскиот оператор соопшти дека авиокомпаниите откажале околу 80 отсто од летовите од тој аеродром и дека не исклучуваат дополнителни откажувања. Синдикатот ver.di вчера свика „предупредувачки штрајк“ во обид да го зголеми притисокот врз тековните преговори со федералната влада и градските власти за платите ...
Трите најголеми австриски центристички партии во парламентот постигнаа договор за формирање коалициска влада без крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО) и планираат да го претстават подоцна денеска, пет месеци откако ФПО победи на последните парламентарни избори. Конзервативната Народна партија (ОВП), Социјалдемократите (СПО) и либералниот Неос соопштија дека нивната заедничка владина програма ќе ја објават на прес-конференција. Лидерите ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО обезбеди безбедносни гаранции. „Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим, пренесува УНН. „Мора да се направат напори за да се ...
Романскиот Сенат го усвои „законот за беспилотни летала“, предлог-закон со кој се регулира мирното спроведување на воените мисии и операции на територијата на Романија кога нема војна. Според „Романија Журнал“, имало 81 глас „за“, 12 „против“ и два воздржани. Според нормативниот акт, одредени структури на романската армија, во зависност од оперативните потреби, ќе можат привремено да бидат префрлени под различни нивоа на овластување во однос на ...
Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад, додека се подготвува да се сретне со Доналд Трамп. Како што јави Би-Би-Си, на летот за Вашингтон, Стармер рече дека се надева оти односите меѓу Обединетото Кралство и САД ќе продолжат да се подобруваат. Тој посочи дека се уште траат дискусиите за можното испраќање британски војници во Украина, но повторно ја истакна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска по првиот состанок на неговиот кабинет изјави дека постои можност да не биде постигнат мировен договор меѓу Украина и Русија. „Имате голема доверба во нас затоа што претпоставувате дека ќе има мир. Знаете, можно е да не успее. Постои можност да не успее, но се надевам дека ќе успее, заради човештвото“, рече Трамп, пренесува NBC, потсетувајќи дека американскиот претседател претходно ветил дека може ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата во авионската несреќа во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, денеска положи венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Претседателката положи венци со свежо цвеќе и на вечните ...